Print Friendly

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

ЗА ГРОБИШТА И ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ

Службен весник на РМ, бр. 53 од 14.04.2011 година

 

 

 

Член 1

Во Законот за гробишта и погребални услуги („Службен весник на Република

Македонија“  број  86/2008  и  156/10),  во  членот  21  став  (1)  по  зборовите:

„погребални услуги“ се додаваат зборовите: „поднесува барање и“.

По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:

„(4) Доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од

областа на комуналните работи донесе решение за одбивање на барањето за

издавање на дозвола, подносителот на барањето има право да поведе управен

спор пред Управниот суд“.

Ставовите (4), (5) и (6) стануваат ставови (5), (6) и (7).

 

Член 2

По членот 21 се додава нов член 21-а, кој гласи:

 

Член 21-а

(1)  Постапката  за  добивање  на  дозвола  за  вршење  на  погребални  услуги

започнува со поднесување на барање согласно со ставот (6) од овој член до

органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на

комуналните работи.

(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член се приложуваат докази содржани во

членот 21 став (1) од овој закон.

(3) Барањето од ставот (1) на овој член се поднесува на два идентични обрасци

со прилог на докази.

(4) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на

комуналните работи е должен во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето

од ставот (1) на овој член да издаде дозвола, или да донесе решение со кое ќе го

одбие барањето за издавање на дозвола.

(5) Доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од

областа на комуналните работи не издаде дозвола за вршење на погребални

услуги, или донесе решение со кое ќе го одбие барањето за издавање на дозвола

во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето има право во рок

од  три  работни дена  да  поднесе барање до  писарницата на  министерот кој

раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од

областа на комуналните работи и министерот да донесе решение.

(6) Формата и содржината на барањето од ставовите (1) и (5) на овој член ги

пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за

вршење на работите од областа на комуналните работи.

(7)  Кон  барањето  од  ставот  (5)  на  овој  член,  подносителот  на  барањето

поднесува и копија од барањето од ставот (1) на овој член.

(8)  Министерот  кој  раководи  со  органот  на  државната  управа  надлежен  за

вршење на работите од областа на комуналните работи, е должен во рок од пет

работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (5) на овој член

до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа

надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи да донесе

решение со кое барањето од ставот (5) на овој член е уважено или одбиено.

Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на

седиштето на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од

 

 

 

областа на комуналните работи.

(9) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен

за вршење на работите од областа на комуналните работи не донесе решение во

рокот од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето може да го извести

Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.

(10) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на

приемот на  известувањето од  ставот (9)  на  овој член да  изврши надзор во

органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на

комуналните работи дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од

три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот

на барањето за преземените мерки.

(11)  Инспекторот  од  Државниот  управен  инспекторат  по  извршениот  надзор

согласно закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи

со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на

комуналните работи во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање,

односно  да  го  одобри  или  одбие  барањето и  да  го  извести  инспекторот за

донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил

по поднесеното барање.

(12) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен

за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи во рокот од

ставот (11) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на

прекршочна постапка за прекршок предвиден со Законот за управната инспекција

и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот кој

раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од

областа на комуналните работи ќе одлучи по поднесеното барање за што во

истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се

доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во

рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените

мерки.

(13) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен

за  вршење на  работите од  областа  на  комуналните работи  не  одлучи  и  во

дополнителниот рок од ставот (12) на овој член, инспекторот во рок од три

работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок да

го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(14) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (10) на овој

член,  подносителот на  барањето во  рок  од  пет  работни дена има  право да

поднесе  приговор   до   писарницата   на   директорот   на   државниот   управен

инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во

писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.

(15) Директорот на државниот управен инспекторат е должен во рок од три

работни дена да го разгледа приговорот од ставот (14) на овој член и доколку

утврди  дека  инспекторот не  постапил  по  известувањето од  подносителот на

барањето  од  ставовите  (10)  и  (11)  и/или  не  поднесе  пријава  согласно  со

ставовите  (12)   и   (13)   од   овој   член,   директорот   на   Државниот   управен

инспекторат   ќе   поднесе  барање  за   поведување  прекршочна   постапка   за

инспекторот  и  ќе  определи  дополнителен  рок  од  пет  работни  дена  во  кој

инспекторот  ќе   изврши   надзор  во   надлежниот  орган   дали   е   спроведена

постапката  согласно  со  закон  и  во  рок  од  три  работни  дена  од  денот  на

извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените

мерки.

(16) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (15) на

овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до

надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе

го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

 

 

 

(17) Во случајот од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен

инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг

инспектор да го спроведе надзорот веднаш.

(18) Во случаите од ставот (17) на овој член, директорот на Државниот управен

инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето

за преземените мерки.

(19) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно

со ставот (15) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава

до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.

(20) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен

за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи во рок од

ставот (13) од овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор

пред Управниот суд.

(21) Постапката пред Управниот суд е итна.“

 

Член 3

Подзаконските акти предвидени со членот 2 од овој закон ќе се донесат во рок од

15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

По донесувањето на подзаконскиот акт од ставот 2 на овој член истиот веднаш, а

најдоцна  во  рок  од  24  часа  се  објавува  на  веб  страницата  на  органот  на

државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните

работи.

 

Член 4

Во членот 42 ставот (2) се менува и гласи:

“Инспекторите од членот 40 на овој закон по извршениот инспекциски надзор

донесуваат решение.“

 

Член 5

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен

весник на Република Македонија”.

Trascina file per caricare