Print Friendly

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СМЕТКОВОДСТВОТО ЗА НЕПРОФИТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Службен весник на РМ, бр. 17 од 11.02.2011 година

 

Член 1 

Во Законот за сметководството за непрофитните организации ("Службен весник на Република Македонија" број 24/2003), во членот 6 став (2) по зборовите: "капиталниот имот " се додаваат зборовите: "- постојани средства".

 

Член 2

Во членот 14 став (8) износот "100 евра" се заменуваат со износот "300 евра".

 

Член 3 

Во насловот на Главата VII зборот „КАЗНЕНИ" се заменува со зборот „ПРЕКРШОЧНИ".

 

Член 4 

Членот 20 се менува и гласи: 

“(1) Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на непрофитната организација, ако: 

1) не води сметководство на начин пропишан со овој закон или со пропис донесен врз основа на него (член 3); 

2) внесувањето на податоците во деловните книги го врши врз основа на неурeдна и неверодостојна документација (член 10 став (1)); 

3) не врши проценување на билансните позиции на начин и по постапка пропишани со овој закон или со пропис донесен врз основа на него (член 14 став (2)); 

4) не ја врши ревалоризацијата според одредбите од овој закон (член 15); 

5) не врши усогласување на состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември (член 16); 

6) не ги состави основните финансиски извештаи (член 17 став (1)) и 

7) не ја достави годишната сметка до Управата за јавни приходи и до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар во законски определениот рок (член 19). 

(2) Глоба во износ од 500 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок од ставот (1) на овој член на одговорното лице на непрофитната организација."

 

Член 5 

По членот 20 се додава нов член 20-а, кој гласи:

 

"Член 20-а 

(1) За прекршоците утврдени во членот 20 од овој закон прекршочна постапка води надлежен суд. 

(2) Пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоците предвидени со овој закон, ќе се поведе постапка за порамнување согласно со Законот за прекршоците."

 

Член 6 

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".

Trascina file per caricare