Print Friendly

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

Закон за гробишта и погребални услуги

Пречистен текст

(Службен весник на РМ бр.86/08,156/10 и 53/11)

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 
Член 1

Со овој закон се уредуваат начинот на определување, изградба, одржување, употреба и видови гробишта,управување со гробиштата,употреба на гробно место и гробница, условите и начинот на вршење на погребални услуги, изградба на надгробни споменици, како и надзор над спроведување на овој закон.

 
Член 2

Гробиштата како добра во општа употреба се во сопственост на Република Македонија, уживаат посебна заштита и се користат под услови и на начин утврдени со овој закон.

 
Член 3

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:

1. Гробишта се градежни изградени или неизградени земјишта предвидени за градба нагробни места и придружни објекти наменети за погреб (закоп);

2. Гробници се простори определени за заеднички погреб на посмртни останки на умрени лица од елементарни непогоди и масовни смртни случаи предизвикани од масовни несреќи, епидемии, тероризам, војни или други вонредни околности;

3. Заеднички гробници и костурници се простори определени за положување на останки на умрени лица во едно гробно место;

4. Гробно место е дел од гробиштата со определена изградена или неизградена  површина наменета за погребување како изградено,односно неизградено градежно земјиште, а кај крематориумите уреден простор за чување на урните (розариуми- хоризонтални и колумбариуми - вертикални);

5. Гроб е дел од гробно место во кое се положуваат посмртните останки од умреното лице;

6. Носител на гробно место е физичко лице кое има лична службеност на гробно место востановена на товар на градежно земјиште на Република Македонија;

7. Погребални услуги се вид на комунална дејност што подразбира преземање, чување, опремување и превоз на умрено лице до местото на погреб, погреб или кремирање;

8. Придружни објекти на гробишта се мртовечници со ладилник, крематориуми, управни згради, посебни објекти за согорување на отпадоци и друг отпаден материјал од гробиштата, верски објекти, угостителски објекти, санитарни објекти, бунари со индустриска вода и објекти за услужни дејности (продавници за продажба на свеќи и цвеќе);

9. Погреб е положување на посмртните останки во гроб или гробница, кремирање на посмртните останки на умреното лице или расејување на пепелта;

10. Управител на гробишта е јавно претпријатие или друго правно лице кое врши работи на изградба, реконструкција, управување и одржување на гробиштата;

11. Гробна такса (гробарина) е надоместок за одржување на гробиштата;

12. Одржување на гробишта е тековно и инвестиционо одржување на комуналната инфраструктура и придружните објекти на гробиштата што подразбира изведување на работи заради зачувување на основните барања на објектот во текот на неговата употреба;

13. Оператор на погребални услуги е физичко или правно лице кое врши работи на преземање на умреното лице од местото каде што починало, превезување до мртовечница, чување, опремување и превоз на умреното лице до местото на погреб, погребување или кремирање;

14. Погребална опрема се ствари потребни за опремување и извршување на погреб на умрено лице;

15. Надгробни споменици се објекти за обележување на гробното место, изградени во облик и форма согласно со верските обичаи и техничките нормативи и стандарди и

16. Откопување на гроб , односно гробница е откопување на посмртните останки и нивно преместување на ново гробно место, односно гробница.

 
Член 4

(1)Основните цели на овој закон се:

- одвојување на управувањето и одржувањето на гробиштата како објекти на основната комунална инфраструктура и

- вршење на погребални услуги.

(2) Вршењето на дејноста управување со гробишта и вршење на дејноста погребални услуги се неспојливи.

 
Член 5

(1) Одржување на гробишта, на гробници и на гробови и давање на погребални услуги како дејности од јавен интерес се во надлежност на локалната самоуправа.

(2) Погребалните услуги од ставот (1) на овој член можат да ги вршат физички и правни лица под услови и на начин утврдени со овој и друг закон.

 
Член 6

Одржување на гробишта, нагробници и на гробови на војници погребани на територијата на Република Македонија и во странство, како и на припадници на странски армии или војски од поранешните војни што се воделе на територијата на Република Македонија, се уредуваат со посебен закон, освен во случаите кога овие гробници и гробови се составен дел на постојните општи гробишта на Република Македонија.

 

II. ГРОБИШТА

 

1. Права на гробишта и на гробно место

 
Член 7

(1) Сите физички и правни лица имаат право да ги користат гробиштата.

(2) Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, за изградба и одржување на гробиштата, засноваат право на долготраен закуп на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија, за што склучуваат договор за засновање на тоа право со Република Македонија, односно со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на градежното земјиште и задолжително го запишуваат во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.

(3) Физичките лица засноваат право на употреба на гробно место како лична службеност.

 

2. Начин на определување на гробишта

 
Член 8

(1) Општината, општините на градот Скопје, односно градот Скопје со урбанистички план го определува градежното земјиште наменето за гробишта, согласно прописите за просторното и урбанистичкото планирање.

(2) Изградба на нови гробишта, како и проширување на постојните гробишта ќе се предвиди со урбанистичкиот план на општината, општините на градот Скопје, односно градот Скопје, врз основа на статистички податоци за очекуваното движење на бројот на населението и стапката на смртност на населението на одредено подрачје.

(3) При изработката на урбанистичкиот план од ставот (1) на овој член, општината, општините на градот Скопје, односно градот Скопје се должни да обезбедат и планираат простор за гробишта, како и дел од гробишта за погребување на лица со посебен статус во поглед на социјалната положба, анонимни лица, лица настрадани во елементарни непогоди и други видови катастрофи, воени лица, заслужни граѓани или истакнати личности и црковни великодостојници. Во места во кои живеат припадници на разни вероисповести, во планот се определуваат посебни делови од гробиштата за секоја вероисповест или се  определуваат посебни гробишта, одвоено за секоја вероисповест посебно, ако тоа го дозволува можноста за зафаќање на ново градежно земјиште, а во согласност со овој и друг закон.

(4) Две или повеќе општини можат да имаат заеднички гробишта при што спогодбено ќе ги уредат прашањата за изградба, реконструкција, управување и одржување на гробиштата и вршење на погребалните услуги.

(5)При планирање на гробиштата во населени места со над 5.000 жители, задолжително се предвидува мртовечница со уреди за ладење, односно посебно определена и уредена просторија за чување и изложување на одар на посмртните останки на умрено лице.

 

3. Изградба, реконструкција и одржување на гробишта

 
Член 9

(1) Гробиштата се градат, реконструираат или одржуваат во согласност со овој закон, со прописите за градење, со прописите за заштита на животната средина и прописите за здравствена и санитарна заштита.

(2) Нормативи, технички стандарди и други здравствено-санитарни услови за изградба и реконструкција на гробиштата, на придружните објектии на инфраструктурата ги опфаќаат следниве содржини:
- димензионирање на гробишта, гробници и гробни места за погребување во зависност од видот на гробиштата,

- посебна инфраструктура и придружни објекти на гробишта,

- параметри за земјиштето што можат да бидат погодни за гробишта од еколошки, здравствено-санитарен, амбиентален, сообраќаен аспекти од аспект на оптимална оддалеченост од населено место, хидро-геолошки каратеристики на земјиштето и друго,

- технички стандарди на придружни објекти на гробишта,

- технички стандарди за гробни места, гробници и надгробни споменици,

- посебни технички стандарди за крематориуми,

- стандарди за уредување на зелени површини,

- оградување на гробиштата и

- паркиралишта.

(3) Покрај содржините утврдени во ставот (2) од овој член, за гробиштата задолжително се изработува и проект за распоредување на парцели за гробни места. Со проектите за распоредување се определуваат места за погреб, посебни места за погреб на заслужни граѓани или истакнати личности,за погребна урни (розариуми или колумбариуми), места за анонимен погреб и места за расејување на пепелта.

(4) Проектот од ставот (3) на овој член го изработува правно лице кое управува со гробиштата.

(5) Одржувањето на гробиштата опфаќа одржување на:

- придружни објекти,

- улици, патеки и зелени површини во гробиштата,

- јавна чистота на гробиштата и гробниците и

- инсталации.

(6) Нормативите и техничките стандарди од ставот (2) на овој член поблиску ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на комуналните работи во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина и просторното планирање.

(7) За одржувањето на гробиштата, носителот на гробното место на управителот на гробишта му плаќа гробна такса (во натамошниот текст: гробарина) во висина на реалните трошоци за одржување на гробиштата.

(8) Управителот на гробиштата гробарината ја наплатува еднаш годишно.

(9) Висината на гробарината, од ставот (7) на овој член ја определува управителот на гробиштата во согласност со органите на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, според големината и бројот на гробните места.

 

4. Изградба и одржување на надгробни споменици на гробно место

 
Член 10

(1) Надгробните споменици се градат согласно со техничките стандарди и нормативи утврдени со членот 9 став (6) од овој закон.

(2) На надгробните споменици се поставуваат обележја и верски симболи според верувањето на умреното лице или неговото семејство, односно на лицето кое е должно да го изврши погребот.

(3) Не смеат да се градат надгробни споменици и на нив да се испишуваат текстови спротивно на вероисповеста и изразувањето пиетет кон умреното лице со што се навредува достоинството на умрениот и на припадникот на одредена верска заедница, институција или држава.

(4) Одржувањето на надгробниот споменик на гробното место го врши носителот на гробното место.

(5) Под одржување на надгробен споменик се подразбира негово тековно одржување согласно со намената, во согласност со техничките стандарди и нормативи од ставот (1) на овој член.

 

5. Затворање и преместување на гробишта

 
Член 11

(1) Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, донесува одлука за затворање на гробиштата или дел од нив кога нема можност за погреб, поради просторни и санитарни услови.

(2) Со одлуката од ставот (1) на овој член се определува на кое место, со изградба на нови гробишта или на други постојни гробишта, ќе се преместат гробиштата или дел од нив.

(3) Одлуката од ставот(1) на овој член се објавува во службеното гласило на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, на огласна табла, во средствата за јавно информирање или на веб страница.

(4) Преместување на гробишта не е дозволено, освен во случај на виша сила (природни катастрофи) или при постоење на јавен интерес утврден со закон.

(5) Преместување на гробиштата се врши задолжително на подрачјето на истата општина, а доколку тоа не е можно, преместувањето на гробиштата се врши на подрачјето на друга општина врз основа на спогодба меѓу тие општини.

(6) Трошоците за преместување паѓаат на товар на општината, на општините во градот Скопје, односно на градот Скопје или на Република Македонија, во зависност од тоа кој орган ја донел одлуката за преместување.

 

6. Престанок на изградба на нови гробни места

 
Член 12

Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, донесуваат одлука за престанок на изградба на нови гробни места на гробишта секогаш кога ќе се утврди дека на гробиштата нема можност за изградба на нови гробни места, но постои можност за погреб во постојните гробни места.

 

7. Видови гробишта

 
Член 13

(1)Според верската припадност на умрените лица гробиштата можат да бидат гробишта на определена црква, на верска заедница или на религиозна група согласно со закон.

(2) Според намената гробиштата можат да бидат:
- општи гробишта,
- посебни гробишта и
- спомен гробишта.

(3) Општи гробишта се гробишта во кои се погребани лица:
- припадници на различни верски заедници или религиозни групи,
- без верска припадност,
- војници,
- од масовни катастрофи,
- со статус на црковни великодостојници,
- анонимни и
- заслужни граѓани или истакнати личности.

(4) Посебни гробишта се гробишта во кои се погребани само еден вид на лица од ставот (3) на овој член.

(5)Спомен гробишта се гробишта кои се прогласени за споменици на културата,  определени од надлежен орган.

 

III. УПРАВУВАЊЕ СО ГРОБИШТА

 
Член 14

(1) Управувањето со гробишта го врши управител на гробишта.

(2) Управувањето со гробишта општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, го врши преку јавно претпријатие за комунални услуги или преку правно лице кое има дозвола за управување со гробишта, врз основа на јавен конкурс (во натамошниот текст: управител на гробишта).

(3) Јавното претпријатие од ставот (2) на овој член е должно за вршење на работите управување со гробишта да води посебно сметководство за приходите остварени од вршењето на оваа дејност.

(4) Правното лице од ставот(2) на овој член меѓусебните права и обврски со општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје ги уредува со договор.

 

Дозвола за управување со гробишта

 
Член 15

(1) Правно лице за да добие дозвола за управување со гробишта, мора да ги исполнува следниве услови:

1) да има седиште во Република Македонија;

2) да е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија;

3) да не е поведена стечајна постапка или постапка за ликвидација;

4) одговорното лице или член на органот на управување на правното лице да не е правосилно осудено за кривично дело во јавните финансии, платниот промет и стопанството или кривични дела против работните односи, додека траат последиците од пресудата или да не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на дејноста во траење од една или повеќе години;

5) финансиски да е способен, односно своите сегашни и идни обврски, под нормални услови за работење да може да ги исполнува во период од 12 месеца, што се докажува со документ за економска и финансиска способност издаден од Централниот регистар на Република Македонија;

6) да е осигурен во осигурително друштво и да приложи писмен доказ за способноста за надоместување на евентуална штета настаната по однос на одговорноста во вршењето на неговата дејност во согласност со закон и други прописи;
7) да има најмалку пет вработени лица од кои двајца со високо образование (инженер архитект, градежен инженер, инженер за холтикултура или економист) и тројца со средно образование (геодетски техничар, економски техничар, хигиеничар, техничар за холтикултура или чувар), да има соодветна техничка опрема и минимални здравствено- санитарни услови за вршење на дејноста, согласно со прописите за здраствено-санитарна заштита и

8) да не поседува дозвола за вршење на погребални услуги.

(2) Условите од ставот (1) точка 7 на овој член поблиску ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството.

(3) Дозволата од ставот(1) на овој член ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи со рок на важење од пет години, со можност за нејзино продолжување на секои пет години, доколку управителот на гробиштата ги исполнува условите пропишани со овој закон. Барањето за продолжување на дозволата се поднесува шест месеца пред истекот на рокот на важење.

(4) Управителот на гробиштата мора во секое време да ги исполнува условите од ставот (1) на овој член, освен условот од ставот (1) точка 5 на овој член.

(5) За издадените дозволи за управување со гробишта органот на државната управа од ставот (3) на овој член води регистар кој постојано се ажурира и се објавува на неговата веб страница.

(6) Формата и содржината на образецот на барањето, формата и содржината на образецот на дозволата за управување со гробишта, како и начинот на издавање и одземање на дозволата и формата, содржината и начинот на водење на регистарот за издадени дозволи за управител со гробишта ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

 
Член 16

(1) Ако се утврди дека управителот на гробиштата не го исполнува условот од членот 15 став (1) точка 5 на овој закон, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи со решение ќе му нареди на управителот да ги отстрани недостатоците во рок не подолг од шест месеца од денот на приемот на решението.

(2) Дозволата се одзема ако управителот на гробиштата:

1) престане да исполнува кој било од условите од членот 15 став (1) на овој закон, освен условот од членот 15 став (1) точка 5 на овој закон и

2) не ги отстрани недостатоците во рокот од ставот (1) на овој член.

 
 Член 17

(1) Управувителот на гробиштата е должен да ги врши следниве работи:

- изготвување на план за уредување на гробиштата,

- изготвување на проект за парцелизација и начин на доделување на гробно место согласно со планот и динамиката за реализација на урбанистичкиот план,
-изградба и реконструкција на гробишта со придружни објекти,

-изградба и уредување на патеки и зеленило,

-водење на дневник и регистар на сите погребани лица,

-воспоставува и води евиденција на носител на гробно место,

-утврдување на висината и наплата на надоместокот за обележување и изработка на протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија со определување на површина за изградба на гробно место и гроб,

- утврдување на висината и наплата на надоместокот за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објекти на гробиштата,
- утврдување на висината и наплата за доделување на гробно место,

- определување на висината и наплата на надоместокот за одржување на гробишта (гробарина) и

- утврдување на ред и работно време на гробиштата и обезбедување на мир на гробиштата.

(2) Формата и содржината на дневникот и регистарот на сите погребани лица ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

 
Член 18

(1) Управителот на гробиштата е должен да обезбеди еднакви и недискриминаторски услови за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објекти на гробиштата на сите физички и правни лица кои имаат дозвола за вршење на погребални услуги, во согласност со овој закон (во натамошниот текст: оператор на погребални услуги), како и на сите физички и правни лица регистрирани за изградба на надгробни споменици (во натамошниот текст: каменорезач).

(2) Управителот на гробиштата е должен при доделување на гробно место, по барање на носителот на гробното место за изградба на надгробен споменик да му издаде протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија со определување на површина за изградба на гробно место, а согласно со утврдените нормативи и технички стандарди од членот 9 став (2) на овој закон. Изборот на каменорезач го врши носителот на гробното место.

(3) Управителот на гробиштата на друга општина каде што се врши погребот е должен да дозволи пристап и користење на гробиштата и на придружните објекти на операторот на погребалната услуга што врши превоз на умрено лице од една во друга општина.

(4) За пристап и користење на гробиштата и на придружните објекти на гробиштата, управителот на гробиштата склучува договор со операторите на погребалните услуги и со каменорезачите.

(5) За пристап и користење на инфраструктурата на гробиштата, на лицата од ставот (1) на овој член, управителот на гробиштата им наплатува надоместок. Висинатана трошоците за користење на инфраструктурата на гробиштата (ладилник и мртовечница) за оператоторот на погребални услуги се определува во зависност од времето на користење на инфраструктурни објекти во единица час-погреб. Висината на трошоците за користење на инфраструктурата на гробиштата за каменорезачот се определува во зависност од времето на користење на инфраструктурни објекти во единица час. Висината на надоместокот ја определува управителот на гробиштата во согласност со органот на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје.

 

IV. УПОТРЕБА НА ГРОБНО МЕСТО ИЛИ ГРОБНИЦА

 
Член 19

(1) Заради рационално искористување на гробните места определени со планот за парцелизација и динамика за реализација на урбанистичкиот план, управителот на гробиштата доделува на употреба гробно место само на лице кое има потреба од погребување на умрено лице.

(2) Доделувањето на употреба на гробното место, како лична службеност, се врши врз основа на договор склучен меѓу управителот на гробиштата и носителот на гробното место на неопределено време. Доделувањето на употреба на гробното место се врши според редниот број на гробното место од проектот изработен од управителот на гробиштата.

(3) За доделување на употреба на гробно место носителот на гробното место плаќа еднократен надоместок.

(4) Во договорот, покрај надоместокот од ставот (3) на овој член, носителот на гробното место се обврзува редовно да плаќа и гробарина на управителот на гробиштата заради одржување на гробиштата.

(5) После смртта на носителот на гробното место правото на употреба на гробно место го стекнува неговиот брачен другар, односно неговите наследници врз основа на договор склучен меѓу управителот на гробиштата со еден од законските наследници според наследните редови, во рок од шест месеца од погребот на носителот на гробното место.

(6) Носителот на гробното место правото на употреба на гробното место, може да го отстапи на трети лица врз основа на изјава заверена на нотар.

(7) Изјавата од ставот (6) на овој член, задолжително се доставува до управителот на гробиштата, кој склучува нов договор за доделување на употреба на гробното место со лицето во чија корист е дадена изјавата.

(8) Висината на надоместокот од ставот (3) на овој член ја определува управителот на гробиштата во согласност со органот на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, врз основа на трошоците настанати од изготвување на планот за парцелизација, материјални трошоци за изградба на инфраструктурата и во зависност од местоположбата и големината на гробното место.

(9) Правото на употребата како лична службеност се запишува како право на носителот на гробно место во јавната книга за запишување на правата на недвижностите врз основа на договор случен меѓу управителот на гробиштата и носителот на гробното место од ставот (2) на овој член.

 

V. ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ

 

1. Вршење на погребални услуги

 
Член 20

Погребалните услуги ги вршат физички и правни лица кои имаат дозвола за вршење на погребални услуги.

 

2. Дозвола за вршење на погребални услуги

 
Член 21

(1) Физичко или правно лице за да добие дозвола за вршење на погребални услуги поднесува барање и мора да ги исполнува следниве услови:
1) да има живеалиште, односно седиште во Република Македонија;
2) да е регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на дејност на погребални и придружни активности;
3) да не е поведена стечајна постапка или постапка за ликвидација;
4) одговорното лице или член на органот на управување на правното лице, односно физичкото  лице да не е правосилно осудено за кривично дело во јавните финансии, платниот промет и стопанството или кривични дела против работните односи, додека траат последиците од пресудата или да не му е изречена прекршочна санкција забрана на вршење на дејноста во траење од една или повеќе години;

5) финансиски да е способно, односно своите сегашни и идни обврски, под нормални услови за работење да може да ги исполнува во период од 12 месеца што се докажува со документ за економска и финансиска способност издаден од Централниот регистар на Република Македонија;

6) да е осигурен во осигурително друштво и да приложи писмен доказ за способноста за надоместување на евентуална штета настаната по однос на одговорноста во вршењето на неговата дејност во согласност со закон;
7) да има најмалку три вработени лица со соодветно образование, да поседува соодветна техничка опрема и да ги исполнува минималните здравствено-санитарни услови за вршење на дејноста и

8) да не поседува дозвола за управување со гробишта.

(2) Соодветното образование,техничката опрема и минималните здравствено - санитарни услови за вршење на дејноста, од ставот (1) точка 7 на овој член поблиску ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен завршење на работите од областа на здравството.

(3) Дозволата од ставот (1) на овој член ја издава органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи со рок на важење од пет години со можност за нејзино продолжување на секои пет години, доколку управителот на гробиштата ги исполнува условите пропишани со овој закон. Барањето за продолжување се поднесува шест месеца пред истекот на рокот на важење на дозволата.

(4) Доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи донесе решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола, подносителот на барањето има право да поведе управен спор пред Управниот суд.

(5) Операторот на погребални услуги мора во секое време да ги исполнува условите од ставот (1) на овој член, во спротивно неисполнувањето на кој било од условите на ставот (1) од овој член претставува основ за одземање на доз5олата за вршење на погребални услуги.

(6) За издадените дозволи за вршење на погребални услуги органот на државната управа од ставот (3) на овој член води регистар кој постојано се ажурира и се објавува на неговата веб страница.

(7) Формата и содржината на образецот на барањето, формата и содржината на образецот на дозволата за вршење на погребални услуги, начинот на издавање и одземање на дозволата, како и формата и содржината на регистарот за издадени дозволи за вршење на погребални услуги ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа накомуналните работи.

 

Член 21-а

(1) Постапката за добивање на дозвола за вршење на погребални услуги започнува со поднесување на барање согласно со ставот (6) од овој член до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член се приложуваат докази содржани во членот 21 став (1) од овој закон.

(3) Барањето од ставот (1) на овој член се поднесува на два идентични обрасци со прилог на докази.

(4) Органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи е должен во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето од ставот (1) на овој член да издаде дозвола, или да донесе решение со кое ќе го одбие барањето за издавање на дозвола.

(5) Доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не издаде дозвола за вршење на погребални услуги, или донесе решение со кое ќе го одбие барањето за издавање на дозвола во рокот од ставот (4) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи и министерот да донесе решение.

(6) Формата и содржината на барањето од ставовите (1) и (5) на овој член ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(7) Кон барањето од ставот (5) на овој член, подносителот на барањето поднесува и копија од барањето од ставот (1) на овој член.

(8) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи, е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот (5) на овој член до писарницата на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи да донесе решение со кое барањето од ставот (5) на овој член е уважено или одбиено. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(9) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не донесе решение во рокот од ставот (8) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.

(10) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (9) на овој член да изврши надзор во органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(11) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно закон донесува решение со кое го задолжува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање.

(12) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи во рокот од ставот (11) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за прекршок предвиден со Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(13) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (12) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(14) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.

(15) Директорот на државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (14) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставовите (10) и (11) и/или не поднесе пријава согласно со ставовите (12) и (13) од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(16) Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот (15) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(17) Во случајот од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.

(18) Во случаите од ставот (17) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

(19) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (15) од овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.

(20) Доколку министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи не одлучи во рок од ставот (13) од овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред Управниот суд.

(21) Постапката пред Управниот суд е итна.

 

3. Преземање и превоз на умрено лице

 
Член 22

(1) Преземање и превоз на посмртните останки на умреното лице од местото каде што починало до местото каде што треба да се чува во мртовечница или до место на погребување се врши со посебно возило наменето за превоз на умрени лица.

(2) По исклучок на ставот (1) од овој член во тешко достапните места и во лоши временски прилики, преземањето и превозот на умреното лице може да се изврши и на друг начин соодветен на условите и можностите специфични за одредена област.

(3) Преземањето на умреното лице се врши по утврдување и издавање на документација од страна на овластено лице со која се констатира дека лицето е умрено.

 
Член 23

(1) Умреното лице за кое што постои сомневање дека не починало од природна смрт, може да се преземе од местото каде што починало само врз основа на дозвола од органот кој е надлежен за водење на истражна постапка.

(2) Умреното лице за кое постои сомневање дека починало од заразна болест (антракс, дифтерија,колера,чума,синдром на стекнат недостаток на имунитет, цревен тифус, паратифус А и Б, вирусни хеморагични трески (Ебола, Ласса и Марбург), заразна жолтица или жолта треска), може да се преземе од местото каде што настапила смртта само врз основа на дозвола од Државниот санитарен и здраствен инспекторат.

(3) Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството го пропишува начинот на преземањето и превозот на посмртните останки на умрени лица кои умреле во елементарни непогоди, масовни несреќи, тероризам, војни и други вонредни околности.

 
Член 24

(1) Преземање и превоз на посмртните останки подразбира преземање и превоз на посмртни останки до мртовечницата и од мртовечница до гробното место, каде што се врши погреб.

(2) Превоз на посмртни останки од ставот (1) на овој член може да се врши само со возила регистрирани исклучиво за таа намена.

(3) По извршениот превоз на посмртните останки на умрените лица од заразни болести, возилото задолжително се дезинфицира согласно со прописите од областа на заштита од заразни болести.

(4) Не е дозволен превоз на посмртни останки на умрени лица со товарни, патнички и други видови возила, освен во случаите од членот 22 став (2) на овој закон.

 
Член 25

(1) Преземањето и превозот на умреното лице од местото каде што починало до местото каде што се врши погреб, односно од еден на друг крај на територијата на Република Македонија се врши согласно со условите и начинот на преземање и превоз на умреното лице утврдени со овој закон.

(2) Преземањето и превозот на умреното лице од местото каде што починало до местото каде што се врши погреб,кога лицето починало надвор од границите на Република Македонија, а е државјанин на Република Македонија или има живеалиште на територијата на Република Македонија, се врши согласно со условите и на начин утврден со овој закон, со прописите од областа на здравството и меѓународни договори кон кои пристапила или ги ратификувала Република Македонија.

 

4. Чување на умрено лице

 
Член 26

(1) Умреното лице по правило се чува во мртовечница, а по исклучок се чува дома, доколку во местото на погребот нема мртовечница.

(2) Умреното лице по преземањето од местото каде што починало се превезува до гробишта и се положува во мртовечница во разладна комора.

(3) По исклучок на ставот (1) од овој член, кога погребот го организираат органите на државната власт или органите на единиците на локалната самоуправа можат, со одобрение од надлежен орган за вршење на работите од областа на здравството под одредени услови и во определен временски период, умреното лице да го изложат и чуваат на одредено место надвор од гробиштата, заради искажување на почести.

(4) Верските заедници, по исклучок на ставот (1) од овој член, својот верски великодостојник можат да го изложат и чуваат на место или објект кој е наменет за извршување на верски обреди.

 
Член 27

(1) Умрените лица од заразни болести задолжително се чуваат во посебна просторија во мртовечницата, а доколку таква нема, до моментот на погребот тиесе чуваат во друга просторија која ги усполнува здравствено-санитарните услови.

(2) Посмртните останки на умрените лица од заразни болести не смеат да се изложуваат на одар.

 

5. Опремување на умрено лице

 
Член 28

Погребната опрема на умреното лице е право на избор на брачниот другар, неговите наследници или лицето кое е должно да се грижи за неговиот погреб, а во согласност со верската припадност на умреното лице.

 

6. Погребување

 
Член 29

(1) Погребувањето на посмртните останки на умреното лице по правило се врши на гробиштата кои се наоѓаат на подрачјето на единицата на локалната самоуправа на која умрениот имал живеалиште.

(2) Погребувањето може да се изврши и на гробишта кои ги одредило умреното лице за време на живот или кои ќе ги одреди лицето од членот 28 на овој закон.

(3) Погребување надвор од гробиштата може да се изврши во случај на евентуални природни и други несреќи, војна, тероризам, епидемии, погребување на црковни великодостојници по одлука на црква, верска заедница или религиозна група, само со одобрение од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството и од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи.

(4) Република Македонија е должна да се грижи за погребување во гробници во случај на заеднички погреб на посмртни останки на умрени лица од елементарни непогоди и масовни смртни случаи предизвикани од масовни несреќи, епидемии, тероризам, војни или други вонредни околности.

(5) Начинот на издавање на одобрението за погребување на двор од гробиштата и постапката за погребување надвор од гробиштата, ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи.

 
Член 30

(1) Лицата од членот 20 на овој закон може да вршат погребување само врз основа на одобрение за погреб кое се издава од управителот на гробиштата.

(2) Одобрението од ставот (1) на овој член се издава само врз основа на приложување на документација од членот 22 став (3) на овој закон.

(3) Погребувањето задолжително се врши од мртовечница. По исклучок, погребувањето може да не се изврши од мртовечница само во случаи ако во општината или населеното место нема мртовечница или ако немало услови посмртните останки да бидат пренесени во мртовечница, како и во други случаи определени од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството или органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи.

(4) Погребувањето мора да се изврши без оглед на жителство, државјанство, етничка, расна или верска припадност на умреното лице.

(5) При погребувањето може да се изведуваат верски обреди. Со објектите за вршење на верски обреди кои се наоѓаат на гробиштата управува верската заедница.

 
Член 30-a

За извршеното погребување, лицата од членот 20 на овој закон до Министерството за правда - Управата за водење на матични книги доставуваат примерок од одобрението за погреб издадено од управителот на гробиштата.

 
Член 31

(1) Погребувањето се врши по истекот на 24 часа од часот насмртта.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, во услови на елементарни непогоди и масовни смртни случаи предизвикани од масовни несреќи, епидемии, тероризам, војни или други вонредни околности, кога се врши заеднички погреб, заради потребата од посебни услови за здравствена заштита и идентификација на умрените лица, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството може да определи погребот да се изврши пред истекот на 24 часа.

 
Член 32

(1) Посмртните останки на умреното лице може да се кремираат само ако за време на животот оставил заверен писмен документ или ако така налагаат здраствено-санитарните прописи.

(2) Кремирањето од ставот (1) на овој член се врши на гробишта.

(3) Начинот на кремирање го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

 
Член 33

(1) Погребот се врши во согласност со желбата на починатиот, изразена за време на живот.

(2) Кога умреното лице за време на живот не изразило своја желба, за тоа одлучува лицето од членот 28 на овој закон.

(3) По желба на умреното лице, изразена за време на живот во писмена форма и заверена на нотар, може да се изврши анонимен погреб.

(4) Анонимниот погреб се врши на посебно определен простор, без означување на името на умреното лице.

(5) Доколку не постојат лица од ставот (2) на овој член, за погребот одлучува органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа натрудот и социјалната политика.

 
Член 34

(1) Погребувањето на умрено лице на гробно место каде што претходно некој бил погребан, не смее да се изврши пред истекот на времето за мирување.

(2) Времето за мирување е време кое мора да помине од последното погребување на исто гробно место. Во гробно место во кое е извршен погреб на посмртни останки на умрено лице, не може да се изврши погреб доколку од претходниот погреб не поминале најмалку три месеца или во рок пократок од три месеца, ако нема можности и услови за проширување на гробиштата.

 

7. Трошоци за погребување

 
Член 35

(1) Трошоците за погребување паѓаат на товар на лицата од членот 28 на овој закон.

(2) Доколку не може да се утврди лицето од ставот (1) на овој член и ако умреното лице било корисник на право на постојана парична помош, погребот го врши управителот на гробиштата во местото каде што лицето починало, односно каде што се најдени посмртните останки, а трошоците се на товар на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје доколку поинаку не е договорено меѓу управателот на гробиштата и општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје.

(3) Доколку не може да се утврди последното живеалиште, односно престојувалиште на умреното лице и неговиот идентитет, тошоците паѓаат на товар на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, на чие подрачје лицето починало или каде што се најдени посмртните останки. Погребувањето во овој случај се врши на посебен дел од гробиштата, а управителот на гробиштата е должен во дневникот и регистарот на сите погребани лица да ги забележи сите податоци за умреното лице.

 

8. Откопување на гроб

 
Член 36

(1) Операторот на погребални услуги може да врши откопување на посмртни останки од гроб по барање на членови на потесното семејство на погребаното лице ако сакаат да се преместат посмртните останки на умреното лице од едно во друго гробно место или од едни на други гробишта, на судот или на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи.

(2) Откопување на гроб се врши исклучиво по претходно одобрение од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи и од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството.

(3) Откопување на гроб се пријавува на управителот на гробиштата најмалку седум дена пред извршувањето на откопувањето. Со пријавата се приложува и одобрение за откопување од ставот (2) на овој член.

(4) Лицата кои вршат откопување мора да имаат заштитна облека и обувки.

(5) По извршеното откопување на посмртните останки се врши дезинфекција на сандакот, на гробот и на гробното место.

(6) Откопување на гроб во кој се погребани посмртните останки на лице, умрено од заразни болести може да се изврши само со дозвола од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството и тоа по истекот на една година од денот на погребот или во пократок временски период ако тоа е во интерес на одредена постапка за утврдување на докази.

(7) Начинот на издавање на одобрението за откопување на гроб и постапката за откопување на гроб ја пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи.

 

VI. ФИНАНСИРАЊЕ

 

Член 37

Финансирањето на изградбата, реконструкцијата, како и управувањето и одржување на гробиштата се обезбедува од:

1) надоместок за одржување на гробиштата - гробарина;

2) надоместок за пристап и користење на гробишна инфраструктура (мртовечница, ладилник и други инфраструктурни објекти) од операторите на погребалните услуги и каменорезачите;

3) надоместок за доделување на употреба на гробно место;

4) средства од буџетот на општината, средства од општините во градот Скопје, односно средства од градот Скопје и

5) кредити, донации и друго.

 

VII. НАДЗОР

 

Член 38

Надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството и органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи.

 

1. Инспекциски надзор

 

Член 39

Инспекциски надзор над примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон го врши Државниот комунален инспекторат преку државни комунални инспектори, односно овластените комунални инспектори на општината, на општините во градот Скопје, односно на градот Скопје (во натамошниот текст: овластен комунален инспектор) и Државниот санитарен и здравствен инспекторат преку државни санитарни и здраствени инспектори.

 
Член 40

(1) Државниот комунален инспектор, по службена должност, врши инспекциски надзор над јавното претпријатие од членот 14 став (2) на овој закон, дали за вршењето на работите на управување со гробишта води посебно сметководство за приходите остварени од вршењето на оваа дејност, како и над управителот на гробиштата и операторот на погребални услуги во поглед на тоа дали има дозвола за вршење на дејноста и дали постојано ги исполнува условите од членот 15 или 21 на овој закон.

(2) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор од ставот (1) на овој член државниот комунален инспектор констатира дека јавното претпријатие за вршење на работите на управување со гробишта не води посебно сметководство за приходите остварени од вршењето на оваа дејност или управителот на гробиштата,односно операторот на погребалните услуги престанал да исполнува некои од пропишаните услови за добивање на дозвола за вршење на дејноста, составува записник во присуство на овластено лице, односно службено лице на инспектираниот субјект, кој го потпишува записникот за утврдената состојба и е должен до надлежниот орган да го поднесе записникот со предлог за одземање на дозволата за вршење на дејноста.

(3) Овластениот комунален инспектор врши инспекциски надзор над работата на управителот на гробиштата, операторот на погребални услуги и каменорезачот, надзор над одржувањето на гробиштата и на придружните објекти, управувањето со гробиштата и начинот на вршењето на погребалните услуги.

(4) Државниот санитарен и здравствен инспектор врши инспекциски надзор дали:
- операторот на погребалните услуги има дозвола за преземање и превоз на умрено лице од заразна болест,

- органот на државната власт или органите на единиците на локалната самоуправа има одобрение за изложување и чување на умреното лице надвор од гробиштата,
-операторот на погребалните услуги има одобрение за погребување на двор од гробиштата и

- операторот на погребалните услуги има дозвола за откопување на посмртните останки на погребано лице умрено од заразна болест.

(5) Доколку општината, општините на градот Скопје, односно градот Скопје не обезбедат или не се во можност да го обезбедат вршењето на инспекцискиот надзор од ставот (3) на овој член, по барање на општината, односно општините на градот Скопје и градот Скопје, инспекцискиот надзор можат да го вршат државните комунални инспектори на нивна сметка.

(6) Меѓусебните односи и вршењето на работите од ставот (5) на овој член се регулираат со договор.

 
Член 41

Субјектите над кои се врши инспекциски надзор се должни на испекторите од членот 39 на овој закон, да им овозможат непречено спроведување на инспекцискиот надзор, како и да им ја дадат на увид целокупната документација што е предмет на надзорот.

 
Член 40-а

(1) Инспекторите од членот 39 на овој закон инспекцискиот надзор го вршат преку редовен и вонреден инспекциски надзор.

(2) Редовен инспекциски надзор е најавен надзор кој се врши врз основа на програмата за работа на инспекторатот, односно инспекциската служба и опфаќа надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.

(3) Вонредниот инспекциски надзор е ненајавен надзор и се врши врз основа на иницијатива поднесена од државни органи, физички или правни лица како и по службена должност.

 
Член 42

(1) За извршениот инспекциски надзор, односно утврдената состојба и преземените мерки од надзорот, инспекторот од членот 39 на овој закон е должен да состави записник во присуство на овластено лице, односно службено лице на инспектираниот субјект кој го потпишува записникот за утврдената состојба.

(2) Инспекторите од членот 40 на овој закон по извршениот инспекциски надзор донесуваат решение.

(3) Против решението на овластениот комунален инспектор може да се поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до комисија од три члена именувана од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршењена работите од областа на комуналните работи.

(4) Против решението на државниот санитарен и здравствен инспектор може да се поднесе жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до комисија од три члена именувана од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работи од областа на здраството.

 

Постапка за едукација

 
Член 42-а

(1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор овластениот комунален инспектор утврди дека е сторена неправилност од членот 45-а на овој закон, е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.

(2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(3) Едукацијата ја организира и спроведува овластениот комунален инспектор, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.

(4) Едукацијата може да се спроведува за повеќе утврдени исти или истородни неправилности, за еден или повеќе субјекти.

(5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена.

(6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност.

(7) Доколку овластениот комунален инспектор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор.

(8) Доколку овластениот комунален инспектор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред Комисија за одлучување по прекршоци во Министерството за транспорт и врски.

(9) Општината води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

 
Член 42-б

Општините, Државниот комунален инспекторат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат за извршените инспекциски контроли, изготвуваат квартални извештаи и ги објавуваат на својата веб страница.

 

2. Надзор над законитоста на работењето на органите на општината, односно на органите на општините на градот Скопје и на органите на градот Скопје

 
Член 43

(1) Надзор над законитоста на работењето на органите на општината, на органите на општините на градот Скопје, односно на органите на градот Скопје, го врши органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.

(2) При вршењето на надзорот од ставот (1) на овој член органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи ги врши следниве работи:

1) ја следи законитоста на работата на органите на општината, органите на општините во градот Скопје, односно органите на градот Скопје, презема мерки,активностии поднесува иницијативи за остварување на надлежностите на органите на општината, органите на општините во градот Скопје, односно на органите на градот Скопје што се однесуваат на оваа дејност;
2) им укажува на органите на општината, органите на општините во градот Скопје, односно на органите на градот Скопје на пречекорувањето на нивните надлежности утврдени со овој закон и предлага соодветни мерки за надминување на таа состојба;

3) укажува на определени материјални и процедурални недостатоци на органите на општината, органите на општините во градот Скопје, односнона органите на градот Скопје кои би можеле да го оневозможат вршењето на работите утврдени со овој закон, а кои се од јавен интерес;

4) дава препораки за доследно спроведување на надлежностите за работите кои треба да ги вршат согласно со овој закон, а на барање на органите на општината, органите на општините во градот Скопје, односно на органите на градот Скопје и
5) го следи навременото донесување на актите на органите на општината, органите на општините во градот Скопје, односно на органите на градот Скопје утврдени со овој закон.

 

Член 43-а

(1) Лице кое врши погребални услуги без добиена дозвола за вршење на погребални услуги и кое нема да достави податоци, односно примерок од одобрението за погреб до Министерството за правда - Управата за водење на матични книги со што се нарушува системот на евиденција на починати лица во матичната книга на умрени лица и во другите евиденции за починати лица, ќе се казни со парична казна од 100.000 до 300.000 денари.

(2) Одговорното лице на правното лице од ставот (1) на овој член за делото од ставот (1) на овој член ќе се казни со казна затвор од три до пет години.

(3) Покрај казната затвор од ставот (2) на овој член на одговорното лице за истото дело му се изрекува и привремена забрана за вршење одделна професија, дејност или должност во траење од три до шест месеци.

 

VIII. КАЗНЕНИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

 
Член 44

(1) Глоба во износод 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако:

1) не ги одржува гробиштата согласно со членот 9став (5) од овој закон;
2) не води посебно сметководство за приходите остварени од вршењето на дејноста управување со гробишта (член 14 став 3));

3) врши управување со гробишта без дозвола (член 15 став 1);

4) врши управување со гробиштата спротивно на членот 17 од овој закон;
5) не обезбеди еднакви и недискриминаторски услови за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објекти на гробиштата на оператор на погребални услуги и каменорезач (член 18 став (1));
6) изврши погребување без одобрение за погреб (член 30 став (1));
7) изврши погребување надвор од гробиштата при евентуални природни и други несреќи, војна, тероризам, епидемии, погребување на црковни великодостојници по одлука на црква, верска заедница или религиозна група, без одобрение (член 29 став (3));

8) не издаде одобрение за извршување на погребување, по приложување на документација со која е констатирано дека лицето е умрено (член 30 ставови (1) и (2));

9) врши откопување на гробно место без претходно одобрение од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на внатрешните работи и од органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството (член 36 став (2)) и

10) врши откопување на гробно место во кое е погребано умрено лице од заразни болести без дозвола органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на здравството (член 36 став (6)).

(2) За прекршокот од ставот (1) на овој член глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице прекршочна санкција забрана за вршење дејност или должност во траење од една до три години.

(3) За прекршокот од ставот (1) точки 8 и 9 на овој член овластениот комунален инспектор може на самото место да изрече глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност на одговорното лице во правното лице, пришто на сторителот на прекршокот ќе му достави покана за плаќање на глобата која треба да ја плати во рок од осум дена од денот на доставувањето на поканата.

(4) Ако сторителот не ја плати глобата од ставот (3) на овој член во рокот определен со поканата,овластениот комунален инспектор ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.

 
Член 45

(1) Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако:
1) не изготви проект за распоредување на парцели за гробни места (член 9 став (3));
2) гради надгробни споменици спротивно на членот 10 став (1) од овој закон;
3) гради надгробни споменици и испишува текстови спротивно на членот 10 став (3) од овој закон;
4) не води дневник и регистар на сите погребани лица (член 17 став (1) алинеја 5);
5) не воспостави и води евиденцијата на носител на гробно место (член 17 став (1) алинеја 6);
6) не издаде протокол согласно со членот 18 став (2) од овој закон;
7) не дозволи пристап и користење на комуналната инфраструктура и придружните објекти согласно сочленот 18 став (3) од овој закон;
8) врши преземање и превоз на посмртните останки на умреното лице со возило кое не е наменето за превоз на умрени лица (член 22 став (1));
9) врши преземање на умрено лице без документација издадена од овластено лице за констатирана смрт (член 22 став 3));
10) не изврши дезинфекција на возилото (член 24 став (3));
11) врши превоз на посмртни останки на умрени лица со товарни и патнички и други видови возила (член 24 став (4));
12) изврши изложување на одар на умрени лица од заразни болести (член 27 став (2));
13) издаде одобрение за погреб без документација со која е констатирано дека лицето е умрено (член 30 став (3));
14) изврши погребување на умрено лице во гробно место пред истекот на времето за мирување (член 34 став (1));
15) лицата кои вршат откопување немаат заштитна облека и обувки (член 36 став (4));
16) по извршеното откопување на посмртните останки не изврши дезинфекција на сандакот, гробот и гробното место (член 36 став (5)) и
17) не им овозможи непречено вршење на инспекциски надзор на инспекторите од членот 39 на овој закон и не им ја даде на увид целата документација што е предмет на надзорот (член 41).

(2) За прекршокот од ставот (1) на овој член глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице прекршочна санкција забрана за вршење дејност или должност во траење од една до три години.

(3) За прекршок од ставот (1) точки 10, 12, 14 и 18 на овој член овластениот комунален инспектор може на самото место да изрече глоба во износ од 600 евра во денарска противвредност на одговорното лице во правното лице, пришто на сторителот на прекршокот ќе му достави покана за плаќање на глобата која треба да ја плати во рок од осум дена од денот на достаувањето на поканата.

(4) Ако сторителотне ја плати глобата од ставот (3) на овој член во рокот определен со поканата, овластениот комунален инспектор ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.

 
Член 45-а

(1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако:

- нема утврдено ред и работно време на гробиштата или не се придржува кон утврдениот ред, работното време и обезбедување мир на гробиштата (член 17 став (1) алинеја 11),

- врши превоз на посмртни останки на умрени лица со товарни, патнички и други видови на возила (член 24 став (4)) и

- возилото регистрирано за превоз на посмртни останки на умрени лица го користи за други намени (член 24 став (2)).

(2) Глоба во износ од 200 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член."

 

Член 45-б

(1) Прекршочната постапка за прекршоците од членовите 44 ставови (1) и (2) и 45 ставови (1) и (2) на овој закон се води пред надлежниот суд, а постапката од членовите 44 став (3), 45 став (3) и 45-а на овој закон се води пред Комисија за прекршоци во Министерството за транспорт и врски.

(2) Комисијата од ставот (1) на овој член е составена од два члена и претседател. Членовите на комисијата имаат завршено високо образование и се со работно искуство од најмалку две години, а претседателот е дипломиран правник со положен правосуден испит со работно искуство од најмалку четири години.

 

Член 46

(1) За прекршоците од членовите 44 ставови (1) и (2), 45 ставови (1) и (2) и 45-а на овој закон, инспекторите од членот 39 на овој закон пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд од Комисијата за прекршоци во Министерството за транспорт и врски, ќе спроведат постапка за порамнување.

(2) Кога инспекторите од членот 39 на овој закон ќе констатираат прекршок од ставот (1) на овој член составуваат записник во кој се забележуваат битните елементи на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејствието на прекршокот и лицата затекнати на самото место. Записникот го потпишува овластеното службено лице и сторителот. Ако сторителот го признае прекршокот службеното лице ќе му издаде платен налог заради наплата на глобата за прекршокот.

(3) Со потписот на платниот налог се смета дека сторителот на прекршокот се согласува да ја плати изречената глоба.

(4) Сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од денот на приемот на платниот налог на сметка на Буџетот на Република Македонија означена во платниот налог. Сторителот кој ќе ја плати глобата во рокот утврден во овој став ќе плати само половина од изречената глоба.

(5) Доколку сторителот на прекршокот одбие да се потпише на платниот налог инспекторите од членот 39 на овој закон ќе евидентираат дека лицето одбило да се потпише и истите ќе се потпишат со полно име и презиме на платниот налог.

(6) Ако сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член не ја плати глобата во рокот утврден во платниот налог, инспекторите од членот 39 на овој закон ќе поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд или пред Комисијата за прекршоци во Министерството за транспорт и врски.

(7) Инспекторите од членот 39 на овој закон се должни да водат евиденција за прекршочните постапки за порамнување.

 

IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 
Член 47

(1) Општината, односно општините во градот Скопје и градот Скопје се должни своето работење да го усогласат со одредбите од овој закон во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.

(2) Јавните претпријатија и други правни лица кои до денот на влегувањето во сила на овој закон вршеле работи на одржување на гробишта и вршење на погребални услуги, се должни своето работење да го усогласат со одредбите од овој закон во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 
Член 48

Црква, верска заедница или религиозна група, доколку на сопствено земјиште има изградено гробишта согласно со урбанистички план до денот на влегувањето во сила на овој закон, се должни управувањето со гробиштата да го усогласат со одредбите на овој закон, во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 
Член 49

Подзаконските прописи чие донесување е утврдено со овој закон ќе се донесат во рок од три месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 
Член 50

Одредбите од членот 32 на овој закон ќе се применуваат од денот на изградбата на крематориум на територијата на Република Македонија.

 
Член 51

Со влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за гробишта (“Службен весник на СРМ” број 18/73), како и членот 3 став 1 точка 11, членот 10 став 3 алинеја 5 и членот 29 став 1 алинеја 10 од Законот за комунални дејности (“Службен весник на Република Македонија” број 45/97).

 
Член 52

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

 

Trascina file per caricare