The measure is available in the following languages:
ОДЛУКА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ФОНД НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА
Член 1
Со оваа одлука се основа Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија.
Член 2
Фондот се основа како правно лице со седиште во Скопје и со сопствен статут одобрен од Владата на Република Македонија.
Член 3
Со Фондот управува Управен одбор составен од ед-наков број претставници определени од Владата на Република Македонија и од Заедницата на Евреите од Република Македонија.
Член 4
Средствата на Фондот се обезбедуваат од вратениот имот, односно дадениот надомест на имотите кои Евреите од Македонија ги напуштиле со присилна депортација во фашистичките логори, а не го преживеале прогонот и немаат наследници.
Член 5
Средствата од член 4 се наменети за изградба на дом на холокаустот на Евреите од Македонија, а можат да се наменат и за други цели и активности утврдени со статутот на Фондот.
Член 6
Со Статутот на Фондот можат да се утврдат и други извори на средства.
Член 7
За извршување на оваа одлука се грижи Министерството за финансии.
Член 8
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ìСлужбен весник на Република
Македонијаì.
Бр. 23-2112/1 Претседател на Владата
23 април 2002 година на Република Македонија,
Скопје Љубчо Георгиевски, с.р.
___________
443.
Врз основа на член 30 од Законот за Буџетот на Република Македонија за 2002 година (ìСлужбен весник на Република Македонијаì бр. 106/2001), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 23 април 2002 година, донесе