Print Friendly

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

УРЕДБА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ОДДЕЛНИ ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ПРАВНАТА ПОЛОЖБА НА ВЕР-СКИТЕ ЗАЕДНИЦИ 1961

 

Член 1

(кон чл. 12 став 2 од Законот)

Собирање на прилози за верски цели може слободно да се врши во црквите, храмовите, јавните простории одредени за вршење на верски обреди во смисла на член 2 од оваа уредба и во други простории во кои верската заедница врши верски работи.

Собирање на прилози на други места може да се врши само на основа одобрение од органот на управата надлежен за внатрешни работи на народ-ниот одбор на општината на чие подрачје тоа се врши.

 

Член 2

(кон чл. 13 став 1 од Законот)

Како јавна просторија за вршење верски об-реди одредена од верската заедница се смета згра-дата или просторијата која чини посебна целина и има посебен влез.

Верската заедница може да определи просто-рија од претходниот став само доколку во местото нема црква односно храм.

Како јавен простор сврзан со црква односно храм се смета земјиштето кон црквата односно хра-мот кои со земјиштето на кое се најдува црквата односно храмот сочинува катастарска целина.

Верски обреди кои по обичај се вршат на гро-бишта можат, во рамките на општите прописи за гробиштата, да се вршат на сите гробишта во на-селените и вон населените места, и тоа како на при-клучените кон цркви, манастири, џамии и сл., така и на оние што се одделени од нив.

Верската заедница е должна да го извести ор-ганот на управата на општинскиот народен одбор надлежен за внатрешни работи за тоа кои згради односно простории во згради од ст. 1 на овој член се одредени како јавни простории за вршење на верски обреди, и тоа најдоцна 15 дена пред нив-ната употреба.

 

Член 3

(кон чл. 13 став 2 од Законот)

Литии, процесни и други верски обреди (во на-тамошниот текст: обреди) можат да се вршат ИЈ вон Стр. 402 - Бр. 26

 

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА НРМ

 

31 јули 1961 просториите наведени во член 13 став 1 од Законот за правната положба на верските заедници и член 2 од оваа уредба само на основа одобрение од ор-ганот на управата надлежен за внатрешни работи на околискиот народен одбор.

Барање за одобрение, во смисла на претходниот став, поднесува старешината на црквата односно храмот кој одржува обред, и тоа најдоцна 10 дена пред денот одреден за вршење на обредот. Во ба-рањето ќе се наведе обредот што ќе се врши, како и времето и местото каде ќе се врши.

Органот на кој е поднесено барањето за одобре-ние за одржување на обреди од став 1 од овој член е должен да донесе решение најдоцна 3 дена пред одржување на обредот.

Решение за барањето се донесува по слободна оценка и не мора да се образложи!.

 

Член 4

(кон чл. 14 од Законот)

Актот на крштевање односно обрезување на малолетник се врши по писмено барање на еден од неговите родители или од неговиот старател.

По исклучок актот на крштевање односно об-резување може да се врши и без писмено барање, ако на крштевање^ односно обрезувањето присус-твува родител или старателот на малолетникот.

Ако малолетникот е постар од 10 години;, ли-цето кое го врши крштевањето односно обрезува-њето е должно да го праша лично дали е согласно над него да се изврши актот на крштевање односно обрезување.

Актот на крштевање односно обрезување на малолетникот може да се врши без одобрение во станот на припадникот на верската заедница над кој се брши актот.

Ако верската заедница врши акт на крштевање на реките овој може да се врши на погодни места што за таа цел се одобрени од органот на управата на народниот одбор на општината надлежен за внатрешни работи1. Барање за одобрување крпгге-вањето да се врши на овие места поднесува прет-ставникот на верската заедница.

 

Член 5

(кон чл. 13 од Законот)

Верски обреди во скупови и верски работи мо-жат да вршат само верски лица кои се југословен-ски' државјани.

По исклучок, верски обреди во скупови и вер-ски работи можат да вршат и верски лица страни државјани ако за тоа добијат одобрение од органот на управата на народниот одбор на околијата над-лежен за внатрешни работи.

Барањето за одобрение го поднесува претстав-никот на верската заедница во местото каде ќе се врши верскиот обред во скуп односно верската ра-бота и тоа најдоцна три дена пред денот одреден за нивното вршење. Во барањето ќе се наведе вер-скиот обред односно верската работа која ќе се врши, како и местото и времето на вршењето. Решение по барањето се донесува по слободна оценка и не мора да се образложи.

 

Член 6

(кон чл. 4 ст. 2 и чл. 19 ст. 1 од Законот)

Верска настава (катихезација) се врши само во црквите, храмовите и јавните простории одредени за вршење на верски обреди, како и во други прос-тории во кои верската заедница врши верски ра-боти.

Верска настава (катихезација) можат да вршат само верски лица одредени од надлежниот орган на верската заедница.

 

Член 7

Одобрение од двата родители односно старате-лот за посетување на верска настава (катихезација^ се дава писмено. За посетување на верска настава (катихезација) малолетникот дава свој пристанок усно. Ако малолетникот не даде свој пристанок, односно изјави дека не сака да посетува верска нас-тава (катихезација), лицето кое ја одржува вер-ската настава (катихезација) не може да го опфане со неа. ,

Одобрение односно пристанок од претходниот став се дава пред надлежниот орган на верската заедница.

 

КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

 

Член 8

Со парична казна до 10.000 динари или казна затвор до 15 дена ќе се казни за прекршок стори-телот: I

1. кој прибира прилози без одобрение од над-лежните органи (чл. 1 ст. 2);

2. кој одржува ли-ги ја, процесија и други вер-ски обреди без одобрение од надлежниот орган (чл. 3 ст. 1);

3. лице кое врши верска настава (катихезација):

а) вон црквите, храмовите и другите простории што се одредени за тоа;

б) без да е одредено од надлежниот орган на верската заедница за вршење на верска настава; и

в) без одобрение од родителите или старателот односно без пристанок на малолетникот (чл. 6 ст. 1 и 2 и чл. 7 ст. 1).

 

Член 9

Со парична казна до 5.000 динари ќе се казни за прекршок: .

1. лицето кое врши верски обред во згради од-носно простории во згради кои не се пријавени на надлежниот орган како јавни простории за вршење на верски обреди (чл. 2 ст. 5); ,

2. одговорното лице на верската заедница кое не го извести надлежниот орган за згради односно простории одредени како јавни простории за вр-шење на верски обреди (чл. 2 ст. 5);

3. одговорното лице на верска заедница кој ќе дозволи на стран државјанин да врши верски обред без претходно одобрение (чл. 5 ст. 2);

4. страниот државјанин кој без одобрение од надлежен орган ќе изврши верски обред или друга верска работа (чл. 5 ст. 2). Ѕ'1 јули 1961

 

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА НРМ

 

Бр. 26 - Стр. 403

 

Член 10

По прекршоците од оваа уредба администра-тивно-казнената постапка во прв степен ја води околискиот судија за прекршоци.

III

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

Член 11

Во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на оваа Уредба верската заедница е должна да го обавести органот на управата надлежен за внатрешни работи на општинскиот народен одбор кои згради: или простории во зградите се користат на денот на влегувањето во сила на оваа уредба како јавни простории за вршење на верски обреди (чл. 13 ст. 1 од Законот). /

 

Член 12

Оваа уредба влегува во сила тривеетиот ден по нејзиното објавување во ,,Службен весник на На-родна Република Македонија".

Бр. 09-1492/1 ^

 

 

 

Trascina file per caricare