Print Friendly, PDF & Email

The measure is available in the following languages:

Уставните амандмани од 2007 година

(Наводи: Службен весник на Р.М. бр. 115/2007)

 

Рамковениот договор е потпишан во Скопје, Македонија, на 13. август 2001 на англиски јазик исо него се предвидува

А. Уставни амандмани

Б. Измени во законодавството

Ц. Имплементација и мерки за градење доверба


Преамбула
Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните што живеат во нејзините граници кој се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошначкиот народ и другите преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање на самостојна и суверена држава Македонија, и одговорни пред идните генерации за зачувувањето и развојот на се што е вредно од богатото културно наследство и соживотот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро - Република Македонија - во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ, и на референдумот од 8 септември 1991 година одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсне владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори, го донесуваат овој устав...


Член 7

(1) На целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

(2) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението исто така е службен јазик, и неговото писмо, како што е определено со овој член.

(3)Лични документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот, се издаваат на македонски јазик, како и на тој јазик и неговото писмо , во согласност со законот.
(4) Кое било граѓанин што живее во единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од населението зборуваат службен јазик различен од македонскиот, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата може да употребува кој било од службените јазици и неговото писмо ; Подрачните единици надлежни за тие единици на локалната самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот.Секој граѓанин во комуникацијата со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо а министерството одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот.

(5) Во органите на државната власт на Република Македонија, кој било службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со законот.
(6) Во единиците на локална самоуправа јазик и писмо што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употреба на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единицата на локална самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.

Член 8

(1) Темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:

- основните слободи и права на човекот и граѓаните признати со меѓународното право и утврдени со Уставот;

- соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа


Член 19

1) Се гарантира слободата на вероисповеста.

(2) Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.
(3) Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелистичко –Методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот.
(4) Македонската православна црква,како и Исламската верска заедница во Македонија, Католичката црква, Евангелистичко –методистичката црква и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон.


Член 48

(1) Припадниците на заедниците имаат право слободно да го изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особености на своите заедници, и да ги употребуваат симболите на својата заедница.

(2) Републиката им ја гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници.

(3) Припадниците на заедници имаат право да основаат културни уметнички, научни и образовни институции, како и научни и други здруженија заради изразување, негување и развивање на својот идентитет.

(4) Припадниците на заедници имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на друг јазик се изучува и македонскиот јазик.


Член 56

(2) Републиката гарантира заштита, унапредување и збогатување на историското и уметничкото богатство на Македонија и на сите заедници во Македонија, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим.

Со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење.


Член 69

….
(2) За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните докумнети и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратениците , при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба, го решава Комитетот за односи меѓу заедниците.


Член 77

(1) Собранието избира народен правобранител со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија..
(2) Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања. Народниот правобранител посветува особено внимание за заштита на начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците заеднците во органите на државната власт, органите на единиците на локална самоуправа ив во јаввите установи и служби.


Член 78

(1) Собранието основа Комитет за односи меѓу заедниците.

(2) Комитетот го сочинуваат 19 члена од кои по седум члена, од редот на пратениците на Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошнаци . Доколку некоја од заедниците нема пратеници , Народниот правобранител по консултација со релевантните преставници на тие заедници ќе ги предложи останатите членови на Комитетот.

(3) Собранието ги избира членовите на Комитетот

(4) Комитетот ги разгледува прашањата од односите меѓу заедниците во Републиката и дава мислење и предлози за нивно решавање.

(5) Собранието е должно да ги разгледува мислењата и предлозите на Комитетот и да донесе одлука во врска со нив.

(6) Во случај на спор меѓу пратениците во Собранието во врска со спроведување на постапката за гласање утврдена во членот 69(2), Комитетот ќе одлучи со мнозинство гласови од членовите за тоа дали ќе се се спроведе постапката.


Член 86

(1) Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност на Република Македонија.
(2) Советот за безбедност на Републиката го сочинуваат: претседателот на Републиката, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката. При именувањето на тројцата членови, Претседателот ќе обезбеди составот на Советот како целина соодвено да го одразува составот на населението во Македонија.

(3) Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.


Член 104

(1) Републичкиот судски совет го сочинуваат седум членови.

(2) Собранието ги избира членовите на Советот. Тројца од членовите се избираат со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Член 109

(1) Уставниот суд на Македонија го сочинуваат девет судии.

(2) Собранието ги избира судиите на Уставниот суд . Собраниет избира шест судии на Уставниот суд со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Собранието избира 3 судии со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедници кои не се мнозинство во Република Македонија. 

 

Член 114

Локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои т припаѓаат на заедници кои не се мнозинство во Република Македонија. Законите за локално финасирање, локални избори, општинските граници и за градот Скопје ќе се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните пратеници,при што мора да има

мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедници кои не се мнозинство во Република Македонија.

 

Член 115

(1) Во единиците на локалната самоуправа, граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење, а особено во областа на јавните служби, урбанизмот и руралното планирање, заштита на околината, локалниот економски развој, локалното финансирање комуналните дејности, културата, спортот, социјалната и детската заштита, образованието здравствената заштита и во други области утврдени со закон.

 

Член 131

(1) Одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

(2) Нацртот за измената на Уставог го утврдува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и го става на јавна дискусија.

од вкупниот број пратеници.

(4) Одлука за Измена на Преамбулата, членовите за локална самоуправа, членот 131, која било одредба што се однесува на правата на членовите на заедниците, вклучувајќи ги особено членовите 7, 8, 9, 19, 48, 56, 69, 77, 78, 86, 104 и 109, како и одлука за додавање која било нова одредба која се однесува на предметот на тие одредби и тие ови, ќе биде потребно двотретинско мнозинство гласови од вкуониот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.

 

Белешки кон

Рамковен Договор Охридскиот рамковен договор

Охридскиот рамковен договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13. август 2001. помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии, и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу терористите од албанска националност и македонските бранители во Конфликтот од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.

Осум години подоцна (2009), експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на албанското малцинство.


Преговори

Преговорите се одвивале во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10. август 2001, па оттаму името Охридски договор.
Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП, и Арбен Џафери, претседател на ДПА, потоа претставници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти: Владо Поповски, Љубомир Фрчковски, и други.

Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни. Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.


Потписници

По завршувањето на преговорите во Охрид, на 13. август 2001 во Скопје договорот го потпишале :

- Борис Трајковски, претседател на Република Македонија,

- Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,

- Имер Имери, претседател на ПДП,

- Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, и

- Арбен Џафери, претседател на ДПА.

Како гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници:

- Франсоа Леотар, претставник на ЕУ

- Џејмс Пердју, претставник на САД

 

Содржина на договорот

Рамковниот договор целосно и безусловно ја отфрла употребата на насилството за остварување на политичките цели. Само мирни политички решенија можат да ја гарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Во тој контекст, Договорот предвидува целосен прекин на непријателствата, разоружување на етничките албански вооружени групи и нивно целосно распуштање.

Охридскиот договор потенцира дека развојот на локалната самоуправа е од најголемо значење за почитување на идентитетот на заедниците. Со Рамковниот договор се предвидува да се ревидира Законот за локална самоуправа со кој ќе се зајакнат овластувањата на избраните локални претставници и значително ќе се зголемат нивните надлежности во согласност со Уставот и Европската повелба за локална самоуправа.

Договорот предвидува целосно почитување на принципот на недискриминација и рамноправен правичен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија. Во Уставниот суд, една третина од судиите ќе се избираат од страна на Собранието, со мнозинство од вкупниот број на пратеници, припадници на заедниците. Истата постапка важи и за изборот на Народниот правобранител и на тројцата членови на Судскиот совет.
Новина е што на централно ниво, уставните амандмани и Законот за локална самоуправа нема да можат да се усвојат без квалификувано двотретинско мнозинство, при што ќе мора да има мнозинство од гласовите на пратениците што припаѓаат на заедниците. Истиот принцип важи и за донесување на закони што директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и законите за локално финансирање, локални избори, градот Скопје и за општинските граници.
Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20% од населението во Македонија. Низ цела Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така е службен.
Во однос на симболите, Охридскиот договор предвидува непосредно до симболот на Македонија, локалните власти да може на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува индентитетот на заедницата која е мнозинство.
Договорот е составен од три анекси:

- анекс А за уставни амандмани,

- анекс Б за измени во законодавството и

- анекс Ц за имплементација и мерки за градење на доверба.

Во анексот А стои дека сегашната Преамбула на Уставот на РМ се заменува со јазик заснован врз концептите на индвидуални права и граѓанско општество:
"Граѓаните на Република Македонија, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање на самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувувањето и развојот на се што е вредно од богатото културно наследство и соживотот во Македонија..."

Анексот Б предвидува измени во законодавството. Предвидено е донесување на повеќе закони меѓу кои и законот за локална самуправа, законот за локално финасирање, за територијална поделба, за изборни единици, потоа нов деловник на Собранието, закони што се однесуваат на употребата на јазиците и други.

Анексот Ц се однесува на имплементацијата на Договорот и мерките за градење на доверба. Овде се регулирани прашањата за пописот, изборите, враќањето на бегалците и улогата на меѓународната заедница.

Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор - СИОФА е дел од Владата на Република Македонија, кој е формиран за успешно спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан за да се прекинат воените дејства во Македонија во 2001.

Секретаријатот е формиран со одлука на Владата на Република Македонија, на 5 април 2004, но под името Сектор за Спроведување на Охридскиот Рамковен Договор, кој во меѓувреме со измените и дополнувањата на Законот за Влада се трансформирал во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор кој започнал да функционира од јануари 2008 година. Името СИОФА доаѓа од самиот англиски назив Secretariat for the implementation of the Ohrid Framework Agreement (SIOFA).

Мисија, цели и задачи

Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор на Владата на Република Македонија има задача да го спроведе целосно Охридскиот рамковен договор и да обезбеди административна и стручна подршка на заменик претседателот на Владата на Република македонија задолжен за спроведување на рамковниот договор.

Највисоки и долгорочни приоритети на Секретаријатот се:

- Да ги спроведе стратешките и другите одлуки усвоени од Владата што целат кон понатамошна стабилизација на мултиетничкиот карактер на Република Македонија,

- Да ги координира напорите внатре во министерствата и другите јавни тела;

- Да развива понатамошни стратешки пристапи за целите на Охридскиот рамковен договор;

- Да создаде подобро разбирање за Охридските принципи и за бенефициите што произлегуваат за секој индивидуално и за општеството воопшто и да се изгради совест, и прифаќање на акциите што Владата ги презема за следење на општата политика;

- Да се обезбеди Владата и јавноста со потребниот материјал и информации поврзани со процесот на спроведување, посебно со Националниот План за Вработување за Правичната Застапеност и со годишниот Извештај за Правичната застапеност во Јавниот Сектор.

 

Организација на секретаријатот

Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор е составен од 4 Сектори, 15 Одделенија и 3 посебни одделенија. Со Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор раководи Државен секретар.

Секторот за спроведување на рамковниот договор се состои од следниве одделенија:

- Одделение за следење на соодветната и правичната застапеност

- Одделение за подготвување на Национални годишни планови и годишни извештаи според соодветната и правичната застапеност

- Одделение за мониторинг на процесот на децентрализација

Секторот за општи работи е составен од следниве одделенија:

- Одделение за координација и соработка

- Одделение за соработка со невладини организации и меѓународна соработка

- Одделение за превод, лекторирање и редакција

- Одделение за протоколарни работи и организациони работи

- Одделение за информатичка технологија

Секторот за буџет е составен од следниве одделенија:

- Одделение за буџет и јавни набавки

- Одделение за координација на странска помош и донации

Секторот за односи со јавноста е составен од следниве одделенија:

- Одделение за односи со јавноста и организирање прес конференции

- Одделение за медиумско следење, анализа и истражување

Како посебни одделенија во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор функционираат:

Одделение за внатрешна ревизија

- Одделение за кадровски работи човечки работи и други стручни работи

- Одделение за стратегија,

- планирање и следење.

 

Trascina file per caricare