Print Friendly, PDF & Email

The measure is available in the following languages:

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ HA 3AKOHOT

ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

Сл.Весник на Р.Македонија бр.31 од 20.04.2000 година

 

Член 1

Во Законот за денационализација ("Службен весник на Република

Македонија" број 20/98) членот 1 се менува и гласи:

"Cо овој закон се определуваат условите и постапката за враќање на

имотот и видот, условите и постапката за давање надомест за имот

одземен во корист на државата (во натамошниот текст:

денационализација)."

 

Член 2

По членот 1 се додаваат два нови члена 1-а и 1-6, кои гласат:

"Член 1-а

Се враќа имот, односно се дава надомест за имот на физички лица и на

верски храмови, манастири и вакафи одземени по 2 август 1944 година:

1) врз основа на прописите со кои е вршено општо одземање и

ограничување на сопственоста;

2) врз основа на прописите за одземање на имот заради остварување на

општокорисни цели, како и имот експроприран заради остварување на

општо корисни цели, односно општ интерес ако не се исполнети условите

за враќање на имотот според одредбите за експропријација и

3) без правна основа.

Член 1-6

Определени изрази од член 1-а на овој закон го имаат следново значење:

1) "верски храм" - христијанска црква и молитвен дом, исламска џамија

и еврејска синагога и

2) "верски вакаф" - неотуѓив имот наменет за религиозни и хумани

цели".

 

Член 3

Bо членот 3 став 2 по зборовите: "градежното земјиште" запирката се

заменува со точка, a зборовите: "ако постоењето на заканата и присилбата

се докаже во судска постапка" се бришат.

 

Член 4

Во членот 4 став 1 на крајот од реченицата точката се брише и се додаваат

зборовите: "кога воените злосторници се верификувани од меѓународната

комисија на Обединетите нации".

Ставот 2 се брише.

Во ставот 3 кој станува став 2 зборовите: "ставовите 1 и 2" се заменуваат

со зборовите: "став 1".

Во ставот 4 кој станува став 3 бројот "3" се заменува со бројот "2".

Во ставот 5 кој станува став 4 зборовите: "една година" се заменуваат со

зборовите: "три години".

Во ставот 6 кој станува став 5 бројот "5" се заменува со бројот ''4".

Во ставот 7 кој станува став 6 бројот "5" се заменува со бројот „4",

зборовите: "ставовите 1 и 2" се заменуваат со зборовите: "став 1'', а бројот

"6" се заменува со бројот "5".

По ставот 6 се додава нов став 7, кој гласи:

"По барањето од став 4 на овој член, судот е должен да донесе одлука

најдоцна во рок од три месеци по поднесувањето на барањето".

 

Член 5

Во членот 6 ставовите 2 и 3 се заменуваат со нов став 2, кој гласи:

„Предмет на денационализација не се предмети и објекти од особено

културно и историско значење и природни реткости определени со закон".

 

Член 6

Во членот 7 став 1 зборовите: "определен и примен" се заменуваат со

зборовите: "платен, односно даден".

Во ставот 2 зборот "примен" се заменува со зборот "даден".

 

Член 7

Членот 9 се менува и гласи: "Hе cе враќа во сопственост поради постоење

на јавен интерес, a cе дава надомест за:

1) имот кој по одземањето според закон станал добро во општа

употреба, и тоа: јавни плоштади, улици, сообраќајници, паркови, јавно -

сообраќајни површини и други објекти на комунална инфраструктура;

2) имот кој се користи и е во функција за потребите на одбраната и

безбедноста на Република Македонија;

3) неизградено градежно земјиште на кое според урбанистичкиот план е

предвидена изградба на објекти од точките 1 и 2 на овој член и на други

објекти од јавен интерес и

4) имот кој по одземањето се користи за вршење на дејности од јавен

интерес утврден со закон".

 

Член 8

По членот 9 се додава нов член 9-а, кој гласи:

"Член 9-а

Hе cе враќа во сопственост, a cе дава надомест за:

1) имот на кој до денот на влегувањето во сила на овој закон право на

сопственост стекнало друго физичко или правно лице со правно дело или

одлука на надлежен орган и

2) национализиран сточен фонд (стада овци, кози, крупен добиток и

друг сточен фонд)."

 

Член 9

По членот 11 се додава нов член 11-а кој гласи:

"Член 11-а

Барателите од член 11 на овој закон имаат право да поднесат барање за

прогласување на наследници на правото за денационализација на имотот

одземен од нивните претходници кој според одредбите на овој закон се

враќа или за кој се дава надомест.

Кон барањето од став 1 на овој член се приложува актот за одземање на

имотот од поранешниот сопственик, како и извод од матичната книга на

умрените за поранешниот сопственик, односно правосилно решение за

прогласување на наследници ако такво решение било донесено порано,

кои се доставуваат во оригинал или во службено заверен препис.

Прогласувањето на наследниците и утврдувањето на нивните наследнички

делови на правото за денационализација, како и на други права и обврски

кои за барателите на денационализација произлегуваат од одредбите на

овој закон, се врши според прописите за наследување. Прогласувањето на

наследниците се врши врз основа на актот за одземање од став 2 на овој

член. При донесувањето на решението за прогласување на наследници

сообразно се применува одредбата од член 52 став 1 точки 1 до 3 и 6 до 8

на овој закон, а постапката за прогласување на наследниците се

спроведува според прописите на вонпарничната постапка.

Судот е должен решение по барање за прогласување на наследници

согласно со став 1 од овој член да донесе во рок од два месеци по приемот

на барањето, освен кога повикувањето на наследниците се врши со оглас

и кога наследничките изјави треба да ги дадат пред друг суд или во

странство.

Правосилното решение за прогласување на наследници се приложува кон

доказите и во форма предвидени во член 47 ставови 3 и 4 на овој закон".

 

Член 10

Членот 12 се менува и гласи:

"По барање за денационализација одлучува министерот за финансии:

Министерот за финансии може да формира една или повеќе комисии за

одлучување по барањата за денационализација (орган за

денационализација)".

 

Член 11

По членот 14 се додава нов член 14-а кој гласи:

"Член 14-а

Постапката на денационализација е итна.

Органот за денационализација е должен барањата за денационализација

да ги земе во работа по редот како што ги примил, освен ако сложеноста

на случајот или посебни околности налагаат поинаку да се постапи".

 

Член 12

Членот 17 се менува и гласи:

"За недвижност чија вредност по одземањето е зголемена, на барателот му

се понудува по следниов приоритет:

1) враќање во сопственост на недвижноста до колку барателот ја плати

разликата за зголемената вредност на недвижноста;

2) воспоставување сопственички дел до висината на

првобитната вредност на недвижноста и

3) давање надомест.

Разликата во вредноста на недвижноста од став 1 точка 1) на овој член

барателот е должен да ја плати во рок од една година од правосилноста на

решението за денационализација".

 

Член 13

Членот 18 се менува и гласи:

"Недвижноста чија вредност по одземањето е намалена се враќа во

сопственост со давање надомест за разлика за намалената вредност на

недвижност.

Разликата на вредноста од став 1 на овој член државата е должна да ја

надомести на начин предвиден со одредбите од овој закон".

 

Член 14

Во членот 20 став 4 во четвртиот ред зборот "наследниците" се заменува

со зборовите: "можните наследници", а во петтиот ред зборовите:

„наследниците, односно" се бришат.

Во ставот 5 зборовите: „според прописите на облигационото право" се

заменуваат со зборовите: "во висина вообичаена за тој вид имот и за

месноста во која тој имот се наоѓа".

 

Член 15

Во членот 22 став 3 се брише.

 

Член 16

По членот 22 се додаваат четири нови члена 22-а, 22-6, 22-в и 22-г, кои

гласат:

"Член 22-а

Кога не е реализирана целта заради која било одземено земјоделското

земјиште, како и кога била реализирана целта заради која било одземено

земјоделско земјиште, кое при поднесување на барањето за

денационализација е градежно неизградено земјиште, барателот може да

бара:

1) враќање на земјиштето во сопственост ако ја плати разликата меѓу

надоместот што за одземеното земјиште му следува определен според член 31 став 2 од овој закон и вредноста на градежното земјиште утврдена врз

основа на прописите за определување на вредноста на градежното

земјиште;

2) да му се даде ново земјоделско земјиште од ист вид, површина и

бонитет како одземеното и

3) да му се даде надомест согласно со одредбите на овој закон.

Член 22-6

Градежно земјиште се враќа во сопственост:

1) на лице кое на денот на одземањето на сопственоста врз градежното

земјиште било сопственик на градба изградена на тоа земјиште, а му е

признаено право на користење врз тоа градежно земјиште и

2) кога не е реализирана целта заради која било одземено градежно

земјиште, како и кога била реализирана целта заради која било

одземено градежно земјиште, а тоа при поднесувањето на барањето

за денационализација претставува градежно неизградено земјиште.

Член 22-в

Станбени згради и станови се враќаат во сопственост.

Член 22-г

Имот даден од државата под концесија се враќа во сопственост.

Предавањето во владение на имотот од став 1 на овој член на лицето на

кое му се враќа во сопственост ќе се изврши по истекот на концесискиот

рок.

Лицето на кое му се враќа во сопственост имотот даден под концесија, има

право на надомест до предавањето на имотот во негово владение во износ

утврден со концесискиот акт, односно договор за концесија".

 

Член 17

Bо членот 26 став 1 зборовите: "на обврзниците од серијата "А" се бришат.

 

Член 18

Во членот 28 став 1 по зборот "нив" текстот до крајот на ставот се брише и

се додаваат зборовите: "доколку барателите не се договорат поинаку, за

да не се наруши градежната, техничката и технолошката целина на

претпријатието".

 

Член 19

Во членот 30 по бројот "27" запирката се брише и се додава сврзникот "и",

a по бројот "28" сврзникот "и" и бројот "29" се бришат.

 

Член 20

Членот 32 се менува и гласи: "За имот од член 31 став 1 на овој закон како

надомест се дава:

1) друг имот од ист вид во сопственост на државата и

2) акции и удели во сопственост на државата.

Кога надоместот не се дава согласно со став 1 од овој член, надомест за

имот од член 31 став 1 на овој закон се дава во вид на обврзници."

 

Член 21

Во членот 34 ставовите 2 и 3 се менуваат и гласат: „Обврзниците гласат во

цврста валута со камата. Издавањето на обврзниците се врши со посебен

закон."

 

Член 22

Членовите 35, 36 и 37 се бришат.

 

Член 23

Во членот 39 став 1 уводната реченица се менува и гласи:

"Обврзниците можат да се употребуваат:"

Алинејата 3 се брише.

Во алинеја 5 која станува алинеја 4 сврзникот "и" се брише и се додаваат

четири нови алинеи 5, 6, 7 и 8, кои гласат:

"- за купување на акции и удели на државен капитал во процесот на

неговата приватизација;

- за плаќање на надомест на концесија на државен имот;

- за купување или плаќање на закуп на државен имот;

- за плаќање на обврски кои произлегуваат од овој закон и".

Досегашната алинеја 6 станува алинеја 9.

Ставот 2 се брише.

 

Член 24

Во членот 40 став 1 зборовите: "од серија "Б" се бришат. Ставот 2 се

менува и гласи:

"Отплатата на обврзниците од став 1 на овој член ќе се врши почнувајќи

од 2003 година". Ставот 3 се брише.

 

Член 25

Во членот 41 зборовите: "од серија "Б"се бришат.

 

Член 26

Bо членот 42 став 1 точката се заменува со запирка и се додаваат

зборовите: "ако со овој закон поинаку не е определено". Ставот 2 се

брише.

 

Член 27

Во членот 43 точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите:

"ако со овој закон поинаку не е определено".

 

Член 28

Во членот 44 став 1 зборовите: "од серија "А" и серија "Б" зборовите:

"годишни рати од" и зборовите: "од серија "Б" се бришат.

 

Член 29

По членот 45 став 1 точката се заменува со запирка и се додаваат

зборовите: "ако со оној закон поинаку не е определено".

По ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи:

"Ако барање од став 1 на оној член поднесува барател кој не е прогласен

за наследник, органот за денационализација ќе го упати барателот да

поднесе барање за прогласување на наследник до надлежниот суд."

Досегашниот став 2 станува став 3.

 

Член 30

Во членот 46 став 1 зборовите: "Министерството за финансии - Управата за

имотно правни работи (орган за денационализација) (член 12)", се

заменуваат со зборовите: "органот за денационализација".

Во ставовите 2 и 3 зборовите: "Министерството за финансии - Управата за

имотно правни работи" се заменуваат со зборовите: "органот за

денационализација".

 

Член 31

Во членот 49 став 1 зборот "три" се заменува со зборот "пет", а во

ставовите 2 и 3 зборот "пет" се заменува со зборот "седум".

 

Член 32

Во членот 51 став 1 точката се заменува со запирка и се додаваат

зборовите: "ако со овој закон поинаку не е определено", а во став 3

запирката по зборот "барателот" се брише и се додава сврзникот "и", a по

зборот "правобранител" се става точка и зборовите: "и корисникот на

имотот" се бришат.

 

Член 33

Во членот 52 став 1 точка 5) пред зборот "начинот" се додаваат зборовите

"видот и".

Во ставот 2 точката се заменува со запирка и се додаваат зборовите: "како

и на институцијата која го наплатува надоместот за користење на

градежно земјиште за утврдување обврска за плаќање на придонесот".

 

Член 34

Во членот 53 став 2 се менува и гласи:

"Кога баратели се наследници на денационализација, решението за

денационализација гласи на наследниците прогласени со правосилно

решение за прогласување на наследници донесено согласно со одредбите

на овој закон според наследничките делови утврдени со решението."

Ставовите 3, 4, 5 и 6 се бришат.

 

Член 35

Bо членот 56 став 1 по зборот "сопственик" се става запирка и се додаваат

зборовите: "односно негов наследник."

Ставот 2 се менува и гласи:

Порамнувањето од став 1 на овој член го склучуваат поранешниот

сопственик, односно неговиот наследник и јавниот правобранител, а ако се

враќа земјоделско земјиште согласно со член 22 од овој закон, односно

недвижност или друго средство согласно со член 28 од овој закон, во

склучувањето на порамнувањето учествуваат и корисниците на

земјиштето."

 

Член 36

Во членот 60 запирката и зборовите: "за прогласување на наследници од

членот 53 став 4 на оној закон" се бришат.

 

Член 37

По членот 63 се додава нова глава "IV - a ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ", и четири

нови члена 63-а, 63-6, 63-в и 63-г, кои гласат:

 

IV-a ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

 

Член 63-а

Предмет на денационализација се имотите на Евреите од Македонија кои

своите имоти ги напуштиле со присилната депортација во фашистичките

логори, а не го преживеале погромот и немаат наследници (член 5).

Член 63-6

Постапката за враќање на имотите, односно за плаќање на надомест за

имотите од член 63-а органот за денационализација ја поведува по

службена должност штом дојде до сознанија дека такви имоти постоеле.

Во постапката од став 1 на овој член може да се вклучи Заедницата на

Евреите во Република Македонија.

Ако по поведување на постапката од став 1 на овој член се појави

наследник на поранешниот сопственик, кој го преживеал или не го

преживеал погромот на Евреите од Македонија, кој наследник е

државјанин на Република Македонија, може да поднесе барање согласно

со член 45 од овој закон, а постапката ќе продолжи според одредбите од

членовите 46 до 61 на овој закон.

Член 63-в

Вратениот имот, односно дадениот надомест од член 63-а на овој закон

влегува во состав на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Фондот од став 1 на овој член има својство на правно лице.

Фондот има свој статут на кој согласност дава Владата на Република

Македонија.

Cо Фондот управува управен одбор составен од еднаков број претставници

определени од Владата на Република Македонија и од Заедницата на

Евреите од Република Македонија.

Седиштето на Фондот е во Скопје.

Член 63-г

Средствата од Фондот на член 63-в се наменети за изградба на дом на

холокаустот на Евреите од Македонија.

Cо статутот на Фондот се утврдуваат и другите цели и активности за

одбележување на споменот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Cо статутот на Фондот можат да се утврдат и другите извори на средства."

 

Член 38

Hа носителите на станарско право стекнато согласно со закон, односно

право на користење на кои согласно со член 22-в од овој закон им

престанува тоа право, државата им доделува друг стан на користење,

односно им го продава според условите утврдени со Законот за продажба

на општествени станови ("Службен весник на Република Македонија" бр.

36/90 и 62/92).

До доделувањето на друг стан на користење, односно до неговата

продажба, лицата од став 1 на овој член, продолжуваат да ги користат

становите во кои живеат најмногу една година сметано од моментот кога

согласно со одредбите на овој закон поранешниот сопственик или неговиот

наследник се стекнал со правото да им биде вратен станот.

 

Член 39

Ако до влегувањето во сила на овој закон, пред или по влегувањето во

сила на Законот за денационализација, била поведена парница за враќање

на имот или за давање на надоместок за имот, кои имоти се предмет на

денационализација, парниците ќе продолжат, а судот за тужбеното барање

ќе одлучи во согласност со одредбите на Законот за денационализација,

според состојбата на имотот при поднесувањето на тужбата.

Ако по влегувањето во сила на Законот за денационализација, било

поднесено барање за враќање на имот или за плаќање на имот, кои имоти

се предмет на денационализација, органот за денационализација ќе

постапи по барањето според одредбите на Законот за денационализација.

Ако до влегувањето во сила на овој закон по влегувањето во сила на

Законот за денационализација, било поднесено барање на надомест за

експроприраниот имот (член 1-а став 1 точка 2) вонпарничната постапка

ќе се заврши според одредбите на Законот за експропријација.

Ако до влегувањето во сила на оној закон, по влегувањето во сила на

Законот за денационализација, било поднесено барање за прогласување

на наследници, судот ја спроведува постапката и донесува решение

согласно со член 11-а на овој закон.

Во постапката од ставовите 1, 3 и 4 на овој член и во постапката од член

58 на овој закон не се плаќаат судски такси.

 

Член 40

Во членот 68 зборовите: "осум месеци" се заменуваат со зборовите: "еден

месец".

 

Член 41

Министерството за финансии заклучно со месец февруари 2002 година ќе

го утврди вкупниот износ на барањата за надомест кој се дава во вид на

обврзници за барањата поднесени до крајот на 2001 година, а Владата на

Република Македонија најдоцна до крајот на април 2002 година ќе му

предложи на Собранието на Република Македонија донесување на закон за

издавање на обврзници (член 34 став 3).

 

Член 42

Се овластува Законодавно - правната комисија да утврди пречистен текст

на Законот за денационализација.

 

Член 43

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во

"Службен весник на Република Македонија".

Trascina file per caricare