Print Friendly, PDF & Email

The measure is available in the following languages:

ЗАКОН ЗА ОДБРАНА

“Сл. весник на Р Македонија” бр.42 од 01.06.2001 год.

 

I. ОСНОВНА ОДРЕДБА

 

Член 1

Одбраната на Република Македонија (во натамошниот текст: Републиката) се организира како систем за одбрана на независноста и територијалниот интегритет на Републиката.

Одбраната на Републиката ја остваруваат граѓаните, органите на државната власт и вооружените сили како Армија на Република Македонија (во натамошниот текст: Армијата).

Трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите и единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје (во натамошниот текст: единиците на локалната самоуправа), можат да извршуваат определени задачи во областа на одбраната.

Одбраната на Републиката може да се остварува и преку соработка со колективните системи за безбедност и одбрана во кои Републиката пристапила.

Одбраната на Републиката се остварува во согласност со Уставот на Република Македонија, законите, Стратегијата за одбрана на Републиката, други документи и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија.

 

II. ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ОДБРАНАТА

 

Член 2

Во остварувањето на одбраната на Републиката, граѓаните ги имаат следниве права и должности:

1) да извршуваат воена обврска;


2) да учествуваат во цивилната заштита;

3) да извршуваат работна обврска и


4) да извршуваат материјална обврска.

 

  1. Извршување на воената обврска

 

Член 3

На воена обврска подлежат сите граѓани на Републиката од машки пол на возраст од 17 до 55 години живот.

Жените можат да подлежат на воена обврска под условите од став 1 на овој член, ако доброволно се пријават за воени обврзници до крајот на календарската година во која полнат 27 години живот.

 

Член 4

Воената обврска на граѓаните се состои од:

1) регрутна обврска;


2) обврска на служење воен рок и


3) обврска на служење во резервен состав.

 

Член 5

На воениот обврзник му престанува воената обврска:


1) ако е оценет како неспособен за воена служба и


2) ако му престане државјанството на Република Македонија

 

Член 6

Воениот обврзник станува воено лице со стапувањето, а престанува да биде воено лице со отпуштањето од Армијата.

Воениот обврзник има статус на воено лице и кога се јавува на покана од надлежен орган на државната управа, заради извршување на воената обврска од поаѓањето до враќањето во станот.

 

Член 7

Служењето на воениот рок трае девет месеци.


Обврската за служење воен рок се извршува во Армијата.

 

Член 8

По исклучок од член 7 на овој закон, регрутот кој од верски или морални убедувања (приговор на совеста), не сака да служи воен рок во Армијата со оружје, може да служи воен рок во Армијата без оружје или да служи воен рок во цивилна служба.

Служењето на воениот рок во случаите од став 1 на овој член трае 14 месеци.

 

Член 9

Воениот рок во цивилна служба се служи во здравствени, хуманитарни или социјални организации и установи и противпожарни единици.

Организациите, установите и единиците од став 1 на овој член во кои ќе се служи воен рок во цивилна служба ги определува Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата).

Организациите, установите и единиците од став 1 на овој член се должни на лицето кое го служи воениот рок во цивилна служба да му обезбедат бесплатно сместување и исхрана.

Финансиските средства за надоместок на трошоците за сместување и исхрана од став 3 на овој член се обезбедуваат од Буџетот на Министерството за одбрана во висина на финансиските средства потребни за сместување и исхрана на војник кој служи воен рок во единиците на Армијата.

Организациите, установите и единиците од став 1 на овој член се должни да ги определат работните места и видот и обемот на задачите на лицата кои го служат воениот рок во цивилна служба, а за кои согласност дава Владата, по претходно мислење од Министерството за одбрана.

Организациите, установите и единиците од став 1 на овој член во кои се служи воен рок во цивилна служба се должни да вршат контрола на лицата кои го служат воениот рок во цивилна служба и за тоа да го известуваат Министерството за одбрана. Контрола врши и Министерството за одбрана.

Лицето кое служи воен рок во цивилна служба е изедначено во поглед на правата и обврските со војникот кој служи воен рок во Армијата. Начинот на служење на воен рок во Армијата без оружје, односно во цивилна служба се уредува со правилник што го донесува министерот за одбрана.

 

Член 10

Регрутот кој сака да служи воен рок согласно член 8 од овој закон, поднесува писмено барање до Министерството за одбрана во рок од 15 дена од денот на приемот на поканата за регрутација, во кое ги наведува причините и начинот на кој сака да го служи воениот рок.

Решение по барањето на регрутот од став 1 на овој член донесува комисија формирана од Министерството за одбрана, во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето.

Против решението на комисијата од став 2 на овој член, регрутот може да поднесе жалба во рок од 15 дена до второстепената комисија на Владата.

 

  1. Учество во цивилната заштита

 

Член 11

Должноста на граѓаните за учество во цивилната заштита се состои од извршување задачи во заштитата и спасувањето на населението и материјалните добра од воени разурнувања, последиците предизвикани од нив и други опасности во воена состојба, како и од природни непогоди, епидемии и техничко- технолошки и други несреќи во мир.

Должноста на граѓаните од став 1 на овој член се остварува со учество во силите на цивилната заштита.

 

Член 12

Должност за учество во силите на цивилната заштита имаат сите граѓани на возраст од 18 до 60 години живот за мажи, односно 55 години живот за жени.

Од должноста за учество во силите на цивилната заштита се ослободуваат бремени жени, мајки односно самохрани родители и старатели кои имаат или се грижат за дете до седум години, односно две и повеќе деца до десет години, како и воените обврзници кои имаат распоред во Армијата.

 

  1. Извршување на работна обврска

 

Член 13

Должност за извршување на работната обврска имаат сите работоспособни граѓани на возраст од 18 до 65 години живот за мажи, односно 60 години живот за жени.

Од должноста за извршување на работната обврска се ослободуваат бремени жени, мајки, односно самохрани родители и старатели кои имаат или се грижат за дете до седум години, односно две и повеќе деца до десет години, граѓани кои се здравствено неспособни за работа и граѓани кои имаат распоред во Армијата и силите на цивилната заштита што ги формира Републиката.

Должноста за извршување на работната обврска се остварува само во воена состојба.

Поблиски прописи за извршување на работната обврска донесува Владата.

 

  1. Извршување на материјална обврска

 

Член 14

За потребите на Армијата и цивилната заштита во воена и вонредна состојба, како и при изведување вежбовни активности во мир, граѓаните, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите се должни, на Министерството за одбрана по него во барање да му даваат на користење возила, машини, земјиште, објекти, како и други материјални средства, запрежен и товарен добиток.

Министерството за одбрана води евиденција и врши распоредување на средствата и добитокот од став 1 на овој член.

По барање на Министерството за одбрана, трговските друштва, јавните претпријатија, установите и службите се должни на Министерството за одбрана да му даваат податоци за материјалните средства и добитокот од став 1 на овој член.

Сопствениците на материјалните средства и добитокот од став 1 на овој член се должни за секоја промена од значење за водење на евиденцијата од став 2 на овој член да го известат Министерството за одбрана во рок од осум дена од денот на настанување на промената.

За користењето на средствата и добитокот од став 1 на овој член, на давачите им припаѓа надоместок за нивно користење, како и надоместок за нивно оштетување или уништување.

Дневниот надоместок за користење од став 5 на овој член изнесува до 30% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена во месецот пред давањето на средствата и добитокот, а надоместокот за нивно оштетување или уништување не може да биде помал од пазарната вредност на средството, односно добитокот што истите ја имале во времето кога биле оштетени или уништени, определена врз основа на елементите со помош на кои според обичаите во зависност од времето и местото на пазарот се утврдува пазарната цена.

Поблиски прописи за видот на средствата и добитокот од став 1 на овој член, за начинот на водењето на евиденцијата и за поблиско определување на висината на надоместокот за нивното користење, оштетување и уништување донесува Владата.

 

Член 15

Должност за давање на средствата и добитокот од член 14 на овој закон во воена состојба имаат и странски државјани кои постојано живеат на територијата на Републиката, како и странските трговски друштва и странски трговци- поединци, односно нивни претставништва и други организациски единици во Републиката.

 

III. НАДЛЕЖНОСТИ НА ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ

 

а) Раководење со одбраната

 

Член 16

Раководењето со одбраната се остварува во согласност со Уставот на Република Македонија и закон.

Раководењето со одбраната го остваруваат Собранието на Република Македонија, претседателот на Републиката, Владата и министерот кој раководи со Министерството за одбрана.

 

б) Собрание на Република Македонија

 

Член 17

Во остварувањето на одбраната Собранието на Република Македонија:

1) врши надзор врз остварувањето на актите на Владата во одбраната и ја следи подготвеноста за одбрана на Републиката;

2) утврдува постоење на непосредна воена опасност од напад врз Републиката;

3) прогласува настанување и престанување на воена состојба;


4) одлучува за висината на средствата за потребите на одбраната;


5) донесува буџет на Републиката за воена состојба;


6) донесува одлука за стапување во членство и за истапување на Републиката од членство од колективните системи за безбедност и одбрана;

7) ратификува меѓународни договори кои се однесуваат на влегување, поминување или престојување на странски вооружени сили на територијата на Републиката заради вежбовни активности, обука и учество во мировни или хуманитарни операции, како и за учество во тие активности и операции на единиците па Армијата на Републиката во странство;

8) донесува национална концепција за безбедност и одбрана на Републиката;

9) прогласува ден на Армијата и ден на цивилната заштита и

10) донесува заклучоци и резолуции во врска со остварувањето на системот на одбраната, плановите за развој на одбраната, опременоста и борбената готовност на Армијата.

Извештај по актите наведени од точка 10 на овој член поднесува Владата по барање на Собранието или најмалку на две години.

Заради запознавање со активностите во Армијата, пратеник во Собранието може да побара од Министерството за одбрана да организира негова посета на единици, команди и штабови на Армијата.

 

в) Претседател на Република Македонија и врховен командант на армијата

 

Член 18

Во остварувањето на одбраната, претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата:

1) донесува стратегија за одбрана на Републиката;


2) донесува план за одбрана на Републиката;


3) ги пропишува мерките на приправност и наредува нивно спроведување;


4) пропишува организација и формација на Армијата;


5) донесува документи за употреба на Армијата и наредува нејзина употреба;


6) дава согласност на документите за развој на Армијата;


7) ги определува мерките за зголемување на борбената готовност на Армијата и наредува нивно спроведување;


8) наредува мобилизација на Армијата;


9) го пропишува командувањето во Армијата;


10) донесува прописи што се однесуваат на борбената готовност,

вооружената борба и мобилизацијата на Армијата;


11) поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали и


12) поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство.


Во остварувањето на функциите од областа на одбраната, претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата донесува подзаконски акти.

 

г) Влада па Република Македонија

Член 19

 

Во остварувањето на одбраната Владата ги има следниве надлежности:

1) предлага висина на средства за потребите на одбраната;


2) предлага буџет на Републиката за воена состојба;


3) дава мислење за Стратегијата за одбрана на Републиката;


4) го утврдува предлогот на планот за одбрана на Републиката;


5) во согласност со ратификуваните меѓународни договори одлучува за влегување, престојување или преминување на странски вооружени сили на територијата на Републиката заради вежбовни активности, обука и учество во мировни или хуманитарни операции;

6) одлучува за примање и давање воено- техничка помош со други држави;

7) одлучува за испраќање во странство во вежбовни и хуманитарни активности на силите на цивилната заштита што ги формира Републиката;

8) одлучува за ангажирање на силите на цивилната заштита што ги формира Републиката;

9) одлучува за воведување работна обврска;


10) одлучува за евакуација на населението;


11) наредува употреба на полицијата во воена состојба како поддршка на Армијата;


12) одлучува за вежбовни активности на органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби;

13) донесува уредби за:


-спроведување на мерките на приправност;

-обезбедување резерви за потребите на одбраната во случај на воена состојба;

-планирање на одбраната;


-обучување за одбрана;


-критериуми за распоредување и приоритет при распоредувањето на граѓаните во одбраната;


-критериуми за опремување на органите на државната власт за работа во воена состојба;


-уредување на територијата за потребите на одбраната;

-организација и функционирање на системот за набљудување, известување и тревожење во Републиката;


-организација и функционирање на врските за раководење;

-организација и функционирање на криптозаштитата во Републиката;,


-противелектронско обезбедување;


-начинот на користење на податоците и информациите што се пренесуваат и обработуваат со комуникациско информацискиот систем во областа на одбраната и

-критериуми за евакуација на населението;

14) донесува одлуки за:

-методологија за спроведување на подготовките за одбрана;

-формирање единици и штабови на цивилната заштита;


-формирање центар за обука за одбрана и
-определување на објектите и зоните од значење за одбраната и зоните во кои се ограничува слободата на движењето, престојот или населувањето.

 

д) Министерство за одбрана

 

Член 20

Во остварувањето на одбраната Министерството за одбрана:

1) подготвува стратегија за одбрана на Републиката;

2) врши процена на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката и загрозеноста на територијата од природни непогоди и други несреќи;

3) го организира и подготвува системот на одбраната и предлага мерки за негов развој и усовршување;

4) подготвува план за одбрана на Републиката;

5) го организира пренесувањето на наредбата за спроведување на мерките на приправност и го следи нивното спроведување;

6) го организира и спроведува планирањето на одбраната;

7) ги планира потребите на одбраната и изработува финансиски планови и програми за потребите на одбраната;

8) ги распоредува финансиските средства за одбраната во согласност со Буџетот на Републиката;

9) врши ревизија на реализацијата на финансиските средства распоредени за потребите на Армијата;

10) планира резерви за потребите на одбраната во случај на воена состојба;

11) планира и организира материјално обезбедување за потребите на одбраната;

12) организира и спроведува здравствена заштита за потребите на одбраната;

13) предлага организација и формација на Армијата;


14) врши пополнување на Армијата;


15) организира и спроведува мобилизација на Армијата;


16) врши контрола и оценување на борбената готовност на Армијата;

17) донесува годишен план за вежбовни активности на Армијата;

18) донесува годишен план за школување и стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во Армијата и вработените во Министерството, како и извадок од развојниот план за обучување;

19) произведува во почетен чин воени старешини офицери;

20) поставува, унапредува и разрешува воени старешини на должности за кои е предвиден чин од мајор до полковник;

21) врши стручни и управни работи во врска со изградбата на воени и други објекти од значење за одбраната и изградбата на инвестициони објекти за потребите на Армијата;

22) организира и спроведува вежбовни активности со органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби;

23) врши опремување на органите на власт за работа во воена состојба;

24) планира и организира уредување на територијата за потребите на одбраната;

25) организира и подготвува набљудување, известување и тревожење;

26) организира и подготвува врски за раководење за потребите на одбраната во воена и вонредна состојба;

27) организира, подготвува и спроведува криптозаштита на тајните податоци од областа на одбраната;

28) врши фреквентен менаџмент во радиокомуникациите за потребите на одбраната;

29) организира и обезбедува функционирање на интегриран комуникациско- информациски систем;

30) организира и подготвува цивилна заштита;

31) врши пополнување на силите на цивилната заштита што ги формира Републиката;

32) организира и спроведува мобилизација на единиците и штабовите на цивилната заштита што ги формира Републиката;

33) организира откривање и уништување на неексплодирани убојни средства;

34) организира и спроведува разузнавање и контраразузнавање за потребите во одбраната;

35) организира и спроведува спречување и откривање на кривични дела од член 135 на овој закон;

36) го следи остварувањето на заштитата на тајноста на податоците од значење за одбраната;

37) организира и спроведува обука за одбрана;
38) изработува наставни планови и програми за обука за одбраната;

39) организира функционирање на Центарот за обука за одбраната;

40) ги врши управните работи во остварувањето на правата и должностите на граѓаните во областа на одбраната;

41) води кадровска политика;

42) води сметка за составот на армискиот раководен кадар и другите лица ангажирани во Армијата, од аспект на националната припадност, без да се наруши критериумот на професионалност и стручност;

43) организира и спроведува информирање на јавноста;


44) организира и остварува издавачка дејност;


45) утврдува стандарди и други акти на стандардизација и метрологија за потребите на одбраната во согласност со закон;


46) врши надзор врз спроведувањето на овој закон и другите прописи од областа на одбраната;


47) организира научно- истражувачка работа за потребите на

одбраната;


48) организира научна и научно-техничка соработка од областа на одбраната со институции надвор од републиката;


49) планира остварување на меѓународна соработка во областа на одбраната;


50) ја организира посетата на пратениците на Министерството и на Армијата;


51) донесува прописи што се однесуваат на регрутирање и пополнување на постојаниот состав на Армијата со регрути, школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во Армијата и други прописи во врска со вршењето на службата во Армијата;

52) донесува прописи што се однесуваат на стручно оспособување и усовршување на вработените во Министерството за одбрана и

53) донесува стручни упатства од областа на одбраната

Во воена состојба Министерството за одбрана, врши штабни и други работи за потребите на претседателот на Републиката.

 

ѓ) Органи на државната управа

 

Член 21

Министерствата и другите органи на управа и управни организации во остварувањето на одбраната на Републиката се подготвуваат за остварување на нивната функција во воена состојба и учествуваат во изработката на планот за одбрана на Републиката.

Во остварувањето на работите од став 1 на овој член, министерствата и другите органи на државната управа и управните организации во областите за кои се формирани:

1) следат, насочуваат, вршат надзор и преземаат мерки за спроведување на подготовките за одбрана;

2) изработуваат документи за функционирање во воена состојба;

3) предлагаат мерки за усогласување на документите од Планот за одбрана на Републиката;

4) спроведуваат мерки за приправност;

5) спроведуваат мерки за заштита и спасување на работниците и материјалните добра;

6) изработуваат стручни упатства за спроведување на подготовките за одбрана и

7) вршат и други работи во областа на од во согласност со закон.

Министерствата и другите органи на управа и управните организации во воена состојба, го следат извршувањето на документите за функционирање во областите за кои се образувани и мерки и активности за нивно извршување.

Одредбите од ставовите 1 до 3 на овој член соодветно се однесуваат и на судовите, Јавното обвинителство, Уставниот суд на Република Македонија, Народниот правобранител и другите органи на Републиката, како и на Народната банка на Република Македонија.

 

IV. АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

  1. Заеднички одредби

 

Член 22

Армијата е вооружена сила на сите граѓани на Републиката. Армијата има постојан и резервен состав.

 

Член 23

Армијата се организира, подготвува и оспособува за вооружена борба и борбени и други дејствија за остварување на својата уставна функција за одбрана на Републиката.

 

Член 24

Армијата се организира во единици, команди, штабови и установи,

Организацијата на единиците, командите, штабовите и установите, како и нивната големина, структура, број, состав и намена се пропишуваат со организацијата и формацијата на Армијата.

Армијата се состои од видови, родови и служби.

Видовите се: копнена војска и противвоздушна одбрана и воено воздухопловство.

Видовите се состојат од родови и служби.

Претседателот на Републиката ги определува родовите и службите во Армијата, а Министерството за одбрана нивната намена и специјалност.

 

  1. Генералштаб на Армијата

 

Член 25

Оперативните и стручните работи за организирање, подготвување и командување со Армијата ги врши Генералштабот на Армијата, како највисоко стручно тело во состав на Министерството за одбрана за прашањата кои се однесуваат на Армијата.

Во извршување на работите од став 1 на овој член, Генералштабот на Армијата му предлага на Министерството за одбрана:

1) организација и формација на Армијата;


2) план за употреба на Армијата;


3) мерки за зголемување на борбената готовност на Армијата;


4) годишен финансиски план за потребите на Армијата;


5) годишна програма за опремување на Армијата;


6) годишен план за вежбовни активности на Армијата;


7) поставување, унапредување и разрешување воени старешини на должности за кои се предвидува чин мајор и повисок чин;


8) годишен план за школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во Армијата;


9) лица на служба во Армијата за школување и стручно оспособување и усовршување и


10) доделување на одликувања и признанија за остварените резултати во областа на одбраната за припадниците на Армијата.

 

Член 26

Во извршувањето на работите и задачите од член 25 став 1 на овој закон, Генералштабот на Армијата:

1) го спроведува годишниот финансиски план за потребите на Армијата одобрен од Министерството за одбрана и ја следи ефикасноста и наменската реализација на средствата согласно со прописите донесени од министерот за одбрана;

2) ја следи борбената готовност на Армијата и презема мерки за нејзино подобрување;

3) го организира и следи спроведувањето на мерките за готовност на Армијата и презема мерки за нивно извршување;

4) извршува мобилизација на Армијата;

5) изведува вежбовни и други активности за оспособување на Армијата во согласност со годишниот план;

6) спроведува логистичка поддршка на Армијата;

7) спроведува персонален менаџмент во Армијата во согласност со кадровската политика на Министерството за одбрана;

8) планира, организира и спроведува обука за припадниците на Армијата;

9) организира и подготвува врски за и контрола во Армијата;

10) планира и спроведува криптозаштита на тајните податоци значајни за Армијата;

11) организира и спроведува противелектронско обезбедување

12) организира и спроведува набљудување, контрола и обезбедување на суверенитетот на воздушниот простор на Републиката;

13) организира и спроведува разузнавање и контраразузнавање во Армијата;

14) организира и спроведува заштита на силите во Армијата;

15) организира и спроведува откривање и спречување на вршење кривични дела во Армијата;

16) врши уредување на територијата за потребите на Армијата;

17) во согласност со планот на Министерството за одбрана остварува соработка со странски армии;

18) поставува, унапредува и разрешува професионални војници и воени старешини заклучно со чин капетан;

19) произведува во почетен чин воени старешини- подофицири;

20) донесува стручни правила и упатства што се однесуваат на употребата на единиците на Армијата, внатрешниот ред и односите во вршењето на службата во Армијата и други стручни правила и упатства од значење за работата во Армијата и

21) врши и други работи во согласност со овој закон и со прописите за служба во Армијата.

 

Член 27

Со Генералштабот на Армијата раководи началник кој го поставува и разрешува претседателот на Републиката.

За својата работа началникот на Генералштабот на Армијата му одговара на претседателот на Републиката и на министерот за одбрана.

 

  1. Командување во Армијата

 

Член 28

Претседателот на Републиката е врховен командант на Армијата.

Командувањето со Армијата, претседателот на Републиката го спроведува преку министерот за одбрана, во согласност со Уставот и овој закон.

Со единиците на Армијата непосредно командуваат началникот на Генералштабот на Армијата и командантите на воените единици и установи, во согласност со прописите за командување донесени од претседателот на Републиката.

Командувањето во Армијата се заснова врз принципите на едностарешинство, субординација и единство во командувањето при употреба на силите и средствата.

Наредбите на претпоставениот старешина во Армијата не се извршуваат ако нивното извршување претставува кривично дело.

 

  1. Пополнување на Армијата

 

Член29

Пополнувањето на Армијата се врши според организацијата и формацијата на Армијата.

Пополнувањето на постојаниот состав на Армијата се врши со регрути, професионални војници, воени старешини и цивилни лица на служба во Армијата, како и со материјални средства.

Пополнувањето на резервниот состав на Армијата се врши со воени обврзници во резерва.

Пополнувањето на резервниот состав на Армијата со материјални средства во воена состојба се врши и со средства опфатени со материјална обврска од членовите 14 и 15 на овој закон.

 

  1. Подготовка и мобилизација на Армијата

 

Член 30

Подготовката на Армијата опфаќа преземање организациски, безбедносни, воено- стручни и други мерки и постапки потребни за успешното остварување на борбените задачи.

 

Член 31

Со мобилизација Армијата се доведува во состојба на готовност за извршување на борбени задачи според документите за употреба на Армијата.

 

Член32

Мобилизацијата на Армијата може биде општа и делумна.

Општата мобилизација ја опфаќа целата Армија, а делумната, нејзините одделни формациски состави.

 

Член 33

Мобилизацијата на Армијата се организира во согласност со документите за употреба, а се извршува според документите за мобилизација.

 

Член 34

За подготвување, спроведување и извршување на мобилизацијата на Армијата се одговорни:

1) министерот за одбрана - за организирање и спроведување на мобилизацијата на Армијата;

2) началникот на Генералштабот на Армијата - за подготвување и извршување на мобилизацијата на Армијата и

3) воените старешини во постојаниот состав на Армијата - за подготвување и извршуваше на мобилизација на формациските состави со кои командуваат.

 

Член 35

Заради проверување на мобилизациската подготвеност и борбената готовност на Армијата, односно заради обука, согласно со планот за вежбовни активности на Армијата, одделни формациски состави на Армијата можат да се мобилизираат во мир.

 

  1. Материјално обезбедување на Армијата

 

Член 36

Под материјално обезбедување на Армијата, во смисла на овој закон, се подразбира снабдувањето на Армијата со борбени и други материјални средства и опрема, исхрана, санитетско и ветеринарно обезбедување и друга логистичка поддршка.

 

Член 37

Материјалното обезбедување на Армијата го планира и организира Министерството за одбрана, а го спроведува Генералштабот на Армијата во согласност со планот за опремување на Армијата.

 

Член 38

Заради материјално обезбедување на Армијата се формираат потребни материјални резерви.

Видот и обемот на материјалните резерви ги утврдува со правилник министерот за одбрана.

 

  1. Врски за командување и контрола, криптозаштита и противелектронско обезбедување

 

Член 39

За потребите на Армијата се организираат и подготвуваат врски за командување и контрола и се спроведуваат мерки за криптозаштита, против електронско обезбедување и други мерки за заштита.

Врските за командување и контрола, како и мерките за криптозаштита и противелектронско обезбедување став 1 на овој член, се составен дел на врските за раководење за потребите на одбраната.

 

  1. Учество на Армијата во отстранувањето на последиците во вонредна состојба

 

Член 40

Армијата може да учествува во отстранувањето на последиците од вонредна состојба.

Наредба за учество на Армијата во отстранувањето на последиците од вонредна состојба донесува претседателот на Републиката.

Упатство за начинот на учеството на Армијата во отстранувањето на последиците од вонредна состојба донесува министерот за одбрана.

 

  1. Учество на Армијата надвор од територијата на Републиката

 

Член 41

Во согласност со ратификуваните меѓународни договори, единиците на Армијата или нивни делови од постојаниот и резервниот состав, како и воени старешини и цивилни лица на служба во Армијата и вработени во Министерството за одбрана, можат да учествуваат во вежбовни активности и обука и во хуманитарни или мировни операции и надвор од територијата на Републиката.

Одлука за испраќање на единици на Армијата надвор од територијата на Републиката за учество во вежбовни активности, обука и хуманитарни операции донесува Владата.

Одлука за испраќање на единици на Армијата надвор од територијата на Републиката за учество во мировни операции донесува Собранието на Републиката.

Одлука за испраќање на вработени од Министерство за одбрана надвор од територијата на Републиката во случаите од став 1 на овој член, донесува министерот за одбрана.

 

Член 42

Во единиците од постојаниот состав на Армијата кои се испратени надвор од територијата на Републиката, заради учество во вежбовни активности и обука и во хуманитарни или мировни операции, не можат да учествуваат војници на отслужување на воениот рок.

 

Член 43

Воените обврзници од резервниот состав на Армијата можат да бидат ангажирани во единиците на Армијата надвор од територијата на Републиката, доколку се согласат со тоа.

Додека се ангажирани надвор од територијата на Републиката, воените обврзници од резервниот состав на Армијата имаат статус на професионални војници, односно воени старешини од постојаниот состав на Армијата.

 

Член 44

Правата и обврските на воените обврзници од член 43 на овој закон и на вработените во Министерството за одбрана кои се испратени надвор од територијата на Републиката во случаите од член 41 став 1 на овој закон, се уредуваат со договор кој се склучува со Министерството за одбрана.

 

  1. Униформа и ознаки на воените лица и знамиња на единиците на Армијата

 

Член 45

Воените лица носат униформа.

На униформата воените лица носат единствен знак за припадност на Армијата, чин, ознака за родот или службата, ознака на единицата на Армијата на која и припаѓаат и знамето на Републиката како државен симбол.

Единиците на Армијата имаат свои знамиња.

Единствениот знак за припадност на Армијата, униформата, ознаките на чиновите, ознаките на родовите и службите, знамињата и ознаките на како и начинот и условите за нивното носење ги пропишува претседателот на Републиката.

 

  1. Служба во Армијата

 

Член 46

Службата во Армијата се уредува со закон.

 

12.Политичко здружување

 

Член 47

Во Армијата не можат да се, организираат и да функционираат политички партии и здруженија на граѓани.

Припадниците на Армијата во вршењето на службата не можат да се раководат од своите политички убедувања, ниту можат да ги изразуваат и застапуваат во своето работење или да влијаат на другите.

Членството во одредена политичка партија не може да влијае врз поставувањето, унапредувањето во чин, оценувањето, школувањето, стручното оспособување и усовршување, наградувањето и другите права на воените и цивилните лица на служба во Армијата.

Воените лица не можат да присуствуваат и учествуваат на политички собири и манифестации во униформа, ниту да манифестираат партиски обележја, симболи или други знаци на политички партии.

 

  1. Штрајк

 

Член 48

Се забранува штрајк во Армијата во воена и вонредна состојба, како и во случај на извршување меѓународни договори што се однесуваат на вежбовни активности, обука, мировни или хуманитарни операции во Републиката или надвор од неа во кои учествуваат единици на Армијата.

Правото на штрајк во Армијата може да се остварува под услови да не се нарушува борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на припадниците на Армијата.

Заради спречување на евентуални штетни последици за борбената готовност на Армијата и животот и здравјето на припадниците на Армијата за време на штрајкот, министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на Армијата се должни да обезбедат остварување на виталните функции на Армијата.

За време на штрајкот учесниците во штрајкот се должни да останат на своите работни места и да ги извршуваат активностите неопходни за остварување на виталните функции на Армијата.

Штрајкот мора да се најави најмалку десет дена пред неговото започнување. Во него истовремено не можат да учествуваат повеќе од 10% од вработените во Армијата и не може да трае подолго од три дена.

 

  1. Синдикално организирање

 

Член 49

Се забранува синдикално организирање во Армијата во воена и вонредна состојба.

 

V. ВОЕНА ОБВРСКА

 

Член 50

Лицето кое подлежи на воена обврска е воен обврзник.
Во текот на траењето на воената обврска, воениот обврзник е:


1) регрут за време на регрутната обврска;


2) војник за време на служењето на воениот рок и


3) воен обврзник во резерва по регулирањето на на воениот рок.

 

а) Регрутна обврска

 

Член 51

Регрутната обврска се состои од должност за јавување на општ повик или поединечна покана во врска со воведување во воена евиденција, лекарски и други прегледи и психолошки испитувања, регрутирање и упатување на служење на воениот рок.

 

Член 52

Со стапување во Армијата, регрутот станува војник и од тој ден се смета дека го служи воениот рок.

 

Член 53

Лекарски и други прегледи и психолошки испитувања на регрутите заради утврдување на способноста за воена служба вршат установи од областа на здравството што ги определува министерот за одбрана во согласност со министерот надлежен за работите на здравството.

Лекарски и други прегледи и психолошки испитувања на регрутите заради утврдување на способноста за воена служба може да врши и регрутен центар што го формира министерот за одбрана.

Наодите од лекарските и други прегледи и психолошките испитувања на регрутите се впишуваат во здравствениот картон на регрутот.

Образецот на здравствениот картон на регрутите го пропишува министерот за одбрана во согласност со министерот надлежен за работите на здравството.

 

Член 54

Регрутирање се врши по наполнувањето на 18 години живот на регрутот.

Регрутирањето го вршат регрутни комисии.

Регрутните комисии ги формира министерот за одбрана. Со актот за формирање на регрутните комисии се определува составот, седиштето и начинот на работа на регрутните комисии.

 

Член 55

Способноста на регрутот за воена служба, регрутната комисија ја оценува врз основа на наодите од претходно извршените лекарски и други прегледи и психолошки испитувања во согласност со правилник за критериумите за оценување на здравствената способност за воена служба што го донесува министерот за одбрана.

Оцена на регрутната комисија може да биде:

1) способен за воена служба;


2) ограничено способен за воена служба;


3) привремено неспособен за воена служба и

4) неспособен за воена служба.

 

Член 56

На регрутот оценет за способен и ограничено способен за воена служба регрутната комисија му го определува родот, односно службата во која ќе го служи воениот рок.

Родот, односно службата се определува врз основа на правилник за воено- евиденциски специјалности, што го донесува министерот за одбрана.

Родот, службата и воено- евиденциската специјалност на регрутот се определуваат врз основа на здравствената и психофизичката способност, видот и степенот на образованието, занимањето, знаењата, вештините и спортските активности од значење за Армијата.

Поблиските критериуми од став 3 на овој член за определување на родот, службата и воено- евиденциската специјалност ги пропишува со правилник министерот за одбрана.

Начинот на служењето на воениот рок на регрутот кој е оценет за ограничено способен се уредува со правилник што го донесува министерот за одбрана.

 

Член 57

За оцената за способноста на регрутот за воена служба и за определувањето на родот, односно службата во која ќе го служи воениот рок, регрутната комисија донесува решение.

Против решението од став 1 на овој член, регрутот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, до второстепената комисија од 10 став 3 на овој закон.

 

Член 58

Регрутот кој е оценет за привремено неспособен за воена служба подлежи на повторно регрутирање до наполнувањето на 27 години.

При секое регрутирање, привремената неспособност може да се определи во траење од една до четири години. По исклучок, за регрутите кои наполниле 26 години живот, времетраењето на привремената неспособност може да се определи во траење до една година. Времетраењето на привремената неспособност не може да се определи подолго од времето кога регрутот наполнува 27 години.

Траењето на привремената неспособност на регрутот и времето на неговото повторно регрутирање ги одредува регрутната комисија од член 54 на овој закон.

Регрутот може да биде оценет за привремено неспособен за воена служба само двапати. При третото регрутирање, регрутната комисија донесува конечна оцена за неговата способност за воена служба.

 

Член 59

Лицето кое е оценето за неспособно за воена служба заради што му престанува воената обврска, може да подлежи на ревизиски преглед заради проверка на неговата способност за воена служба.

Ревизискиот преглед од став 1 на овој член, може да се изврши ако лицето кое е оценето како неспособно за воена служба не навршило 40 години живот.

Лицето од став 2 на овој член кое на ревизискиот преглед ќе биде оценето како способно за воена служба, станува воен обврзник и подлежи на обврска за служење на воен рок до крајот на календарската година во која навршува 27 години живот, а ако таа календарска година поминала, подлежи на обврска за служење во резервниот состав на Армијата.

Одлука за вршење ревизиски преглед на лица од едена или повеќе генерации донесува Владата, а за поединци одлучува министерот за одбрана.

Ревизискиот преглед се врши во воено- здравствена установа, од страна на комисија што ја формира Владата.

Оценка на способноста за воена служба по извршениот ревизиски преглед даваат регрутните комисии од член 54 на овој закон.

Начинот на вршењето на ревизискиот преглед се уредува со правилник што го донесува министерот за одбрана.

 

Член 60

Оцената на способноста на регрутот за воена служба како и родот, односно службата што му е определена, регрутната комисија ги запишува во неговата воена книшка.

Образецот на воената книшка го пропишува министерот за одбрана.

 

Член 61

Оцената на способноста, како и родот, односно службата одредени при регрутирањето, регрутната комисија може да ги измени заради потребите на Армијата или по барање на регрутот.

Одредбите од член 57 на овој закон се применуваат и во случај од став 1 на овој член.

 

б) Обврска за служење на воениот рок

 

Член 62

На служење на воениот рок регрутите се упатуваат по наполнувањето на 19 години.

Регрутот кој сам бара да биде упатен на служење на воениот рок ќе биде упатен во рок од три месеци од денот на поднесувањето на барањето, ако наполнил 18 години.

Поканата за служење на воен рок се доставува до регрутот најдоцна 30 дена пред денот на упатување на отслужување на воениот рок.

 

Член 63

Служењето на воениот рок по барање на регрутот се одложува во случај, ако:

1) е запишан на факултет или друга висока стручна школа, односно постдипломски студии до завршување на факултетот, друга висока стручна школа, односно постдипломските студии, а најдоцна до наполнување на 26 години;

2) е ученик во училиште за средно образование, а по наполнување на 19 години живот не го завршил училиштето - до завршување на училиштето, а најдоцна до наполнување на 21 година ;

3) според прописите за правата на членовите на семејството чиј хранител е војник на служење на воениот рок, стекнал својство, на единствен хранител на семејството и со упатувањето на служењето на воениот рок неговото семејство би било доведено во тешка материјална положба додека траат тие околности, а најдоцна до крајот на септември од календарската година во која наполнува 27 години ;

4) член од неговото семејство истовремено се упатува или веќе се наоѓа на служење на воениот рок за време додека тој член не го отслужи воениот рок или од други причини не биде отпуштен од Армијата, а најдоцна до крајот на септември во календарската година во која наполнува 27 години;

5) патува или привремено престојува во странство заради лекување, школување, извршување службени работи, уредување на имотно правни, семејни и слични односи или заради заминување во странство со родителите, службено или на работа најдоцна до крајот па календарската година во која наполнува 26 години и

6) засновал работен однос во меѓународна организација формирана од Организацијата на обединетите нации, а најдоцна до крајот на календарската во која наполнува 26 години.

 

Член 64

По исклучок, служењето на воениот рок по барање на регрутот може да се одложи најмногу за една година во случај, ако:

1) неговото присуство е неопходно за да се реши станбеното прашање на неговото семејство за времето за кое бара одложување на служењето на воениот рок;

2) се вратил од странство во Републиката заради служење на воениот рок, а не е во можност да го згрижи семејството до денот определен за упатување;

3) во неговото семејство нема друг член способен за стопанисување, а е неопходно да изврши неодложни работи од областа на земјоделството кои без неговото присуство не можат да се извршат без значителна штета за семејството;

4) не ги заврши студиите на факултетот кои се со траење од девет или повеќе семестри, односно постдипломските студии во рок од една година по отслужувањето на наставата;

5) засновал работен однос во својство на приправник до завршување на приправничкиот стаж;

6) во семејството има членови на кои за секојдневните животни потреби им е неопходна помош и нега од друго лице;

7) непосредно пред упатувањето на отслужување на воениот рок стапил во брак;

8) поради смрт или тешка болест во семејството или поради природна непогода семејството на регрутот ќе биде доведено во тешка положба со неговото упатување на отслужување на воениот рок и

9) е определен за член на репрезентација на Републиката заради учество на регионално, европско или светско натпреварување или на олимписки игри.

Барањето за одложување на служењето на воениот рок од точка 9) на овој член го поднесува регрутот и Сојузот за физичка култура на Република Македонија.

 

Член 65

Барањето за одложување на служењето на воениот рок со потребните докази се поднесува во рок од осум дена од денот на приемот на поканата за упатување на отслужување на воениот рок, а по исклучок ако одложувањето се бара од причините утврдени во член 64 точка 8) на овој закон, и кога ќе настанат тие причини.

 

Член 66

Регрутот кој од кои било причини не е упатен на служење на воениот рок се упатува на служење на воениот рок до крајот на календарската година во која полни 27 години.

По исклучок од став 1 на овој член, регрутот за кој ќе се утврди дека не ги извршувал обврските за служење на воениот рок пропишани со овој закон, па поради тоа не бил упатен на служење на воениот рок до крајот на календарската година во која полни 27 години, се упатува на служење на воениот рок најдоцна до крајот на календарската година во која полни 30 години.

Регрутот кој не е упатен на служење на воениот рок до истекот на роковите од ставовите 1 и 2 на овој член, а е оценет како способен или ограничено способен за воена служба, се преведува во резервен состав.

 

Член 67

Регрутот кој има намера да патува во странство на постојан или привремен престој подолго од три месеци, е должен за патувањето да го извести Министерството за одбрана.

 

Член 68

На служење на воениот рок не се упатува:


1) регрут кој правосилно е осуден на казна малолетнички затвор или безусловно на казна затвор поради кривично дело - додека не ја издржи казната или не биде пуштен на условен отпуст;

2) регрут врз кој е применета заводска воспитна мерка или мерка на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа додека трае мерката што е применета и

3) регрут против кого е поведена кривична постапка поради кривично дело за кое се гони по службена должност, а за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години додека постапката не биде правосилно завршена.

Регрутите кои од причините наведени во став 1 на овој член не се упатени на служење на воениот рок, се упатуваат на служење, односно на доотслужување на воениот рок по издржаната казна, по пуштањето на условен отпуст, по запирањето од извршување или истекувањето на воспитната мерка или на мерката на безбедност, односно по правосилно завршената кривична постапка, а најдоцна до крајот на календарската година во која полнат 30 години.

Лицата осудени на казна малолетнички затвор или безусловно на казна затвор поради кривично дело, за време на воена состојба можат да

превземено од www.pravo.org.mk бидат упатени на служење на воениот рок ако им е одложено

издржувањето на казната.

 

Член 69

Од обврската за служење на воениот рок се ослободува лице:


1) оценето за неспособно за воена служба;


2) кое ќе стекне државјанство на Република Македонија со природување или врз основа на меѓународни договори, ако во земјата чиј државјанин било, го отслужило воениот рок, или ако наполнило 27 години пред стекнување на државјанството на Република Македонија;

3) кое покрај македонското, до наполнување на 27 години примило и друго државјанство, ако во земјата чие државјанство го примило го отслужило или на друг начин го регулирало воениот рок;

4) кое поради смрт на неговиот брачен другар (сопруга), би го довел во прашање подигањето, чувањето, воспитанието и образованието на неговите малолетни деца, освен ако најдоцна до крајот на календарската година во која лицето полни 27 години, не стапи во нов брак;

5) кое стекнало својство на воен старешина во постојаниот состав на Армијата и

6) кое станало полицаец или стражар во казнено- поправен дом и на таа должност поминало најмалку една година.

 

Член 70

Времето што питомецот на Воената академија ќе го помине на Воената академија се смета како служење на воениот рок.

На питомецот на Воената академија на кој по било која основа му е прекинато школувањето, не му се смета во служење на воениот рок првата година на школување во Воената академија.

 

Член 71

Времето што лицето ќе го помине на стручно оспособување и усовршување за воен старешина во постојаниот состав на Армијата, се смета како служење на воениот рок.

Лицето од став 1 на овој член, на кое стручното оспособување п усовршување ќе му биде прекинато по било која основа пред истекот на девет месеци, ќе се упати на доотслужување на воениот рок.

 

Член 72

Решение за одлагање на служење на воениот рок, продолжување на обврската за служење на воениот рок до 30 години и за ослободување од обврската за служење на воениот рок донесува Министерството за одбрана.

Против решението од став 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од 15 дена од приемот на решението до второстепената комисија од член 10 став 3 на овој закон.

 

Член 73

Служењето на воениот рок му се прекинува на војник кој во текот на служењето на воениот рок:

1) е оценет за привремено неспособен за воена служба;

2) е осуден со правосилна пресуда на казна затвор во траење над шест месеци;

3) ако против него е поведена кривична постапка за кривично дело сторено пред стапување на отслужување на воениот рок кое се гони по службена должност, ако за тоа дело е предвидена казна затвор над три години;

4) ако е примен за питомец на Воената академија;

5) ако е примен на стручно оспособување и усовршување за воен старешина офицер на Воената академија и

6) ако е избран за стручно оспособување и усовршување за воен старешина подофицер.

По исклучокот на став 1 на овој член, служењето на воениот рок не му се прекинува на војник кој со правосилна пресуда е осуден на казна малолетнички затвор до две години или на безусловна казна затвор до две години, доколку до завршувањето на служењето на воениот рок му останале помалку од 4,5 месеци.

 

Член 74

Служењето на воениот рок на војник може, по негово барање, да му се прекине ако поради смрт или тешка болест на член на семејството или поради елементарна непогода семејството се доведува во тешка положба поради неговата отсутност, за времето додека постојат тие причини, а најмногу за една година.

Служењето на воениот рок може да му се прекине на војник по негово барање и по барање на Сојузот за физичка култура на Република Македонија, заради негово учество во состав на репрезентацијата на Републиката на регионално, европско или светско натпреварување или на олимписки игри, доколку не користи отсуство за учество на овие спортски натпревари.

Војник на кој му е прекинато служењето на воениот рок од причините наведени во став 2 на овој член, се упатува на дослужување на воениот рок во текот на календарската година во кое е завршено натпреварувањето, а најдоцна до крајот на календарската година во која полни 27 години.

 

Член 75

Војникот на кој му е прекинато служењето на воениот рок станува регрут и ќе се упати на доотслужување на преостанатиот дел од воениот рок по престанувањето на причините поради кои му било прекинато служењето на воениот рок, а најдоцна до крајот на календарската година во која полни 27, односно 30 години.

Војникот на кој му е прекинато служењето на воениот рок не се упатува на доотслужување на воениот рок ако му останале 30 или помалку денови до крајот на служењето на воениот рок.

 

Член 76

Во служење на воениот рок не се смета времето што војникот ќе го помине:

1) на лекување и боледување поради повреда или друго онеспособување предизвикано со намера да ја одбегне воената служба или да биде распореден на полесна должност ако тоа е утврдено со правосилна пресуда;

2) во самоволно оддалечување и бегство од Армијата што непрекинато траело повеќе од 24 часа и

3) во притвор што против него е определен со кривична постапка, ако тоа време со правосилна пресуда му е пресметано во казната поради извршеното кривично дело.

За времето што војникот ќе го помине во случаите од став 1 на овој член му се продолжува служењето на воениот рок.

 

Член 77

Решение за прекинување на служењето на воениот рок на војникот и решение за продолжување на воениот рок донесува старешината кој командува со единицата, односно установата, на положба командант на самостоен баталјон дивизион и повисоко.

Против решението од став 1 на овој член, војникот може да изјави жалба во рок од осум дена од приемот на решението до второстепената комисија од член 10 став 3 на овој закон.

Жалбата не го задржува решението од извршување.

 

Член 78

Оцена на способноста за воена служба на војникот за времето на служење на воениот рок, во согласност со правилникот од член 55 став 1 на овој закон, врши воено- лекарска комисија формирана од министерот за одбрана.

Начинот на работата на воено- лекарската комисија од став 1 на овој член се уредува со правилник што го донесува министерот за одбрана.

 

Член 79

На војник кој е оценет како привремено неспособен за воена служба, служењето на воениот рок по таа основа може да му се прекине само еднаш.

Војник кој по втор пат ќе биде оценет за привремено неспособен за воена служба се отпушта од Армијата и се преведува во резервниот состав.

 

Член 80

Времето и начинот на упатување на регрутите на отслужување на воениот рок, одлагањето и постапката за прекинот за служењето на

превземено од www.pravo.org.mk воениот рок и отпуштањето на војниците од Армијата се уредува со

правилник што го донесува министерот за одбрана.

 

в) Обврска за служење во резервен состав на Армијата

 

Член 81

На обврската за служење во резервниот состав во Армијата подлежат воените обврзници кои:

1) го отслужиле воениот рок, од денот на отслужувањето на воениот рок и


2) според одредбите на овој закон ја регулирале обврската за служење на воениот рок на друг начин, од денот на регулирањето.

 

Член 82

За време на воена состојба, претседателот на Републиката може да ја продолжи обврската за служење во резервниот состав за мажи до наполнувањето 60 години.

 

Член 83

Обврската за служење во резервниот состав на Армијата се извршува со учество на обврзниците на воени вежби и други форми на обука, а во војна со извршување на определените воени должности.

Вкупното учество на обврзниците на воени вежби и други форми на обука во текот на една календарска година не може да изнесува повеќе од 30 дена.

 

Член 84

Поканата за воена вежба се доставува до воениот обврзник најдоцна 30 дена пред почетокот на воената вежба.

 

Член 85

Воениот обврзник во резервниот состав на Армијата, по негово барање се ослободува од обврската за учество на воена вежба, заради:

1) болест на воениот обврзник;


2) смрт или тешка болест во семејството;


3) повикување на воена вежба на два или повеќе члена од исто семејство;


4) полагање испит или колоквиум во време на изведувањето на воената вежба;


5) елементарна непогода со која се загрозува имотот на семејството;

6) стапување во брак на воениот обврзник или на член на неговото семејство;


7) лично вршење на верски обреди и верски работи (литии и слично), како верско службено лице или друго лице кое врши верски обреди и верски работи во време на изведување на воената вежба и

8) патување или привремено престојување во странство заради лекување, уредување на имотно- правните односи, семејни и слични односи непосредно пред повикување на воената вежба или за време на изведување на воената вежба.

Од обврската за учество на воена вежба која трае од три дена, по негово барање се ослободува земјоделец, односно граѓанин кој врши самостојна дејност, ако неговото семејство нема друг член способен за стопанисување, како и воен обврзник кој се грижи за член на семејството на кој за секојдневните животни потреби му е неопходна помош и нега од друго лице.

Барањето за ослободување од обврската за учество на воена вежба со потребните докази се поднесува во рок од три дена од денот на приемот на поканата за воена вежба, а по исклучок ако ослободувањето се бара од причините утврдени во став 1 точки 2) и 5) на овој член, барањето со потребните докази може да се поднесе и кога ќе настапат причините заради кои се бара ослободувањето, а најдоцна до почетокот на воената вежба.

Решение по барањето од став 3 на овој член донесува Министерството за одбрана.

Против решението од став 4 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од приемот на решението до второстепената комисија од член 10 став 3 на овој закон.

 

Член 86

Лекарски и други прегледи и психолошки испитувања заради утврдување на способноста за воена служба и оцена на здравствената способност на воените обврзници во резервниот состав на Армијата се вршат на начин и постапка како и за регрутите.

 

Член 87

Начинот на извршувањето на обврската за служење во резервен состав на Армијата се уредува со правилник што го донесува министерот за одбрана.

 

г) Евиденција на воените обврзници

 

Член 88

За воените обврзници се води воена евиденција. Воведувањето во воена евиденција се врши по наполнувањето на 17 години живот. Евиденцијата на воените обврзници ја води Министерството за одбрана.

По барање на Министерството за одбрана, органите на државната власт, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби и единиците на локалната самоуправа се должни на Министерството за одбрана да му даваат податоци за воените обврзници кои се од значење за водење на воената евиденција.

Воените обврзници се должни за секоја промена на податокот значаен за водење на воената евиденција да го известат Министерството за одбрана во рок од 8 дена од денот на настанувањето на промената.

Начинот на водењето на евиденцијата на воените обврзници се уредува со уредба што ја донесува Владата.

 

Член 89

Граѓаните повикани од надлежен орган за извршување на правата и должностите од член 2 на овој закон се должни да се јават на органот, во место и време означени во поединечната покана или општиот повик.

 

VI. ОБВРСКИ НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА, ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА, УСТАНОВИ И СЛУЖБИ И ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

 

а) Обврски на трговските друштва претпријатија

 

Член 90

Во воена состојба трговските друштва и јавните претпријатија имаат обврска да преземаат мерки за заштита и спасување на работниците и материјалните добра од воени дејства, природни непогоди и други несреќи и од последици предизвикани од нив.

 

Член 91

Во воена состојба јавните претпријатија, како и трговските друштва кои се од посебно значење за одбраната имаат обврска за продолжување на производството и вршење на услугите.

Трговските друштва од посебно значење за одбраната со уредба ги определува Владата.

 

Член 92

Јавните претпријатија и трговските друштва од посебно значење за одбраната имаат обврска да се подготвуваат за остварување на производството и за вршење услуги во услови на воена состојба.

 

Член 93

Јавните претпријатија и трговските друштва од посебно значење за одбраната, имаат обврска да учествуваат во изведувањето на вежбовните активности.

За учеството во изведувањето на вежбовните активности, јавните претпријатија и трговските друштва од посебно значење за одбраната имаат право на надоместок.

Начинот на учеството во изведувањето на вежбовните активности и висината на надоместокот се уредува со договор со Министерството за одбрана.

 

Член 94

Во воена состојба, по исклучок, трговските друштва имаат обврска да вршат производство и вршат услуги по барање на Владата, под услови и начин утврдени со меѓусебен договор.

 

Член 95

Во воена состојба, јавните претпријатија и трговските друштва од областа на енергетиката, сообраќајот, врските, комуналните дејности и градежништвото имаат обврска да дадат приоритет на задоволување на потребите на Армијата, органите на државната власт, силите на цивилната заштита, што ги формира Републиката, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби од посебно значење за одбраната.

Приоритетот за задоволување на потребите од став 1 на овој член, поблиску се определува со уредба што ја донесува Владата.

 

б) Обврски на јавните установи и служби

 

Член 96

Во воена состојба, јавните установи и служби имаат обврска да преземаат мерки за заштита и спасување на работниците, корисниците на услугите кои ќе се најдат кај нив и материјалните добра од воени дејства и природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.

 

Член 97

Во воена состојба јавните установи и служби од областа на здравството, социјалната заштита, предучилишното и основното воспитание и образование имаат обврска за продолжување со работа.

Во воена состојба, обврска за продолжување со работа имаат и јавните установи и служби од средното, високото стручно и високото образование, како и од областа на науката и културата кои со уредба на Владата се определени како јавни установи и служби од посебно значење за одбраната.

 

Член 98

Јавните установи и служби од член 97 на овој закон имаат обврска да се подготвуваат за остварување на својата дејност во воена состојба.

 

Член 99

Јавните установи и служби од член 97 на овој закон имаат обврска да учествуваат во изведувањето на вежбовните активности.

За учеството во изведувањето на вежбовните активности јавните установи и служби од став 1 на овој член имаат право на надоместок.

Начинот на учеството во изведувањето на вежбовните активности и висината на надоместокот се дува со договор со Министерството за одбрана.

 

в) Обврски на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје

 

Член 100

Во воена состојба органите на единиците на локалната самоуправа продолжуваат да ги извршуваат работите утврдени со закон и имаат обврска да преземат мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра на своето подрачје од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.

Единиците на локалната самоуправа имаат обврска да се подготвуваат за извршување на обврските од став 1 на овој член на начин утврдени со нивниот статут.

 

VII. ВРСКИ ЗА РАКОВОДЕЊЕ И КРИПТОЗАШТИТА

 

Член 101

За органите за државната власт, трговските , друштва, јавните претпријатија, установи и служби од посебно значење за одбраната, единиците на локалната самоуправа, цивилната заштита и набљудувањето, известувањето и тревожењето, Министерството за одбрана организира и подготвува врски за раководење и криптозаштита во воена и вонредна состојба.

Врските за раководење и криптозаштита, Министерството за одбрана ги остварува преку постојните капацитети за телекомуникации во Републиката, интегрираниот комуникациско информациски систем на Министерството за одбрана и посебно организирани врски.

Министерството за одбрана, организира криптозаштита и за потребите на воените претставници на Републиката во странство, во соработка со Министерството за надворешни работи.

 

Член 102

Корисниците на системите за врски преку кои се врши пренос на податоци и документи од значење за одбраната, се должни да ги применуваат мерките за криптозаштита, противелектронско обезбедување и другите мерки за заштита.

 

VIII. НАБЉУДУВАЊЕ, ИЗВЕСТУВАЊЕ И ТРЕВОЖЕЊЕ

 

Член 103

Заради откривање и следење на опасности од воени дејства, природни непогоди, епидемии и техничко- технолошки катастрофи и други несреќи кои можат да ги загрозат луѓето и материјалните добра, како и за известување и тревожење на населението, се организира систем за набљудување, известување и тревожење во Републиката.

 

Член 104

Набљудувањето и известувањето го организира и подготвува Министерството за одбрана.

За опасностите и појавите од член 103 на овој закон органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби се должни да го известат и Министерството за одбрана.

превземено од www.pravo.org.mk Известување на населението може да врши и Министерството за одбрана.

 

Член 105

Тревожењето на населението го врши Министерството за одбрана со употреба на знаци за тревожење.

Знаците за тревожење се единствени и со уредба ги пропишува Владата.

 

Член 106

За потребите на тревожење на населението, по барање на Министерството за одбрана, сопствениците на објектите се должни да дозволат поставување и приклучување на уреди од системот за јавно тревожење на тие објекти.

Трошоците за поставување и одржување на уредите за тревожење и за надомест на штета од поставување на уредите за тревожење, се на товар на Министерството за одбрана.

 

IX. ЦИВИЛНА ЗАШТИТА

 

Член 107

Цивилната заштита се организира и се подготвува како дел од одбраната на Републиката, заради заштита од спасување на населението и материјалните добра од воени разурнувања, последиците предизвикани од нив и други опасности во воена состојба, како и од природни непогоди, епидемии, техничко- технолошки други несреќи во мир.

 

Член 108

Заштита и спасување од природни непогоди, епидемии, техничко- технолошки и други несреќи во мир се остварува во согласност со законите и другите прописи што ја регулираат дејноста на надлежните органи.

Во случаите од став 1 на овој член, по барање на надлежните органи се ангажираат и силите на цивилната заштита.

 

а) Мерки за заштита и спасување

 

1) Евакуација на населението

 

Член 109

Во воена состојба заради заштита и спасување на населението, со евакуација се врши организирано преместување на населението од загрозени реони, објекти и правци на воени дејства во помалку загрозени.

Евакуацијата на населението може да се врши и во мир во случај на природни непогоди, епидемии, техничко- технолошки и други несреќи.

 

2) Засолнување

 

Член 110

Засолнувањето опфаќа планирање, изградба, одржување и користење на засолништа и други заштитни објекти во мир и воена состојба.

Засолништа и други заштитни објекти за заштита на населението се градат по место на живеење, место на работа и на јавни места, како јавни засолништа.

 

Член 111

Потребите за засолништа и други заштитни објекти се планираат според прописите за просторно и урбанистичко планирање.

Обврска за изградба на засолништа и други заштитни објекти според местото на живеење и местото на работа имаат инвеститорите кои градат објекти во загрозени зони, а Републиката за јавните засолништа.

Загрозените зони од став 2 на овој член ги утврдува Владата.

Изградбата на јавни засолништа ја организира Министерството за одбрана.

Поблиски прописи за начинот на изградба, одржување и користење на засолништата и други заштитни објекти донесува Владата.

 

Член 112

Инвеститорот кој гради градежен објект во загрозена зона се ослободува од обврската да гради засолниште, ако:

-изградбата на засолништето не е можна заради геолошко- хидролошките карактеристики на земјиштето или ако поради тоа трошоците на изградбата несразмерно би се зголемиле;

-во близина на објектот постојат природни или вештачки објекти погодни за засолнување или јавно засолниште;

-со урбанистичкиот план не е предвидена изградба на засолништа и

-капацитетот на веќе изградените засолништа ги задоволува потребите за засолнување.

 

3) Згрижување на настрадано и загрозено население

 

Член 113

Згрижувањето опфаќа прифаќање, сместување и обезбедување на основни услови за живот на настрадано и загрозено население.

 

4) Затемнување

 

Член 114

Затемнувањето опфаќа исклучување или засенување на изворите на осветлување на просториите за живеење, работните простории, јавните места и сообраќајните средства во воена состојба.

Затемнувањето се врши на даден знак за воздушна опасност.

 

5) Радиолошко хемиско- биолошка заштита

 

Член 115

Радиолошко хемиско- биолошка заштита опфаќа навремено откривање, следење и контрола на опасностите од радиолошко хемиско- биолошки агенси, преземање на мерки за заштита и отстранување на последиците од нив.

 

6) Спасување од урнатини

 

Член 116

Спасувањето од урнатини опфаќа активности и задачи за заштита и спасување на населението и спасување на материјалните добра од натамошно уривање во воени разорнувања, природни непогоди и технички несреќи.

 

7) Заштита и спасување од поплави

 

Член 117

Заштита и спасување од поплави опфаќа превентивни и оперативни мерки за заштита и спасување на населението и материјалните добра од поплави предизвикани од врнежи, уривање на брани и прелевање на водите преку круната на браните.

 

8) Заштита и спасување од пожари

 

Член 118

Заштита и спасување од пожари опфаќа контрола на примената на техничките и други нормативи за превентивна противпожарна заштита во областа на урбаното планирање, градежништвото и технолошките процеси; формирање, опремување и оспособување на потребен број на противпожарни единици; активности за организирање на доброволни противпожарни друштва; оспособување на граѓаните за отстранување на опасностите кои предизвикуваат пожари, користење на уредите и средствата и учество во локализирање и гасење на пожари; раководење со силите за гасење на пожари во населбите и на отворен простор и стручно оспособување и обучување на силите на цивилната заштита за локализирање и гаснење на пожари.

 

9) Пронаоѓање и уништување на неексплодирани убојни средства

 

Член 119

Заштитата од неексплодирани убојни средства опфаќа пронаоѓање, собирање и уништување на неексплодирани убојни средства.

Во спроведување на оваа мерка учествуваат Армијата, силите на цивилната заштита што ги формира Републиката и стручни лица пиротехничари.

 

10) Прва медицинска помош

 

Член 120

Првата медицинска помош опфаќа активности а задачи за згрижување на повредени и заболени лица, укажување на прва помош и нивно пренесување до најблиска здравствена установа.

 

11) Заштита и спасување на животни и производи од животинско потекло

 

Член 121

Заштитата и спасувањето на животните и производите од животинско потекло опфаќа укажување на прва ветеринарна помош на повреден, заболен и контаминиран добиток од последиците од воени дејства или природни непогоди и техничко- технолошки несреќи.

 

12) Заштита и спасување на растенија и производи од растително потекло

 

Член 122

Заштитата и спасувањето на растенијата и производите од растително потекло опфаќа заштита од растителни болести, штетници, плевели, како и последици од воени дејства и природни непогоди и техничко- технолошки несреќи.

 

13) Асанација на теренот

 

Член 123

Асанацијата на теренот опфаќа хигиенско- технички и други мерки и активности заради спречување на настанувањето и ширењето на заразните болести и други последици од воени дејства и природни непогоди, епидемии и техничко- технолошки и други несреќи.

 

Член 124

Мерките за заштита и спасување ги планираат и организираат:

-органите на државната управа, во областите и подрачјата за кои се основани, како и силите на цивилната заштита што ги формира Републиката за потребите на Републиката и

-трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби и единиците на локалната самоуправа за свои потреби.

Мерките за заштита и спасување ги спроведуваат: трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби со силите и средствата за редовно работење, единиците на локалната самоуправа и силите на цивилната заштита, како и органите на државната управа кои располагаат со соодветни средства и опрема.

Во спроведувањето на мерките за заштита и спасување можат да учествуваат и хуманитарни организации.

Во планирањето, организирањето и спроведувањето на мерките за заштита и спасување, субјектите од став 1 на овој член се должни меѓусебно да соработуваат.

Поблиски прописи за планирање, организирање и спроведување на мерките за заштита и спасување донесува Владата.

 

б) Сили на цивилната заштита

 

Член 125

Силите на цивилната заштита се организираат во единици и штабови.

Единици и штабови за цивилна заштита, заради заштита и спасување на населението и материјалните добра формира Републиката.

Заради извршување на мерките за заштита и спасување за свои потреби, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби и единиците на локалната самоуправа формираат свои единици и штабови за цивилна заштита.

Организирање, подготвување и употреба на силата на цивилната заштита се уредува со уредба што ја донесува Владата.

 

Член 126

За припадниците на силите на цивилната заштита што ги формира Републиката се води евиденција во Министерството за одбрана.

Начинот на водењето евиденција за припадниците на силите на цивилната заштита од став 1 на овој член се уредува со уредба што ја донесува Владата.

Граѓаните ангажирани во силите на цивилната заштита што ги формира Републиката имаат исти права и обврски, како и припадниците на резервниот состав на Армијата.

 

X. ОБУЧУВАЊЕ ЗА ОДБРАНА

 

Член 127

Обучувањето за одбрана опфаќа активности за стекнување на неопходни, военостручни и други знаења за учество на граѓаните, органите на власт, јавните претпријатија, трговските друштва и јавни установи и служби од посебно значење за одбраната, како и единиците на локалната самоуправа, во одбраната на Републиката.

 

Член 128

Обучувањето на граѓаните за одбрана се организира и спроведува во Армијата, Центарот за обука за одбрана и во образовните институции.

Член 129

Обучувањето во Армијата се уредува со правилник што го донесува министерот за одбрана.

 

Член 130

Обучувањето во Центарот за обука за одбрана, се организира и спроведува заради обучување на кадри за потребите на одбраната, силите на цивилната заштита и на воените обврзници кои не се распоредени во резервниот состав.

Спроведувањето на обуката во Центарот за обука за одбрана се уредува со правилник што го донесува министерот за одбрана.

 

Член 131

Содржината и начинот на спроведувањето на обука одбрана во образовните институции се врши според наставни планови и програми што ги донесуваат министерот за одбрана и министерот надлежен за работите на образованието.

 

Член 132

Во остварувањето на обуката за одбрана на резервниот состав на Армијата, Министерството за одбрана може да соработува со здружение на граѓани на воени старешини.

 

XI. РАЗУЗНАВАЊЕ, КОНТРАРАЗУЗНАВАЊЕ, СПРЕЧУВАЊЕ И ОТКРИВАЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА И ЗАШТИТА НА СИЛИТЕ И ТАЈНИТЕ ВО ОДБРАНАТА

 

Член 133

Разузнавањето во Армијата опфаќа мерки, активности и постапки што се преземаат заради собирање, документирање и анализирање на разузнавачки податоци значајни за одбраната на Републиката.

Работите од став 1 на овој член ги вршат овластени службени лица на Министерството за одбрана кои ги определува министерот за одбрана.

Во вршењето на работите од став 1 на овој член овластените службени лица имаат право да собираат податоци, известувања и информации од својот делокруг на работа.

 

Член 134

Контраразузнавањето во Армијата опфаќа мерки, активности и постапки што се преземаат заради:

- откривање и спречување на разузнавачка и друга субверзивна дејност на странски воено- разузнавачки и разузнавачки служби, која се врши во земјата или од странство, а е насочена кон одбраната на Републиката;

- откривање и спречување на сите форми на терористичка дејност насочена кон одбраната на Републиката и

- спроведување на контраразузнавачка заштита на задачите и плановите, документите, материјално- техничките средства, подрачјата, зоните и објектите од интерес за одбраната на Републиката.

Работите од став 1 на овој член ги вршат овластени службени лица на Министерството за одбрана код ги определува министерот за одбрана.

Во вршењето на работите од став 1 на овој член овластените службени лица имаат право да собираат податоци, известувања и информации од својот делокруг на работа.

 

Член 135

Спречување и откривање на кривични дела во воените единици и установи, на простори на кои логоруваат воени единици или се изведуваат вежбовни активности на Армијата, како и во објекти и зони што ќе ги определи Владата, опфаќа мерки, активности и постапки кои се преземаат заради спречување за вршење на кривични дела како и за откривање и фаќање на сторители на кривични дела и нивно предавање на надлежните органи.

Работите од став 1 на овој член ги вршат овластени службени лица на Министерството за одбрана кои ги определува министерот за одбрана.

Во вршењето на работите од став 1 на овој член, овластените службени лица ги имаат следниве права и должности:

-да легитимираат лице заради утврдување на неговиот идентитет и на негово барање сами да се легитимираат;

-да вршат затворање на пристапот и да го оневозможат напуштањето на просторот без одобрение до завршувањето на службените дејствија;

-да вршат преглед на превозни средства, лица и багаж;

-присилно да отстранат лице од простор, како и лице кое не постапува по наредба на овластеното службено лице;

-да употребат огнено оружје ако со други средства на присилба не можат да го заштитат животот на лицата на тој простор, да одбијат од себе непосреден напад со кој се загрозува нивниот живот, да одбијат напад на објект или личност што се обезбедува или да спречат бегство на лице затечено при извршување на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Во извршување на работите од став 1 на овој член учествуваат и овластени службени лица на Воената полиција кои ги определува министерот за одбрана.

 

Член 136

Овластените службени лица од членовите 133, 134 и 135 на овој закон, имаат легитимации.

Образецот на легитимацијата и начинот на нејзиното издавање ги пропишува министерот за одбрана.

Поблиски прописи за остварување на работите од членовите 133, 134 и 135 на овој закон донесува министерот за одбрана.

 

Член 137

Заштитата на силите во воените единици и установи, на простори на кои логоруваат воени единици или се изведуваат вежбовни активности на Армијата, како и во објекти и зони што ќе ги определи Владата, опфаќа мерки, активности и постапки што се преземаат заради;

-одржување на воен ред и дисциплина;

-обезбедување на лица, команди и објекти определени од министерот за одбрана;

-регулирање и контрола на воениот сообраќај и

-учество во борба против диверзантски, терористички и други вооружени групи.

Работите од став 1 на овој член ги врши Воената полиција.

Поблиски прописи за работата на Воената полиција донесува министерот за одбрана.

 

Член 138

Заштитата на тајните податоци опфаќа мерки, активности и постапки што се преземаат заради заштита на тајноста на податоците, информациите и документите од областа на одбраната.

Граѓаните, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби од посебно значење за одбраната, единиците на локалната самоуправа и органите на државната власт, се должни да ги чуваат и тајните податоци на одбраната и да ги пропишаните мерки за заштита на тајните податоци.

Критериумите и мерките за заштита на тајноста на податоците од значење за одбраната ги пропишува Владата со уредба.

 

Член 139

Припадниците на Армијата се должни да ги чуваат и штитат тајните податоци од значење за Армијата и да ги извршуваат пропишаните мерки за нивна заштита.

Критериумите за утврдување на тајните податоци значајни за Армијата кои мораат да се чуваат како тајна и мерките за нивна заштита со правилник, ги пропишува министерот за одбрана.

 

Член 140

Заради заштита на безбедноста на Републиката во зоните кои согласно со Планот за одбрана на Републиката се посебно уредени за потребите на одбраната или се предвидува нивно уредување, може да се ограничи слободата на движењето, престојот или населувањето.

Одлука за определување на зоните од став 1 на овој член донесува Владата.

 

Член 141

Снимање од воздух и други видови на истражувања за изработка на картографски публикации можат да вршат само правни лица кои ќе добијат одобрение од Владата.

Физички и правни лица не можат да вршат снимање ниту научни и други истражувања во објекти и зони од значење за одбраната, како и во зоните во кои се ограничува движење, престој и населување, без одобрение на Министерството за одбрана.

 

XII. ПЛАНИРАЊЕ

 

Член 142

Заради систематски, рационален и плански развој на одбраната на Републиката се воведува систем на планирање, програмирање и буџетирање на одбраната.

Основен носител, организатор и реализатор на системот на планирање, програмирање и буџетирање за потребите на одбраната е Министерството за одбрана.

 

Член 143

Планирањето на одбраната се остварува како планирање на развојот, оперативно и тековно планирање.

Планирањето на одбраната претставува континуиран процес и се организира и реализира како долгорочно, среднорочно и краткорочно,

 

Член 144

Планирањето се врши преку основни и специјализирани планови, програми, потпрограми, активности и потребни ресурси за нивна реализација.

Бројот, видот, содржината, називот како и начинот на изработка и реализација на плановите и програмите на одбраната ги определува министерот за одбрана.

 

XIII. ФИНАНСИРАЊЕ

 

Член 145

Финансиски средства за потребите на одбраната на Републиката се обезбедуваат од Буџетот на Републиката.

Финансиски средства за потребите на Републиката можат да се обезбедат и од други извори, во согласност со закон.

Финансиски средства за органите на власт за потребите на одбраната се обезбедуваат од Буџетот на Републиката, во рамките на финансиските средства на тие органи.

Финансиски средства за единиците на локалната самоуправа за потребите на одбраната се обезбедуваат од нивните средства во согласност со закон и од средствата на Републиката.

Трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби од посебно значење за одбраната, финансиските средства за потребите на одбраната обезбедуваат од сопствени средства и од средства на Републиката.

 

Член 146

План за финансиски средства потребни за Министерството за одбрана што се обезбедуваат со Буџетот на Републиката, изработува Министерството за одбрана.

Со финансискиот план од став 1 на овој член се искажуваат по програми, потпрограми, намени, задачи и динамика потребните финансиски средства за остварување на функциите на единиците, командите и установите на Армијата, цивилната заштита и другите активности на Министерството за одбрана.

Начинот и постапката за изработка на планот од став 1 на овој член се утврдува со правилник што го донесува министерот за одбрана.

 

Член 147

За висината на средствата во Буџетот на Републиката за потребите на одбраната одлучува Собранието на Републиката.

Во согласност со Буџетот на Републиката, Министерството за одбрана врши реализирање на одобрените финансиски средства и по потреба врши ревизија на нивната реализација.

За реализацијата на средствата од став 2 на овој член, Министерството за одбрана ги известува Владата и Собранието на Републиката.

 

XIV. НАДОМЕСТОЦИ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ИЗВРШУВАЊЕ НА ПРАВАТА И ДОЛЖНОСТИТЕ ВО ОДБРАНАТА

 

Член 148

Граѓаните повикани заради извршување на правата и должностите од областа на одбраната во врска со извршување на воена обврска, учество во силите на цивилната заштита што ги формира Републиката, извршување на работна и материјална обврска, обучување за одбрана и пронаоѓање и уништување на неексплодирани убојни средства, имаат право на паричен надомест утврден со овој закон.

 

Член 149

Граѓаните од член 148 на овој закон имаат право на следниве парични надоместоци:

-плата, пензија или други парични примања;


-трошоци за превоз, сместување и исхрана;


-трошоци за дополнително ангажирање;


-еднократна парична помош во случај на смрт, повреда или оштетување на организмот;


-погребни и други трошоци;


-за изведување обука за одбрана и


-за пронаоѓање и уништување на неексплодирани убојни средства.

 

Член 150

Граѓаните кои се во работен однос или вршат самостојна дејност, примаат паричен надоместок по основа на невработеност или примаат пензија, имаат право на паричен надоместок во висина на плата или надоместок исплатен за последниот месец пред повикувањето или ангажирањето на кои е пресметан и уплатен придонес за пензиско и инвалидско осигурување, односно во висина на пензијата.

Граѓаните кои не се во работен однос, не вршат самостојна или професионална дејност, не примаат паричен надоместок по основа на невработеност или не остваруваат право на пензија, имаат право на паричен надоместок во висина на просечна месечна нето плата по работник во стопанството на Републиката објавена од Државниот завод за статистика во последниот месец пред повикувањето, односно ангажирањето (во натамошниот текст: просечна месечна плата).

 

Член 151

Граѓаните распоредени на должности во резервниот состав на Армијата, имаат право и на разлика од надоместокот од член 149 алинеја 1 на овој закон до висината на платата на военото лице од постојаниот состав на Армијата за истата должност, доколку надоместокот е понизок од платата.

 

Член 152

Граѓаните распоредени на должности во силите на цивилната заштита што ги формира Републиката, имаат право и на разлика од надоместокот од член 149 алинеја 1 на овој закон до висината на надоместокот за извршување на должностите во силите на цивилната заштита, доколку надоместокот е понизок од надоместокот за извршување на должностите во силите на цивилната заштита.

Висината на надоместокот за извршување на должностите во силите на цивилната заштита што ги формира Републиката го утврдува Владата и не може да биде поголем од три просечни месечни плати.

 

Член 153

За време на служење на воениот рок на војниците им припаѓа парично примање во висина до 10% од просечната месечна плата, во зависност од чинот и должноста што ја извршуваат.

 

Член 154

Граѓаните за време на извршување на правата и должностите во областа на одбраната имаат право на надоместок на трошоците за превоз, исхрана и сместување ноќевање доколку не се обезбеди бесплатен превоз, бесплатна исхрана и бесплатно сместување- ноќевање.

Надоместокот на трошоците за превоз е во висина на цената на возниот билет во јавниот сообраќај, доколку станот во кој живее граѓанинот е оддалечен над 2,5 километри од местото на јавување односно доаѓање.

По исклучок од став 2 на овој член, за правците во кои нема организиран јавен превоз, надоместокот на трошоците направени со возило е во висина од 30% од продажната цена на 1 литар гориво за возилото кое се користи за секој изминат километар.

Висината на надоместокот на дневните трошоци за исхрана е 5% од просечната месечна плата, доколку ангажирањето траело до осум часа, односно 8% доколку ангажирањето траело подолго од осум часа.

По исклучок од став 4 на овој член, на граѓаните- регрути при извршувањето на лекарски и други прегледи и психолошки испитувања и на граѓаните ангажирани за обучување за одбрана со времетраење до осум часа, им припаѓа надоместок во висина од 50% од висината на надоместот од став 4 на овој член.

Во случај кога не е обезбедено бесплатно сместување- ноќевање, а граѓаните се повикани на извршување на должностите од областа на одбраната надвор од местото на живеалиштето односно престојувалиштето, висината на надоместот е во износ на стварните трошоци за сместување, а се исплатува според поднесена сметка за сместување во хотели до “Б” категорија.

 

Член 155

Граѓаните повикани заради извршување на права и должности од областа на одбраната во резервниот состав на Армијата и во силите на цивилната заштита што ги формира Републиката, доколку за време на извршувањето на должностите им се обезбедени бесплатен превоз, бесплатна исхрана и бесплатно сместување- ноќевање, имаат право на надоместок за дополнително ангажирање и тоа:

- за воените старешини офицери и подофицери во Армијата и за извршителите на раководни должности во силите на цивилната заштита 5% од просечната месечна плата и

- за војниците во Армијата и другите извршители во силите на цивилната заштита 3% од просечната месечна плата.

 

Член 156

Висината на надоместокот на еднократна парична помош на семејството во случај на смрт, односно загинување на граѓани за време на извршување на должностите во одбраната изнесува пет просечни месечни плати.

 

Член 157

Висината на надоместокот на еднократната парична помош во случај на повреда и оштетуваше на организмот од најмалку 20% за време на извршување на воените должности изнесува 50% од просечната месечна плата.

 

Член 158

Висината на надоместокот на погребните и други трошоци (сандак со опрема и венец), трошоците за превоз на умрениот, односно загинатиот граѓанин од местото на смртта до местото на погребувањето, доколку

превземено од www.pravo.org.mk семејството ги врши и другите трошоци сторени со традиционален обичај за време на погребот изнесува пет просечни месечни плати.

 

Член 159

Граѓаните ангажирани како предавачи во обучувањето за одбрана, за секое предавање имаат право на надоместок во висина од 30% од дневницата за службени патувања во земјата утврдена за државните службеници.

Надоместокот од став 1 на овој член не им припаѓа на вработените во Министерството за одбрана и на служба во Армијата ако се ангажирани како предавачи во обучувањето за одбрана.

Научни и јавни работници кои се ангажирани во обучувањето за одбрана како предавачи имаат право на надоместокот во висина утврдена со посебен договор склучен помеѓу овие лица и Министерството за одбрана.

 

Член 160

Граѓаните- пиротехничари и помошни работници ангажирани за пребарување на теренот заради утврдување и постоење на неексплодирани убојни средства имаат право на надоместок во висина од 0,2% по метар кубен испитан терен од просечната месечна плата.

Граѓаните- пиротехничари и помошните работници ангажирани за уништувањето на пронајдените неексплодирани убојни средства, во зависност од бројот на парчињата, тежината и видот на убојното средство имаат право на надоместокот до 20% од просечната месечна плата.

 

Член 161

Средствата за надоместокот на граѓаните во извршување на правата и должностите во одбраната се обезбедуваат од средствата на Министерството за одбрана.

Поблиски прописи за висината и начинот на остварувањето на надоместокот на граѓаните во извршување на правата и должностите во одбраната донесува Владата.

 

XV. НАДЗОР

 

Член 162

Инспекциски надзор за спроведување на овој закон и другите прописи од областа на одбраната вршат инспектори за одбрана во Министерството за одбрана.

Инспекцискиот надзор од став 1 на овој член во органите на државната власт, Армијата, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби од посебно значење за одбраната и единиците на локалната самоуправа, се врши во согласност со овој закон.

 

Член 163

Инспектор за одбрана може да биде лице со соодветно високо образование и работно искуство во областа на одбраната од најмалку четири години.

Инспекторите за одбрана имаат легитимација.

Образецот на легитимацијата и начинот на нејзиното издавање ги пропишува министерот за одбрана.

 

Член 164

Во вршењето на инспекцискиот надзор од член 162 на овој закон, инспекторите се овластени:

-да остваруваат увид во спроведувањето на овој закон и другите прописи од областа на одбраната и да предложат мерки за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци во определен рок.

Во вршењето на надзорот, инспекторот е должен на субјектите од член 162 став 2 на овој закон да им дава помош во спроведувањето на законите и другите прописи од областа на одбраната.

 

Член 165

За извршениот инспекциски надзор, инспекторите се должни да состават записник, кој ќе му го предадат на одговорното лице каде што е вршен инспекцискиот надзор и на министерот за одбрана.

Во записникот се внесува констатираната состојба и предложените мерки и рокови за отстранување на недостатоците и неправилностите.

Одговорното лице од став 1 на овој член е должно да постапи според записникот и да го извести инспекторот за преземените мерки.

Ако при вршењето на надзорот, инспекторот смета дека повредата на прописите претставува прекршок или кривично дело, должен е до надлежниот орган да поднесе барање односно пријава за покренување соодветна постапка.

 

Член 166

Поблиски прописи за начинот на вршење на инспекцискиот надзор донесува министерот за одбрана.

 

XVI. ПОСЕБНА ОДРЕДБА

 

Член 167

Работните места на определени должности во Министерството за одбрана и во постојаниот состав на Армијата на кои тежината на работата и посебните услови под кои тие се вршат битно влијаат врз намалувањето на работната способност, ги определува Владата со уредба.

Владата може да определи и други работни места што имаат карактер на одредени должности во смисла на став 1 на овој член.

Заработката на работниците на должностите од ставовите 1 и 2 на овој член се поголеми најмногу до 30% од заработката на другите работници со соодветни квалификации.

 

XVII. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

 

Член 168

Со парична казна од 5.000,00 денари до 30.000,00 или со казна затвор до 60 дена ќе се казни за прекршок граѓанинот, ако:

1) не даде средства или добиток по основа на материјална обврска или податоци во врска со нив (член 14);

2) не го извести Министерството за одбрана за намерата за патување во странство (член 67);

3) не го извести Министерството за одбрана за промена на податокот значаен за водење на воената евиденција (член 88 став 3);

4) не се отповика на покана од надлежен орган (член 89);

5) не дозволи поставување и приклучување на уреди за јавно тревожење (член 106 став 1);

6) не гради засолниште (член 111, став 2);

7) не ги чува и штити тајните податоци на одбраната или не ги извршува пропишаните мерки за заштита на тајните податоци (член 138 став 2) и

8) врши снимање или научни и други истражувања без одобрение на Министерството за одбрана (член 141 став 2).

Со казната од став 1 на овој член ќе се казни за прекршок и странски државјанин ако не даде средства или добиток по основа на материјална обврска (член 15).

 

Член 169

Со парична казна од 20.000,00 денари до 50.000,00 денари или со казна затвор до 90 дена ќе се казни за прекршок припадник на Армијата ако организира политичка партија или здружение на граѓани во Армијата, ако во вршењето на службата во Армијата се раководи од своите политички убедувања, или ако на политички собири и манифестации учествува во воена униформа или манифестира партиски обележја, симболи или други знаци на политички партии (член 47).

 

Член 170

Со парична казна од 100.000,00 до 300,000,00 денари ќе се казни за прекршок трговско друштво, јавно претпријатие, установа или служба, ако:

1) не обезбеди бесплатно сместување, исхрана и парични примања на војникот на служење на воениот рок во цивилна служба (член 9 став 3 и член.153);

2) не даде на користење средства или добиток по основ на материјална обврска или податоци во врска со тоа (член 14);

3) не даде податоци за воените обврзници кои се од значење за водење на воената евиденција (член 88 став 2);

4) не преземе мерки за заштита и спасување на работниците, материјалните добра и корисниците на услугите во воена состојба (член 90 и член 96);

5) не продолжи со производство и вршење услуги во воена состојба (член 91 и член 97);

6) не се подготвува за производство и вршење услуги во воена состојба (член 92 и член 98);

7) не учествува во изведување вежбовни активности (член 93 став 1 и член 99 став 1);

8) во воена состојба не даде приоритет на задоволувањето на потребите на Армијата, органите на државната власт, силите на цивилната заштита што ги формира Републиката, трговските друштва, јавните претпријатија, установи и служби што се од посебно значење за одбраната (член 95 став 1);

9) не ги применува мерките за криптозаштита, противелектронско обезбедување и други мерки за заштита (член 102);

10) не го извести населението и Министерството за одбрана за опасностите од воени дејства, природни непогоди, епидемии, техничко- технолошки катастрофи и други несреќи кои можат да ги загрозат луѓето и материјалните добра (член 104 став 2 );

11) не дозволи поставување и приклучување на уреди од системот за јавно тревожење (член 106 став 1);

12) не гради засолниште и други заштитни објекти (член 111 став 2);

13) не ги чува тајните податоци на одбраната и не ги извршува мерките пропишани за заштита на тајните податоци (член 138 став 2) и

14) врши снимање од воздух и други видови истражувања без одобрение на Владата или Министерството за одбрана (член 141).

За прекршокот од став 1 на овој член ќе се казни со парична казна од 5.000,00 денари до 30.000,00 денари или со казна затвор до 60 дена и одговорното лице во трговското друштво, јавното претпријатие, установа или служба.

Со казната од став 1 на овој член ќе се казни и странското трговско друштво или трговец поединец ако не даде средства или добиток по основа на материјална обврска.

 

Член 171

Со парична казна од 5.000,00 денари до 30.000,00 денари или со казна затвор до 60 дена ќе се казни за прекршок одговорното лице на единицата на локалната самоуправа ако не презема мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра и не се подготвува за извршување на обврските од областа на одбраната (член 100).

 

XVIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 172

Прописите чие донесување е предвидено со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на неговото влегување во сила освен прописите предвидени со членовите 142, 143 и 144 Глава XII Планирање, што ќе се донесат најдоцна за две години.

 

Член 173

Со денот на влегување во сила на овој закон, престанува да важи Законот за одбрана (“Службен весник на Република Македонија” број 8/92 и 30/95).

Прописите донесени врз основа на Законот од став 1 на овој член ќе се применуваат до донесувањето на прописите од член 172 на овој закон, доколку не се во спротивност со одредбите на овој закон.

 

Член 174

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Trascina file per caricare