Print Friendly

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

Сл. Весник на Р. Македонија, бр.55 од 16.04.2013 година

 

Член 1

Во Законот за денационализација (“Службен весник на Република Македонија“ број 20/98, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 72/10 и 171/10), во членот 22-б по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи:

“Не се враќа во сопственост, а се дава надоместок за градежно неизградено земјиште на кое со урбанистичките планови кои се во сила во време на одлучувањето по барањето за денационализација е предвидена изградба на добра во општа употреба, објекти за потребите на одбраната и безбедноста или е предвидена изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон.“

 

Член 2

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

Trascina file per caricare