Print Friendly

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

Врз основа на член 40 од Законот за изменување и дополнување на Законот за семејс- твото (ìСлужбен весник на Република Македонијаî број 38/2004), Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 12 ноември 2004 година, го утврди Пречистениот текст на Законот за семејството.

Пречистениот текст на Законот за семејството ги опфаќа: Законот за семејството (ìСлужбен весник на Република Македонијаî број 80/92), Законот за изменување и допол- нување на Законот за семејството (ìСлужбен весник на Република Македонијаî број 9/96) и Законот за изменување и дополнување на Законот за семејството (ìСлужбен весник на Република Македонијаî број 38/2004) во кои е означено времето на нивното влегување во сила, Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија (ìСлужбен весник на Репуб- лика Македонијаî број 19/2000) и Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија (ìСлужбен весник на Република Македонијаî број 79/2001), како и членот 257 од Законот за сопственост и други стварни права (ìСлужбен весник на Република Македонијаî број 18/2001) во делот што се однесува на престанување на важење на членовите 203 до 218 од Законот за семејството (ìСлужбен весник на Република Македонијаî број 80/92 и 9/96).

Бр. 10-4180/2
12 ноември 2004 година

Скопје

Претседател
на Законодавно-правната

комисија на Собранието на Република Македонија, Цветанка Иванова, с.р.

ЗАКОН
ЗА СЕМЕЈСТВОТО (Пречистен текст )

ПРВ ДЕЛ ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој закон се уредуваат: бракот и семејството, односите во бракот и семејството, одредени облици на посебна заштита на семејството, нарушените односи и насилството во бракот и семејството, посвојувањето, старателството, издржувањето, како и постапката пред судот во брачните и семејните спорови.

Член 2
Семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заед-

ничко домаќинство.
Семејството настанува со раѓање на деца и со посвојување.

Член 3
Односите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусеб-

но помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните деца.

1

Член 4
Републиката обезбедува посебна заштита на семејството, мајчинството, децата, мало-

летните лица, децата без родители и децата без родителска грижа.
Републиката обезбедува заштита на бракот и семејството од нарушени односи и на-

силство во бракот и семејството.
Републиката создава и обезбедува научни, економски и социјални услови за планирање

Член 5
на семејството и за слободно и одговорно родителство.

Во остварувањето на правото на слободно и одговорно родителство, родителите се должни да обезбедат оптимални услови за здрав раст и развој на своето дете во семејство- то и општеството.

Член 6
Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат ин-

тересите на брачните другари, семејството и општеството.
Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената

да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање.

Член 7 Родителството настанува со раѓање и посвојување.

Оспорување и утврдување на родителството е дозволено под услови и на начин утвр- ден со овој закон.

Член 8
Родителите спрема своите деца имаат еднакви права и должности (родителско право).

Односите на родителите и децата се засноваат на права и должности на родителите да се грижат за подигање, чување, воспитание и образование на своите деца и да ги развиваат нив- ните работни способности и навики.

Родителското право го вршат родителите заедно во согласност со потребите и интере- сите на децата и интересите на општествената заедница.

На родителот може да му биде одземено или ограничено вршењето на родителското право под услови предвидени со овој закон.

Член 9
Правата и должностите на родителите и на другите роднини спрема децата, како и пра-

вата и должностите на децата спрема родителите и другите роднини се еднакви, без оглед дали децата се родени во брак или надвор од бракот.

Член 10
Родителското право престанува со полнолетство на детето или на друг начин предви-

ден со овој закон.
Полнолетството се стекнува со наполнување 18 години од животот, кога полнолетното

лице се здобива со деловна способност.

Член 11
Издржувањето е право и должност на родителите, на децата и на другите роднини

утврдени со овој закон, како и на лицата кои живеат во брачна или вонбрачна заедница. 2

Доколку издржувањето не може да се оствари од лицата од ставот 1 на овој член, на не- обезбедените членови на семејството, Републиката им обезбедува средства неопходни за издржување, под услови определени со закон.

Член 12

Републиката преку старателство обезбедува заштита на децата без родители, на мало- летните деца без родителска грижа и на полнолетните лица под услови и на начин утвр- ден со овој закон.

Член 13

Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брач- ната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.

Член 14

Работите сврзани со посебната заштита и помош на семејството, насилството во бракот и семејството, дел од работите сврзани со посвојувањето, како и работите на старателс- твото, утврдени во овој закон, ги врши центар за социјална работа со методите на струч- ната, советодавната и советовалишната интердисциплинарна тимска работа.

За работите од ставот 1 на овој член кои се однесуваат на посвојувањето одлучува Ко- мисија за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика (во натамошниот текст: Комисија).

За работите од ставот 1 на овој член центарот за социјална работа и Комисијата ги при- менуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.

По жалбите изјавени против решенија на центарот за социјална работа решава Мини- стерството за труд и социјална политика.

По жалбите изјавени против решенијата на Комисијата решава соодветна комисија за работи од социјалната политика при Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Комисија при Владата на Република Македонија).

Жалбите изјавени против решенијата на центарот за социјална работа и Комисијата не го задржува нивното извршување.

Член 15
Овластувањето за спроведување на извршувањето на решенијата на центарот за соци-

јална работа, службеното лице го докажува со легитимација.
Легитимацијата на службеното лице ја издава министерот за труд и социјална полити-

ка.
Образецот на легитимацијата на службеното лице и начинот на нејзиното издавање го

пропишува министерот за труд и социјална политика. Член 16

Бројот на извршителите и овластувањата кои ги имаат извршителите ги определува ми- нистерот за труд и социјална политика со решение.

3

ВТОР ДЕЛ

БРАК

I СКЛУЧУВАЊЕ НА БРАК

1. Услови за склучување и полноважност на бракот

Член 17
Брак можат да склучат две лица од различен пол со слободно изјавена волја пред над-

лежен орган, на начин определен со закон.

Член 18
Не може да склучи брак лице кое не наполнило 18 години од животот.

Надлежниот суд може, во вонпроцесна постапка, да дозволи склучување на брак на лице кое наполнило 16 години од животот ако утврди дека тоа достигнало телесна и душевна зрелост потребна за вршење на правата и должностите што настануваат во бракот, а по претходно прибавено мислење од здравствена установа и укажана стручна помош во цента- рот за социјална работа.

Член 19
Не може да склучи нов брак лице додека порано склучениот брак не му престане.

Член 20

Не можат да склучат брак лица кои поради манифесна форма на душевно заболување со присуство на психотични симптоми или резидуални знаци од болеста не се во состојба да го сфатат значењето на бракот и обврските што произлегуваат од него, а кои се исто- времено неспособни за расудување.

Не можат да склучат брак и лица кои заостануваат во менталниот (психичкиот) развој, а припаѓаат во групата на лица со тешка и најтешка ментална заостанатост IQ под 36 °.

Лицата кои се распоредени како лица со умерени пречки во психичкиот развој или со лесни пречки во психичкиот развој, како и лица кои имаат тешки наследни заболувања во фамилијата, можат да склучат брак по претходно прибавено мислење за генетската кон- струкција издадено од Заводот за ментално здравје на деца и младинци Скопје или друга соодветна институција која се занимава со вршење на генетски истражувања.

Член 21
Бракот не е полноважен кога согласноста за склучување на брак е дадена под присила

или во заблуда.

Член 22

Не можат меѓу себе да склучат брак крвни роднини во права линија (дедо, баба, мајка, татко и внуци), како ни родени браќа и сестри, брат и сестра по татко, односно по мајка, стрико и дете од брат, вујко и дете од сестра, тетка и дете од брат, тетка и дете од сестра, ниту први братучеди.

Не можат да склучат брак и лица чие сродство од ставот 1 на овој член е засновано со посвојување.

4

Член 23

Не можат меѓу себе да склучат брак свекор и снаа, зет и тешта, очув и паштерка, маќеа и пасинок, без оглед на тоа дали бракот, поради чие склучување тие дошле во такво сродство, престанал.

Од оправдани причини надлежниот суд може во вонпроцесна постапка, да дозволи роднините од ставот 1 на овој член меѓу себе да склучат брак.

Член 24
Вонбрачното сродство претставува пречка за склучување на брак како и брачното.

2. Постапка за склучување на брак
Член 25
Лицата кои имаат намера да стапат во брак поднесуваат пријава до органот на управата

надлежен за водење на матичните книги на венчаните.

Пријавата за склучување на брак може да се даде писмено или усно на записник.

Кон пријавата, идните брачни другари, приложуваат извод од матична книга на роде- ните, потврда дека посетиле предбрачно и брачно советувалиште во центарот за социјална работа кога прв пат склучуваат брак и други исправи кога е тоа потребно (решение со кое е дозволено склучување на брак, доказ дека претходниот брак престанал, полномошно и слично).

Член 26
Матичарот ќе провери, врз основа на изјавата на лицата кои сакаат да стапат во брак, а

по потреба и на друг начин, дали постои законска пречка за склучување на бракот. Матичарот е должен со решение да го одбие склучувањето на бракот, ако утврди дека

според законот не е дозволено неговото склучување.

Против решението од ставот 2 на овој член лицата кои поднеле пријава за склучување на брак можат да поднесат жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до органот на управата надлежен за водењето на матичните книги.

Член 27
Денот и часот за склучување на бракот го определува матичарот во договор со лицата

кои сакаат да склучат брак.
Склучување на брак се врши на свечен начин и во посебна, за тоа определена службена

Член 28
По барање на лицата кои сакаат да склучат брак, бракот може да се склучи и на некое

просторија.
друго место, ако за тоа постојат оправдани причини.

Член 29
Бракот се склучува во присуство на лицата кои сакаат да склучат брак, одборникот во

собранието на општината што тоа ќе го определи, двајца сведоци и матичарот. Сведок при склучување на брак може да биде секое деловно способно лице.

5

Член 30

Во посебно оправдани случаи, органот надлежен за водење на матичните книги на вен- чаните може со решение да дозволи бракот да се склучи со присуство само на еден од ид- ните брачни и полномошник на другиот брачен другар.

Полномошното содржи лични податоци за давателот на полномошното, полномошни- кот и лицето со кое давателот на полномошното сака да склучи брак.

Полномошното се издава во форма на јавна исправа. Член 31

Склучувањето на бракот започнува со извештај на матичарот дека се присутни подно- сителите на пријавата и дека врз основа на исправите, изјавите на идните брачни другари и на сведоците, е утврдено дека не постојат пречки за склучување на бракот.

Ако бракот се склучува преку полномошник се чита полномошното издадено во смисла на членот 30 од овој закон.

Откако одборникот на собранието на општината ќе утврди дека нема приговор на изве- штајот на матичарот, ги запознава идните брачни другари со значењето на бракот и права- та и обврските што произлегуваат од него. Потоа го прашува поединечно секој од идните брачни другари дали се согласува да склучи брак со идниот брачен другар.

Изјавата на идните брачни другари дека се согласни да го склучат бракот, матичарот ќе ја запише во матичната книга на венчаните, во која потоа се потпишуваат идните брачни другари, одборникот во општината, сведоците и матичарот.

Бракот е склучен кога идните брачни другари ќе се потпишат во матичната книга на венчаните.

По потпишувањето од двајцата идни брачни другари, одборникот на општината ќе прогласи дека меѓу жената и мажот, наведени со нивните лични имиња, бракот е склучен.

Веднаш по запишувањето во матичната книга на венчаните на брачните другари ќе им се издаде извод од матичната книга на венчаните.

Член 32
Бракот склучен по верски обичаи не произведува правно дејство.

II ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ

Член 33

При склучувањето на бракот, брачните другари можат да се спогодат да го земат за презиме презимето на едниот или на другиот брачен другар или секој да го задржи своето презиме или секој од нив на своето презиме да го додаде презимето на другиот брачен другар или едниот брачен другар да го земе презимето на другиот брачен другар и на тоа презиме да му го додаде своето презиме.

Член 34
Секој брачен другар е независен во изборот на работата и занимањето.

Брачните другари спогодбено одлучуваат за местото на заедничкото живеење и за во- дење на заедничкото домаќинство.

6

Член 35
Брачните другари секој според своите способности се грижат за задоволување на потре-

бите на семејството.

Член 36
Се забранува секаков вид на насилство во бракот и семејството.

III ПРЕСТАНОК НА БРАКОТ Член 37

Бракот престанува со смрт на еден од брачните другари, со прогласување на исчезнати- от брачен другар за умрен, со поништување и со развод на бракот.

Ако еден од брачните другари е прогласен за умрен, бракот престанува со денот, кој со правосилното решение е утврден како ден на неговата смрт.

Бракот престанува со поништување и со развод кога пресудата за поништување, однос- но развод, ќе стане правосилна.

1. Поништување на брак
Член 38
Бракот ќе се поништи ако се утврди дека при неговото склучување постоела некоја од

брачните пречки предвидени во членовите 18 до 24 на овој закон.

Член 39
Поништување на брак може да бара еден од брачните другари, јавниот обвинител, како

и физичко и правно лице кое за тоа има правен интерес, ако со овој закон поинаку не е определено.

Поништување на брак склучен под принуда може да бара само брачниот другар кој бил принуден да го склучи бракот. Тужба може да се поднесе во рок од една година од денот кога опасноста од извршувањето на принудата престанала.

Поништување на брак склучен во заблуда може да бара само брачниот другар кој во заблуда се согласил да склучи брак. Тужба може да се поднесе во рок од една година од денот на сознавањето на заблудата.

Член 40
Правото на поднесување тужба за поништување на брак не преминува на наследниците

на тужителот, но тие можат да ја продолжат започнатата постапка. Член 41

Тужба за поништување на бракот поради причините утврдени во членовите 18 до 24 на овој закон, освен кога се работи за принуда, заблуда, како и за малолетство, може да се поднесе и по престанок на бракот.

7

2. Развод на брак Член 42

Бракот може да се разведе со заемна согласност на брачните другари.

Ако брачните другари имаат заеднички малолетни деца или полнолетни деца над кои им е продолжено родителското право, потребно е да поднесат спогодба за начинот на вр- шењето на родителските права и должности и за издржувањето и воспитанието на децата.

Судот ќе донесе одлука за развод на бракот по заемна согласност на брачните другари ако утврди дека тие таа согласност ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо.

Член 43
Бракот може да се разведе по барање на еден од брачните другари ако брачните односи

се до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив.

Член 44
Брачниот другар може да бара развод на бракот ако брачната заедница фактички пре-

станала подолго од една година.
Во случај на развод или поништување на бракот, секој од поранешните брачни другари

Член 45
го задржува презимето што го има, а може да бара и промена на тоа презиме.

Член 46
Правосилна пресуда за развод или поништување на бракот, судот ја доставува до орга-

нот на управата надлежен за водење на матична книга на венчаните најдоцна во рок од 30 дена заради упис на промените, како и до центарот за социјална работа, ако во бракот имаат малолетни деца или деца над кои е продолжено родителското право.

ТРЕТ ДЕЛ

ОДНОСИ НА РОДИТЕЛИ И ДЕЦА

I РОДИТЕЛСКО ПРАВО

Член 47

Родителското право го сочинуваат правата и должностите на родителите да се грижат за личноста, правата и интересите на своите малолетни деца и децата над кои е продолже- но родителското право.

Член 48
Родителското право им припаѓа на мајката и на таткото подеднакво.

Ако еден од родителите е умрен или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини е спречен да го врши родителското право, родителското право го врши другиот родител.

8

II ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА

Член 49
Родителите имаат право и должност да ги издржуваат своите малолетни деца, да се

грижат за нивниот живот и за нивното здравје, да ги подготвуваат за самостоен живот и работа, да се грижат за нивното воспитание, школување и стручно оспособување.

Детето има право да биде издржувано од своите родители, да биде згрижено, да биде заштитен неговиот живот и здравје, да биде оспособено за самостоен живот и работа, да му се обезбедат оптимални услови за негово воспитување, школување и стручно оспосо- бување, зависно од условите на семејството.

Член 50 Малолетните деца имаат право да живеат со своите родители.

Малолетните деца можат да живеат одвоено од своите родители само кога е тоа од не- посреден интерес за децата или кога тоа е од заеднички интерес за децата и за родителите.

Детето има право да одржува лични односи и непосредни контакти со родителот со ко- го не живее.

Родителот со кого детето не живее има право и должност да одржува лични односи и непосредни контакти со своето дете.

Малолетните деца имаат право да одржуваат непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого му е одземено родителското пра- во или од други причини е спречен да го врши родителското право.

Член 51
Родителите имаат право и должност да ги застапуваат своите малолетни деца.

Детето има право да биде застапувано од своите родители или старатели. Член 52

Поднесоците и изјавите за малолетните деца можат полноважно да се доставуваат на едниот или на другиот родител, а ако родителите не живеат заедно, тогаш на родителот кај кого живее детето.

III ЗАСНОВАЊЕ НА ОДНОСИ МЕЃУ РОДИТЕЛИ И ДЕЦА

1. Утврдување на татковство и на мајчинство
Член 53
Брачниот другар на мајката се смета за татко на детето родено за време на траењето на

бракот или во рок од 300 дена по престанокот на бракот. Член 54

За татко на детето родено надвор од брак се смета лицето кое детето ќе го признае за свое.

9

Татковство може да се признае пред матичар, центарот за социјална работа и суд. Орга- нот пред кого е дадено ова признание е должен, без одлагање, записникот за признавање на татковството, да го достави до матичарот надлежен за упис на детето во матичната книга на родените.

Признавање на татковството може да биде направено и со тестамент.

Член 55
Изјава за признавање на татковството на дете родено надвор од брак може да се даде и

преку полномошник.
Полномошното мора да биде заверено и да содржи изрично овластување на полномош-

никот да даде изјава за признавање на татковство на одредено дете кое го родила одреде- на мајка.

Член 56
Изјава за признавањето на татковство на дете родено надвор од брак може да се даде и

пред раѓање на детето. Изјавата дадена пред раѓање на детето произведува правно дејство под услов детето да се роди живо.

Член 57
Татковство не може да се признае по смртта на детето, освен ако тоа оставило потомс-

тво.

Член 58
Татковството на дете родено надвор од брак може да признае секое полнолетно делов-

но способно лице, како и малолетно лице ако е постаро од 16 години, како и лице со огра- ничена деловна способност, доколку е способно да ја сфати содржината и значењето на изјавата за признавање на татковство.

Член 59

Признавањето на татковството произведува правно дејство и се запишува во матичната книга на родените само ако со тоа се согласи мајката на детето, која за тоа матичарот ја известува.

Изјавата за согласност за признавање на татковство мајката ја дава во рок од 30 дена по приемот на известувањето.

Кога мајката не е жива или е исчезната, со непозната адреса или со ограничена или од- земена деловна способност, изјавата ја дава старателот на детето со одобрение на цента- рот за социјална работа.

Член 60

Ако детето е постаро од 16 години, потребна е и негова согласност за признавање на татковството. Изјавата за согласност се дава во рок од 30 дена од денот на приемот на из- вестувањето.

Ако детето е помало од 16 години и е под старателство, бидејќи мајката е умрена или е со непознато живеалиште или престојувалиште или му е одземена деловната способност, изјава за согласност за признавање на татковството дава старателот на детето со одобре- ние на центарот за социјална работа.

10

Член 61
Ако мајката на детето и детето кое е постаро од 16 години или старателот на детето ко-

га е потребна неговата согласност, не се согласат со признавањето на татковството или не се изјаснат за тоа во рок од 30 дена по приемот на известувањето, лицето кое го признало детето за свое може да поднесе тужба заради утврдување дека е тој татко на детето.

Тужба може да се поднесе во рок од три месеца по приемот на известувањето за несог- ласување на лицата од ставот 1 на овој член, или по истекот на рокот од ставот 1 на овој член.

Член 62
Изјавата за признавање на татковство, како и изјавата на мајката и детето за согласност

со признаеното татковство, не може да се отповикуваат.

Лице кое дало изјава за признавање на татковство, односно изјава за согласност со признавање на татковство, може да бара поништување на изјавата ако е таа предизвикана со принуда или е дадена поради измама или во заблуда.

Тужба за поништување на изјавата може да се поднесе во рок од една година од кога принудата престанала, односно од денот кога заблудата, односно измамата е откриена.

Член 63
Ако детето е малолетно или е деловно неспособно тужба во негово име може да подне-

се мајката, додека го врши родителското право.

Старателот, со одобрение на центарот за социјална работа, може да поднесе тужба за утврдување на татковство додека трае старателството, но најдоцна до навршена 21 година од животот на детето.

Центарот за социјална работа може по службена должност да покрене постапка за утврдување на татковство, доколку мајката вршејќи го родителското право ги занемарува интересите на детето и не покренала постапка за утврдување на татковство.

Член 64

За татко на детето, родено надвор од брак, ќе се смета лице кое со мајката на детето имало полови односи во време од најмалку 180 до 300 дена пред раѓањето на детето, до- колку не се докаже спротивното.

При утврдувањето на татковството судот особено ги зема предвид и заедничкиот живот и меѓусебните односи на мајката на детето и на тужениот пред и по раѓањето на детето, ка- ко и медицинските и други докази кои не го исклучуваат тужениот дека е татко на детето.

Член 65
Не е дозволено утврдување на татковство на дете кое е зачнато со вештачко оплодува-

ње.

Член 66

Одредбите на овој закон за утврдување на татковство соодветно се применуваат и при утврдување на мајчинство.

11

2. Оспорување на татковство и на мајчинство Член 67

Брачниот другар може да оспорува татковство на дете кое го родила неговата брачна другарка за време на траењето на бракот или пред истекот на 300 дена од престанокот на бракот, ако смета дека не му е татко на детето.

Тужбата за оспорување на татковство се поднесува во рок од три месеца од денот на дознавањето за раѓањето.

Ако брачниот другар на мајката е лишен од деловна способност или ако ја изгубил де- ловната способност пред истекот на рокот за оспорување на татковство, татковството мо- же да го оспорува неговиот старател со одобрение на центарот за социјална работа и тоа во рок од три месеца од кога дознал за раѓањето на детето.

Член 68
Ако по истекот на рокот за поднесување на тужба од членот 67 став 2 на овој закон се

откријат факти и докази од кои произлегува дека брачниот другар не е татко на детето кое го родила неговата брачна другарка, на негово барање Врховниот суд на Република Маке- донија со решение може да определи нов рок за поднесување тужба за оспорување на та- тковство.

Барањето од ставот 1 на овој член не може да се поднесе по полнолетството на детето. Член 69

Мајката може да оспорува татковство на лице кое според овој закон се смета за татко на нејзиното дете.

Тужбата за оспорување на татковството од ставот 1 на овој член се поднесува во рок од три месеца од раѓањето на детето.

Член 70
Детето може да оспорува дека му е татко лицето кое според овој закон се смета за не-

гов татко.
Тужбата за оспорување на татковство детето може да ја поднесе најдоцна до навршува-

ње на 21 година од животот.
Жената која во матичната книга на родените е запишана како мајка на детето може да

Член 71
го оспорува своето мајчинство ако смета дека не му е мајка.

Тужба заради оспорување на мајчинство може да се поднесе во рок од три месеца од дознавањето на фактот дека не му е мајка на детето, а најдоцна до полнолетство на детето.

Член 72

Жената која себеси се смета за мајка на детето може да го оспорува мајчинството на жената која во матичната книга на родените е запишана како мајка на детето, под услов, со истата тужба да бара и утврдување на нејзиното мајчинство.

Тужбата од ставот 1 на овој член може да се поднесе во рок од три месеца од дознава- њето дека е таа мајка на детето, а најдоцна до полнолетството на детето.

Во случаите од ставот 1 на овој член барањето за оспорување на мајчинство ќе биде од- биено доколку жената која се смета за мајка на детето не го докаже своето мајчинство.

12

Член 73
Детето може да го оспорува мајчинството на жената која во матичната книга на роде-

ните е запишана како негова мајка.
Тужбата заради оспорување на мајчинство детето може да ја поднесе до навршување

на 21 година од животот.
Оспорување на татковство не е дозволено кога мајката, со писмена согласност на нејзи-

Член 74
ниот брачен другар, е оплодена со вештачка инсеменација.

Член 75 Татковство не може да се оспорува по смртта на детето.

Член 76
Законските наследници на таткото, на мајката и на детето, немаат право да поднесуваат

тужба за оспорување на татковство, односно мајчинство, но тие можат да ја продолжат тужбата поднесена од нив.

Член 77
До полнолетството на детето, како и во случаите кога детето е лишено од деловна спо-

собност, тужба за оспорување на татковство и мајчинство, во негово име, може да подне- се старателот, со одобрение на центарот за социјална работа.

Член 78
Не е дозволено утврдување или оспорување на мајчинство и татковство во случај кога

родителскиот однос настанал со посвојување.
IV ВРШЕЊЕ НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО

Член 79
Родителското право родителите го вршат заеднички и спогодбено.

Во случај на несогласување на родителите во вршењето на родителското право решава центарот за социјална работа.

Член 80
Ако тоа го бараат интересите на детето, родителите можат да го доверат детето на чу-

вање и воспитание на трето лице или да го сместат во соодветна установа.

Ако родителите или родителот кој сам го врши родителското право од оправдани при- чини подолго време отсуствуваат од местото на живеење и со себе не ги водат децата, де- цата можат да ги доверат на чување и воспитание на друго лице, доколку центарот за со- цијална работа таквото сместување претходно го одобри. Ќе се смета дека одобрување е дадено доколку во рок од 30 дена по поднесувањето на барањето, центарот за социјална работа не донесе решение.

Дете не може да се даде на чување и воспитание на лице кое не може да биде старател.

13

Член 81
Во случаите кога родителите на детето не живеат заедно, тогаш се спогодуваат кај кого

од нив детето ќе остане на чување и воспитание, а ако за тоа не можат да се спогодат или ако нивната спогодба не одговара на интересите на детето, решение за тоа ќе донесе цен- тарот за социјална работа.

Центарот за социјална работа на барање на еден од родителите или по службена долж- ност, ќе донесе ново решение за доверување на детето на чување и воспитание ако тоа го бараат изменетите околности.

Член 82
Во случаите кога родителите на детето не живеат заедно тогаш тие се спогодуваат за на-

чинот на одржување на личните односи и непосредните контакти со детето. Доколку роди- телите на детето во рок од најмногу два месеца не се согласат за начинот на одржување на личните односи и непосредни контакти со детето, центарот за социјална работа донесува решение за тоа.

При определување на личните односи и непосредните контакти на детето со родителот, центарот за социјална работа го информира детето и ги зема предвид неговите ставови и мислења во зависност од возраста и степенот на развиток и го известува за можните пос- ледици од одлуките.

Центарот за социјална работа по барање на родителот може одново да го уреди начи- нот на одржување на личните односи и непосредни контакти на родителите со децата ако тоа го бараат изменетите околности.

Одржувањето на личните односи и непосредни контакти на децата со родителите може да се ограничи или привремено да се забрани само заради заштита на здравјето и на дру- гите интереси на детето.

Во случај кога не се остварува правото на малолетното дете да одржува непосредни контакти со родителите и други блиски роднини на родителот кој е умрен, на кого му е одземено родителското право или од други причини е спречен да го врши родителското право, центарот за социјална работа, донесува решение за начинот на одржување на непо- средните контакти.

Член 83
Со пресудата со која се разведува бракот судот ќе одлучи за чувањето, воспитанието и

издржувањето на заедничките деца.

Ако родителите не се спогодиле за ова или ако нивната спогодба не одговара на инте- ресите на децата, судот, откако ќе прибави мислење од центарот за социјална работа и ќе ги испита сите околности, ќе одлучи дали децата ќе останат на чување и воспитание кај еден родител или некои ќе останат кај мајката, а некои кај таткото или сите ќе бидат дове- рени на некое трето лице или установа.

Родителот на кого не му се доверени децата има право да одржува лични односи и не- посредни контакти со нив, ако судот поинаку не определи со оглед на интересите на деца- та.

Судот, по барање на еден од разведените брачни другари или центарот за социјална ра- бота, ќе ја измени одлуката за чување и воспитание на децата и за односите на разведени- те брачни другари спрема нивните заеднички деца, доколку тоа го бараат изменетите околности.

14

Член 84
Судот ќе одлучи за доверување на децата на чување и воспитание и кога:

1) донесува пресуда со која се утврдува дека бракот не постои и

2) во спорови за утврдување или оспорување на татковство или мајчинство доколку до- несувањето на одлуката со оглед на исходот на спорот и околностите за случајот е можно и потребно.

Кога донесува одлука за доверување на деца на чување и воспитание судот доколку е потребно ќе наложи на странката кај која се децата во определен рок да ги предаде децата на родителот, односно друго лице или установа.

Член 85

По поништувањето или разводот на бракот, во однос на вршењето на родителското право и уредувањето на личните односи и непосредни контакти со децата на родителот кај кого не се децата, центарот ги има истите овластувања како и кога родителите се во брак.

V НАДЗОР НАД ВРШЕЊЕТО НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО

Член 86
Центарот за социјална работа врши надзор над вршењето на родителското право.

Член 87
Центарот за социјална работа е должен да презема потребни мерки заради заштита на

личноста, правата и интересите на детето.

Секој граѓанин, орган и правно лице е должен да го извести центарот за социјална ра- бота веднаш штом дознае дека родителот не го врши родителското право или дека од дру- ги причини е потребна заштита на личноста, правата и интересите на детето.

Член 88

Ако тоа го бараат интересите на детето, центарот за социјална работа ги предупредува родителите на недостатоците во воспитанието и развојот на детето и им помага детето правилно да го развиваат и воспитуваат, а може да ги упати тие самите или заедно со де- тето да посетат соодветно советувалиште или некоја друга здравствена, социјална или воспитна установа која може да им даде потребен совет.

Член 89

Ако тоа го бараат интересите на детето, центарот за социјална работа може да донесе решение за постојан надзор над вршењето на родителското право во поглед на сите деца или само во поглед на некое од нив.

Член 90

Центарот за социјална работа со решение може да го одземе детето од едниот и да го довери на чување и воспитание на другиот родител, на некое друго лице или на соодветна установа, кога родителите, односно родителот кај кого детето живее го запостави детето во поглед на чувањето и воспитанието или кога постои сериозна опасност за неговиот правилен развој и одгледување.

15

Центарот за социјална работа може да донесе решение, со кое на родителот кој подолго од три месеца не давал издржување за детето, ќе му го ограничи правото да одржува лични од- носи и непосредни контакти со детето, се додека не ги изврши обврските спрема детето.

Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот кај кого детето не е доверено на чување и воспитание, ќе му го ограничи правото на одржување на лични од- носи и контакти со детето, доколку неоправдано повеќе од три пати непрекинато, не го почитувал решението на центарот за социјална работа.

Центарот за социјална работа може да донесе решение со кое ќе го даде детето на пре- стој кај родителот на кого детето не му е доверено на чување и воспитание одреден вре- менски период, но не подолго од 15 дена, доколку повеќе од два пати едно по друго дру- гиот родител неоправдано не го почитувал решението на центарот за социјална работа.

Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое на родителот ќе му го ограничи правото на одржување на лични односи и контакти со детето или истите ќе му ги забрани за одреден временски период, но не подолго од шест месеца, доколку во рокот определен со решението не го вратил детето или го задржал подолго од времето определено во реше- нието или го однел во непознат правец.

Центарот за социјална работа ќе донесе решение со кое времено ќе го довери детето на другиот родител, трето лице или ќе го смести во друго семејство или во соодветна устано- ва, како последен избор, доколку има сознанија дека личните односи и непосредните кон- такти на детето се прекинати подолго од два месеца поради непостапување по решение на центарот за социјална работа од страна на родителот кај кого детето е доверено или пора- ди нарушени партнерски односи, кои штетно се одразуваат врз развојот на детето.

Со одземањето на детето не престануваат другите права и должности на родителите спрема детето.

Во случаите од ставовите 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој член, центарот за социјална работа ги задолжува родителите да посетат соодветно советувалиште.

По престанок на причините поради кои детето е одземено од родителите, центарот за социјална работа, со решение ќе го врати детето кај родителите.

Член 91

Центарот за социјална работа може сам или по предлог на родителите, односно на ста- рателот, на лицето на кого детето му е доверено на чување и воспитание или на предлог на јавниот обвинител, да смести дете во соодветна установа ако дошло до пореметување на неговото поведение.

Член 92
Центарот за социјална работа кога постои оправдано сомнение за злоупотреба, може да

бара од родителите да биде известен за начинот на управување со имотот на детето. Центарот за социјална работа може да бара судот, заради заштита на имотните интере-

си на детето, да дозволи преземање на мерки за обезбедување врз имотот на родителите.

Центарот за социјална работа може да бара од судот, заради заштита на имотните инте- реси на детето, да реши, родителите во поглед на управувањето со имотот на детето, да имаат положба на старател.

Член 93
На родителот кој го злоупотребува вршењето на родителското право или грубо го зане-

марува вршењето на родителските должности по прибавено мислење од центарот за соци- јална работа, му се одзема вршењето на родителското право со решение на судот, во вон- процесна постапка.

16

Како злоупотреба или грубо занемарување на родителските должности, во смисла на ставот 1 од овој член, ќе се смета ако родителот:

- спроведува физичко или емоционално насилство над детето;
- полово го искористува детето;
- го присилува детето на работа која не одговара на неговата возраст;
- му дозволува употреба на алкохол, дрога или други психотропни супстанци;
- го наведува детето на општествено неприфатливи поведенија;
- го напуштил детето и подолго од три месеца не се грижи за детето и
- на кој било друг начин грубо ги крши правата на детето.
На родителот може да му биде одземено вршењето на родителското право во поглед на

сите деца или во поглед на некое од нив.
Член 94

Постапка заради одземање на родителското право може да поведе другиот родител, центарот за социјална работа или јавниот обвинител.

Центарот за социјална работа е должен да поведе постапка за одземање на родителско- то право кога, на кој и да било начин, ќе дознае дека за тоа постојат причини утврдени со овој закон.

Центарот за социјална работа кога ќе дознае дека постои опасност од злоупотреба на родителското право или опасност од грубо занемарување на родителските должности, е должен веднаш да преземе мерки за заштита на личноста, правата и интересите на детето.

Член 95
Родителското право може, со одлука на судот, да му биде вратено на родителот кога ќе

престане причината поради која тоа право му е одземено.
Предлог за враќање на родителското право може да поднесе родителот или центарот за

социјална работа.

VI ПРЕСТАНОК И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОДИТЕЛСКОТО ПРАВО

Член 96
Родителското право престанува со полнолетство на детето, со стапување во брак на де-

тето пред полнолетството и со посвојување.
Со стапување во брак малолетното лице се здобива со деловна способност.

Член 97

Судот, по предлог на родителите или на центарот за социјална работа може, во вонпро- цесна постапка, да одлучи родителите да продолжат да го вршат родителското право, ако детето и по полнолетството поради пречки во психичкиот развој, не е способно само да се грижи за својата личност, права и интереси.

Кога ќе престанат причините поради кои родителското право било продолжено судот, по предлог на родителите или на центарот за социјална работа, ќе одлучи за престанок на родителското право.

Одлуката на судот од ставовите 1 и 2 на овој член се заведува во матичната книга на родените и во книгите за евиденција на недвижности.

17

VII НАРУШЕНИ ОДНОСИ И НАСИЛСТВО ВО БРАКОТ И СЕМЕЈСТВОТО

Член 98
Лицата кои живеат во брак, односно семејство се должни меѓусебно да се почитуваат,

помагаат и заштитуваат.
Се забранува секаков вид на насилство меѓу членовите на семејството, без оглед на пол

и возраст.

Под насилство во бракот и семејството (во натамошниот текст: семејно насилство) од ставот 1 на овој член се смета однесување на член на семејството кој со примена на сила, закана и заплашување врши телесни повреди, емоционална или сексуална злоупотреба и материјално, сексуално или работно искористување на друг член на семејството.

Како насилство од ставот 2 на овој член, се смета однесување сторено:

- од едниот брачен другар врз другиот брачен другар кои живеат или живееле во брач- на или вонбрачна заедница или во кој било вид заедница како семејство или ако имаат за- едничко дете;

- меѓу браќа и сестри, полубраќа и полусестри;

- над дете;

- над постарите членови во семејството и

- над лица - членови на семејството чија деловна способност е делумно или целосно од- земена.

Член 100
Жртва на семејно насилство може да биде кој било член од семејството, без оглед на

пол и возраст.

Извршител на семејно насилство може да биде: брачниот или вонбрачниот другар, по- ранешниот брачен или вонбрачен другар, лицето кое живее или живеело во заедница со лицето жртва на семејното насилство, лице со кое се има заедничко дете или лице кое е поврзано до четврти степен на крвно сродство и втор степен по сватовство со овие лица, или се со нив во брачна или вонбрачна заедница или во друг вид на заедница на живеење.

Член 101

Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во семејството се наруше- ни семејните односи или има семејно насилство сам или на барање на член од семејството презема мерки за заштита на семејството и лицата кои се жртва на семејното насилство.

Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во семејството постои семејно насилство врз малолетно дете или лице со ограничена или одземена деловна спо- собност презема мерки за заштита.

Сознанијата од ставовите 1 и 2 на овој член, центарот за социјална работа ги добива од граѓани, службени и правни лица, кои се должни без одлагање да го известат центарот за таквите сознанија.

Центарот за социјална работа секогаш кога има сознанија дека во семејството постои семејно насилство ги презема следниве мерки на заштита:

1) обезбедува нужно сместување за лицето - жртва на насилство, кое може да трае најмногу шест месеца со можност за продолжување за уште шест месеца;

Член 99

18

2) обезбедува соодветна здравствена заштита;
3) обезбедува соодветна психо-социјална интервенција и третман;
4) ги упатува во соодветно советувалиште;
5) доколку во семејството има дете кое е на редовно школување, помага за продолжу-

вање на редовното образование;
6) го известува органот за прогон;
7) дава секаков вид на правна помош и застапување;
8) покренува постапка пред надлежниот суд;
9) по потреба поднесува барање до судот за изречување на привремена мерка за заштита и 10) презема други мерки за кои ќе оцени дека се неопходни за решавање на проблемот. Центарот за социјална работа ги презема мерките од ставот 4 на овој член кога изврши-

тел на семејното насилство е некое од лицата утврдени во членот 100 на овој закон.

Член 102
Центарот за социјална работа ќе поднесе барање за изречување на привремена мерка за

заштита од семејно насилство до судот за малолетни и деловно неспособни лица секогаш кога родителот, старателот или законскиот застапник тоа нема да го сторат.

Центарот за социјална работа, барањето од ставот 1 на овој член, за полнолетни и де- ловно способни лица, ќе го достави до судот, само со согласност на жртвата на семејното насилство.

Член 103
Центарот за социјална работа кон барањето од членот 102 на овој закон доставува запис-

ник и извештај за преземените дејствија, во кој може да даде и предлог за изречување на при- времена мерка со предлог на мерка.

Член 104

Центарот за социјална работа, доколку има сознанија дека се извршени дејствија од членот 99 на овој закон поднесува барање до надлежниот суд за изречување на привреме- на мерка, со која судот може на сторителот на семејното насилство да:

1) забрани да се заканува дека ќе стори семејно насилство;

2) забрани да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин ко- муницира со член на семејството, директно или индиректно;

3) забрани да се приближува до живеалиштето, училиштето, работното место или опре- делено место кое редовно го посетува друг член на семејството;

4) одреди отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд;

5) забрани да поседува огнено или друго оружје или истото да му биде одземено;
6) го задолжи да ги врати предметите кои се потребни за задоволување на секојдневни-

те потреби на семејството;

7) изрече задолжително издржување на семејството;

8) нареди тужениот да посетува соодветно советувалиште;

9) нареди задолжително лекување, доколку е корисник на алкохол и други психотроп- ни супстанци или има некое заболување;

10) го задолжи да ги надомести медицинските и другите трошоци настанати од семеј- ното насилство и

11) изрече која било друга мерка која судот ќе ја смета за неопходна за да се обезбеди сигурност и добросостојба на другите членови на семејството.

19

Член 105
Предлог за изречување привремена мерка може да поднесе брачниот другар, родителите

или децата или други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко до- маќинство, поранешен брачен другар или лица кои се наоѓаат во блиски лични односи кон кои се преземени дејствија на семејно насилство, без оглед дали е поднесена тужба во кри- вична постапка.

Родител, старател или законски застапник може да поднесе предлог во име на малолет- но дете и лице со ограничена или одземена деловна способност, како и за лице над кое е продолжено родителското право.

Предлогот од ставовите 1 и 2 на овој член лицата го доставуваат до надлежниот центар за социјална работа определен според местото на живеење на жртвата на семејното на- силство.

Член 106
Привремената мерка за заштита од семејно насилство може да трае најмногу една годи-

на.

Доколку семејното насилство продолжи и по истекот на мерката од членот 104 на овој закон, центарот за социјална работа може да поднесе барање за продолжување на некоја од мерките.

Член 107
Центарот за социјална работа го следи извршувањето на изречената мерка и за текот на

спроведувањето на мерката го известува судот на негово барање.

Член 108
Центарот за социјална работа може да поднесе предлог до надлежниот суд за укинува-

ње на изречената мерка и пред истекот на рокот за кој е изречена мерката, доколку оцени дека истата ја постигнала целта заради која е изречена.

Центарот за социјална работа може да поднесе предлог за измена на изречената мерка или за нејзино продолжување, доколку оцени дека изречената мерка е несоодветна или дека ќе ги постигне бараните резултати, но дека за тоа е потребно истата да трае подолг временски период.

Член 109
Во спроведување на заштитните мерки центарот за социјална работа соработува со гра-

ѓани, правни лица и организации.

ЧЕТВРТИ ДЕЛ ПОСВОЈУВАЊЕ

1. Основни одредби

Член 110

Со посвојувањето се создаваат односи какви што настануваат со раѓањето (потполно посвојување) или само односи што постојат меѓу родители и деца (непотполно посвојува- ње).

Каков однос ќе се создаде со посвојувањето зависи од волјата на посвоителот, на роди- телите на детето кое се посвојува, односно на неговиот старател и на самото дете ако е по- старо од дванаесет години.

20

Член 111 Само малолетно лице може да биде посвоено.

Член 112
Посвојувањето може да се заснова само ако е во согласност со најдобриот интерес на

малолетникот.
Посвојувањето се засновува пред Комисијата.

Член 113
Комисијата е составена од пет члена именувани од министерот за труд и социјална по-

литика.
Член на Комисијата може да биде лице кое работи најмалку 15 години во областа и кое

се истакнало во работењето.
Комисијата во својот состав мора да има: правник, педагог, психолог и социјален ра-

ботник.

Мандатот на членовите на Комисијата е пет години.

Конститутивната седница на Комисијата ја свикува министерот за труд и социјална по- литика.

Претседателот на Комисијата се избира од членовите на Комисијата со мандат од една година.

Комисијата работи самостојно и одлуките ги донесува едногласно.

Комисијата донесува деловник за работа.

Комисијата за својата работа секои три месеца го известува, а секоја година поднесува извештај за својата работа до министерот за труд и социјална политика.

Член 114
Административно-техничките работи на Комисијата ги врши лице од Министерството

за труд и социјална политика.
Министерот за труд и социјална политика со акт ги утврдува висината и начинот на

Член 115
плаќање на надоместок на реалните трошоци направени во постапката за посвојување.

Член 116
Никој не може да биде посвоен од повеќе лица, освен кога како посвоители се јавуваат

брачните другари.
Посвоител, по правило, може да биде само државјанин на Република Македонија.

Член 117
По исклучок од ставот 1 на овој член како посвоител може да се јави и лице кое е

странски државјанин.

Во случаите од ставот 2 на овој член потребно е да се прибават извадоци од законот што се однесува на посвојувањето на земјата на посвоителите и други информации и до- кази за да се обезбедат најмалку еднакви или подобри услови за животот и развојот на де- тето.

21

Посвојувањето од лицето од ставот 2 на овој член се заснова со согласност на Комиси- јата, а по предлог на центарот за социјална работа.

Согласноста од ставот 4 на овој член ќе се издаде само ако детето не може да биде по- своено на територијата на Република Македонија.

2. Услови за посвојување

Член 118

Посвоител може да биде лице кое е деловно способно, кое има лични својства за ус- пешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45 години.

Посвоител може да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот.

По исклучок од ставот 1 на овој член како посвоител може да се јави и лице кое е по- старо од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да би- де поголема од 45 години.

Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува гор- ната старосна граница.

Член 119
Кога детето го посвојува брачниот другар на родителот на детето, детето може да биде

посвоено без разлика на старосните граници утврдени во членот 118 на овој закон.

Член 120
По исклучок од членот 118 ставови 1 и 4 на овој закон како посвоител може да се јави

и лице или брачни другари кои ја надминуваат горната граница на старост, доколку се по- својува брат или сестра на детето кое е веќе посвоено.

Член 121
Не може да се посвои сродник во права линија ниту брат ниту сестра.

Член 122

Посвоител не може да биде лице:

а) на кое му е одземено или ограничено родителското право, како и лице на кое му е изречена казна за сторено кривично дело со ефективна казна затвор во траење од над шест месеца,

б) на кое му е ограничена или одземена деловната способност,
в) за кое постои основано сомневање дека положбата на посвоител ќе ја употреби на

штета на посвоеникот,

г) кое е душевно болно или лице со пречки во интелектуалниот развој, како и лице кое боледува од болест што може да го доведе во опасност здравјето и животот на посвоени- кот,

д) чија физичка попреченост е од таков степен што може оправдано да се сомнева во можноста да се грижи за детето,

ѓ) ако е постаро од 45 години,

е) зависник од дрога или други психотропни супстанции или алкохол,

ж) кое има тешко хронично заболување или е болно од неизлечива заразна болест и

з) ако мислењето на стручниот тим на центарот за социјална работа е негативно во од- нос на можноста тие лица да бидат родители.

22

Член 123
За посвојување е потребна согласност на обата родители на посвоеникот, односно на не-

говиот старател, како и на посвоеникот ако е постар од дванаесет години.
Доколку родителот е малолетен, покрај неговата согласност се зема и согласност на за-

конскиот застапник.

Не е потребна согласност на родител на кој му е одземена деловната способност или му е одземено вршењето на родителското право или на родител на кој повеќе од една година не му се знае престојувалиштето.

Не е потребна согласност ниту од родител на дете сместено во институција или друго семејство кој не пројавил интерес за детето повеќе од шест месеца од рокот во кој бил должен да го земе детето.

Не е потребна согласност ниту од посвоеникот кој до посвојувањето живеел во семејс- твото на посвоителот пред наполнувањето на дванаесетгодишна возраст.

Не е потребна согласност од лицето кое мајката го посочила како родител на детето ро- дено надвор од брак кој во рок од три месеца по раѓањето на детето не покренал постапка за признавање на тоа дете или за утврдување на татковство во однос на тоа дете.

3. Засновање на посвојување

Член 124
Лицето кое сака да посвои поднесува барање до Комисијата.

Кон барањето од ставот 1 на овој член се приложуваат документите определени со пра- вилникот за водење на евиденција на посвоените лица и за определување на документи за посвојувањето, кој го донесува министерот за труд и социјална политика.

Важноста на документите од ставот 2 на овој член е една година. Член 125

По приемот на барањето со документите, Комисијата врши проверка на документите и откако ќе констатира дека се исполнети условите од членот 124 став 2 на овој закон копи- ја од барањето заедно со копија од целокупниот предмет, во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето ги доставува до центарот за социјална работа, надлежен според ме- стото на живеење на подносителите на барањето.

Комисијата ако од извршената процена на документите утврди дека не се исполнети условите од членот 122 на овој закон, ќе донесе решение со кое ќе го одбие барањето.

Член 126

Центарот за социјална работа до кого е препратено барањето врши процена за подобно- ста на посвоителите и за мотивите на посвојувањето, преку континуирано следење на по- тенцијалните посвоители, најмалку шест месеца, но не повеќе од една година и врз основа на наодот и мислењето на стручниот тим изготвува предлог за упис во регистарот на мож- ни посвоители.

Член 127
Во рокот утврден во членот 126 на овој закон лицата кои сакаат да посвојат дете можат

да бидат упатени да посетат соодветно советувалиште.
Начинот на работата на советувалиштето од ставот 1 на овој член со акт ги утврдува

министерот за труд и социјална политика.

23

Член 128
Центарот за социјална работа по извршувањето на работите од членот 126 на овој за-

кон, сите списи заедно со наодот и мислењето на стручниот тим со предлог за упис во ре- гистарот на можни посвоители ги доставува до Комисијата.

Член 129
Комисијата во рок од 30 дена, но не повеќе од 60 дена, од денот на приемот на работи-

те од членот 128 на овој закон, донесува одлука и врши упис во регистарот на можни по- своители доколку се исполнети условите утврдени со овој закон или ќе го врати предме- тот на доработка и ќе определи рок во кој надлежниот центар за социјална работа е дол- жен да постапи и да ги отстрани недостатоците, ако таа тоа сама не го стори.

Комисијата ќе донесе решение за бришење од регистарот на можни посвоители, по зас- новање на посвојување, ако настане некој од условите утврдени во членот 22 од овој за- кон и поради смрт на посвоителот.

Член 130

Центарот за социјална работа ги следи малолетните лица без родители и родителска грижа и дава предлог за упис во регистарот на можни посвоеници, кој го доставува до Ко- мисијата.

Предлогот од ставот 1 на овој член, заедно со наодот и мислењето од стручниот тим и поединечните наоди и мислења на стручните работници, центарот за социјална работа ги доставува до Комисијата, која е должна во рок од 30 дена од денот на приемот на работи- те од ставот 1 на овој член да изврши упис во регистарот на можни посвоеници.

Комисијата ќе донесе решение за бришење од регистарот на можни посвоеници, по зас- новање на посвојување, доколку родителот ја повлече согласноста од членот 139 на овој за- кон и поради смрт на посвоеникот.

Член 131
Министерот за труд и социјална политика со акт ја пропишува формата, содржината и

начинот на водење на регистрите на можни посвоители и можни посвоеници. Член 132

Комисијата секогаш може да изврши проверка на основаноста на предлогот од члено- вите 128 и 130 на овој закон на центарот за социјална работа.

Член 133

Комисијата примерок од одлуката и извадок од регистрите од членовите 128 и 130 на овој закон заедно со копија од целокупната документација веднаш ги доставува до надлеж- ниот центар за социјална работа, а подносителот на барањето го известува за извршениот упис.

Член 134

Центарот за социјална работа по приемот на работите од членот 133 на овој закон пред- лага најсоодветни посвоители и предметот со предлог за сместување на детето во семејс- твото на можните посвоители го доставува до Комисијата.

Комисијата може да изврши проверка на основаноста на предлогот од ставот 1 на овој член и врз основа на податоците кои ги има во регистарот на можни посвоители и доку- ментите, може да одлучи детето да го смести во друго семејство.

Министерот за труд и социјална политика со акт ги пропишува поблиските услови и критериуми за избор на посвоители.

24

Член 135
Комисијата по извршените работи од членот 134 на овој закон донесува решение за

сместување на детето во семејството на посвоителите и копии од списите на можните по- своители и посвоеникот, веднаш доставува до центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на можните посвоители.

Во решението од ставот 1 на овој член, при потполно посвојување се внесуваат подато- ци за датумот и местото на раѓање на детето, од кои не може да се открие идентитетот на родителите на детето.

Сместувањето на детето од ставот 1 на овој член не може да биде пократко од шест ме- сеца, ни подолго од девет месеца.

Центарот за социјална работа е должен континуирано да го следи сместувањето на де- тето и секои три месеца да доставува извештај до Комисијата.

Комисијата може во рокот утврден во ставот 3 на овој член, секогаш кога ќе оцени за по- требно да изврши проверка на семејството каде што е сместено детето.

Член 136
Центарот за социјална работа по истекот на периодот на сместување, изготвува изве-

штај за сместувањето и дава мислење детето да се посвои од конкретни посвоители и истиот го доставува до Комисијата заради засновање на посвојување.

Комисијата доколку од увидот во списите оцени дека предлогот на центарот за соци- јална работа не е во интерес на детето, истиот може да го одбие или предметот да го врати за дополнување на постапката или да предложи други посвоители.

Комисијата во рок од 30 дена од денот на приемот на работите од ставот 1 на овој член, донесува решение за засновање на посвојување.

Член 137

При засновање на посвојувањето е потребно присуство на посвоителот, неговиот бра- чен другар, родителите, односно старателот на посвоеникот, како и на посвоеникот ако е постар од дванаесет години, освен на посвоеникот од членот 123 став 5 на овој закон.

Во оправдани случаи не е потребно присуство на брачниот другар на посвоителот, кој не се јавува како посвоител, ако својата согласност за посвојување ја дал пред центарот за соци- јална работа, на записник во кој мора да бидат точно означени посвоителот и посвоеникот.

Засновувањето на посвојувањето се врши без присуство на јавноста.

Член 138
Родителите, односно родителот кој сам го врши родителското право, согласноста дете-

то да може да биде посвоено може да ја дадат и претходно пред центарот за социјална ра- бота надлежен според местото на живеење на родителите, без да го определат посвоите- лот.

Ако детето нема живи родители, согласноста да биде посвоено ја даваат сродниците во права линија или старателот.

Кога лицата од ставот 1 на овој член дале таква согласност во постапката за засновање на посвојување согласноста за посвојување ја дава старателот на малолетното дете.

Согласноста по раѓање на детето, во писмена форма, во просториите на центарот за со- цијална работа, кој е месно надлежен, ја даваат родителите од ставот 1 на овој член без ог- лед на видот на брачната заедница и врска.

25

Согласноста своерачно ја пишува родителот кој се согласува детето да го даде на по- својување, а ја потпишува родителот и овластен претставник на центарот за социјална ра- бота.

Пред родителот да ја даде согласноста од ставот 1 на овој член, центарот за социјална работа ќе го запознае со сите последици од давањето на изјавата.

Член 139
Согласноста за посвојување родителите ја даваат по наполнување на три месеца во-

зраст на детето.
Посвојувањето на детето може да се заснова најрано по навршување на три месеца ста-

рост на детето.
Согласноста за посвојување може да се повлече се до моментот на засновање на посво-

јување на детето.

Член 140

Службеното лице на Комисијата, врз основа на исправите и изјавите за личниот иденти- тет на присутните лица утврдува дека тоа се лицата од членот 137 на овој закон, а потоа ги запознава со правата и должностите што произлегуваат од посвојувањето и ќе побара изја- ви за согласност за посвојување од лицата кои се должни согласно со овој закон, да дадат таква изјава, односно ќе ги прочита нивните порано дадени изјави за согласност.

Член 141
При посвојувањето се составува записник и се донесува решение.

Во записникот и во решението за посвојувањето се внесуваат податоци за видот на из- вршеното посвојување, за спогодбата за личното име на посвоеникот, за местото на раѓа- ње на детето и за неговите наследни права спрема посвоителот, доколку посвојувањето е непотполно.

Записникот го потпишуваат службеното лице од центарот за социјална работа кое го застапува детето, родителите на детето, посвоителите и претседателот на Комисијата.

Член 142

По засновањето на посвојувањето во матичната книга на родените, како родители на детето се запишуваат посвоителите, а како место на раѓање на детето се запишува местото што спогодбено ќе го определат посвоителите и Комисијата.

Матичарот е должен да изврши нов упис во книгата на родените и за тоа да им издаде на посвоителите извод од матичната книга на родените.

Член 143
Комисијата решението за посвојување ќе го достави до надлежниот матичар најдоцна

во рок од 15 дена заради упис во матичната книга на родените.
По извршениот нов упис во матичната книга на родените, матичарот е должен матич-

ната служба да ја извести заради бришење на стариот упис.

26

4. Права и должности на посвоителот

и на посвоеникот

Член 144

Со потполното посвојување меѓу посвоителот и неговото семејство и посвоеникот и неговото потомство се создаваат права и должности кои постојат меѓу крвни роднини.

Со потполното посвојување престануваат заемните права и должности меѓу посвоеното дете и неговото поранешно семејство.

Ако посвоителот е брачен другар на еден од родителите на посвоеникот, посвојувањето не влијае врз односите меѓу посвоеникот и тој родител, како и спрема неговите роднини.

Член 145

При потполното посвојување наследните права на посвоеникот и неговото потомство спрема посвоителот и неговото семејство и на посвоителот и неговото семејство спрема по- своеното дете и неговото потомство се изедначени со наследните права меѓу крвните род- нини.

Член 146
Со непотполно посвојување меѓу посвоителите и посвоеникот настануваат само односи

меѓу родители и деца.
Наследните права меѓу посвоителот и посвоеникот и неговото потомство при непот-

полното посвојување се заемни.

При непотполното посвојување, наследните права на посвоеникот спрема посвоителот може да се ограничат или сосема да се исклучат ако во моментот на посвојувањето посво- ителот има свои родени деца.

Ако како посвоители при непотполното посвојување се јавуваат брачни другари, нас- ледните права на посвоеникот може различно да се определат спрема секој од нив.

Доколку наследните права на посвоеникот биле ограничени или исклучени, посвоите- лот не може да го наследи посвоеникот и неговото потомство по закон.

5. Престанок на посвојување Член 147

Потполно посвојување не може да се раскине.

Член 148
Непотполното посвојување може да престане по спогодба меѓу посвоителот и посвое-

никот според одредбите кои важат за посвојувањето.
Ако посвоеникот е малолетен, центарот за социјална работа е должен да испита дали

престанувањето на посвојувањето е во согласност со најдобриот интерес на посвоеникот. Член 149

Комисијата може да реши непотполното посвојување да престане ако утврди дека тоа го бараат интересите на малолетниот посвоеник.

Секој граѓанин, орган и правно лице до Комисијата можат да поднесат претставка за потребата за престанок на непотполното посвојување кога е тоа во интерес на малолетни- от посвоеник.

27

Член 150
Комисијата по барање на посвоителот или посвоеникот кога ќе се утврди дека за тоа

постојат оправдани причини може да реши непотполното посвојување да престане.

Член 151
Ако во текот на постапката за раскинување на непотполното посвојување настапи смрт

на посвоеникот или на посвоителот, барањето за раскинување на посвојувањето можат да го продолжат нивните законски наследници.

Член 152

По престанокот на непотполното посвојување, надлежниот центар за социјална работа може да го задолжи посвоителот да го издржува посвоеникот до полнолетството врз товар на посвоителот, земајќи ја предвид нивната имотна состојба.

Надлежниот центар за социјална работа може да утврди обврска на полнолетниот по- своеник за издржување на посвоителот кој не е способен за стопанисување и нема средс- тва за живот.

Член 153

Со престанок на непотполното посвојување одново настануваат заемни права и долж- ности меѓу посвоеникот и неговото поранешно семејство. Посвоеникот го добива своето поранешно презиме, а по негово барање може да го задржи презимето што го добил при посвојувањето, ако со тоа се согласи посвоителот.

Член 154
Правосилното решение за престанок на непотполното посвојување се доставува на над-

лежниот матичар заради упис во матичната книга на родените. Член 155

Податоците за заснованите посвојувања се службена тајна. ПЕТТИ ДЕЛ

СТАРАТЕЛСТВО
I ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 156

Со старателството Републиката им дава посебна заштита на малолетните деца кои се без родителска грижа и на полнолетни лица на кои им е одземена или ограничена делов- ната способност.

Според одредбите на овој закон заштитата им се дава и на други лица кои не се во со- стојба или немаат можност сами да се грижат за заштитата на своите права и интереси.

Член 157
Работите на старателството ги врши центарот за социјална работа непосредно, преку

старатели или други лица кои вршат работи сврзани со старателството.

28

Надлежноста на центарот за социјална работа се определува според местото на живеа- лиштето, а ако нема живеалиште, според престојувалиштето на лицето кое треба да се стави под старателство.

Местото на живеалиштето и местото на престојувалиштето се определуваат според мо- ментот кога настанале условите за ставање под старателство.

Член 158
Центарот за социјална работа презема потребни мерки за остварување на целите на ста-

рателството.
Центарот за социјална работа во подготвувањето, донесувањето и спроведувањето на

своите решенија, односно мерки, применува облици на социјална заштита, методи на со- цијална и друга стручна работа, како и се користи со услугите на социјалните, здравстве- ните, образовно-воспитните и други установи.

Член 159
Постапка за ставање под старателство се поведува по службена должност или по бара-

ње на заинтересираните лица.
Постапката од ставот 1 на овој член е итна.

Член 160

За потребата некое лице да се стави под старателство или врз него да се примени некој облик на заштита што ја дава центарот за социјална работа, се должни да го известат тој орган:

1) матичарот и државните органи кога во вршењето на работите од своја надлежност ќе дознаат за таков случај;

2) роднините, членовите на семејството и соседите и
3) претпријатијата, установите, месните заедници и другите организации и заедници.

Член 161
Кога центарот за социјална работа ќе дознае за потребата некое лице да се стави под

старателство, тој веднаш презема соодветни мерки за заштита на личноста, правата и ин- тересите на тоа лице и поведува постапка за ставање под старателство.

При определување на обликот на заштитата врз лицето кое се става под старателство, центарот за социјална работа првенствено ќе се раководи од интересите на лицето кое се става под старателство и интересите на неговото семејство, како и од материјалните мож- ности, при што во реализацијата на заштитата соработува со соодветни организации и ор- гани.

Член 162
Центарот за социјална работа според Законот за општа управна постапка решава за ста-

вање под старателство, за поставување или за разрешување од должност старател, за обе- мот на овластувањата на старателот и за правата и правните интереси на лицето под ста- рателство и за престанок на старателството.

Во другите случаи центарот за социјална работа постапува на најцелисходен начин, за- висно од природата на мерките на старателството што ги определува.

Центарот за социјална работа може да ги менува своите порано донесени решенија, ко- га тоа го бараат интересите на лицето под старателство, ако со тоа не се засегнуваат пра- вата на трети лица.

29

Член 163
Лицето под старателство, кое е во состојба да го стори тоа, неговите роднини, како и

претпријатијата и установите, органите и организациите предвидени во членот 160 од овој закон, како и секој граѓанин, можат да поднесат приговор за работата на старателот и за работата на центарот за социјална работа.

Приговорот за работата на старателот се доставува до центарот за социјална работа, а приговорот на работата на центарот за социјална работа се доставува до Министерството за труд и социјална политика.

Член 164
Центарот за социјална работа ги испитува приговорите и ако најде дека се основани, ќе

определи мерки кои треба да се преземат.

Ако Министерството за труд и социјална политика најде дека приговорот е основан, ќе даде упатство на центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа по добиено- то упатство решава кои мерки ќе ги презема и за тоа го известува второстепениот орган.

Член 165

Трошоците за спроведување на мерките што се преземаат во интерес на лицето под старателство се покриваат од:

1) приходите на лицето под старателство;

2) средствата добиени од лица кои се должни да му даваат издржување на лицето под старателство;

3) имотот на лицето под старателство;
4) средствата на лицето под старателство остварени како право од социјална заштита и 5) други извори.

Член 166
Центарот за социјална работа е должен да води евиденција за лицата ставени под стара-

телство, за преземените мерки на старателство и за имотот на лицето под старателство.
За водење на евиденцијата и документацијата од ставот 1 на овој член министерот за

труд и социјална политика донесува упатство.
II. СТАРАТЕЛ

Член 167
На лицето под старателство центарот за социјална работа назначува старател, доколку

не одлучи должноста старател да ја врши непосредно.
За старател се поставува лице кое има лични својства и способности за вршење на

должноста старател, а кое претходно ќе даде согласност да биде старател.
За старател првенствено се поставува близок роднина на лицето под старателството. При поставување на старател, центарот за социјална работа ги зема предвид и желбите

на лицето под старателство, ако тоа е во состојба да ги изрази, како и желбите на неговите блиски роднини.

Член 168

Исто лице може да биде поставено за старател и за повеќе лица ако за тоа се согласи, ако тоа не е во спротивност со интересите на некое од лицата кои се ставаат под стара- телство и ако со тоа тие се согласат.

30

Член 169
На лице под старателство сместено во воспитна, социјална, здравствена или друга уста-

нова или организација, како и во друго семејство или лице, центарот за социјална работа ќе му постави старател за вршење на работите на старателството што лицето, семејството или установата не ги врши во рамките на својата редовна дејност.

Член 170
Центарот за социјална работа може со решение да ги ограничи овластувањата на старате-

лот и да реши одделни работи од старателството да ги врши непосредно.
Ако центарот за социјална работа ја врши старателската функција во смисла на ставот 1 од овој член тој може одделни работи да ги довери да ги вршат стручни лица во негово

име и под негов надзор.

Не може да биде старател лице:

Член 171

1) на кое му е одземено вршењето на родителското право;

2) на кое му е одземена или ограничена деловната способност;

3) чии интереси се во спротивност со интересите на лицата под старателство, односно кое не дава гаранција дека лицето под старателство правилно ќе го воспита и одгледа и

4) од кое, со оглед на неговото поранешно и сегашно поведение, личните својства и од- носите со лицето под старателство и неговите родители, не може да се очекува дека правил- но ќе ја врши старателската функција.

Член 172
Центарот за социјална работа во решението со кое го поставува старателот, ги опреде-

лува неговите должности и обемот на неговите овластувања.

Центарот за социјална работа пред да го донесе решението од ставот 1 на овој член, го запознава старателот со значењето на старателството, со неговите права и должности и со другите поважни податоци потребни за вршење на должноста старател.

Центарот за социјална работа на старателот му издава старателска исправа во која е со- држан обемот на неговите овластувања.

Член 173
За ставање под старателство и за престанок на старателството центарот за социјална

работа го известува матичарот во рок од 15 дена од денот на правосилноста на решението. Ако лицето ставено под старателство има недвижен имот центарот за социјална работа

ќе го извести и надлежниот орган кој ги води книгите за евиденција на недвижностите. Член 174

Старателот е должен во рамките на своите овластувања совесно да се грижи за лично- ста и за правата и интересите на лицето под старателство и совесно да управува со него- виот имот.

Старателот не може без претходно одобрение од центарот за социјална работа да пре- зема работи кои ги минуваат рамките на редовното работење или управување со имотот на лицето под старателство.

Старателот не може да дава подароци или да прави други располагања со имотот на ли- цето под старателство без надомест и не може лицето под старателство да го обврзува ка- ко гарант.

31

Член 175
Ако лицето под старателство има имот, центарот за социјална работа ќе донесе реше-

ние да се изврши попис и процена и имотот да се предаде на старателот на управување. Пописот и процената на имотот на лицето под старателство го врши комисија именува-

на од центарот за социјална работа.

На пописот и процената на имотот на лицето под старателство задолжително присус- твуваат старателот и лицето под старателство, ако е во состојба да сфати за што се работи, како и лицата во чие владение е имотот на лицето под старателство.

Член 176

По исклучок на членот 174 од овој закон, центарот за социјална работа може да изврши попис и процена на имотот и да преземе други мерки за обезбедување на имотот на лице- то кое се става под старателство и пред донесување на решение за ставање под старателс- тво, доколку за тоа постојат оправдани причини.

Во случај на непосредна опасност по имотот на лицето под старателство во поглед на неговиот недвижен имот, центарот за социјална работа може и пред пописот и процената на имотот да побара од судот заверка во јавните книги за евиденција на недвижности за поведување на постапка за ставање на тоа лице под старателство.

Член 177

Ако лицето под старателство има имот надвор од подрачјето на надлежниот центар за социјална работа, центарот за социјална работа грижата за тој имот може да му ја довери на центарот за социјална работа на чие подрачје се наоѓа имотот.

Центарот за социјална работа на кого му е доверена грижата за имотот може да опреде- ли посебен старател над тој имот или да се грижи за него непосредно.

Органот од ставот 2 на овој член е должен еднаш годишно да го известува надлежниот центар за социјална работа за состојбата на имотот.

Решавањето за располагање со имотот од ставот 1 на овој член го задржува надлежниот центар за социјална работа.

Член 178
Старателот е должен со помош на центарот за социјална работа да презема потребни

мерки за обезбедување средства неопходни за спроведување на мерките кои во интерес на лицето под старателство ги определил центарот за социјална работа.

Член 179
Старателот, само со одобрение на центарот за социјална работа, може да ги презема во

име и за сметка на лицето ставено под старателство следниве работи:

1) да го отуѓи или оптовари недвижниот имот;

2) да отуѓи движни предмети од поголема и од посебна лична вредност или да распола- га со имотни права од поголема вредност;

3) да се откаже од наследство или од легат или да одбие подарок и

4) да презема други мерки определени со закон.

Центарот за социјална работа во постапката за давање на одобрение за старателот во поглед на располагањето и управувањето со имотот, односно со правата на лицето под старателство, ја определува намената на прибавените средства и врши надзор над нивната употреба.

32

Член 180
Старателот не може да го застапува лицето под старателство во правни дела во кои ка-

ко друга странка учествува брачниот другар или близок роднина на старателот, туку за та- ков случај центарот за социјална работа ќе му постави на лицето под старателство друг старател или самиот ќе го застапува.

Член 181
Старателот може без одобрение од центарот за социјална работа да отуѓи плодови, сит-

на стока, предмети што се подложни на брзо расипување и други предмети, доколку е тоа во рамките на редовното работење и управување со имотот.

Паричните средства добиени со продажба на предметите од ставот 1 на овој член мо- жат да се користат само за задоволување на потребите на лицето под старателство.

Член 182
Старателот може за работи за кои не е потребно одобрение да бара совет од центарот за

социјална работа, кој е должен таков совет да даде.

Центарот за социјална работа е должен на старателот да му укаже помош во вршење на работите кои тој не е во можност самиот да ги изврши, а особено во составување на пода- вки, во застапување пред судот и пред други органи.

Член 183

Старателот, лицето, другото семејство и установата во кое е сместено лицето под ста- рателство се должни на центарот за социјална работа да му доставуваат извештај за своја- та работа секоја година, како и тогаш кога тоа тој ќе го побара.

Во случај старателството да го врши непосредно центарот за социјална работа извештај за работата е должен да поднесе неговиот работник или друго лице кое во името на цента- рот за социјална работа ги врши работите на старателството.

Извештајот се поднесува писмено или усно на записник.

Од извештајот на старателот треба да се види неговата грижа за лицето ставено под старателство, а особено за неговото здравје, издржувањето и оспособувањето за самосто- ен живот, а кај малолетните лица под старателство и за нивното воспитание и образова- ние, како и за се друго што е од значење за личноста на лицето под старателство.

Извештајот од ставовите 1 и 2 на овој член треба да содржи и податоци за управување- то и располагањето со имотот на лицето под старателство и за сите приходи и расходи на лицето под старателство во изминатата година, како и за крајната состојба на неговиот имот.

Член 184
Старателот ги врши своите должности, по правило без надоместок.

Центарот за социјална работа може на старателот да му определи и надомест како на- града, ако вложил дополнителен труд и се истакнал во вршењето на своите должности.

Висината на надоместокот на трошоците за старателот од ставот 2 на овој член ја утвр- дува центарот за социјална работа.

Наградата и надоместокот на трошоците ги одобрува центарот за социјална работа од приходот на лицето под старателство, а доколку со тоа би се загрозило издржувањето на лицето под старателство тие трошоци ќе паднат на товар на буџетот на Републиката.

33

Член 185
Старателот е должен да му ја надомести штетата на лицето под старателство што му ја

сторил со неправилно, несовесно или невнимателно вршење на должноста.

Центарот за социјална работа го утврдува износот на штетата и го повикува старателот во определен рок штетата да ја надомести. Доколку старателот не ја надомести утврдената штета во определениот рок центарот за социјална работа непосредно ја надоместува ште- тата на лицето под старателство.

Центарот за социјална работа може кај надлежниот суд да бара од старателот надомест на исплатениот износ од ставот 2 на овој член.

Заради обезбедување на правата на лицето под старателство, повредени со работењето на старателот, центарот за социјална работа е должен спрема старателот да преземе и дру- ги мерки предвидени со закон.

Член 186

Ако старателот умре или самоволно престане да ја врши старателската должност или ако настанат околности кои го спречуваат старателот да ја врши својата должност, центарот за социјална работа е должен, без одлагање, да преземе мерки на заштита на интересите на ли- цето под старателство и да му постави нов старател.

Член 187

Центарот за социјална работа ќе го ослободи од вршење на старателската должност ако тоа тој самиот го побара, водејќи сметка за интересите на лицето под старателство, но нај- доцна во рок од три месеца од денот на поднесувањето на барањето.

Центарот за социјална работа ќе го смени старателот ако утврди дека во вршењето на должноста тој е невнимателен, ги злоупотребува овластувањата, дека со неговата работа се загрозуваат интересите на лицето под старателство или ако смета дека за лицето под старателство е покорисно да му се постави друг старател.

Член 188

Кога на старателот ќе му престане старателската должност согласно со одредбите на членот 187 од овој закон, центарот за социјална работа е должен веднаш да ги преземе си- те потребни мерки за заштита на интересите на лицето под старателство и да му постави нов старател.

Старателот на кого му престанала старателската должност, е должен на центарот за со- цијална работа да му поднесе извештај и сметка за своето работење и на новиот старател да му ја предаде должноста со записник во рокот што ќе го одреди центарот за социјална работа, но не повеќе од 30 дена.

Член 189
Во случај на престанок на потребата за старателство Центарот за социјална работа ќе

го повика старателот во определен рок да поднесе извештај за работата и за состојбата на имотот на лицето под старателство, како и да го предаде имотот на управување на лицето кое било под старателство, односно на родителот или на посвоителот.

Предавањето на имотот се врши во присуство на старателот, лицето кое било под ста- рателство, односно на родителот или посвоителот и на претставник на центарот за соци- јална работа.

34

Член 190
Центарот за социјална работа е должен да преземе мерки за обезбедување на правата и

интересите на лицето под старателство што произлегуваат од работењето на старателот, како и мерки за заштита на правата и на интересите и на други лица кои произлегуваат од односите на старателството.

III СТАРАТЕЛСТВО НАД МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Член 191
Под старателство ќе се стави малолетно лице без родителска грижа.

Дете без родителска грижа е дете чии родители не се живи, кои се исчезнати, непознати или се со непознато живеалиште повеќе од една година и дете чии родители без оглед на причините привремено или трајно не ги извршуваат своите родителски права и должности.

Член 192

Старателот на малолетно лице е должен да се грижи како родител за личноста на мало- летникот, а особено за неговото здравје, воспитание, образование и оспособување за само- стоен живот и работа.

Член 193
Старателот може само со одобрение на центарот за социјална работа:

- да го прекине образованието на малолетникот или да го промени видот на образова- нието,

- да одлучи за изборот, вршењето или промената на занаетот на малолетникот и
- да преземе и други мерки во поглед на личноста на малолетникот определени со за-

кон.

Член 194

Малолетник под старателство кој наполнил 15 години од животот може сам, без одо- брение на старателот, да заснова работен однос и слободно да располага со остварената плата, при што е должен сам да придонесува за своето издржување, воспитание и стручно оспособување.

Малолетник од ставот 1 на овој член може сам да презема правни работи за кои, докол- ку се од поголемо значење, потребно е одобрение од неговиот старател.

За работите од членот 193 на овој закон кои старателот не може сам да ги преземе, по- требно е согласност од центарот за социјална работа.

Член 195
Старателството над малолетно лице престанува со неговото полнолетство, со склучува-

ње на брак, со посвојување или кога ќе престане која било од причините утврдени во чле- нот 191 став 2 на овој закон.

Центарот за социјална работа ќе продолжи да му дава помош на лицето на кое стара- телството му престанало поради полнолетство ако тоа, додека траело старателството, од оправдани причини не можело да се оспособи за самостоен живот и работа.

35

Член 196
Ако и по полнолетството, поради пречки во психичкиот развој лицето не е способно

само да се грижи за себе и за своите права и интереси, старателот или центарот за соци- јална работа ќе поведат постапка тоа лице по друга основа да биде ставено под старателс- тво.

IV СТАРАТЕЛСТВО НАД ЛИЦА НА КОИ ИМ Е ОДЗЕМЕНА ИЛИ ОГРАНИЧЕНА ДЕЛОВНАТА СПОСОБНОСТ

Член 197
Лицата на кои со одлука на судот делумно или целосно им е одземена деловната спо-

собност, центарот за социјална работа ги става под старателство.
Деловната способност е способност на лице да изрази правно релевантна волја за учес-

тво во правниот промет.

Член 198

Правосилното решавање за одземање, односно ограничување на деловната способност судот веднаш го доставува до центарот за социјална работа кој, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, го става лицето под старателство.

Член 199

Старателот на лице на кое му е одземена или ограничена деловната способност, е должен да се грижи особено за неговата личност, права, интереси, сместување и здравје, имајќи ги предвид причините поради кои на лицето му е одземена, односно ограничена деловната способност, настојувајќи тие да бидат отстранети, а лицето да се оспособи за самостоен жи- вот и работа.

Член 200
Старателот на лице на кое му е одземена деловната способност ги има правата и должно-

стите на старател на малолетно лице кое нема наполнето 15 години живот.
Старателот на лице на кое му е ограничена деловната способност има должности и пра-

ва на старател на малолетно лице кое има наполнето 15 години живот. Член 201

Судот е должен веднаш да го извести центарот за социјална работа кога ќе се поведе постапка за одземање на деловната способност на лицето.

Центарот за социјална работа во постапката за одземање на деловната способност на лицето може на тоа лице да му постави привремен старател, ако најде дека е тоа потребно.

Должноста привремен старател престанува веднаш штом ќе се постави постојан стара- тел или штом решението на судот со кое се одбива предлогот за одземање на деловната способност ќе стане правосилна.

Член 202
Привремениот старател има исти права и должности како старател над малолетно лице

кое навршило 15 години живот.
Центарот за социјална работа може, ако е тоа потребно, да ги прошири правата и долж-

ностите на привремениот старател како на старател над малолетно лице кое не навршило 15 години живот.

36

Член 203
Ако старателот утврди дека кај лицето на кое му е одземена деловната способност на-

станале околности кои упатуваат на потреба за враќање на деловната способност, односно за измена на поранешната одлука, тој е должен, без одлагање, за тоа да го извести цента- рот за социјална работа.

Член 204
Старателството над лице на кое му е одземена деловната способност престанува кога

со решение на судот ќе му се врати деловната способност.
V СТАРАТЕЛ ЗА ПОСЕБНИ СЛУЧАИ

Член 205
Центарот за социјална работа ќе му постави старател за одделни работи или определен

вид работи на лице чие место за живеење не е познато, а кое нема застапник, на непознат сопственик на имот кога е потребно некој да се грижи за тој имот, како и во други случаи кога е тоа потребно заради заштита за правата и интересите на одделни лица.

Старател на лицата од ставот 1 на овој член, под услови утврдени со закон, може да по- стави и органот пред кој се води постапката. Овој орган е должен за тоа без одлагање да го извести центарот за социјална работа.

Центарот за социјална работа спрема старателот поставен во смисла на ставот 2 на овој член ги има сите овластувања како и спрема старателот кого сам го поставил.

Член 206
Центарот за социјална работа може да постави посебен старател на:

- лице над кое родителите го вршат родителското право за водење спор меѓу него и не- говите родители, за склучување на одделни правни дела меѓу нив, како и во други случаи кога нивните интереси се во спротивност и

- лице под старателство за водење спор меѓу него и старателот, за склучување правни дела меѓу нив, како и во други случаи кога нивните интереси се во спротивност.

Кога меѓу малолетници над кои исто лице врши родителско право или меѓу лица кои имаат ист старател треба да се води спор или да се склучи правно дело во кое интересите на малолетни- те, односно на лицата под старателство се во спротивност, центарот за социјална работа на секое од нив ќе постави посебен старател за водење на спорот, односно склучување на правното дело.

Кога родителите, старателите и државните органи во вршењето на должноста, ќе дозна- ат за случаите од ставот 2 на овој член, се должни за тоа да го известат центарот за соци- јална работа.

Член 207

Центарот за социјална работа во случаи предвидени со овој закон, ќе преземе потребни мерки за заштита на личноста, правата и интересите на странски државјани додека орга- нот на државата, чиј државјанин е тој, не донесе потребно решение и не преземе опреде- лени мерки.

Член 208

На барање на лице кое поради болест, старост или од други оправдани причини не е способно само да се грижи за себе за своите права и правни интереси, центарот за соци- јална работа може да му постави старател за одделни работи или за определен вид работи.

На барање на лицето од ставот 1 на овој член центарот за социјална работа ќе донесе решение за престанок на старателството.

37

Член 209
При поставувањето на старател според одредбите на членовите 207 и 208 од овој закон,

центарот за социјална работа обемот на должностите и правата на старателот, го опреде- лува во зависност од околностите на секој одделен случај.

ШЕСТИ ДЕЛ ИЗДРЖУВАЊЕ

Член 210
Издржувањето на членовите на семејството и на другите роднини е нивно право и

должност.

Во случаите во кои меѓусебното издржување на членовите на семејството и на другите роднини не може да се оствари во целост или делумно, Републиката на необезбедените членови на семејствотото им обезбедува средства неопходни за издржување под услови определени со закон.

Откажувањето од правото на издршка нема правно дејство.

1. Издржување на децата, на родителите и на другите роднини
Член 211

Родителите се должни да ги издржуваат своите малолетни деца.

Ако школувањето и стручното образование на децата продолжува и по полнолетството, родителите се должни, понатаму да ги издржуваат децата до редовното завршување на школувањето, но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст.

Ако полнолетното лице е неспособно за работа поради болест, физички или психички недостаток, а нема доволно средства за живот и не може да ги добие од својот имот, роди- телите се должни да го издржуваат додека трае таа неспособност.

Член 212
Обврската за издржување постои и меѓу други роднини во права линија, како и меѓу

браќа и сестри во поглед на издржувањето на малолетните браќа и сестри, а во однос на полнолетните браќа и сестри само под условите на членот 211 став 3 на овој закон.

Член 213
Децата се должни да ги издржуваат своите родители кои се неспособни за работа, а не-

маат доволно средства за издржување или средствата за издржување не можат да ги ос- тварат од својот имот.

По исклучок, судот може да го одбие барањето за издржување кога издржување бара родител, на кој му било одземено родителското право, иако детето за тоа има можности или ако судот, ценејќи ги сите околности на случајот, најде дека тоа би била очигледна неправда за детето.

Член 214

Очувот и маќеата се должни да ги издржуваат своите малолетни пасиноци, освен ако тие имаат роднини кои според овој закон се должни да ги издржуваат и ако тие роднини за тоа имаат можности.

38

Обврската на очувот, односно маќеата да ги издржуваат своите малолетни пасиноци, по- стои и по смртта на родителот на детето, со кого очувот, односно маќеата бил во брак ако до моментот на смртта постоела семејна заедница меѓу очувот, односно маќеата и пасино- ците.

Ако бракот меѓу родителот и очувот, односно маќеата на детето е поништен или разве- ден, обврската за издржување на очувот, односно на маќеата спрема пасинокот престану- ва.

Член 215

Пасиноците се должни да го издржуваат својот очув, односно маќеата ако тие подолго ги издржувале и се грижеле за нив. Ако очувот, односно маќеата имаат свои деца, обврската на пасиноците е заедничка со тие деца.

Член 216
Лицата кои според овој закон се должни меѓусебно да се издржуваат ја даваат издр-

шката по оној ред по кој давателите на издржувањето доаѓаат на наследство.
Ако обврската за издржување паѓа на товар на повеќе лица заедно, тогаш таа се дели

меѓу нив според нивните можности.

2. Издржување на брачен другар

Член 217

Брачниот другар кој нема доволно средства за издржување и е неспособен за работа или е без работа без своја вина, има право на издржување од својот брачен другар сраз- мерно со неговите можности.

Судот може, земајќи ги предвид сите околности на случајот, да го одбие барањето за из- држување ако издржување бара брачниот другар кој злонамерно или без оправдани причи- ни го напуштил својот брачен другар.

Член 218
Под условите од членот 217 на овој закон необезбедениот брачен другар има право да

бара, со пресудата со која бракот се разведува, да му се досуди извесен износ на име на издржување на товар на другиот брачен другар сразмерно со неговите можности.

По исклучок од одредбата од ставот 1 на овој член брачниот другар може со посебна тужба, во рок од една година по престанокот на бракот, да бара издржување само ако ус- ловите за издржување утврдени во членот 271 од овој закон постоеле во моментот на зак- лучувањето на главната расправа на постапката за разводот на бракот и непрекинато трае- ле до заклучување на главната расправа во постапката за издржување.

Член 219

Судот може да го одбие барањето за издржување ако издржување бара брачен другар, кој без сериозен повод од страна на другиот брачен другар, грубо и недолично се однесу- вал во брачната заедница или ако неговото барање би претставувало очигледна неправда за другиот брачен другар.

Член 220

Судот може да го одбие барањето за издржување, ако брачните другари во подолг пер- иод на одвоен живот, наполно самостојно, обезбедувале средства за своето издржување или ако од околностите на случајот, се утврди дека брачниот другар кој бара издржување, не е доведен во потешка материјална положба од онаа во која се наоѓал во моментот на склучување на брак.

39

Член 221
Правото на издршка на необезбедениот поранешен брачен другар трае најмногу пет го-

дини по разводот на бракот или по поништување на бракот.

По барање на брачниот другар, судот може да го продолжи правото на издржување и по истекот на рокот од ставот 1 на овој член, ако утврди дека за тоа постојат оправдани причини, а особено ако необезбедениот брачен другар, ни по истекот на тој временски период , не ќе биде способен самиот да се издржува.

Член 222
Судот може обврската за издржување да ја определи да трае и помалку од пет години

кога постојат претпоставки дека барателот на издржувањето е во можност во догледно време на друг начин да си обезбеди средства за издржување.

Во случај кога бракот траел кратко време судот може, ценејќи ги сите околности, да одлучи обврската за издржување да трае определено време или барањето за издржување во целост да биде одбиено без оглед дали барателот на издржувањето, во догледно време може да си обезбеди средства за издржување, доколку тој не одгледува заедничко мало- летно дете. Притоа судот посебно ќе цени дали имотните прилики на брачниот другар се измениле во врска со склучување на бракот.

Во оправдани случаи судот може обврската за плаќање на издршката да ја продолжи на неопределено време.

Тужбата за продолжување на обврската за издржување може да се поднесе само до истекот на времето за кое издржувањето е досудено.

Член 223
Правото на поранешниот брачен другар на издржување престанува кога ќе престанат

условите од членот 217 на овој закон, кога ќе истече времето за кое е досудено издржува- њето и кога поранешниот брачен другар кој добива издржување ќе склучи нов брак, од- носно ќе стапи во вонбрачна заедница.

Член 224

Во случај на поништување на брак, брачниот другар кој во времето на склучувањето на бракот не знаел за причината за ништавност може да бара на товар на другиот брачен дру- гар да му се досуди издржување, под условите под кои разведениот брачен другар може да го остварува правото на издржување.

Член 225
При одлучување за издржување на лице од вонбрачна заедница соодветно се примену-

ваат одредбите од овој закон што се однесуваат на издржување на брачните другари. 3. Определување на издршка

Член 226
При утврдување на потребата за издржување на лицето, судот ќе ја земе предвид него-

вата имотна состојба, способноста за работа, можноста за вработување, здравствената по- ложба, како и другите околности од кои зависи оцената за неговите потреби.

Кога издршката се определува за дете, судот ќе ја земе предвид и возраста на детето, како и потребите за неговото школување.

40

При утврдување на можностите на лицето кое е должно да дава издржување, судот ќе ги земе предвид сите негови приходи и вистинските можности за стекнување на заработка и неговите сопствени потреби и законски обврски по основа на издржувањето спрема дру- ги лица.

Член 227

Во спорот на родителите околу издржувањето на детето, судот како придонес за издржу- вање на детето на родителот на кого детето му е доверено на чување и воспитание, ќе ги це- ни работата и грижата на тој родител кој ги внесува во воспитанието и подигањето на дете- то.

Член 228
Висината на издржувањето судот може да ја определи во определен износ или во про-

цент од остварениот личен доход, односно од приходите и примањата остварени од врше- ње на друг вид дејност.

Член 229
Центарот за социјална работа може во име на малолетното дете да поведе спор за издр-

жување, односно за зголемување на издржувањето, кога родителот кај кого детето се нао- ѓа на чување и воспитание, без оправдани причини, не го користи тоа право.

Ако родителот не бара извршување на досуденото издржување, центарот за социјална работа може во името на малолетното лице да поднесе предлог за извршување.

Член 230

Центарот за социјална работа ќе настојува родителите да се спогодат за издржувањето на детето, односно за зголемување на придонесот во издржување на детето кога тоа го ба- раат зголемените потреби на детето или тоа го овозможуваат подобрените материјални прилики на давателот на издржувањето.

Член 231
Центарот за социјална работа може, со полномошно на стари лица во нивно име да по-

веде и води спор за остварување на правото на издржување спрема лицата кои според одредбите на овој закон се должни да ги издржуваат.

Член 232
Лицето кое е должно да дава издржување, освен за обврската на родителот спрема ма-

лолетни деца, може по свој избор да плаќа определен паричен износ на име на издржува- њето или лицето да го земе на издржување кај себе или да му обезбеди издржување на друг начин.

Лицето кое има право на издржување може од оправдани причини да бара издржување- то да му се обезбеди само во пари.

Член 233

Заинтересираното лице може да бара судот да го зголеми, да го намали или да го укине издржувањето досудено со поранешна правосилна пресуда ако се измениле околностите врз основа на кои е донесена пресудата.

41

Член 234
Давателот на издршката (орган, организација, заедница или физичко лице) може од ли-

цата кои според овој закон биле должни да даваат издршка, со тужба да бара надоместок на сторените трошоци за издршка на лицето, доколку тие биле оправдани.

СЕДМИ ДЕЛ

ИМОТНИ ОДНОСИ

I ИМОТНИ ОДНОСИ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА

Член 235

Малолетни деца можат да имаат свој имот кој ќе го стекнат на со закон определена осно- ва. Со тој имот, освен со оној што малолетникот го стекнал со работа, до неговото полно- летство управуваат и располагаат родителите на малолетникот, на начин утврден со овој за- кон.

Член 236

Ако родителите не живеат заедно, со имотот на детето управува родителот со кого де- тето живее, ако центарот за социјална работа на предлог на другиот родител, поинаку не одлучи.

Член 237

Приходите од имотот на своето дете родителите можат да ги употребуваат првенствено за негово издржување, воспитание и образование, како и за неопходните потреби на се- мејната заедница, доколку сами немаат доволно сопствени средства.

Родителите можат со одобрение на центарот за социјална работа да го отуѓат или опто- варат имотот на своето дете заради негово издржување, воспитание и образование или ако тоа го бараат некои други интереси, како и кога тоа го бараат неопходни потреби на се- мејната заедница.

ОСМИ ДЕЛ

СУДСКИ ПОСТАПКИ

I ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ

Член 238

Во постапките во кои судот одлучува во брачните, семејните и други спорови од овој закон, како и за насилството во бракот и семејството, се применуваат одредбите на Зако- нот за процесната постапка и Законот за извршната постапка, ако со овој закон поинаку не е определено.

Член 239
Во споровите од членот 238 на овој закон, кога странките имаат заеднички малолетни

деца или деца над кои е продолжено родителското право и во случај на семејно насилство, постапката е итна.

42

Член 240
Во постапките од членот 238 на овој закон јавноста е исклучена како на рочиштето за

главна расправа, така и на рочиштето за обид за мирење.

По исклучок, претседателот на советот, може да дозволи на рочиштето за главна рас- права да присуствуваат научни и јавни работници, кои се занимаваат со проблемите на бракот и семејството, како и лица кои странките ќе ги предложат.

Претседателот на советот може во согласност со странките да дозволи присуство на ли- цата од ставот 2 на овој член и на рочиштето за обид за мирење.

Член 241

Во споровите од членот 238 на овој закон не е дозволено изречување на пресуда поради изостанок или пресуда врз основа на признание или пресуда врз основа на откажување, а е исклучено и судско порамнување, освен во споровите за издршка.

Член 242

Во споровите од членот 238 на овој закон, постапката во прв степен ја води и одлуките ги донесува совет составен од еден судија и двајца судии поротници, а во втор степен со- вет од тројца судии.

Во постапката за спогодбен развод на брак може одлука да донесе и судија поединец под условите определени со овој закон.

Член 243
Кога судот одлучува по вонреден правен лек, одлучува во совет од пет судии.

II ПОСТАПКА ВО БРАЧНИ СПОРОВИ

Член 244
Во брачните спорови покрај судот од општа месна надлежност, месно надлежен е и су-

дот на чија територија брачните другари имале последно заедничко живеалиште.

Член 245
Процесната постапка во брачните спорови се поведува со тужба.

Ако брачните другари бараат бракот да се разведе по заемна согласност, процесната постапка се поведува со тужба со спогодбен предлог за развод на бракот.

Член 246
Правото на тужба за поништување на бракот и за развод на бракот не преоѓа на наслед-

ниците.
Наследниците од умрениот брачен другар кој ја поднел оваа тужба можат да бараат

утврдување дека тужбата за поништување, односно за развод на бракот била основана.

Барањето од ставот 1 на овој член може да се истакне во процес кој е веќе започнат од умрениот брачен другар, ако од неговата смрт не поминало повеќе од шест месеца. По исте- кот на овој рок постапката се запира.

Одредбите од ставовите 1 и 2 на овој член соодветно ќе се применуваат и кога постап- ката е покрената по предлог за спогодбен развод на брак.

43

Член 247
Ако брачниот спор се поведува преку полномошник, во полномошното треба да биде

назначено видот на тужбата и причините поради кои тужбата може да се поднесе.

Член 248
За лицата од членот 20 ставови 1 и 2 на овој закон, тужба може да поднесе неговиот

старател само по претходна дозвола од центарот за социјална работа. Член 249

Тужениот може од своја страна да поднесе тужба за поништување на брак или за раз- вод на брак кај судот кај кој е тужен (противтужба).

Одлуките за двете тужби ќе се донесат со една пресуда.

Член 250
Во споровите за развод на брак тужителот може да ја повлече тужбата до заклучување

на главната расправа без согласност на тужениот, а со согласност на тужениот додека по- стапката правосилно не е завршена.

Откажување од тужбеното барање има правно дејство како повлекување на тужба. Член 251

Кога тужителот ја повлекол тужбата согласно со членот 250 на овој закон судот ќе до- несе решение со кое тоа ќе го утврди.

Ако тужбата е повлечена по донесување на првостепена пресуда, првостепениот суд со решение ќе констатира дека тужбата е повлечена, дека пресудата е без правно дејство и дека постапката се запира.

Изјавата за повлекување на тужбата се упатува до првостепениот суд и кога постапка- та, по правен лек, е во тек. Во таков случај првостепениот суд ќе ги побара списите од второстепениот суд и ќе донесе решение во смисла на ставот 2 на овој член.

Ако изјавата за повлекување е дадена пред повисокиот суд, тој суд ќе му ја достави за- едно со списите на надлежниот првостепен суд.

Против решението од ставот 2 на овој член странките имаат право на жалба. Член 252

Предлогот за спогодбен развод на брак, брачните другари можат да го повлечат сÈ до- дека постапката правосилно не е завршена. Ќе се смета дека предлогот е повлечен и тогаш кога од предлогот ќе се откаже еден од брачните другари.

Предлогот за спогодбен развод на брак може да се повлече со поднесок или на запис- ник пред судот.

Во случаите од ставот 1 на овој член судот донесува решение за запирање на постапка- та.

Ако постапката се води пред второстепениот суд се применува одредбата од членот 251 став 2 на овој закон.

Член 253

По приемот на тужбата за развод на брак или на предлогот за спогодбен развод на бра- кот, пред доставувањето на тужбата на тужениот, се спроведува постапка за мирење на брачните другари.

44

Постапката за мирење на брачните другари нема да се спроведе ако:

1) еден од брачните другари е неспособен за расудување;

2) еден или обата брачни другари живеат во странство;

3) едниот брачен другар е со непознато место на живеење подолго од шест месеца и

4) по противтужба за развод на брак, без оглед кога е таа поднесена, а обидот за мире- ње на брачните другари по тужбата завршил безуспешно.

Ако брачните другари имаат заеднички малолетни деца или деца над кои е продолжено родителското право, постапката за мирење ја спроведува центарот за социјална работа.

Во случаите од ставот 3 на овој член, судот во рок од осум дена доставува писмено из- вестување до центарот за социјална работа, со податоци кога постапката за развод на брак е поведена, основните причини поради кои се бара развод на бракот и податоци за децата. Центарот за социјална работа е должен во рок од три месеца од приемот на известување- то, да ја заврши постапката за мирење на брачните другари.

Ако брачните другари немаат заеднички малолетни деца или деца над кои е продолжено родителското право, постапката за мирење на брачните другари ја спроведува судот, ако истиот не оцени дека е целисходно мирењето да се отстапи на центарот за социјална работа.

Постапката за мирење на брачните другари пред центарот за социјална работа се уре- дува со закон.

Член 254
Кога постапката за мирење на брачните другари ја спроведува судот, претседателот на

советот закажува посебно рочиште.
Рочиштето за мирење се одржува само во присуство на претседателот на советот, без

присуство на записничар.
Рочиштето за обид за мирење е посебно рочиште и тоа не смее да се спои со рочиштето

Член 255

за главна расправа.
На рочиштето за обид за мирење се повикуваат двајцата брачни другари лично да при-

суствуваат.

Ако постапката за развод на брак е поведена со тужба, а еден или двајцата брачни дру- гари, уредно поканети, не дојдат на рочиште за обид за мирење, ќе се смета дека мирење- то не успеало.

Ако постапката е поведена со предлог за спогодбен развод на бракот, а еден или двај- цата брачни другари не дојдат на рочиште за обид за мирење, а не го оправдаат своето отсуство, ќе се смета дека предлогот бракот да се разведе по заемна согласност е повле- чен.

Во поканата за рочиштето за мирење ќе се наведе дека ќе настанат последици од ставо- вите 2 и 3 на овој член.

Член 257

Ако на рочиштето за обид за мирење не дојде до помирување на брачните другари, а се оцени дека има изгледи да дојде до помирување, односно дека не е добиено цврсто уверу- вање дека натамошното мирење е залудно, може да се определи ново рочиште за обид за мирење.

Член 256

45

Член 258
При обидот за мирење ќе се настојува да се испитаат причините што довеле до поведу-

вање на постапка за развод на бракот, ќе се обиде да се измират брачните другари, а по потреба ќе им се препорача да се обратат на предбрачното и брачното советувалиште или друга установа која може да им даде потребен совет.

Член 259
Кога ќе оцени дека тоа е во интерес на мирењето, претседателот на советот може да во-

ди разговор одделно со секој брачен другар.
Член 260

На рочиштето за обид за мирење, како и во текот на целата постапка за развод на брак, судот соработува со центарот за социјална работа.

Член 261
За одржаното рочиште за мирење претседателот на советот составува службена беле-

шка.

Член 262

Ако обидот за мирење не успее, претседателот на советот, закажува рочиште за главна расправа и на тужениот му ја доставува тужбата за развод на брак, укажувајќи на присут- ната странка на последиците од недоаѓање утврдени во членот 270 од овој закон.

Член 263
Во поканата за рочиште за главна расправа ќе се наведе, дека за тужителот ќе настанат

последици од членот 270 на овој закон ако не дојде на првото рочиште за главна расправа. За недоаѓање на наредните рочишта ќе се применат одредбите за мирување на постап-

ката согласно со Законот за процесната постапка. Член 264

Претседателот на советот не мора да закаже рочиште за главна расправа ако мирењето не успеало, а е поведена постапка за развод на брак со предлог за спогодбен развод на брак на брачни другари кои немаат заеднички деца.

Во случај од ставот 1 на овој член, претседателот на советот, откако ќе утврди дека брачните другари, заемната согласност за развод на бракот ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо, донесува пресуда со која бракот ќе го разведе.

Член 265
Ако во бракоразводниот спор се решава за чување, издржување и воспитание на деца-

та, судот ќе го повика центарот за социјална работа да учествува на рочиштето заради за- штита на интересите на децата и ќе му ги достави сите одлуки донесени во таа постапка.

Во постапката од ставот 1 на овој член центарот за социјална работа ќе даде предлог за чување, издржување и воспитание на децата, а може, во границите на овој предлог, да изне- сува нови факти и докази што странките не ги навеле, да вложува правни средства и да пре- зема други процесни дејства во интерес на децата.

46

Член 266
Имотните спорови меѓу брачните другари освен споровите за издржување не може да

се решаваат заедно со бракоразводниот спор.

Член 267
Во текот на постапката за бракоразводните спорови судот може со решение да опреде-

ли привремени мерки заради давање издршка на заедничките деца и за нивно доверување на чување и воспитание.

Привремените мерки од ставот 1 на овој член можат да се определат по службена должност, по предлог на една од странките, како и на предлог на центарот за социјална работа.

Привремените мерки од ставот 1 на овој член судот може да ги определи и во корист на брачниот другар, по негов предлог.

Жалбата против решението од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не го задржува извршува- њето на решението.

Член 268
Привремените мерки траат до правосилното завршување на постапката, но судот може

по службена должност или по барање на една од странките нив да ги менува. Член 269

Кога бракот се разведува по заемна согласност на брачните другари, а брачните друга- ри имаат малолетни или полнолетни деца над кои е продолжено родителското право, спо- годбата од членот 42 став 2 на овој закон за начинот на вршењето на родителските права и за доверување на децата на чување и воспитание, се поднесува писмено или усно во за- писник кај надлежниот првостепен суд.

Ако кон предлогот за спогодбен развод на брак, не е доставена и спогодбата од ставот 1 на овој член, судот ќе постапи согласно со одредбите од Законот за процесната постапка за неуредни поднесоци.

Член 270
Ако тужителот, односно неговиот полномошник не дојде на првото рочиште за главна-

та расправа, ќе се смета дека тужбата за развод на брак е повлечена.
За недоаѓање на странките на наредните рочишта ќе се применуваат одредбите од Зако-

нот за процесната постапка за мирување на постапката. Член 271

Кога постапката за развод е поведена по предлог за спогодбен развод, па на рочиштето за главна расправа изостане еден или двајцата брачни другари, а не го оправдале изоста- нокот иако се уредно поканети, ќе се смета дека предлогот е повлечен.

Член 272

При оцена на спогодбата на брачните другари судот е должен да прибави мислење од центарот за социјална работа и доколку оцени дека спогодбата е спротивна на интересите на децата, ќе донесе своја одлука.

Центарот за социјална работа е должен во рок од 15 дена од приемот на барањето од судот да даде мислење во смисла на ставот 1 од овој член.

Мислење од ставот 1 на овој член судот ќе прибави од центарот за социјална работа и во споровите кога се бара развод на брак со тужба.

47

Член 273
Фактите врз кои странките го засноваат тужбеното барање во брачниот спор, а стран-

ките во спорот имаат заеднички малолетни деца и кога тие факти се однесуваат на децата, судот може да ги утврдува и кога тие не се спорни меѓу странките.

Судот не смее да се впушти во испитување на вистинитоста на другите факти за кои дознал од исказот на странките или на друг начин, а кои би можеле да претставуваат дру- га бракоразводна причина како основа на тужбата.

Член 274
Доколку бракот се разведува по предлог за спогодбен развод на брак образложението

на пресудата содржи само констатација дека брачните другари својата согласност за раз- вод на брак ја донеле слободно, сериозно и непоколебливо.

Член 275
Пресудата со која се разведува бракот по предлог за спогодбен развод на брак може да

се побива:
1) поради суштествена повреда на одредбите на процесната постапка од членот 354

став 2 на Законот за процесната постапка;
2) поради погрешна примена на материјалното право и
3) поради тоа што предлогот за развод на брак по заемна согласност бил даден во заблу-

да, под влијание на сила или закана и во случај ако за донесување на оваа пресуда не посто- еле услови одредени со овој закон.

Против првостепената пресуда од ставот 1 на овој член странките можат да изјават жалба во рок од 15 дена.

Жалбата во која се изнесени причините поради кои не може да се изјави жалба, ќе се отфрли како недозволена.

Против одлуката на второстепениот суд од ставот 1 на овој член не е дозволена ревизи- ја.

Член 276
Ако со правосилна пресуда бракот е разведен или поништен, одлуката за развод на

брак, односно поништување на брак не може да се побива со вонредни правни лекови. Член 277

Одредбите од членовите 267, 268 и 272 на овој закон ќе се применуваат и на споровите со кои се бара поништување на бракот.

III ПОСТАПКА ВО СПОРОВИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ И ОСПОРУВАЊЕ НА ТАТКОВСТВОТО И МАЈЧИНСТВОТО

Член 278

Во споровите за утврдување или оспорување на татковство или мајчинство, малолетно- то дете може да поднесе тужба или пред судот од општа месна надлежност или пред су- дот на чие подрачје има живеалиште, односно престојувалиште. Пред судот на своето жи- веалиште, односно престојувалиште детето може да поднесе тужба и по полнолетството, но само доколку тужениот нема живеалиште, односно престојувалиште на територијата на Република Македонија.

48

Одредбите од ставот 1 на овој член се применуваат и во случаите кога детето поднесу- ва тужба заедно со друго лице.

Член 279

Како странки во спорот за утврдување на татковство се лицето чие татковство се утвр- дува, детето и мајката на детето, а центарот за социјална работа само кога согласно со одредбите на овој закон е овластен да поведе постапка за утврдување на татковство.

Како странки во спорот за оспорување на татковство се лицето кое го оспорува татков- ството, лицето чие татковство се оспорува, детето и мајката на детето.

Кога татковството го оспорува мажот на мајката од подоцнежниот брак, како странка во постапката е и мажот на мајката од поранешниот брак.

Член 280
Ако со тужбата за утврдување и оспорување на татковство како тужители и тужени не

се опфатени сите лица кои мораат да бидат странки во постапката, судот ќе го подучи ту- жителот да го тужи и лицето кое со тужбата не е опфатено или да го повика лицето да се приклучи кон тужбата како нов тужител.

Ако тужителот во рокот што ќе го одреди судот не ја прошири тужбата на сите лица кои мораат да бидат странки во постапката или ако тие лица не се приклучат кон тужбата, судот по тужбата ќе постапи согласно со одредбите од Законот за процесната постапка за неуредни поднесоци.

Член 281
Странките кои во тужбата за оспорување и утврдување на татковството или мајчинс-

твото се означени како тужители или тужени се единствени сопроцесници.
Кога тужбата ја поднесува овластено лице во законски рок, на тужбата може да Ì се

придружи и лице на кое му истекнал рокот за поднесување на тужба.

Член 282
Ако детето и родителот, кој по законот го застапува детето, имаат спротивни интереси,

центарот за социјална работа ќе му постави на детето старател за посебни случаи.

Член 283
Во споровите за утврдување или оспорување на татковството ќе се применуваат одред-

бите на членовите 250 став 2, 267 и 268 од овој закон.
Во споровите за утврдување на мајчинството соодветно ќе се применуваат сите одред-

би како во споровите за утврдување или оспорување на татковството. Член 284

Ако во спорот за утврдување на татковството, тужениот го признае татковството, по- стапката се запира, а судот ќе постапи согласно со членот 54 став 2 на овој закон.

Член 285
Постапката за оспорување на мајчинството се води одделно од постапката за утврдува-

ње на мајчинството.
По исклучок од ставот 1 на овој член доколку постапката ја поведува жената која се

смета за мајка на детето се води единствена постапка.

49

Член 286
Одредбите од членот 273 на овој закон се применуваат и во споровите за утврдување и

оспорување на татковството и мајчинството и за поништување на татковството утврдено со признание.

Член 287
Во споровите за утврдување и оспорување на татковство и мајчинство, против право-

силна пресуда е дозволена ревизија.
IV ПОСТАПКА ВО СПОРОВИ ЗА ДОВЕРУВАЊЕ НА ДЕЦА НА

ЧУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ Член 288

Во постапката заради доверување на деца на чување и воспитание судот не е врзан со ба- рањата на странките.

Член 289
Против второстепената одлука за доверување на деца на чување и воспитание е дозво-

лена ревизија.

Кога одлуката за доверување на деца за чување и воспитание се донесува во брачен спор, правните последици од оваа одлука настануваат оној ден кога ќе настанат и правни- те последици од пресудата со која се утврдува дека бракот не постои или се поништува или се разведува.

V ПОСТАПКА ВО СПОРОВИТЕ ЗА ИЗДРЖУВАЊЕ

Член 290
Со пресудата со која бракот се поништува или се разведува, судот ќе донесе одлука за

издржување на лицата утврдени во членот 211 од овој закон.

Член 291
Одлука за издржување на детето судот може да донесе и во спорови за утврдување или

оспорување на татковство или мајчинство, кога донесувањето на оваа одлука, со оглед на исходот на спорот и околностите на случајот, е можно и потребно.

Член 292
Во спорот за издржување нема да се применуваат одредбите од Законот за процесната

постапка кои се однесуваат на постапката во спорови од мала вредност.

Член 293
Во споровите за издржување на малолетно дете или полнолетно дете над кое е продолже-

но родителското право се применува одредбата од членот 288 на овој закон. Член 294

Жалбата изјавена против одлуката на судот во споровите за издржување не го задржува нејзиното извршување.

50

Член 295 Во споровите за издржување е дозволена ревизија.

VI ПОСТАПКА ЗА ИЗРЕЧУВАЊЕ НА ПРИВРЕМЕНА МЕРКА ЗА ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Член 296
Во постапките за изречување на привремена мерка за заштита од семејно насилство од-

лучува судија поединец.
По приемот на барањето од членот 104 на овој закон, судот закажува рочиште.

Член 297
Во постапката од членот 296 на овој закон јавноста е исклучена.

Член 298

Судот по барањето на центарот за социјална работа за изречување на привремена мер- ка од членот 104 на овој закон ќе постапи веднаш и во рок од седум дена од денот на при- емот на барањето ќе донесе одлука.

По исклучок од ставот 1 на овој член, судот ќе донесе одлука во рок од три дена од де- нот на приемот на барањето доколку постои основано сомнение дека постои сериозна опасност по животот и здравјето на член од семејството.

Член 299
На рочиштето се присутни извршителот и жртвата на семејното насилство и претстав-

ник од центарот за социјална работа.
По оцена на судот, можат да бидат повикани и други лица.

Член 300
Привремената мерка за заштита од семејно насилство може да трае најмногу една годи-

на.
Судот може да побара известување од центарот за социјална работа за спроведување на

изречената мерка.
Судот по предлог на центарот за социјална работа, може да ја продолжи, укине или из-

Член 301

мени одлуката.
Примерок од одлуката судот доставува до странките и центарот за социјална работа,

Член 302 јавното обвинителство и органот за прогон.

Член 303
Жалбата изјавена против одлуката на судот не го задржува нејзиното извршување.

51

VII КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

Член 304
Со парична казна од 5.000 до 10.000 денари ќе се казни за сторен прекршок тој што не-

ма да постапи согласно со обврските од членот 101 став 3 на овој закон.
Со парична казна од 100.000 до 200.000 денари ќе се казни за сторен прекршок и прав-

ното лице што нема да постапи согласно со обврските од членот 101став 3 на овој закон. Со паричната казна од ставот 1 на овој член ќе се казни за прекршок и одговорното ли-

це во правното лице од ставот 2 на овој член.
VIII ПОСТАПКА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ

Член 305

За одлучување по предлогот за извршување на одлуката на судот со која се наложува да се предаде детето на родителот или на друго лице, односно установа на која детето е доверено на чување и воспитание, месно надлежен е судот според местото на живеење или престојување на родителот кој го бара извршувањето, како и судот на чија територија се наоѓа детето.

За спроведување на извршувањето месно надлежен е судот на чија територија се затек- нало детето.

Член 306
При спроведувањето на присилно извршување судот води сметка за итноста на постап-

ката и за потребата да се заштити личноста на детето.

Судот, откако ќе ги оцени сите околности на случајот, ќе одлучи дали извршувањето ќе го спроведе со изрекување на парична казна против лицето кај кого се наоѓа детето или со одземање на детето од тоа лице.

Ако целта на извршувањето не може да се постигне со изрекување и извршување на од- луката за парична казна, извршувањето ќе се спроведува со одземање на детето од лицето кај кого детето се наоѓа и со предавање на детето на родителот, односно друго лице или установа на која тоа е доверено на чување, одгледување и воспитание.

Во постапката за извршување судот ќе побара помош од центарот за социјална работа. IX ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ

Член 307
Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеца

од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 308

Управните и судските постапки покренати пред влегувањето во сила на овој закон ќе продолжат според одредбите од овој закон.

Член 309

Старателите поставени според досегашните прописи продолжуваат да работат според одредбите од овој закон.

52

Член 310
Со влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат: Законот за брак (ìСлужбен

весник на СРМî број 35/73, 28/74 и 13/78), Законот за односите на родителите и децата (ìСлужбен весник на СРМî бр. 5/73 и 17/73), Законот за посвојување (ìСлужбен весник на СРМî бр. 5/73 и 17/73), Законот за старателство (ìСлужбен весник на СРМî бр. 5/73) и За- конот за посебни процесни постапки во семејните спорови (ìСлужбен весник на СРМî бр. 13/78).

Подзаконските прописи донесени врз основа на законите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат до донесувањето на прописите од членот 307 на овој закон.

Член 311
Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеца од

денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 312
Комисијата од членот 14 на овој закон се формира во рок од три месеца од денот на

влегувањето во сила на овој закон.

До формирање на Комисијата од ставот 1 на овој член, работите од посвојувањето кои се однесуваат на приемот на барањата и водење на постапката за посвојување ќе ги врши центарот за социјална работа.

Член 313
Постапките за посвојувањето започнати пред денот на влегувањето во сила на овој за-

кон ќе продолжат според одредбите на овој закон. Член 314

Центарот за социјална работа ќе изврши достава на предметите од членот 313 на овој закон до Комисијата заради упис во регистарот на можни посвоители и регистарот на можни посвоеници во рок од 30 дена од денот на формирањето на Комисијата.

53 

Trascina file per caricare