The measure is available in the following languages:
ЗАКОН ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
(пречистен текст)
“Сл. весник на Р Македонија” број 43/2000 од 30.05.2000 година
[...]
V. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
Член 66
Предмет на денационализација се имотите на Евреите од Македонија
кои своите имоти ги напуштиле со присилна депортација во фашистичките
логори, а не го преживеале погромот и немаат наследници (член 6).
Член 67
Постапката за враќање на имотите, односно за плаќање на надомест
за имотите од член 66 органот за денационализација ја поведува по
службена должност штом дојде до сознанија дека такви имоти постоеле.
Во постапката од став 1 на овој член може да се вклучи Заедницата
на Евреите во Република Македонија.
Ако по поведување на постапката од став 1 на овој член се појави
наследник на поранешниот сопственик, кој го преживеал или не го
преживеал погромот на Евреите од Македонија, кој наследник е
државјанин на Република Македонија, може да поднесе барање согласно
со член 47 од овој закон, а постапката ќе продолжи според одредбите од
членовите 48 до 63 на овој закон.
Член 68
Вратениот имот, односно дадениот надомест од член 66 на овој закон
влегува во состав на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Фондот од став 1 на овој член има својство на правно лице.
Фондот има свој статут на кој согласност дава Владата на Република
Македонија.
Со Фондот управува управен одбор составен од еднаков број на
претставници определени од Владата на Република Македонија и од
Заедницата на Евреите од Република Македонија.
Седиштето на Фондот е во Скопје.
Член 69
Средствата од Фондот на член 68 се наменети за изградба на дом на
холокаустот на Евреите од Македонија.
Со статутот на Фондот се утврдуваат и другите цели и активности за
одбележување на споменот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Со статутот на Фондот можат да се утврдат и други извори на
средства.
[...]