The measure is available in the following languages:
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРОБИШТА И ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ
Службен весник на РМ, бр. 156 од 06.12.2010 година
Член 1
Во Законот за гробишта и погребални услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 86/2008), во членот 30 ставот (1) се менува и гласи:
“Лицата од членoт 20 на овој закон може да вршат погребување само врз основа на одобрение за погреб кое се издава од управителот на гробиштата.“
Член 2
По членот 30 се додава нов член 30-а, кој гласи:
„Член 30-a
За извршеното погребување, лицата од членот 20 на овој закон до Министерството за правда - Управата за водење на матични книги доставуваат примерок од одобрението за погреб издадено од управителот на гробиштата.“
Член 3
По членот 40 се додава нов член 40-а, кој гласи:
„Член 40-а
(1) Инспекторите од членот 39 на овој закон инспекцискиот надзор го вршат преку редовен и вонреден инспекциски надзор.
(2) Редовен инспекциски надзор е најавен надзор кој се врши врз основа на програмата за работа на инспекторатот, односно инспекциската служба и опфаќа надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.
(3) Вонредниот инспекциски надзор е ненајавен надзор и се врши врз основа на иницијатива поднесена од државни органи, физички или правни лица како и по службена должност.“
Член 4
Во членот 42 став (2) зборовите: „членот 39“ се заменуваат со зборовите: „членот 40“.
Во ставот 3 по зборовите: „решението до“ се додаваат зборовите: „комисија од три члена именувана од“.
Во ставот 4 по зборовите: „решението до“ се додаваат зборовите: „комисија од три члена именувана од“.
Член 5
По членот 42 се додаваат два нови члена 42-а и 42-б, кои гласат:
„Постапка за едукација
Член 42-а
(1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор овластениот комунален инспектор утврди дека е сторена неправилност од членот 45-а на овој закон, е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.
(2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.
(3) Едукацијата ја организира и спроведува овластениот комунален инспектор, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
(4) Едукацијата може да се спроведува за повеќе утврдени исти или истородни неправилности, за еден или повеќе субјекти.
(5) Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена.
(6) Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност.
(7) Доколку овластениот комунален инспектор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекциски надзор.
(8) Доколку овластениот комунален инспектор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред Комисија за одлучување по прекршоци во Министерството за транспорт и врски.
(9) Општината води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот надлежен за вршење на работите од областа на комуналните работи.
Член 42-б
Општините, Државниот комунален инспекторат и Државниот санитарен и здравствен инспекторат за извршените инспекциски контроли, изготвуваат квартални извештаи и ги објавуваат на својата веб страница.“
Член 6
Насловот на Главата VIII „Прекршочни одредби“ се менува и гласи: „Казнени и прекршочни одредби“.
Член 7
Во Главата VIII пред членот 44 се додава нов член 43-а, кој гласи:
„Член 43-а
(1) Лице кое врши погребални услуги без добиена дозвола за вршење на погребални услуги и кое нема да достави податоци, односно примерок од одобрението за погреб до Министерството за правда - Управата за водење на матични книги со што се нарушува системот на евиденција на починати лица во матичната книга на умрени лица и во другите евиденции за починати лица, ќе се казни со парична казна од 100.000 до 300.000 денари.
(2) Одговорното лице на правното лице од ставот (1) на овој член за делото од ставот (1) на овој член ќе се казни со казна затвор од три до пет години.
(3) Покрај казната затвор од ставот (2) на овој член на одговорното лице за истото дело му се изрекува и привремена забрана за вршење одделна професија, дејност или должност во траење од три до шест месеци.“
Член 8
Во членот 44 став (1) точката 6 се менува и гласи: „6) изврши погребување без одобрение за погреб (член 30 став (1));“.
Член 9
Во членот 45 став (1) точката 6 се брише. Точките 7, 8, 9 и 10 стануваат точки 6, 7, 8 и 9. Точката 11 која станува точка 10 се брише. Точките 12, 13 и 14 стануваат точки 10, 11 и 12.
Во точката 15 која станува точка 13 бројот „2“ во заградата се заменува со бројот „3“.
Точките 16, 17, 18 и 19 стануваат точки 14, 15, 16 и 17.
Член 10
По членот 45 се додаваат два нови члена 45-а и 45-б, кои гласат:
„Член 45-а
(1) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице, ако:
- нема утврдено ред и работно време на гробиштата или не се придржува кон утврдениот ред, работното време и обезбедување мир на гробиштата (член 17 став (1) алинеја 11), - врши превоз на посмртни останки на умрени лица со товарни, патнички и други видови на возила (член 24 став (4)) и - возилото регистрирано за превоз на посмртни останки на умрени лица го користи за други намени (член 24 став (2)).
(2) Глоба во износ од 200 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за прекршоците од ставот (1) на овој член.“
Член 45-б
(1) Прекршочната постапка за прекршоците од членовите 44 ставови (1) и (2) и 45 ставови (1) и (2) на овој закон се води пред надлежниот суд, а постапката од членовите 44 став (3), 45 став (3) и 45-а на овој закон се води пред Комисија за прекршоци во Министерството за транспорт и врски.
(2) Комисијата од ставот (1) на овој член е составена од два члена и претседател. Членовите на комисијата имаат завршено високо образование и се со работно искуство од најмалку две години, а претседателот е дипломиран правник со положен правосуден испит со работно искуство од најмалку четири години.“
Член 11
Членот 46 се менува и гласи:
„(1) За прекршоците од членовите 44 ставови (1) и (2), 45 ставови (1) и (2) и 45-а на овој закон, инспекторите од членот 39 на овој закон пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд од Комисијата за прекршоци во Министерството за транспорт и врски, ќе спроведат постапка за порамнување.
(2) Кога инспекторите од членот 39 на овој закон ќе констатираат прекршок од ставот (1) на овој член составуваат записник во кој се забележуваат битните елементи на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот, описот на дејствието на прекршокот и лицата затекнати на самото место. Записникот го потпишува овластеното службено лице и сторителот. Ако сторителот го признае прекршокот службеното лице ќе му издаде платен налог заради наплата на глобата за прекршокот.
(3) Со потписот на платниот налог се смета дека сторителот на прекршокот се согласува да ја плати изречената глоба.
(4) Сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член е должен да ја плати глобата во рок од осум дена од денот на приемот на платниот налог на сметка на Буџетот на Република Македонија означена во платниот налог. Сторителот кој ќе ја плати глобата во рокот утврден во овој став ќе плати само половина од изречената глоба.
(5) Доколку сторителот на прекршокот одбие да се потпише на платниот налог инспекторите од членот 39 на овој закон ќе евидентираат дека лицето одбило да се потпише и истите ќе се потпишат со полно име и презиме на платниот налог.
(6) Ако сторителот на прекршокот од ставот (1) на овој член не ја плати глобата во рокот утврден во платниот налог, инспекторите од членот 39 на овој закон ќе поднесат барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд или пред Комисијата за прекршоци во Министерството за транспорт и врски.
(7) Инспекторите од членот 39 на овој закон се должни да водат евиденција за прекршочните постапки за порамнување.“
Член 12
Подзаконските акти од членот 42-а на овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 13
Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за гробишта и погребални услуги.
Член 14
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.