Print Friendly

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

 

 

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

ЗА ГРОБИШТА И ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.163 од 26.11.2013 година

 

Член 1

Во Законот за гробишта и погребални услуги („Службен весник на Република

Македонија“ број 86/2008, 156/10 и 53/11), членот 5 се менува и гласи:

„Управувањето со гробиштата и давањето на погребални услуги како дејности од

јавен интерес во надлежност на единиците на локалната самоуправа, се вршат

под услови и начин утврдени со овој закон.“

 

Член 2

Во членот 15 став (1) точка 4 по зборот „пресудата“ се става точка и запирка, а

зборовите до крајот од реченицата се бришат.

По точката 4 се додава нова точка 5, која гласи:

„5) на правното лице да не му е изречена прекршочна санкција забрана за

вршење професија, дејност или должност во траење од една или повеќе години;“.

Точките 5, 6, 7 и 8 стануваат точки 6, 7, 8 и 9.

Во ставот (5) по зборот „издадените“ се додаваат зборовите: „и одземените“.

Во ставот (6) по зборовите: „регистарот за издадени“ се додаваат зборовите: „и

одземени“.

 

Член 3

Во членот 18 ставoвите (3), (4) и (5) се менуваат и гласат:

„(3) Управителот на гробиштата каде што се врши погребот е должен да дозволи пристап  и  користење  на  инфраструктурата  на  гробиштата  и  на  придружните објекти на операторот на погребалната услуга што врши превоз на умрено лице.

(4) За пристап и користење на инфраструктурата на гробиштата                   и на придружните  објекти  на  гробиштата  по  поднесено  барање,  управителот  на гробиштата  склучува  договор  со  операторите  на  погребалните  услуги  и  со каменорезачите.  Управителот  на  гробиштата  е  должен  по  поднесувањето  на барањето за склучување на договорот, да одговори во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето.

(5)    За   пристап   и   користење   на   инфраструктурата   на   гробиштата   и   на придружните  објекти, на  лицата од  ставот (1) на овој член, управителот на гробиштата им наплатува надоместок. Висината на трошоците за користење на инфраструктурата на гробиштата и на придружните објекти за оператоторот на погребални  услуги  се  определува  во  зависност  од  времето  на  користење  на инфраструктурните објекти и на придружните објекти во единица час - погреб.

Висината на трошоците за користење на инфраструктурата на гробиштата и на придружните објекти за каменорезачот се определува во зависност од времето на користење на инфраструктурните објекти и на придружните објекти во единица час. Висината на надоместокот ја определува управителот на гробиштата на која согласност дава органот на општината, општините во градот Скопје, односно

градот Скопје.’’

 

 

Член 4

Во членот 19 ставот (9) се брише.

 

 

Член 5

Во членот 20 точката на крајот од реченицата се брише и се додаваат зборовите: „(во натамошниот текст: оператор на погребални услуги).“

 

 

Член 6

Во членот 21 став (1) точката 7 се менува и гласи:

„да има најмалку три вработени лица од кои две лица за вршење на погребување и да поседува соодветна техничка опрема.“

Ставот (2) се менува и гласи:

„Техничката опрема за вршење на дејноста од ставот (1) точка 7 на овој член ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.“

Во    ставот   (3)   зборовите:  „управителот   на   гробиштата“   се   заменуваат   со зборовите: „операторот на погребални услуги“.

По ставот (5) се додаваат два нови става (6) и (7), кои гласат:

„(6)  Операторот  на  погребални  услуги  не  може  да  ја  пренесе  дозволата  за вршење на погребални услуги на друго физичко или правно лице.

(7) Доколку операторот на погребални услуги го отуѓи возилото за вршење на погребални услуги, или купи друго возило за вршење на погребални услуги е должен во рок од три дена да го извести органот што ја издал дозволата за вршење на погребални услуги.“

Во ставот (6) кој станува став (8) по зборот „издадените“ се додаваат зборовите: „и одземените“.

Во ставот (7) кој станува став (9) по зборовите: „регистарот за издадени“ се додаваат зборовите: „и одземени“.

 

Член 7

По членот 21-а се додава нов член 21-б, кој гласи:

 

„Член 21-б

Операторот на погребални услуги може да отвори подружница регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на дејност погребални и придружни активности во својата општина или на подрачјето на друга општина во Република Македонија, која мора да ги исполнува условите пропишани во членот 21 од овој закон, за секоја подружница посебно.“

 

Член 8

Во членот 22 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:

„(4) Преземањето и превозот на умреното лице се врши по барање на член на потесното семејство    на     умреното         лице, односно     од     овластено лице од институцијата каде што починало во согласност со член на потесното семејство на умреното  лице,  од  страна  на  оператор  за  погребални  услуги  кој  поседува дозвола. При преземањето на умреното лице задолжително се составува записник за преземање и превоз на умреното лице кој се потпишува од страна на лицето кое го презема и лицето кое го предава умреното лице, со приложување на дозволата за вршење на погребални услуги. Записникот го подготвува операторот на погребални услуги.“

 

Член 9

Во членот 23 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:

„(2) Во случај од ставот (1) на овој член трошоците за преземањето и превозот на умреното лице од местото од каде што се презема до местото каде што се упатува од страна на органот надлежен за водење на истражната постапка, паѓаат на товар на органот надлежен за водење на истражна постапка.“

Ставовите (2) и (3) стануваат ставови (3) и (4).

 

 

Член 10

Во членот 29 став (3) по зборовите: „од областа на здравството“ се става точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат.

Ставот (5) се менува и гласи:

„Начинот на издавање на одобрението за погребување надвор од гробиштата и погребувањето надвор од гробиштата од ставот (3) на овој член го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството.“

 

Член 11

Во членот 30 став (3) во втората реченица зборовите: „како и во други случаи определени од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството или органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи“ се заменуваат со зборовите: „како и во случаи на умрени лица од елементарни непогоди и масовни смртни случаи предизвикани од       масовни несреќи, епидемии, тероризам, војни или други вонредни околности“.

 

Член 12

Во членот 36 ставот (2) се менува и гласи:

„Откопување на гроб во случаите од ставот (1) на овој член се врши врз основа на одобрение од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството.“

Ставот (6) се брише.

Ставот (7) кој станува став (6) се менува и гласи:

„(6) Начинот на издавање на одобрението за откопување на гроб, како и формата и содржината на одобрението ги пропишува министерот кој раководи со органот надржавната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството.“

 

Член 13

Во членот 38 по зборовите: „комуналните работи“ запирката се брише и се додава сврзникот „и“, а по зборовите: „од областа на здравството“ се става точка и зборовите до крајот на реченицата се бришат.

 

Член 14

Во    членот  42   став   (3)   зборовите:  „комисија   од  три   члена  именувана  од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите  од  областа  на  комуналните  работи“  се  заменуваат  со  зборовите:

„Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“.

Во ставот (4) зборовите: „комисија од три члена именувана од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството“ се заменуваат со зборовите: „Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“.

 

Член 15

Во членот 44 став (1) точката 9 се менува и гласи:

„врши  откопување  на  гроб  без  одобрение  од  органот  на  државната  управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството (член 36 став (2)).“ Точката 10 се брише.

 

Член 16

Се   овластува  Законодавно-правната комисија  на   Собранието  на   Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за гробишта и погребални

услуги.

 

Член 17

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен

весник на Република Македонија“, а одредбата од членот 14 од овој закон ќе

започне да се применува од 1 мај 2014 година.

Trascina file per caricare