Print Friendly, PDF & Email

The measure is available in the following languages:

ЗАКОН ЗА ПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ 1977 година
SI Vernir  na SR 39/77, 28 октомври 1977

 

Член 1

Во Социјалистичка Република Македонија е загарантирана слободата на вероисповедта. Исповедувањето на верата е приватна работа на човекот.

 

Член 2

Граѓаните можат слободно, во согласност со овој закон, да основаат верски заедници. Граѓаните можат да припаѓаат или да не при-паѓаат на верска заедница.

 

Член 3

Сите верски заедници имаат иста правна по-ложба. Верските заедници се одделени од државата. Училиштето е одделено од верските заедници.

 

Член 4

Верските заедници се слободни во вршењето на верските работи и верските обреди. Верските заедници својата дејност ја вршат во согласност со Уставот, законите и другите прописи.

 

Член 5

Никој не смее на кој и да е начин да го при-силува граѓанинот да стане припадник на некоја верска заедница, да остане припадник на таа вер-ска заедница или да истапи од неа.

Никој не смее на кој и да е начин граѓанинот да го присилува да учествува на верските обреди и другите видови изразувања на верски чувства.

Никој не смее на кој и да е начин и на било кого да му забрани да учествува во верските обреди и другите видови изразувања на верски чувства.

Никој не смее да го присилува припадникот на верската заедница да не ги користи правата што како граѓанин ги има според Уставот, законите и другите прописи.

Член 6

Никој не смее да биде ограничуван во правата поради своите верски убедувања, поради припаѓа-ње на верска заедница или поради вршење, од-носно учествување во извршувањето на верските обреди и другите видови изразување на верски чувства.

Верските заедници, нивните претставници и припадници, не можат да уживаат посебни пре-димства, привилегии и посебна заштита.

Исповедувањето на која и да е вероисповед или припадноста на верска заедница никого не го осло-бодува од обврските што како граѓанин ги има според Уставот, законите и другите прописи.

 

Член 7

Верските заедници, верските собири, верските обреди, верскиот печат, верската поука, верските училишта и другите видови изразување на верски чувства не можат да се користат во политички цели.

Во рамките на верските заедници не можат да се организираат и вршат дејности што според Уста-вот и законите се определени како дејности од општ или посебен општествен интерес, како и да се основаат организации за вршење на тие деј-ности.

Забрането е предизвикување, распалување и овозможување верска нетрпеливост, омраза и раз-дор.

Забрането е нарушување или попречување на верски собири, верски обреди и други изразувања на верски чувства.

 

Член 8

Основачите на верската заедница, односно вер-ската заедница, му поднесуваат на органот на упра-вата надлежен за внатрешни работи на општина-та на чие подрачје е седиштето на верската заед-ница пријава во рок од 30 дена од денот на осно-вањето, промената или престанокот на верската за-едница.

Пријавата за основање на верска заедница со-држи: назив, седиште и подрачје на просториите во кои ќе се вршат верските работи и верските обреди.

Со пријавата се поднесуваат и правилата, од-носно соодветниот акт, за организацијата на вер-ската заедница.

 

Член 9

Верските заедници и нивните органи имаат својство на граѓански правни лица.

Одлуките на верските заедници и нивните ор-гани немаат правно дејство надвор од верските за-едници.

 

Член 10

Верските заедници можат во рамките на своја-та дејност да издаваат свој печат и други публи-кации со верска содржина.

Во поглед на верскиот печат и другите публи-кации со верска содржина, важат соодветните про-писи за печатот и издавачката дејност.

 

Член 11

Општествено-политичката заедница може мате-ријално да ги помага верските заедници.

Со одлуката со која се доделува помошта, мо-же да се определи намената за која помошта или дел од неа може да се употреби.

Верските заедници сами располагаат со доделе-ните материјални средства. Ако е помошта дадена за определена цел, може да се бара од верските за-едници да поднесат извештај за реализација на доделените средства.

 

Член 12

Верските заедници можат да собираат добро-волни прилози за верски цели.

Никој не смее да биде присилуван или спре-чуван да дава прилози за верски цели.

Верските заедници не можат да утврдуваат обврски на верниците за плаќање прилози.

Прилозите од став 1 на овој член се собираат во просториите и на местата каде што се вршат вер-ските обреди и верските работи. Надвор од овие места собирањето на доброволни прилози може да се врши само со одобрение на општинскиот орган на управата надлежен за внатрешни работи.

Свештениците можат од граѓаните да примаат вообичаени награди за вршење на верските рабо-ти и верските обреди што ги вршат по нивно ба-рање.

 

Член 13

Верските обреди во собири и верските работи се вршат во црквите, џамиите, другите храмови, гро-биштата и другите јавни простории, што за таа цел ги имаат определено верските заедници, како и во двориштата, кои со нив сочинуваат целина.

 

Член 14

Верските обреди во собири и верските работи може да се вршат и во други простории кои и се достапни на јавноста и што верските заедници ги користат во согласност со Законот. Тие простории мора да сочинуваат посебна целина, да имаат по-себен влез и да ги исполнуваат условите утврдени во Законот за одржување на јавни собири на гра-ѓаните.

Просториите од став 1 на овој член верските заедници можат да ги користат по добиено одобре-ние од надлежниот општински орган на управата во кое се утврдува за кој вид дејност можат да се користат просториите.

 

14 ноември 1977

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА СРМ

Бр. 39 - Стр. 861

 

Член 15

На гробиштата во рамките на прописите за гро-биштата, можат да се вршат само верски обреди сврзани за погреби и верски обреди за кои е воо-бичаено привремено да се вршат на гробиштата.

 

Член 16

Верски обреди во собири надвор од просто-риите и местата предвидени во членовите 13, 14 и 15 од овој закон, освен за погребни поворки, мо-жат да се вршат по решение на општинскиот орган на управата надлежен за внатрешни работи за ко-ја цел му се поднесува претходна пријава. При-јавата се поднесува најдоцна во рок од 30 дена пред одржувањето на верскиот обред.

Во пријавата треба да се наведе кој верски об-ред ќе се врши, времето и местото каде ќе се врши обредот.

Органот од став 1 на овој член е должен да го донесе и достави решението најдоцна осум дена пред одржувањето на верскиот обред.

Не е потребно одобрение за верски обреди што се вршат по барање од верник во неговиот стан, а во врска со семејна слава, венчавање, крштевање, сунетисување (обрезување), исповедување, благос-лов на куќа, нива и слично.

 

Член 17

Во рамките на преземените мерки за заштита на здравјето на граѓаните, јавниот ред и мир и од причина на безбедноста, надлежниот општински, односно републички, орган на управата може да забрани одржување на верски собири и верски посети за верски манифестации за времето додека траат околностите поради кои наведените мерки се преземени.

 

Член 18

Странски државјани можат да вршат верски обреди во собири и верски работи само по прет-ходно одобрение од општинскиот орган на управа-та надлежен за внатрешни работи,

 

Член 19

Верските заедници или нивните органи можат, под условите утврдени со Уставот, законите и дру-гите прописи, да имаат право на сопственост на недвижности, да изградуваат нови и да ги одржу-ваат постојните објекти за вршење верски обреди и верски работи и за сместување на своите служ-беници.

 

Член 20

Лицата што се наоѓаат во болниците, домовите за старци и слични институции можат, во рамките на куќниот ред, да вршат исповедување на својата вера и по нивно барање може да ги посетува свеш-теник заради вршење на верски обреди.

 

Член 21

Верската поука може да се изведува во јавни простории во кои се вршат верските обреди и вер-ските работи.

За посетување на верска поука потребно е сог-ласност од родителите, односно старателот, како и согласност на малолетникот, ако е постар од 10 години.

Верската поука не може да се изведува во вре-мето кога учениците имаат настава во училиштата или се ангажирани во други активности на учи-лиштата.

Надзорот над условите под кои се изведува вер-ската поука го врши надлежниот општински орган.

 

Член 22

Претставникот на верската заедница е должен да ги пријави просториите од член 21 став 1 на овој закон на општинскиот орган на управата надле-жен за внатрешни работи најдоцна 30 дена пред нивната употреба. Кон пријавата треба да се при-ложат докази дека се исполнети општите услови за употреба на деловни, односно јавни простории.

 

Член 23

Верските заедници можат да основаат само вер-ски училишта за подготвување на свештеници и домови за сместување на посетителите на тие учи-лишта.

Верската заедница е должна во рок од 8 дена од донесувањето на одлуката за основање, односно за престанување со работа, да го извести републич-киот орган на управата надлежен за работите на образованието. Известувањето ги содржи називот и седиштето. Кон известувањето се прилагаат настав-ната програма и актот за внатрешната организаци-ја на верското училиште, односно домот.

Училиштата можат да ги посетуваат само лица кои завршиле задолжително основно образование или на кои им престанала законската обврска за посетување на основно училиште.

 

Член 24

Верските заедници самостојно управуваат со верските училишта и домовите што ги основале.

Наставните програми и наставата во верските училишта не смеат да бидат во спротивност со Уставот.

Наставата во овие училишта можат да ја изве-дуваат само лица што се државјани на СФРЈ. Странски државјани можат да ја изведуваат нас-тавата само откако училиштето ќе добие одобре-ние од надлежниот општински орган на управата.

 

Член 25

Надзорот над работењето на училиштата и до-мовите од став 1 член 23 на овој закон го врши надлежниот општински орган.

Одговорното лице во училиштето, односно во домот е должно да му ги стави на располагање на надлежниот општински орган податоците кои се потребни за вршење на надзорот од став 1 на овој член.

Ако органот што го извршува надзорот конста-тира повреди на прописите, ќе донесе писмен акт со кој ќе го задолжи органот кој управува со учи-лиштето, односно домот и ќе му наложи во опре-делен рок да ги отстрани утврдените неправил-ности.

Против актот на надлежниот општински орган училиштето, односно домот или верската заедница, што го основала училиштето, односно домот, имаат право на жалба до надлежниот републички орган на управата.

Жалбата се поднесува во рок од 15 дена од приемот на актот.

Решението донесено по жалбата е конечно во управната постапка.

 

Член 26

Редовните посетители на училиштата за под-готвување на свештеници на верските заедници, во поглед на здравственото, пензиско-инвалидското осигурување и детскиот додаток, како и повласти-ците во јавниот сообраќај ги уживаат истите права како и учениците во другите средни училишта.

 

Член 27

Свештениците на одделни верски заедници имаат право да основаат свои свештенички здру-женија.

Во поглед на овие здруженија важат општите прописи за здруженијата на граѓаните.

 

Член 28

Венчавањето според верските обреди може да се врши само по склучување на брак пред надлеж-ниот државен орган, а крштевањето само по запи-шувањето во матичните книги на родените.

Актот за сунетисување (обрезување) на мало-летни деца може да се врши само во согласност на родителот, односно старателот. Ако малолетникот е постар од 10 години, потребна е негова соглас-ност. За актот сунетисување (обрезување) мора да се обезбедат нужни хигиенски услови.

 

Стр. 862 - Бр. 39

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА СРМ

14 ноември 1977

 

Член 29

Камбаните, како и зградите и двориштата на црквите и храмовите можат да се употребуваат и ЕО случај на општа опасност (поплава, пожар и др.). Во таков случај никој не може да ја спречи упот-ребата на овие средства.

 

Член 30

Со парична казна од 500 до 5.000 динари, или со казна затвор до 60 дена ќе се казни за прекршок поединец кој:

1) Ограничува граѓанин во правата поради не-говите верски убедувања, поради припаѓање на верска заедница, или поради вршење и други ви-дови изразување на верски чувства (член 6 став 1);

2) Ги користи во политички цели верските за-едници, верските собири, верските обреди, верскиот печат, верската поука, верските училишта и други-те видови изразувања на верски чувства (член 7 став 1);

3) Предизвикува, распалува и овозможува вер-ска нетрпеливост, омраза и раздор (член 7 став 3);

4) Нарушува или попречува верски собири, вер-ска поука, верски обреди и други изразувања на верски чувства (член 7 став 4);

5) Присилува граѓанин да стане припадник на некоја верска заедница, да остане припадник на таа верска заедница, односно од нејзе да истапи (член 6 став 1);

6) Присилува граѓанин да учествува во верски обреди и други видови изразувања на верски чув-ства (член 5 став 2) или на кој и да е начин му забранува да учествува во верски обреди и други видови изразувања на верски чувства (член 5 став 3).

 

Член 31

Со парична казна од 500 до 5.000 динари, или со казна затвор до 30 дена ќе се казни за прекршок поединец кој:

1) Присилува или спречува некого да дава при-лози за верски цели, или утврдува обврски, или ако таквиот прилог го собира надвор од местата определени во член 12 став 4 без одобрение на надлежниот општински орган (член 12);

2) Во рамките на верската заедница организи-ра дејности спротивни на член 7 став 2 од овој закон;

3) Врши верски обред спротивно на одредбите од член 13 и 16 на овој закон;

4) Не ги пријави просториите во кои се изве-дува верска поука (член 22), или ако изведува вер-ска поука без согласност на родителот, односно ста-рателот и согласност на малолетникот ако е постар од 10 години (член 21 став 2), односно ако изве-дува верска поука во време кога учениците имаат настава во училиштето или се ангажирани во дру-ги активности на училиштата (член 21 став 3);

5) Ќе изврши крштевање или сунетисување (обрезување) без согласност на родителот, односно старателот (член 28 став 2);

6) Овозможи па странски државјанин да врши верски обреди во собири без претходно одобрение, како и странскиот државјанин кој тоа го прави без одобрение (член 18).

 

Член 32

Со парична казна од 300 до 3.000 динари ќе се казни:

1) Основачот на верска заедница, односно вер-ската заедница, ако во рок од 30 дена од денот на основањето, промената или престанокот не подне-сат пријава до надлежниот орган (член 8);

2) Кој присилува припадник на верска заедни-ца да не ги користи правата, што како граѓанин ги има според Уставот, законите и другите прописи (член 5 став 4);

3) Кој ги попречува лицата кои се наоѓаат во болниците, домовите за старци и во слични инсти-туции да ја исповедуваат својата вера во грани-ците на куќниот ред (член 20);

4) Одговорното лице во училиштето, односно во домот, кое нема да ги стави на располагање пода-тоците потребни за вршење надзор (член 25 став 2).

 

Член 33

Постојните верски заедници се должни да под-несат пријава, односно известување, согласно со член 8, 14, 22 и 23 од овој закон во рок од 5 месе-ци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 

Член 34

Со влегувањето во сила на овој закон преста-нува да важи Уредбата за извршување на одделни одредби од Законот за правната положба на вер-ските заедници („Службен весник на НРМ" бр. 26/61).

 

Член 35

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Социјалис-тичка Република Македонија".

 

528.

Врз основа на член 376, став 1, алинеја 6 од Уставот на Социјалистичка Република Македонија, Претседателството на Социјалистичка Република Македонија издава

Trascina file per caricare
Trascina file per caricare