The measure is available in the following languages:
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
Сл.Весник на Р.Македонија бр.44 од 06.04.2007 година
Член 1
Во Законот за денационализација ("Службен весник на Република
Македонија" бр. 20/98, 31/2000 и 42/2003), членот 49 се менува и гласи:
"Барањата за денационализација се остваруваат само во управна
постапка.
Барањата за денационализација во управна постапка можат да се
поднесат до 31 декември 2007 година.
По истекот на рокот од пет години од денот на влегувањето во сила
на Законот за денационализација, може да се бара давање на надоместок,
а враќање на имот само ако нема правни и фактички пречки.
По истекот на рокот од ставот 2 на овој член, правото да се поднесе
барање за денационализација престанува."
Член 2
Поведените парнични постапки до денот на влегувањето во сила на
овој закон по барање за враќање на имот или за плаќање на надоместок,
ќе продолжат според одредбите кои важеле до денот на влегувањето во
сила на овој закон.
Член 3
Во членот 64 став 2 по зборот "ништовни" точката се брише и се
додаваат зборовите: "ако барањето за денационализација е поднесено во
рокот од пет години од денот на влегувањето во сила на Законот за
денационализација, а заклучно до 7 мај 2003 година".
Член 4
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
"Службен весник на Република Македонија".