Print Friendly

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

ЗАКОН ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОБВРЗНИЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

“Сл.весник на Р Македонија” бр. 37/02 од 23.05.2002 година

 

Член 1

Со овој закон се уредува начинот и постапката на издавање на обврзници

за денационализација, кои се даваат како надомест за имотот одземен во

корист на државата врз основа на прописите со кои е вршено општо

одземање и ограничување на сопственоста, врз основа на прописите за

одземање на имот заради остварување на општокорисни цели, како и имот

експроприран заради остварување на општокорисни цели, односно општ

интерес, ако не се исполнети условите за враќање на имотот според

одредбите за експропријација и одземање без правна основа.

 

Член 2

Република Македонија издава обврзници за намирување на обврските по

основа на надоместот кој во постапката за денационализација се дава во

вид на обврзници (во натамошниот текст: обврзници за денационализација).

Република Македонија во наредните шест години ќе врши еднаш годишно

по една емисија на обврзници за денационализација.

Владата на Република Македонија, со одлука годишно го утврдува износот

на обврзниците за денационализација кои се издаваат.

Годишниот износ на обврзниците за денационализација кои ќе се издаваат

ќе зависи од висината на надоместокот утврден со конечни решенија во

постапката за денационализација.

 

Член 3

Обврзниците за денационализација од членот 2 на овој закон се издаваат

во дематеријализирана форма, гласат на име и во ЕВРО валута и се

неограничено преносливи.

Отплатата на обврзниците за денационализација се врши во денарска

противвредност според средниот курс на ЕВРО од курсната листа на

Народната банка на Република Македонија на денот на исплатата.

 

Член 4

Номиналната вредност на обврзниците за денационализација се отплатува

во десет годишни рати кои се исплатуваат на 1 јуни, а првата рата на

првата обврзница за денационализација за отплата пристигнува на 1 јуни

2003 година.

Номиналната вредност на обврзниците за денационализација е износот кој

барателот по основа на денационализација го добива како обесштетување.

Деноминацијата на надоместокот утврден во решенијата од комисиите за

денационализација по барањето на обврзници за денационализација од

денари во ЕВРА ќе се врши од страна на Централниот депозитар за хартии

од вредност по средниот курс од курсната листа на Народната банка на

Република Македонија, што важи на првиот ден во годината кога ќе се

врши емисијата на обврзници.

 

Член 5

На номиналната вредност на обврзниците за денационализација се

пресметува камата во висина од 2% годишно, започнувајќи од денот на

влегувањето во сила на законот.

Отплатата на каматата се врши годишно на 1 јуни, а започнува од 1 јуни

2003 година.

 

Член 6

Намените за кои се користат обврзниците за денационализација, отплатата

на обврзниците за денационализација и обезбедувањето на средства за

отплата на годишните рати на обврзниците за денационализација се врши

согласно со Законот за денационализација.

 

Член 7

Обврзниците за денационализација во форма на електронски запис се

водат во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Обврзниците за денационализација се сметаат за издадени, а граѓаните се

стекнуваат со сопственост на обврзниците за денационализација од

моментот на уписот на истите во Централниот депозитар за хартии од

вредност.

Начинот и постапката на уписот на обврзниците за денационализација во

Централниот депозитар за хартии од вредност го пропишува министерот за

финансии.

 

Член 8

Побарувањата на граѓаните врз основа на обврзниците за

денационализација не застаруваат.

 

Член 9

Приходите врз основа на обврзниците за денационализација не се

оданочуваат.

 

Член 10

Тргувањето со обврзниците за денационализација се врши преку берза на

долгорочни хартии од вредност, регистрирана во Република Македонија,

согласно со правилата на берзата.

Со обврзниците за денационализација можат да тргуваат домашни и

странски физички и правни лица.

Висината на највисоката брокерска провизија при тргување со

обврзниците за денационализација ја утврдува Комисијата за хартии од

вредност.

 

Член 11

Република Македонија, може во секое време да изврши откуп на

обврзниците за денационализација пред рокот на нивното пристигнување

според условите, начинот и постапката кои ги утврдува Владата на

Република Македонија.

Откупените обврзници од ставот 1 на овој член, Република Македонија не

може да ги препродава.

 

Член 12

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во

“Службен весник на Република Македонија”.

Trascina file per caricare