Print Friendly, PDF & Email

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

ПРАВИЛНИК ЗА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ

(Објавено 17 April 2012 - 10:25 AM)


ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА РАБОТНИТЕ МЕСТА И ЗВАЊА и органограм 2010


Надлежности и активности на Комисијата


Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е само­сто­­ен орган на државната управа, надлежен за односите помеѓу верските заедници и ре­­ли­гиозните групи и државата.

Основна задача на Комисијата за односи со верските заедници и ре­лиги­оз­­ни групи е да помага при разрешува­ње на прашањата кои ќе се појават по­ме­ѓу вер­ски­те заедници и ре­лигиозни групи во Република Маке­донија и држав­ни­те органи, односно, таа се јавува ка­ко врзна точка меѓу државата и црквата.


Активностите на Комисијата произлегуваат од нејзи­ни­те ов­ла­стув­ања од Законот за државната управа, Законот за верските заедници и ре­ли­гиозни гру­пи, како и од обврските кои Комисијата ги има или од неа се бараат да бидат исполнети од стра­­на на Со­бра­­нието на РМ и од страна на Владата на Република Маке­донија, а се од­ви­­ваат спо­­ред ут­врдена програма за работа на Комисијата.

 

Комисијата ја следи работата на 26 цркви, верски заедници и религиоз­ни гру­пи во РМ.

Објавено 17 April 2012 - 10:30 AM

 

Контакт податоци:

Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи

Бул. Гоце Делчев бб, зграда на МРТВ,18 спрат,

1000 Скопје, Р. Македонија

e-mail: rkovz@t-home.mk web: http://www.kovz.gov.mk/

 

ВЕРСКИ АЛМАНАХ


ворд верзија - http://www.kovz.gov.... Word doc-1.doc

пдф верзија - http://www.kovz.gov.... cel najnov.pdf

 

Објавено 17 April 2012 - 11:02 AM

Законска регулатива


Oдносите помеѓу верските заедници и религиозните групи со државата се регу­ли­рани со Уставот на Република Македонија, Законот за органите на државната управа и Законот за црква, верска заедница и религиозна група.


Со член 19 од Уставот на Република Македонија е регулирано дека Ма­­­ке­донската православна црква, како и Исламската верска заедница, Като­лич­ката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и дру­ги­те верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се една­кви пред закон. Од ова јасно произлегува дека во Република Македонија нема др­жав­на религија.


Државата е секуларна и религијата е одвоена од неа. Тоа зна­чи дека државата не­ма право да се меша во црковните работи, ниту пак црк­ва­та да се меша во др­жавните работи. Со Законот за органите на државната управа е основана Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи како посебен орган на државната управа. Овој орган има статус на правно лице. Во член 29 од овој За­кон е пропишано дека Комисијата за односи со вер­ските заедници и рели­ги­озните групи се грижи за правната положба на вер­ските заедници и религи­оз­ните групи и за односите меѓу државата, вер­ските заедници и религиозните групи.

Имајќи предвид дека во текот на важењето на овој закон, Уставниот суд на РМ укина неколку од неговите членови, истиот стана неприменлив во повеќе сегменти и создаде обврска да се понудат нови законски решенија. Како дополнение на аргументацијата беа и уставните амандмански измени и дополнувања на Уставот од 2001 година и потребата од прилагодување на нашето законодавство со меѓународните норми и стандарди заради што на 05.09.2007 година беше донесен новиот Закон за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група.