The measure is available in the following languages:
Врз основа на член 10 од Законот за денационализација ("Службен весник наРепубликаМакедонија"
бр. 20/98 и 31/2000), Владата наРепублика Македонија, на седницата одржанана 23.05.2000 година, донесе
УРЕДБА
ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТА НА ИМОТОТ КОЈ Е ПРЕДМЕТ НА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
Член 1
Со оваа уредба се пропишуваат мерилата, критериумите и начинотнаутврдување на вредноста на имотот кој е предмет на денационализација.
I. Станбени згради и станови
Член 2
Вредноста на одземените станбени згради и станови кои постојат и кои не постојат се проценува според градежната вредност на овој имот на денот на одземањето зголемена за локациската погодност на денот на проценката.
Член 3
Градежната вредност на станбените згради и станови и локацијата погодност се утврдува според одредбите од Законот за продажба на становите во општествена сопственост ( Службен весник на РММбр. 36/90,62/92), Уредбата за критериумите и начинот на утврдување на продажната цена на становите во општествена сопственост ("Службен весник на РМ"бр. 68/92) и Одлуката што ја донесува Владата на Република Македонија за утврдување на вредноста на пресметковниот бод за процена на станбените згради и станови кои се предмет на денационализација.
За проценката на станбените згради и станови кои не постојат, а за кои основните податоци за градежните карактеристики мoже да се добијат преку проектi, фотографии, брошури, каталози, водич низ градовите од период и сл. соодветно се применува став 1 на овој член.
За станбените згради и станови кои не постојат и за кои што нема ниту основни податоци за градежните карактеристики, нивната вредност се определува преку методот на капитализација на заработувачка од закупнината, со податоци за закупнина во моментот на проценката, за споредливи објекти и споредлива локација.
II. Деловни згради и деловни простории
Член 4
Вредноста на одземените деловни згради и деловни простории кои постојат и кои не постојат се проценува според градежната вредност на овој имот на денот на одземањето зголемена за локацијата погодност на денот на проценката.
Член 5
Градежната вредност на деловните згради и деловни простории и локациската погодност се проценуваат според Методологијата за проценка на деловниот простор сопственост на Република Македонија како основа за утврдување висината на закупнината ("Службен весник на РМ бр. 29/99) и Одлуката што ја донесува Владата на Република Македонија за утврдување на вредноста на пресметковниот бод за проценка на деловни згради и делвни простории кои се предмет на денационализација. За проценката на деловните згради и деловни простории кои не постојат, а за кои основните податоци за градежните карактеристики може да се добијат преку проекти, фотографии, брошури, каталози, водичи низ градовите од период и сл. Исто така се применува методологијата од став 1 на овој член.
За деловни згради и деловни простории кои не постојат и за кои што нема ниту основни податоци за градежните карактеристики,.. нивната вредност се определува преку методот на капитализација на заработувачка од закупнинава, со податоци за закупнина во моментот на проценката, за споредливи објекти и споредлива локација.
Член 6
Одредбите од член 2 до 5 на оваа уредба соодветно се применуваат и за процена на вредноста на станбено-деловните згради.
III. Стопански објекти и капацитети
Член 7
Вредноста на стопанските објекти и капацитети (фабрики, мелници, хотели, пилани, керамидичници и др воделелски претпријатија, магацини и визби) се проценува според Методологијата за проценка на вредноста на претпријатијата соопштествен капитал ("Службен весник на РМ" бр. 74/93 и 25/95).
Член 8
За проценка на стопански објекти и капацитети кои не постојат, а за кои основните податоци за градежните карактеристики можат да се добијат преку проекти, фотографии, каталози, деловни книги, брошури и слично, соодветно се применува методологијата од членот 7 на оваа уредба.
За стопански објекти и капацитети кои непостојат и за кои што нема ниту основни податоци за градежните карактеристики, нивната вредност се определува преку методотна капитализација на заработувачка од закупнината, со податоци за закупнина во моментот на проценката, за споредливи објекти и споредлива локација.
IV. Движен и недвижен имот од културно, уметничко и историско значење
Член 9
Вредноста на движен и недвижен имот од културно, уметничко и историско значење се проценува според прописите за заштита на спомениците на културата (Закон за заштита на спомениците на- Службен весник на РМ" бр. 24/73, 42/76, Конвенција за заштита на архитектонско наследство на Европа од 1985 година ратификувана во 1991 година, Европската Конвенција за заштита на археолошко наследство од 1960 година ратификувана во 1990 година и др.).
V. Движенимот
Член 10
Проценката на вредноста на одземен движен имот кој се состои од машини и опрема се врши врз основа на сегашна пазарнав редност на иста или слична опрема по функција, капацитет и квалитет со амортизација од 50% од вредноста на споредбенава опрема. «Проценката на вредноста на друг одземен движен имот се врши согласно став 1 на овој член.
VI. Земјоделско земјиште, шуми, шумско земјиште пасишта и утрини
Член 11
Вредноста на земјоделско земјиште, шуми, шумско земјиште, пасишта и утрини се проценува во висина на даночната основа за данокот на промет на недвижности и права утврдени од надлежниот орган за јавни приходи за соодветно подрачје спрема културата, класата и површината.
Член 12
При проценка на вредноста на земјоделско земјиште, шуми, шумско земјиште, пасишта и утрини, истата се намалува за зголемената вредност поради изградени сообраќајници, туристички објекти, вештачки езера, хидромелиоративни системи и други слични објекти.
Член 13
Ако шумата постои и има прираст, вредноста на прирастот се одбива од проценетата вредност.
VII. Градежно земјиште
Член 14
Вредноста наградежното земјиште кое е предмет на денационализација се проценува и надоместува според реонизацијата и зоните на градовите и населените места воРепублика Македонија, прикажани во графичкиот прилог кој е составен дел на оваа уредба.
Член 15
Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањетово "Службен весник на Република Македонија".
Бр. 23-2590/1 Претседател на Владата
23 мај 2000 година на Република Македонија,
Скопје Љубчо Георгиевски, с.р.