The measure is available in the following languages:
ПРАВИЛНИК ЗА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ
(Објавено 17 April 2012 - 10:25 AM)
ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА РАБОТНИТЕ МЕСТА И ЗВАЊА и органограм 2010
Надлежности и активности на Комисијата
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е самостоен орган на државната управа, надлежен за односите помеѓу верските заедници и религиозните групи и државата.
Основна задача на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е да помага при разрешување на прашањата кои ќе се појават помеѓу верските заедници и религиозни групи во Република Македонија и државните органи, односно, таа се јавува како врзна точка меѓу државата и црквата.
Активностите на Комисијата произлегуваат од нејзините овластувања од Законот за државната управа, Законот за верските заедници и религиозни групи, како и од обврските кои Комисијата ги има или од неа се бараат да бидат исполнети од страна на Собранието на РМ и од страна на Владата на Република Македонија, а се одвиваат според утврдена програма за работа на Комисијата.
Комисијата ја следи работата на 26 цркви, верски заедници и религиозни групи во РМ.
Објавено 17 April 2012 - 10:30 AM
Контакт податоци:
Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи
Бул. Гоце Делчев бб, зграда на МРТВ,18 спрат,
1000 Скопје, Р. Македонија
e-mail: rkovz@t-home.mk web: http://www.kovz.gov.mk/
ВЕРСКИ АЛМАНАХ
ворд верзија - http://www.kovz.gov.... Word doc-1.doc
пдф верзија - http://www.kovz.gov.... cel najnov.pdf
Објавено 17 April 2012 - 11:02 AM
Законска регулатива
Oдносите помеѓу верските заедници и религиозните групи со државата се регулирани со Уставот на Република Македонија, Законот за органите на државната управа и Законот за црква, верска заедница и религиозна група.
Со член 19 од Уставот на Република Македонија е регулирано дека Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред закон. Од ова јасно произлегува дека во Република Македонија нема државна религија.
Државата е секуларна и религијата е одвоена од неа. Тоа значи дека државата нема право да се меша во црковните работи, ниту пак црквата да се меша во државните работи. Со Законот за органите на државната управа е основана Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи како посебен орган на државната управа. Овој орган има статус на правно лице. Во член 29 од овој Закон е пропишано дека Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи се грижи за правната положба на верските заедници и религиозните групи и за односите меѓу државата, верските заедници и религиозните групи.
Имајќи предвид дека во текот на важењето на овој закон, Уставниот суд на РМ укина неколку од неговите членови, истиот стана неприменлив во повеќе сегменти и создаде обврска да се понудат нови законски решенија. Како дополнение на аргументацијата беа и уставните амандмански измени и дополнувања на Уставот од 2001 година и потребата од прилагодување на нашето законодавство со меѓународните норми и стандарди заради што на 05.09.2007 година беше донесен новиот Закон за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група.