The measure is available in the following languages:
Вероисповеста во законската регулатива на Република Македонија
[Објавено 17 April 2012 - 10:10 AM]
Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи ги врши работите што се однесуваат на правната положба на верските заедници и религиозните групи, како и работите во врска со односите меѓу државата, весрките заедници и религиозните групи.
Слободата на вероисповест на човекот и граѓанинот, како една од темелните вредности на нашиот уставен поредок, како и правата на верските заедници и религиозни групи како субјекти во системот се регулирани во следните членови од Уставот на Република Македонија.
Организациони облици на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
Во Комисијата постојат следните организациони облици:
1. Сектор за прашања на односите со верските заедници и религиозни групи со две одделенија и тоа:
1.1. Одделение за утврдување на правната положба на верските заедници и религиозните групи;
1.2. Одделение за утврдување на односите помеѓу државата, верските заедници и религиозните групи.
Објавено 17 April 2012 - 10:12 AM
Статусот на комисија за односи со верските заедници и религиозни групи од 1943 година до денес
За првпат како служба која е основана за верски работи се јавува во периодот од 1944 до 1945 год. како верско поверенство. Потоа, од 1945 до 1951 год. овој орган се наоѓа во состав на тогашниот Секретаријат за внатрешни работи. Од 1951 год. па до денес постои како самостоен државен орган, а во изминатите години го менуваше само својот назив.
Така, од 1951-62 год. постои како Комисија за верски прашања, од 1963-76 год. како Републичка комисија за верски прашања, од 1977-2000 год. како Републичка комисија за односи со верските заедници, а од 2000-та година до денес, како Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи. За целиот овој период до 2000-та година, со органот раководи функционер на ниво на потпретседател на Влада, односно министер, а со законските решенија од 2000 година па наваму, претседател / директор, именуван од Владата на РМ.