Print Friendly, PDF & Email

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

KOНСОЛИДИРАН ТЕКСТ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

(„Службен весник на Република Македонија“ бр. / 04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12 и 23/13)

 

[...]

 

Член 20

Политичките партии не можат да се финансираат од:

- влади, меѓународни институции, органи и организации на странс ки држави и други странски лица,

- државни и локални органи надвор од средствата предвидени со Буџетот на Република Македонија, освен средствата предвидени со овој закон и законите за избори,

- јавни установи, јавни претпријатија, јавни фондови или други

правни лица кои располагаат со државен капитал,

-       јавни претпријатија, јавни установи и јавни фондови формирани од општините,

-       претпријатија кои имаат најмалку 20% учество на државен капитал, јавни установи и институции вклучувајќи ги и тие што го започна ле процесот на приватизација,

-       приватни претпријатија кои во моментот на давање п рилог за политичката партија вр шат јавни ус луги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор,

-       здружение на граѓани (невладини организации), вер ски заедници или религиозни гру пи,

-       средства на претпријатија со мешовит капитал каде што доминантен сопственик е странски вложувач и

-       анонимни или неидентификувани извори.

Политичките партии, доколку со средствата добиени од субјектите во ставот 1 од овој член не постапат согласно со членот 15 став 6 на овој закон, тогаш овие средства од жиросметката на политички те партии се пренесуваат во корист на Буџетот на Република Македонија и се користат за финансирање на

хуманитарни активности.

Политичките партии кои ќе стекнат и противправно користат средства од изворите од ставот 1 на овој член, како и средства кои нема да ги евидентираат во регистарот на донации, го губат правото на финансирање од Буџетот на Република Македонија за наредната година.  [...]

 

Trascina file per caricare