Print Friendly

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

З А К О Н

ЗА ПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА ЦРКВА, ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА И РЕЛИГИОЗНА ГРУПА

 

 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Член 1

(1) Со овој закон се уредуваат основањето и правниот статус на црквата, верската заедница и

религиозната група, уредување на богослужба, молитва и верски обред, верска поука и образовни

дејности, приходи на црквата, верската заедница и религиозната група, како и други прашања. (2) Црквата, верската заедница и религиозната група с е одвоени од државата и се еднакви пред

закон.

 

Член 2

(1) Црква, верска заедница и религиозна група, во смисла на овој закон, е доброволна заедница на

физички лица кои со своето верско убедување и изворите на нивното учење ја остваруваат слободата

на вероисповедта соединети по вера и идентитет изразен со подеднакво извршување на богослужба,

молитва, обреди и друго изразување на верата.

 

 

(2) Верски службеник е лице кое е во служба и со своето верско убедување и припаѓа на црква,

верска заедница и религиозна група и врши верско-обредни, просветни, организациски и

добротворни активности во согласност со нормите на врховниот орган на својата регистрирана црква,

верска заедница и религиозна група, кои се во согласност со Уставот, законите и правните прописи

во Република Македонија.

 

Член 3

Правото на слобода на уверување, мисла и совест, ја вклучува слободата на манифестирање на

својата вера или убедување, што сам или заедно со другите, јавно или приватно го има секој човек.

 

 

 

(1) Не е дозволена верска дискриминација.


Член 4

 

(2) Верското убедување не го ослободува граѓанинот од обврските што како граѓанин ги има според

Уставот, законите и другите прописи, освен ако тоа со закон или друг пропис поинаку не е уредено.

 

Член 5

Црквата, верската заедница и религиозната група имаат право внатрешно слободно да се

организираат со нивни органи на управување, хиерархија и надлежност и да определуваат лица кои

ќе ги застапуваат и претставуваат и да донесуваат акти во врска со тоа.

 

Член 6

Државата го почитува идентитетот на црквите, верските заедници, религиозните групи и другите

облици на религиозно здружување и со нив воспоставува однос на постојан дијалог и развива облици

на постојана соработка.

 

Член 7

(1) Црквата, верската заедница и религиозната група своите активности ги вршат согласно со

позитивните законски прописи на Република Македонија, меѓународните декларации и конвенции за

слободата на вероисповедта и изразувањето на верата.

 

(2) Државните органи во рамките на своите надлежности и овластувања создаваат услови за

непречено извршување на активностите на црквата, верската заедница и религиозната група.

 

Член 8

Со закон може да се ограничи слободата на изразување на религијата или убедувањето доколку тоа е

неопходно во интерес на јавната сигурност, поредокот, здравјето, моралот или заштита на правата и

слободите на другите.

 

 

II. ПРАВЕН СТАТУС НА ЦРКВА, ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА И РЕЛИГИОЗНА ГРУПА

 

Член 9

 

(1) Црква, верска заедница и религиозна група се запишуваат во Единствениот судски регистар на

црквите, верските заедници и религиозните групи (во натамошниот текст: надлежниот регистар), со

што стекнуваат својство на правно лице.

 

(2) Органот на државната управа надлежен за работите во врска со односите меѓу државата и

верските заедници води евиденција за регистрираната црква, верска заедница и религиозна група.

 

(3) Во надлежниот регистар се запишува црква, верска заедница и религиозна група доколку

претходно веќе не е извршена регистрација на таква црква, верска заедница и религиозна група.

 

Член 10

(1) Името и официјалните обележја на секоја нова црква, верска заедница и религиозна група треба

да се разликуваат од називите и официјалните обележја на веќе регистрираните цркви, верски

заедници и религиозни групи.

 

(2) Зборот “Македонија”, неговите изведенки, како и преводите на овој збор, потоа грбот и знамето

на Република Македонија можат да се внесат во името и обележјата на црквите, верските заедници и

религиозните групи на начин со кој се истакнува угледот и достоинството на Република Македонија. (3) За употребата на името “Македонија” Министерството за правда дава писмена согласност.

Член 11

(1) Надлежен суд за водење на Единствениот судски регистар на црквите, верските заедници и

религиозни групи е Основниот суд - Скопје II - Скопје.

 

(2) Податоците запишани во надлежниот регистарсе јавни.

 

(3) Министерот за правда ја пропишува формата и содржината на образецот на надлежниот регистар

и начинот на неговото водење.

 

Член 12

(1) Запишувањето во надлежниот регистар се врши врз основа на барање.

 

(2) Кон барањето од ставот (1) на овој член се доставуваат:

- записник од одржано основачко собрание,

- акт за основање,

- акт со кој се уредува статусот, организацијата и дејствувањето,

- опис на изворите на учењето од членот 2 став (1) на овој закон,

- одлука за определување на лице овластено за застапување и претставување на црква, верска

заедница и религиозна група и

- доказ за државјанство на основачите и лицето овластено да застапува и претставува црква, верска

заедница и религиозна група.

 

(3) Црквата, верската заедница и религиозната група се должни да определат одговорно лице, кое до

надлежниот регистар ќе поднесе барање за запишување во рок од 30 дена од денот на донесувањето

на одлуката за основање.

 

(4) Ако кон барањето од ставот (1) на овој член не се доставени сите потребни документи,

надлежниот суд ќе го повика подносителот на барањето во рок од 15 дена од известувањето да ги

достави потребните документи, а во спротивно барањето ќе го отфрли.

 

Член 13

Актот за основање од членот 12 став (2) алинеја 2 на овој закон содржи:

- име и назив на црквата, верската заедница и религиозната група во Република Македонија,

- седиште и адреса на црквата, верската заедница и религиозната група во Република Македонија,

- опис на обележјата и ознаките што ќе ги употребува црквата, верската заедница и религиозната

група,

- име и презиме на лицето кое е должно да поднесе барање за упис до надлежниот регистар,

- начин на изразување на верската припадност и извршувањето на религиозниот култ и

- финансирање на црквата, верската заедница и религиозната група и нивните составни делови и

начин на вршење на надзор во финансиското и материјалното располагање со средствата.

 

Член 14

 

Ако се исполнети условите утврдени во членовите 12 и 13 од овој закон, регистарскиот суд е должен

во рок од осум дена од денот на поднесувањето на барањето да ја запише црквата, верската заедница

и религиозната група во надлежниот регистар.

 

 

 

Член 15

Решението со кое се запишува црква, верска заедница и религиозна група содржи:

- име или назив,

- седиште и адреса и

- името на лицето кое ја застапува и претставува црквата, верската заедница и религиозната група.

 

Член 16

(1) Доколку не се исполнети материјалните услови од овој закон за запишување на црква, верска

заедница и религиозна група, судот ќе го одбие барањето.

 

(2) Против решението со кое се одбива барањето, жалба до второстепениот суд може да поднесе само

подносителот на барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.

 

Член 17

(1) Регистрирана црква, верска заедница и религиозна група доколку донеле одлука за престанок или

бришење од регистарот, се должни тоа да го пријават до надлежниот суд заради бришење во

надлежниот регистар.

 

(2) Регистрирана црква, верска заедница и религиозна група сите промени во однос на елементите

што се запишуваат во надлежниот регистар се должни да ги пријават до надлежниот суд во рок од 15

дена од настанувањето на промената.

 

 

III. БОГОСЛУЖБА, МОЛИТВА И ВЕРСКИ ОБРЕД

 

Член 18

(1) Религиозниот култ се врши во верски објекти како храм, џамија, молитвен дом, синагога, на

гробишта и во други простории на црква, верска заедница и религиозна група.

 

(2) Религиозниот култ може да се врши и да се практикува и во други простории и јавни места.

 

(3) Богослужба, молитва и други манифестации на верата во верски објект или на места од ставовите (1) и (2) на овој член може да организира и да врши верски службеник од црква, верска заедница и

религиозна група во Република Македонија или со нивна дозвола.

 

(4) Поклоничко патување е организирано патување на група верници, верски службеници на свети

места од страна на црква, верска заедница и религиозна група. При организирање на поклоничко

патување организаторот е должен за групата верници, верски службеници да ги применува

прописите за заштита на населението од заразни болести кои се однесуваат на превентивна заштита.

 

(5) Секое лажно претставување за верски службеник и злоупотреба на верски униформи и обележја

на регистрирана црква, верска заедница и религиозна група не е дозволено.

 

(6) Никој не смее да ги попречува свештените лица и верските службеници од цркви, верски

заедници и религиозни групи во Република Македонија во извршувањето на нивните верски

активности во јавните верски објекти и таму каде што тоа е дозволено согласно со овој закон.

 

Член 19

(1) Верски објект се гради врз основа на барање за издавање на одобрение за градба.

 

(2) Органите на општините и на градот Скопје надлежни за урбанизам и донесување на урбанистички

планови во постапката пред издавањето на одобрението за градба на верски објект можат да побараат

мислење од постојната црква, верска заедница и религиозна група, а кое не е обврзувачко за органот.

 

Член 20

(1) Лицата кои се сместени во болници, домови за деца и домови за стари лица, армиски и полициски

институции и простори, затвори и слични институции можат да ја изразуваат својата вера и по

 

сопствено барање да бидат посетувани од свештени лица заради вршење на верски обред и други

форми на манифестирање на религијата или верата во согласност со куќниот ред на институцијата во

која се сместени.

 

(2) Лицата од ставот (1) на овој член можат да бидат посетувани од верски службеник заради вршење

на верски обреди.

 

(3) Институциите наведени во ставот (1) од овој член во рамките на своите законски и просторни

можности можат да одвојат просторија во која ќе се извршува верски обред.

 

 

IV. ВЕРСКА ПОУКА И ОБРАЗОВНИ ДЕЈНОСТИ

 

Член 21

(1) Црква, верска заедница и религиозна група можат да изведуваат верска поука.

 

(2) Верска поука се изведува во простории во кои се вршат верски обреди и други начини за јавно

изразување на верата, како и во други јавни и приватни простории и места, доколку со тоа не се

повредува јавниот ред и мир.

 

Член 22

(1) Црква, верска заедница и религиозна група имаат право да основаат верски образовни установи од

сите степени на образование, освен од основното образование, за школување на свештени лица и

верски службеници, како и ученички и студентски домови за сместување на лицата кои се школуваат

во тие установи.

 

(2) Верските образовни установи се изедначени со другите образовни установи и нивните ученици и

студенти ги имаат истите права и обврски.

 

Член 23

(1) Црквата, верската заедница и религиозната група се должни известувањето за основање на верска

образовна установа, со актот за целите и внатрешната организација на училиштето и наставниот план

и програма, во согласност со одредбите на овој закон, да го поднесе до органот надлежен за работите

во врска со односите меѓу државата и верските заедници најмалку 90 дена пред денот определен за

почетокот на неговото работење.

 

(2) Органот надлежен за работите во врска со односите меѓу државата и верските заедници е должен

своето мислење да го достави до црквата, верската заедница или религиозната група, во рок од 60

дена од денот на поднесувањето на известувањето.

 

Член 24

(1) Наставните планови и програми во верските образовни установи не смеат да бидат во

спротивност со Уставот и со законите.

 

(2) Органот на државната управа надлежен за образованието може да врши увид во наставните

планови и програми на верските образовни установи во смисла на ставот (1) од овој член.

 

Член 25

(1) Настава во верско училиште може да изведува државјанин на Република Македонија.

 

(2) По исклучок, ако црквата, верската заедница и религиозната група имаат потреба од соодветни

кадри, настава во верска образовна установа може да изведува и странски државјанин, во согласност

со прописите за престој на странски државјани во Република Македонија и со одобрение од органот

надлежен за работите во врска со односите меѓу државата и верските заедници.

 

Член 26

(1) Црквата, верската заедница и религиозната група самостојно управуваат со верските образовни

установи и другите образовни установи, како и со ученичките и студентските домови кои можат да

ги формираат во согласност со овој или друг закон.

 

(2) Одговорното лице во верската образовна установа, образовната установа, ученичкиот или

студентскиот дом е должно да му ги стави на располагање на органот на државната управа надлежен

 

за прашања за образованието податоците потребни за вршење увид во нивната работа и во рок

определен од тој орган да ги отстрани евентуалните недостатоци.

 

Член 27

(1) Во воспитнообразовните установи може да се организира верско образование како изборен

предмет согласно со закон.

 

(2) При подготвувањето на наставниот план и програма со кои се утврдува изборниот предмет од

областа на верското образование може преку органот надлежен за работите во врска со односите

меѓу државата и верските заедници да бидат консултирани црквата, верската заедница и

религиозната група.

 

Член 28

Верско образование како изборен предмет можат да изведуваат лица кои ги исполнуваат посебните

услови предвидени за таа цел.

 

Член 29

Учениците помлади од 15 години можат да посетуваат верско образование како изборен предмет врз

основа на согласност на родителите или старателите.

 

Член 30

Црква, верска заедница и религиозна група можат да основаат хуманитарни, културни, социјални,

здравствени, добротворни и друг вид установи, во постапка и под услови утврдени со овој и друг

закон.

 

Член 31

Црква, верска заедница и религиозна група можат да ги користат средствата за јавно информирање и

да издаваат, увезуваат и извезуваат печатени работи во согласност со закон, како и да формираат

сопствени средства за јавно информирање.

 

 

V. ПРИХОДИ НА ЦРКВАТА, ВЕРСКАТА ЗАЕДНИЦА И РЕЛИГИОЗНАТА ГРУПА

 

Член 32

Приходите на црквата, верската заедница и религиозната група се од сопствено финансирање,

приватна филантропија, донации и други форми на финансирање.

 

Член 33

(1) Црквата, верската заедница и религиозната група самостојно располагаат со стекнатите приходи,

во согласност со закон и со прописите на црквата, верската заедница и религиозната група.

 

(2) Финансирањето на црквата, верската заедница и религиозната група, како и трошењето на

финансиските средства е според регулативата за непрофитните организации и организациите од јавен

интерес.

 

 

VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 34

Министерот за правда во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе го донесе

актот за формата и содржината на образецот за запишување во надлежниот регистар и начинот на

неговото водење.

 

Член 35

(1) Органот надлежен за работите во врска со односите меѓу државата и верските заедници е должен

во рок од 60 дена од денот на примената на овој закон да ги достави до Основниот суд Скопје II -

Скопје податоците и документите за постојните цркви, верски заедници и религиозни групи

запишани во нејзиниот регистар.

 

(2) Сите цркви, верски заедници и религиозни групи регистрирани од страна на органот надлежен за

работите во врска со односите меѓу државата и верските заедници заклучно со1998 година можат да

го задржат постојниот правен субјективитет и статус и нивните податоци се пренесуваат и

запишуваат во надлежниот регистар во рокот од ставот (1) на овој член.

 

qJieH  36

Co  )J;eHOT Ha IIpHMeHaTa Ha OBOj 3aKOH rrpeCTaH)'Ba ));a Ba:ìKH 3aKOHOT 3a BepCKHTe 3ae)J;HHIJ;H H pemrrH03HH

rpyrm ("Cn)0K6eH BeCHHK Ha Perry6mrKa MaKe)J;OHHj a" 6poj 35/97).

 

qJieH  37

0Boj 3aKOH BJier)'Ba BO CHJia OCMHOT ));eH O)]; )J;eHOT Ha o6j aB)'BllibeTO BO "C.rry)l{6eH BeCHHK Ha Perry6mrKa

MaKe)J;OHHj a", a Ke ce rrprrMeH)'Ba O)); l Maj  2008 ro.[l;nna.

Trascina file per caricare