Print Friendly, PDF & Email

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

Врз основа на член 31 од Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование ("Службен весник на Република Македонија" бр. 29/2002), Законодавно-прав- ната комисија на Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 17 јуни 2002 година, го утврди пречистениот текст на Законот за средното образование.

Пречистениот текст на Законот за средното образование ги опфаќа Законот за средното образование ("Службен весник на Република Македонија" број 44/95), Законот за измену- вање и дополнување на Законот за средното образование ("Службен весник на Република Македонија" број 24/96), Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование ("Службен весник на Република Македонија" број 34/96), Законот за измену- вање и дополнување на Законот за средното образование ("Службен весник на Република Македонија" број 35/97), Законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование ("Службен весник на Република Македонија" број 82/99), Законот за измену- вање и дополнување на Законот за средното образование ("Службен весник на Република Македонија" број 29/2002) во кои е означено времето на нивното влегување во сила, Одлу- ката на Уставниот суд на Република Македонија У.бр. 355/95 ("Службен весник на Репуб- лика Македонија" број 16/96) и Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија У.бр. 210/2000 ("Службен весник на Република Македонија" број 41/2001).

Бр. 10-2287/3
4 јули 2002 година Скопје

Претседател
на Законодавно-правната

комисија на Собранието на Република Македонија, Кирил Андоновски, с.р.

ЗАКОН
ЗА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ (Пречистен текст)

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1
Со овој закон се уредува организацијата, функционирањето и управувањето во средно-

то образование, како дел од системот на воспитанието и образованието.

Член 2
Во средното образование се остваруваат планови и програми за гимназиско и стручно

образование.
Средното образование се остварува во средни училишта кои се организираат како јавни

училишта (државни и општински, односно училишта на Град Скопје) и приватни училиш- та.

Дејноста што се остварува во средното училиште е од јавен интерес и се врши како јав- на служба.

Средното училиште има својство на правно лице и се запишува во судски регистар.

Член 3
Секој, под еднакви услови утврдени со овој закон, има право на средно образование.

Не се дозволени дискриминации засновани на пол, раса, боја на кожата, национално и социјално потекло, политичко и верско уверување, имотна и општествена положба.

1

Член 4
Воспитно - образовната дејност во средното училиште се изведува на македонски јазик и

кирилско писмо.
За припадниците на националностите воспитно - образовната дејност во јавните учи-

лишта се изведува на јазикот и писмото на националностите на начин и под услови утвр- дени со овој закон.

Учениците од став 2 на овој член задолжително го изучуваат и македонскиот јазик.

Во јавните средни училишта наставата може да се изведува и на еден од светските јази- ци.

Во приватните училишта наставата може да се изведува и на странски јазик.

Член 5
Странските државјани и лица без државјанство можат да се здобијат со средно образо-

вание, на начин и под услови утврдени со овој закон.

Член 6
Јавно училиште може да остварува дејност во странство, исто како и во своето седиште

под услови утврдени со овој закон, а по претходно добиена согласност од Министерството за образование и наука (во натамошниот текст: Министерство).

Член 7
Во средното училиште е забрането секакво политичко и верско организирање и дејству-

вање.
Во средното училиште не се дозволува организирање на верско образование.

Член 8
Средните училишта имаат печат. Во средината на печатот е грбот на Република Маке-

донија, а од страната името на Република Македонија и името на училиштето и местото.

Член 9
Развојот на образованието во државните училишта се утврдува со програма која ја до-

несува Владата на Република Македонија, во согласност со развојните документи на Ре- публика Македонија.

II. ОСНОВАЊЕ И ПРЕСТАНОК НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Член 10
Државно училиште основа Владата на Република Македонија.

Приватно училиште може да основа домашно и странско правно и физичко лице врз ос- нова на одобрение, согласно со овој закон.

Општинско, односно училиште на Град Скопје може да основа единица на локалната самоуправа само за средно стручно образование.

Член 11 Услови за основање на државно училиште се:

- да постојат потреби на државата од одреден вид кадри;
- да се обезбедат средства потребни за работа;
- да се донесат планови и програми за воспитно - образовната работа и

2

- да се обезбеди опрема, простор, соодветен наставен кадар по сите предмети и доволен број ученици според педагошките стандарди и нормативи.

Условите наведени во став 1 алинеите 2, 3 и 4 на овој член важат и при основањето на општински, односно училишта на Град Скопје и на приватни училишта.

Условите од став 1 на овој член се применуваат и при промена на видот на образованието и при проширување на програмите за воспитно - образовната дејност.

Педагошките стандарди и нормативи од став 1 алинеја 4 на овој член, ги донесува ми- нистерот за образование и наука (во натамошниот текст: министер) по предлог на Бирото за развој на образованието.

Член 12
Одобрението од член 10 став 2 на овој закон го дава Владата на Република Македонија

по претходно мислење од Министерството, доколку се исполнети условите утврдени во член 11 став 1 алинеи 2, 3 и 4 од овој закон и доколку плановите и програмите содржат минимум на нормативи и стандарди утврдени за државното училиште.

Издавањето на одобрение се врши врз основа на поднесок (барање) на правното, однос- но на физичкото лице (во натамошниот текст: основач).

Член 13
Со Одлуката на Владата на Република Македонија за давање одобрение се утврдува:

- воспитно - образовното подрачје, односно видот на средното образование за кое се ос- нова приватното училиште;

- потребен наставен кадар, опрема, простор според педагошки стандарди и нормативи; - бројот на учениците;
- јазикот на кој ќе се изведува наставата;
- програмата за воспитно - образовната дејност и

- почетокот со работа на приватното училиште.

Член 14
Одобрението може да се измени или прошири во случај кога основачот бара промена

на видот на средното образование или проширување на програмата за воспитно - образов- ната дејност.

Член 15
Владата на Република Македонија може да го одземе одобрението по предлог на Ми-

нистерството, ако:
- основачот основа приватно училиште спротивно на актот за одобрение од член 13 и
- се утврди дека приватното училиште повеќе не ги исполнува условите од член 11 став

1 алинеи 2, 3 и 4 на овој закон или не ги спроведува одредбите од овој закон и подзакон- ските акти што произлегуваат од него.

Одобрението може да престане и по барање на основачот.

Член 16
Со денот на донесување на актот за одземање, односно престанок на одобрението, при-

ватното училиште престанува со работа.
Врз основа на актот за одземање, односно престанок на одобрението приватното учи-

лиште се брише од регистарот.
Основачот е должен на учениците од приватното училиште што престанало со работа да

им обезбеди продолжување на образованието на трошок на основачот.

3

Член 17
Мрежата на јавните училишта ја утврдува Владата на Република Македонија по предлог на

Министерството.
Основачот е должен при основање на јавно училиште да формира комисија која, во сог-

Член 18
ласност со овој закон, извршува подготовка за работата на училиштето.

Член 19
Средното училиште може да отпочне со работа откога Министерството ќе донесе решение

за верификација.
Против решението од став 1 на овој член може да се изјави жалба до Владата на Репуб-

лика Македонија.
Средните училишта се запишуваат во регистар за средни училишта кој го води Минис-

терството.
Поблиски прописи за начинот на верификација на средното училиште во целина, од-

носно негов дел и за начинот на водење на регистарот донесува министерот.

Член 20
Средното училиште престанува со работа ако не се спроведуваат одредбите од овој за-

кон и подзаконските акти што произлегуваат од него.
Постапката за престанување на работата на средното училиште ја покренува и води

Министерството.
Основачот на јавното училиште донесува акт за престанување на работата на средното

училиште и тој е должен да им обезбеди на учениците продолжување на образованието на трошок на основачот.

Јавното училиште по донесување на актот за престанување со работа се брише од ре- гистарот.

Актот за престанување со работа на средното училиште се објавува во "Службен вес- ник на Република Македонија."

III. ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Член 21
Со плановите и програмите за воспитно-образовната дејност (во натамошниот текст:

планови и програми), се утврдуваат целите и задачите, содржината, видот и траењето на образованието во јавните и приватните училишта, како и профилот на кадарот кој ја реа- лизира програмата.

Со плановите и програмите од став 1 на овој член се утврдуваат и други облици на вос- питно-образовна дејност.

Член 22
Плановите и програмите за јавните училишта ги изготвува Бирото за развој на образо-

ванието, а ги донесува министерот.
Планови и програми од став 1 на овој член можат да предлагаат училишта, претпријати-

ја, установи и други правни лица за задоволување на нивните посебни потреби (преквали- фикации, доквалификации и слично).

4

Член 23
Воспитно-образовната работа во средните училишта се остварува во учебни години.

Учебната година во средните училишта почнува по правило на 1 септември, а завршува на 31 август наредната година.

Поблиски прописи за организација на учебната година во јавните училишта донесува министерот.

Член 24
Средното училиште е должно да го оствари годишниот фонд наставни часови утврдени

со плановите и програмите.

Член 25
Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година,

освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава Ми- нистерството.

Член 26
Во средното училиште настава не се изведува за време на ученичките одмори и на денот

на училиштето.
На 24 Мај - Денот на Св. Кирил и Методиј во средните училишта се организираат кул-

турни, спортски и други манифестации и на тој ден не се изведува настава.
Настава во средните училишта не се изведува за време на државните празници и други

празници утврдени со закон.
Наставниот час во јавните училишта трае 45 минути, а часот по практичната настава и

Член 27
вежби во претпријатија, установи и дуќани, по правило, трае 60 минути.

Член 28
Воспитно-образовната дејност во средните училишта се организира и се изведува во па-

ралелки, групи и индивидуално.
Бројот на учениците во паралелките во јавните училишта не може да биде помал од 25

и поголем од 34 ученици.
Паралелка може да се формира и со помал број ученици утврдени во став 2 на овој

член, по добиена согласност од Министерството.

Член 29
Работата на средното училиште во текот на учебната година се утврдува со годишна

програма.
Годишната програма за работа на средното училиште ја донесува училишниот одбор на

предлог на наставничкиот совет до 1 септември, а најдоцна до 15 септември, од тековната учебна година.

Член 30
Министерот определува државно училиште во кое се врши експеримент за воведување

на нови облици и содржини на воспитно-образовна работа.
За изведување на педагошко-методска практика на студентите од наставничките факул-

тети министерот определува државни училишта.

5

Член 31
Прописите за изведување на наставата на еден од светските јазици во јавните средни

училишта ги донесува министерот.

Член 32
Во јавното училиште за остварување на воспитно-образовната дејност се употребуваат

учебници.
Припадниците на националностите во средните училишта, кои наставата ја следат на сво-

јот јазик употребуваат учебници на јазикот на кој се изведува наставата.

Член 33
Учебникот се изработува согласно со концепцијата за учебник што на предлог на Биро-

то за развој на образованието ја утврдува Педагошката служба.

Член 34
Учебникот го издава правното и физичкото лице кое ги исполнува законските услови за

вршење на издавачката дејност (во натамошниот текст: издавач на учебници).

Член 35
Програма за издавање на учебници изработува Бирото за развој на образованието, а

ја донесува министерот.
Министерството, врз основа на програмата од став 1 на овој член, објавува конкурс за

издавање на учебници по години на образование, струки, профили и предмети.
Во конкурсот се утврдуваат условите, постапката, рецензирањето и издавањето на

учебници.

Член 36
Педагошката служба врз основа на рецензираните ракописи за учебник и стручното

мислење на Бирото за развој на образованието за усогласеноста на ракописот за учебник со концепцијата за учебник и наставните планови и програми, на министерот му предлага ракопис на учебник за одобрување и употреба.

Решението за одобрување и употреба на учебникот го донесува министерот и се објаву- ва во "Службен весник на Република Македонија".

Член 37
За еден наставен предмет министерот може да одобри издавање и употреба на два или

повеќе учебници.
Министерот и издавачот на учебници потпишуваат договор за издавање на одобрените

Член 38
учебници во кој се утврдуваат меѓусебните права и обврски.

Член 39
Стручно вреднување на учебниците се врши согласно со методологијата што ја израбо-

тува Бирото за развој на образованието.
Министерот со решение определува стручни лица кои ќе извршат стручно вреднување

на учебниците.

6

Член 40
Министерот по предлог на Педагошката служба одобрува превод, адаптација и употре-

ба на учебници од други држави.

Член 41
Министерството може да партиципира во издавањето на малотиражните учебници за

хендикепирани ученици.
Министерството може да го помага издавањето на стручна литература, списанија и

публикации кои имаат придонес во развојот на воспитанието и образованието.
За дел од финансиските средства од став 2 на овој член, во договор со издавачот , се вр- ши откуп на одреден тираж наменет за збогатување на книжниот фонд на училишните

библиотеки.

Член 42
На учебникот се отпечатуваат следниве податоци:

1. Име и презиме на авторот или авторите на учебникот;
2. Име и презиме на илустраторот;
3. Име и презиме на преведувачот и податоци за издавачот, ако учебникот е преведен; 4. Име и презиме на рецензентите;
5. Име и презиме на јазичниот лектор;
6. Име и презиме на уредникот;
7. Назив и седиште на издавачката организација;
8. Име и презиме на директорот на издавачката организација;
9. Назив и седиште на печатарската организација;
10. Тираж на учебникот;
11. Број и датум на решението на министерот со кое учебникот се одобрува за употреба

и
12. ЦИП - Каталогизација во публикација Народна и универзитетска библиотека "Св.

Климент Охридски" - Скопје.
IV. ВИДОВИ СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Член 43
Средното образование се остварува преку планови и програми за:

- гимназиско образование;
- стручно образование;
- средно уметничко образование и
- средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Член 44
Во гимназиското образование се запишуваат редовни ученици кои завршиле основно

образование.
Учениците од став 1 на овој член полагаат матура.
Во гимназиското образование може да се реализира и програма за меѓународна матура

за што согласност дава министерот.
Програмата за меѓународна матура е со иста важност како и гимназиското образование.

Член 45
Во стручното образование се запишуваат редовни и вонредни ученици кои завршиле

основно образование.

7

Јавното стручно образование може да биде од тригодишно и четиригодишно траење и специјалистичко образование.

Во стручното оспособување до двегодишно траење се вклучуваат и лица без завршено основно образование, но непосредно со стручното оспособување се завршува и пропиша- ната програма за основно образование.

Програмите за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење за вонредни ученици можат да се остваруваат и во установи за образование на возрасни, како и во други установи под услови и на начин утврдени со овој закон.

Член 46
По завршувањето на последната година на јавното стручно образование се полага завр-

шен испит или матура според утврдени програми.
По завршувањето на јавното стручно образование со тригодишно траење учениците по-

лагаат завршен испит со практична работа.
По завршувањето на јавното стручно образование со четиригодишно траење учениците

полагаат завршен испит или матура.
Учениците кои полагаат матура стекнуваат право на образование на соодветни студии.

Член 47
Во јавното уметничко образование се запишуваат редовни ученици по ликовна, музич-

ка и балетска уметност кои завршиле основно образование.
Во средното уметничко образование можат да се запишат и надарени ученици со неза-

вршено основно образование, по претходна согласност од Министерството, со обврска па- ралелно да се здобијат со основно образование.

Член 48
Учениците кои ја завршиле последната година во јавното уметничко образование пола-

гаат матура според утврдени програми.

Член 49
Програмите за полагање на завршен испит, матура и меѓународна матура ги донесува

министерот.
Програмата за полагање на матура од став 1 на овој член ја предлага Бирото за развој на

образованието.
Прописите за начинот на полагање на завршниот испит, матурата и меѓународната ма-

тура ги донесува министерот.
Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се образуваат уче-

Член 50
ници според сообразени програми за соодветни занимања или за работно оспособување.

Член 51
Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат уче-

ници кои се евидентирани и распоредени според видот и степенот на пречките во развојот. Поблиски прописи за бројот на ученици со посебни образовни потреби во групите до-

несува министерот.

8

V. УЧЕНИЦИ

Член 52
Статус на ученик во средното образование се стекнува со запишување во средното учи-

лиште.
Статус на редовен ученик може да се стекне само во едно средно училиште.
Вонредни ученици се лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат

на полагање испити за одреден план и програма во средното училиште.
Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следниве услови: - да е постар од 17 години;
- да е на боледување подолг период;
- да е во работен однос и
- во други случаи утврдени со статутот на средното училиште.

Член 53
Запишувањето во државно училиште се врши по пат на конкурс кој го објавува Минис-

терството во средствата за јавно информирање најдоцна до 31 март.
Надлежниот орган на единицата на локалната самоуправа го објавува конкурсот за за-

пишување во општинските, односно училиштата на Град Скопје.
При запишувањето во прва година учениците се определуваат за образование на одре-

ден план и програма.
Во прва година во Јавното училиште како редовен ученик може да се запише лице кое

не е постаро од 17 години, а ученик со посебни образовни потреби да не е постар од 25 го- дини.

Доколку во јавното училиште за запишување во прва година на образование се пријават повеќе ученици од утврдениот број во објавениот конкурс од ставовите 1 и 2 на овој член, по претходно мислење на јавното училиште, се применуваат дополнителни критериуми за запишување.

Како дополнителни критериуми од став 5 на овој член се утврдуваат дипломи од меѓу- народни и републички натпревари и квалификационен испит на знаење.

Случаите на примената на утврдените дополнителни критериуми од ставовите 5 и 6 на овој член, како и определувањето на соодветни дипломи за запишување на учениците во прва година на образование во јавните училишта, поблиску ги пропишува министерот.

Поблиски услови и критериуми за запишување на ученици во јавните училишта се ут- врдуваат со конкурсите од ставовите 1 и 2 на овој член.

Член 54
Лице кое завршило основно училиште во странство може да се запише во средно учи-

лиште ако му се нострифицира свидетелството стекнато во странство.

Член 55
Статусот на редовен ученик во јавното училиште престанува ако ученикот:

- го завршил средното образование;
- не се запише во роковите што се определени со статутот;
- се испише;
-неоправдано не ја посетува наставата континуирано 25 наставни дена во текот на нас-

тавната година;
- е на издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеци и - двапати повторува во текот на средното образование.

9

Со посебен акт на приватното училиште се определуваат условите за престанок на ста- тусот на ученик.

Член 56
Учениците се оценуваат по наставните предмети што ги изучуваат. Оценките на учени-

кот во јавните училишта се утврдуваат како: одличен (5), многу добар (4), добар (3), дово- лен (2) и недоволен (1). Сите оценки се преодни освен оценката недоволен (1).

Следењето и вреднувањето на напредокот и постигнувањето на учениците може да се врши со интерно и екстерно проверување и оценување. Интерното проверување и оцену- вање го вршат наставниците во училиштето, а екстерното го врши Бирото за развој на об- разованието и училиштето.

Постигнувањето на учениците по задолжителните изборни програми во гимназиското образование и задолжителните активности во стручното образование се следат и вредну- ваат согласно со наставните програми.

За постигнувањата на учениците од став 3 на овој член мислење дава наставникот кој ја реализира програмата. Мислењето се заведува во соодветна педагошка документација и не влијае на општиот успех на ученикот.

Начинот на проверување и оценување на учениците од став 2 на овој член го пропишу- ва министерот.

Член 57
Општиот успех на ученикот се утврдува врз основа на годишните оценки од сите задол-

жителни предмети на крајот на годината, а за учениците упатени на поправен испит по за- вршувањето на поправните испити.

За учениците за кои наставата не се изведува по полугодија општиот успех се утврдува со завршување на образованието.

Член 58
Ако ученикот не е задоволен со некои од годишните оценки што му се соопштени, во

рок од три дена од соопштувањето на оценките има право да поднесе приговор до настав- ничкиот совет на јавното училиште.

Наставничкиот совет може да одлучи оценката да ја потврди, да ја измени или да орга- низира повторно проверување на знаењето на ученикот.

Член 59
Учениците кои по завршувањето на учебната година имаат три и повеќе негативни

оценки не ја завршуваат годината.
Годината не ја завршуваат и учениците кои на поправниот испит во вториот испитен

рок добиле негативна оценка или неоправдано не се јавиле на поправниот испит. Овие ученици имаат право повторно да се запишат во истата година.

Ученикот кој во последната година од образованието на крајот од учебната година има најмногу две негативни оценки, може да ги полага поправните испити и по вториот испи- тен рок.

Член 60
Во средното училиште ученикот кој по завршувањето на годината има до две негативни

оценки се упатува на поправен испит по два предмети.
Поправните испити од став 1 на овој член се полагаат во средното училиште што го посе-

тувале учениците.

10

За подготвување на учениците за полагање на поправните испити средното училиште е должно да организира различни форми на помош на учениците.

Учениците имаат право поправниот испит да го полагаат двапати, по еднаш во двата испитни рока.

Член 61
Во јавното училиште се оценува и поведението на ученикот. Поведението се оценува ка-

ко: примерно, добро, незадоволително.
Член 62

Телесното казнување и психичкото малтретирање на ученикот е забрането.

Член 63
Ученикот кој во текот на образованието во јавните училишта се истакнува со способ-

ности, знаења и работни навики и има одличен успех може побрзо да напредува, односно да заврши две години во текот на една учебна година.

Поблиски прописи за побрзото напредување на учениците од став 1 на овој член доне- сува министерот.

Приватните училишта со посебен акт ги определуваат условите под кои ученикот може побрзо да напредува.

Член 64
Во јавното училиште ученикот кој од оправдани причини не ја следел наставата 200 ча-

са од предвидениот број часови и нема елементи за изведување на годишна оценка, полага испит на годината.

Оправданоста на причините ја оценува наставничкиот совет на училиштето.

Ученикот кој во текот на наставната година направил вкупно најмалку една третина оп- равдани и неоправдани изостаноци од фондот наставни часови од одредени предмети ут- врдени со наставниот план, полага испит на годината по тие предмети.

Член 65
Учениците кои покажуваат одличен успех и се истакнуваат со способности, знаења и

работни навики можат напоредно, но само како вонредни ученици, да се здобиваат и со образование за друг план и програма.

Член 66
Поблиски прописи за начинот на оценувањето, напредувањето на учениците и за пола-

гање испити во средните училишта донесува министерот.

Член 67
За постигнат успех на учениците јавното училиште доделува дипломи и тоа:

- диплома за завршено средно образование и покажани исклучителни резултати и про- ширени и продлабочени знаења од областа на науката, уметноста и други видови на деј- ност на талентирани ученици и

- диплома за завршено средно образование со континуиран одличен успех.

Дипломата од став 1 алинеја 1 на овој член се доделува на ученици кои учествуваат на ученички натпревари, олимпијади и слични манифестации од државен и меѓународен ка- рактер.

Дипломата од став 1 алинеја 2 на овој член се доделува на ученици кои покажуваат ин- терес и резултати во усвојувањето на знаењата по сите наставни предмети и во активнос- тите во другите видови воспитно-образовна дејност во училиштето или надвор од него.

11

Поблиски прописи за начинот и постапката за доделување дипломи и за обрасците до- несува министерот.

Член 68
Заради повреда на должностите и неисполнување на обврските за ученикот можат да се

применат педагошки мерки: писмена опомена, опомена пред отстранување и отстранува- ње од јавното училиште.

Писмената опомена за ученикот ја изрекува раководителот на паралелката, наставнич- киот совет на паралелката или директорот.

Опомената пред отстранување и отстранувањето го изрекува наставничкиот совет.

Против одлуката од став 3 на овој член ученикот може да поднесе приговор до органот на управување на училиштето во рок од осум дена од денот на приемот на одлуката.

По приговорот од став 4 на овој член, органот на управување на училиштето може пе- дагошката мерка од став 3 на овој член да ја потврди, да ја измени или да ја укине.

Одлуката по приговорот е конечна.

Педагошката мерка отстранување може да се изрече само за потешка повреда на дол- жноста утврдена со статутот на училиштето.

Педагошката мерка отстранување се применува за учебната година во која е изречена.

На ученикот може да му се изрече педагошка мерка отстранување од училиштето во те- кот на целата учебна година.

Член 69
Начинот за изрекување на педагошките мерки поблиску се утврдува со упатство што го до-

несува министерот.

VI. НАСТАВНИЦИ И СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

Член 70
Воспитно-образовната работа во средното образование ја остваруваат наставници, воспи-

тувачи и стручни соработници (педагог, психолог, дефектолог, социолог, социјален работ- ник, лаборант, библиотекар и друго).

Наставници во средното образование можат да бидат лица кои завршиле соодветни сту- дии за образование на факултет, висока школа или академија и имаат положено стручен испит.

Наставници во средното образование можат да бидат и лица кои имаат соодветно висо- ко образование стекнато на други факултети, а се здобиле со педагошка, психолошка и ме- тодска подготовка на соодветни факултети и имаат положено стручен испит, доколку не се исполнети условите од став 2 на овој член.

Наставници во средното образование за ученици со посебни образовни потреби можат да бидат лица со завршено високо образование од ставовите 2 и 3 на овој член, а кои се здобиле со соодветно дефектолошко образование и имаат положено стручен испит.

Одредбата од став 4 на овој член не се однесува на затекнатиот наставновоспитен кадар со работно искуство над десет години во средното образование за ученици со посебни потреби, кои претходно не се здобиле со дефектолошко образование.

По исклучок во средното стручно образование за практичната настава наставници мо- жат да бидат и лица кои завршиле специјалистичко средно или више образование, се здо- биле со педагошка, психолошка и методска подготовка на соодветни факултети и имаат положен стручен испит.

По исклучок во средното балетско образование по стручно теоретската и практичната настава наставници можат да бидат и лица кои завршиле средно балетско училиште и пет

12

години практика во играње балет, а се здобиле со педагошко-психолошка и методска под- готовка на соодветен факултет и имаат положено стручен испит.

Програмите за педагошка, психолошка и методска подготовка, како и за соодветно де- фектолошко образование од став 4 на овој член ги изготвува соодветниот наставнички фа- култет во соработка со Бирото за развој на образованието.

Стручни соработници во средното образование можат да бидат лица со завршено соод- ветно средно, више и високо образование. Соодветноста на профилот се утврдува со пла- новите и програмите.

Воспитувачи во ученички дом можат да бидат лица кои ги исполнуваат условите за наставник, педагог или психолог во средното образование.

Наставниците и воспитувачите од ставовите 2, 3, 4. 5, 6 и 9 на овој член треба да се др- жавјани на Република Македонија и да го владеат литературниот јазик и писмото на кој ја изведуваат наставата.

Во приватното средно училиште, за предметите за кои наставата се изведува на стран- ски јазик, наставници можат да бидат и лица странски државјани кои имаат соодветен вид образование под услови утврдени со овој закон.

Училиштето е должно да организира проверка на наставникот за владеење на јазикот од став 11 на овој член. Проверката ја врши комисија.

Член 71
Изборот на наставници, стручни соработници и воспитувачи по пат на јавен оглас, го

врши директорот на јавното училиште и ученичкиот дом по предлог на конкурсна комиси- ја, а за приватните средни училишта органот што го овластил основачот.

Член 72
Наставниците во средните училишта можат да засноваат работен однос на определено

време и без јавен оглас, но работниот однос да не трае повеќе од три месеци во текот на учебната година.

Член 73
Наставник во средното училиште може да заснова работен однос на определено време

до крајот на учебната година, доколку по објавен оглас не може да се избере наставник кој исполнува услови утврдени со закон или доколку обемот на работата изнесува најмногу половина од работното време во работната недела утврдена со закон.

Наставник може да заснова работен однос на неопределено време, но пократко од пол- ното работно време, доколку обемот на работата изнесува најмалку половина од работно- то време во работната недела утврдено со закон.

Член 74
Воспитно-образовната работа за граѓаните на Република Македонија во странство има-

ат право да ја остваруваат наставници кои покрај условите утврдени со овој закон, имаат најмалку пет години работно искуство во настава, се истакнуваат во воспитно-образовната работа и го познаваат јазикот на државата во која ќе ја изведуваат наставата.

Исполнетоста на условите од став 1 на овој член ја утврдува Министерството. Со решение на министерот се утврдува времетраењето на работата во странство.

Член 75
Вработените во средното училиште мораат да бидат лекарски прегледани до почето-

кот на учебната година.

13

На лице кое боледува од душевна болест, алкохолизам и наркоманија му престанува ра- ботниот однос во средното училиште на начин утврден со закон.

Утврдувањето на психофизичките способности на вработените од средното училиште, односно заболеноста од одредени душевни болести, алкохолизам и наркоманија се врши согласно со Законот за здравствената заштита.

Член 76
Распоредот на работното време на наставниците и стручните соработници во рамките

на 40 часовна работна недела во јавните училишта се утврдува со нормативи што ги доне- сува министерот во согласност со закон.

Почетокот и завршувањето на работното време, користењето на дневниот и годишниот одмор на наставниците и стручните соработници во јавните училишта се утврдува со ста- тутот на училиштето.

Член 77
Наставникот и стручниот соработник кој за прв пат се вработува во јавно училиште е

приправник.
Приправничкиот стаж трае една година.
Со приправничкиот стаж наставникот се оспособува за самостојна воспитно-образовна

работа.

Член 78 Приправникот во јавното училиште полага стручен испит.

Стручниот испит се полага според утврдена програма пред стручна комисија образова- на од Министерството.

Поблиски прописи за условите и начинот на полагање на стручниот испит во Јавното училиште донесува министерот.

Член 79
Директорот, наставникот и стручниот соработник во јавното училиште во текот на сво-

јот работен век е должен перманентно стручно да се усовршува.
Стручното и педагошкото усовршување го организира и остварува Бирото за развој на

образованието, факултетите со наставнички групи и други специјализирани јавни и при- ватни установи.

Облиците, начинот, постапката и условите за стручно и педагошко усовршување се пропишуваат со акт што го донесува министерот.

Член 80
Во јавните училишта за самостојно извршување на работите и задачите и осовремену-

вање на воспитно-образовната работа во училиштата наставниците и стручните соработ- ници се оценуваат на две години.

Оценувањето на наставниците и стручните соработници го врши комисија составена од директорот, стручниот соработник од училиштето и соодветниот советник од Бирото за развој на образованието.

Резултатите од оценувањето овозможуваат стекнување на звања.

Работникот кој е незадоволен од оцената од став 1 на овој член има право на жалба до училишниот одбор.

Поблиски прописи за условите, начинот на оценувањето, оцената за работа, видот и стекнувањето на звањата донесува министерот.

14

Член 81
За наставниците и стручните соработници кои во остварувањето на воспитно-образов-

ниот процес не покажуваат задоволителни резултати, Бирото за развој на образованието, Советот на родители и Државниот просветен инспекторат покренуваат иницијатива до училишниот одбор за преиспитување на нивната способност за реализација на работните обврски.

Иницијативата од став 1 на овој член мора да содржи образложение на причините поради кои се покренува.

Доколку ја прифати иницијативата од став 1 на овој член училишниот одбор до дирек- торот поднесува предлог за престанок на работниот однос на лицата од став 1 на овој член.

Член 82
На наставник и стручен соработник за чија работа потребата престанала поради еко-

номско-технолошко, структурално и друго унапредување, не може да му престане работ- ниот однос додека не му се обезбеди едно од правата согласно со закон и колективен дого- вор.

Начинот и критериумите за прогласување на технолошки вишок се утврдуваат со ко- лективен договор.

Член 83
При промени во обемот на работата во јавното училиште што се јавуваат поради про-

мени во плановите и програмите, организацијата на работа, бројот на паралелки и други промени, работниот однос на наставникот се променува од работен однос на неопределе- но време со полно работно време во работен однос на неопределено време пократко од полното работно време и обратно.

Директорот е должен во случаите од став 1 на овој член со наставникот да склучи нов договор за работа.

VII. ПЕДАГОШКА ЕВИДЕНЦИЈА И ДОКУМЕНТАЦИЈА

Член 84
Педагошката документација во средните училишта се води и издава на македонски ја-

зик со употреба на кирилското писмо.
За учениците кои наставата ја следат на јазиците на националностите, педагошката до-

кументација се води и издава на македонски јазик со употреба на кирилското писмо и на ј- азикот и писмото на националностите.

Во средните училишта се води педагошка евиденција.

За учениците во приватните средни училишта со настава на странски јазик, дипломата и свидетелството се издаваат на македонски јазик со употреба на кирилското писмо и на јазикот и писмото на кој се изведува наставата.

Член 85
Педагошката документација, во смисла на овој закон, опфаќа главна книга на ученици-

те, главна книга на завршен испит, главна книга на матурски испит, главна книга на меѓу- народна матура, главна книга на средно специјалистичко образование и дневник на пара- лелка, диплома, свидетелство, уверение за стручно оспособување, уверение за работно ос- пособување, ученичка книшка и преведница.

15

Главната книга на учениците, главната книга на завршен испит, главната книга на ма- турски испит, главната книга на меѓународна матура и главната книга на средно специја- листичко образование се документи од трајна вредност.

Член 86
Дипломата, свидетелството, уверението за стручно оспособување, уверението за работ-

но оспособување, ученичката книшка и преведницата се јавни исправи.
Јавните исправи се издаваат во еден примерок. Во случај издаденото свидетелство да се

изгуби или уништи средното училиште издава втор примерок.

Член 87
Лицето кое ја изгубило јавната исправа од член 86 на овој закон, а средното училиште

или друга организација кај која се чува документацијата од средните училишта не може да издаде втор примерок заради тоа што документацијата е уништена или изгубена, може да бара признавање на образование во вонпроцесна постапка.

Член 88
Поблиски прописи за начинот на водењето, формата и содржината на педагошката еви-

денција и документација, донесува министерот.
VIII. НОСТРИФИКАЦИЈА И ЕКВИВАЛЕНЦИЈА НА СВИДЕТЕЛСТВА СТЕКНАТИ ВО

СТРАНСТВО

Член 89
Државјанин на Република Македонија кој во странство завршил средно образование

или завршил одделна година од средното образование, има право да бара нострификација или признавање на еквиваленција во согласност со овој закон, доколку со меѓународните договори поинаку не е определено.

Странски државјанин и лице без државјанство има право да бара нострификација или признавање на еквиваленција на свидетелство стекнато во странство.

Член 90
Под нострификација се подразбира признавање на свидетелство стекнато во странство,

а под еквиваленција се подразбира изедначување на свидетелството стекнато во странство со свидетелство стекнато во Република Македонија.

Нострификација, односно признавање на еквиваленција на свидетелство стекнато во странство врши Министерството.

Член 91
Свидетелството стекнато во странство со извршената нострификација и со признавање

на еквиваленција се изедначува со соодветно свидетелство издадено во Република Маке- донија.

Член 92
Во постапката за нострификација и признавање на еквиваленција на диплома или сви-

детелство стекнато во странство, односно нивна еквиваленција се зема предвид:
- системот на образование во државата во која дипломата или свидетелството е стекна-

то;
- траењето на образованието;
- наставниот план и програмите;

16

- правата што дипломата или свидетелството ги дава на имателот во земјата каде што е стекната и

- други околности од значење за нострификација и еквиваленција.

Член 93
Доколку во постапката за нострификација, односно признавање на еквиваленција се ут-

врди дека програмата за завршено образование во странство, битно отстапува од програ- мата за соодветно, односно средно образование во Република Македонија со која се споре- дува, нострификацијата, односно еквиваленцијата се условува со полагање предмети.

Член 94
Кон барањето за нострификација и признавање на еквиваленција на свидетелство стек-

нато во странство се доставува оригиналот издаден од верифицирано странско средно училиште и три примероци од превод извршен од страна на овластен преведувач.

Министерството при вршење на нострификација, односно признавање на еквиваленција може да бара и други докази во заверен превод, од кои можат да се видат условите и текот на образованието.

Член 95
Лицето кое поднело барање за нострификација, односно признавање на еквиваленција

на диплома или свидетелство стекнати во странство, може условно да ја посетува наредна- та наставна година, доколу постапката не е завршена до истекот на рокот за упис на уче- ници во училиште.

Ученикот чие свидетелство врз основа на извршена нострификација, односно признава- ње на еквиваленција дава право на запишување во пониска година од годината која услов- но ја посетува, се префрлува во соодветната година на образование и со тоа се поништува условното запишување.

Член 96
Решение за нострификација и решение за признавањето еквиваленција на свидетелство

стекнато во странство донесува комисија составена од истакнати стручњаци што ја фор- мира министерот.

Против решението за одбивање на нострификација, односно еквиваленција, може да се изјави жалба до министерот.

Член 97
Министерството ја чува документацијата од извршената нострификација, односно ек-

виваленција и за тоа води евиденција.

Член 98
Поблиски прописи за начинот на водење на евиденцијата и за содржината и обликот на

обрасците донесува министерот.
IX. УПРАВУВАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ

ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ Член 99

Орган на управување во јавното училиште е училишниот одбор.

17

Училишниот одбор брои девет члена и тоа: двајца претставници од основачот, тројца претставници од родители на учениците кои не се вработени во училиштето и четворица претставници од наставниците, а врз принципите на стручност и компетентност.

Членовите на училишниот одбор се избираат за периодот од четири години со право на уште еден избор.

Претставниците на основачот ги именува и разрешува Владата на Република Македо- нија, претставниците на родителите на учениците ги избира и разрешува Советот на роди- тели, а претставниците на наставниците ги избира и разрешува наставничкиот совет на училиштето по постапка пропишана со статутот.

Претставниците на основачот за општинските, односно училиштата на Град Скопје, ги именува и разрешува надлежниот орган на единицата на локалната самоуправа.

Член 100 Училишниот одбор на јавното училиште:

- го донесува статутот;
- ја донесува годишната програма за работа и го усвојува извештајот за работа;
- распишува јавен оглас за именување на директор;
- дава мислење во врска со приговор на наставник и стручен соработник за оцената на

нивната работа;
- дава мислење за именување и разрешување на директорот;
- ја разгледува реализацијата на годишната програма за работа и
- врши и други работи утврдени со овој закон и со статутот на училиштето.
Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број

членови на одборот.
Управувањето и раководењето во средното приватно училиште ги утврдува основачот.

Член 102
Директорот е раководен орган на јавното училиште и ученичкиот дом и е одговорен за

законитост во работата на училиштето.
За директор на јавно училиште може да биде именувано лице кое покрај општите усло-

ви утврдени со закон, ги исполнува условите за наставник, педагог или психолог и има пет години работно искуство во воспитно-образовната работа.

За директор на ученички дом може да биде именувано лице кое покрај општите услови утврдени со закон ги исполнува условите за воспитувач и има пет години работно искуство во воспитно-образовната работа.

Мандатот на директорот на јавното училиште и ученичкиот дом трае пет години.

Директорот на јавното училиште се именува и разрешува од министерот. За именување на директор мислење дава Бирото за развој на образованието и училишниот одбор.

Директорот на општинско, односно училиште на Град Скопје се именува и разрешува од надлежниот орган на единицата на локалната самоуправа.

Член 103
Директорот на јавно училиште ја организира и раководи воспитно-образовната и друга

работа, самостојно донесува одлуки, го застапува училиштето пред трети лица и е одгово- рен за законитоста на работата на училиштето.

Во остварувањето на обврските и раководењето од став 1 на овој член директорот:
- ја предлага годишната програма за работа и презема мерки за нејзино спроведување; - ги извршува одлуките на училишниот одбор;

Член 101

18

- врши избор на наставници и стручни соработници;

- одлучува за распоредување на наставници, стручни соработници и работници и врши оценување во согласност со резултатите од нивната работа;

- одлучува за престанок на работниот однос на наставниците и стручните соработници;

- поднесува извештај за успехот и за постигнатите резултати во воспитно-образовната работа до Бирото за развој на образованието;

- поднесува извештај за реализација на годишната програма до министерството и
- врши и други работи предвидени со закон и со статутот на училиштето.
Директорот на државното училиште поднесува извештај за материјалното работење на

училиштето во текот на учебната година до училишниот одбор и до Министерството, а директорот на општинското, односно училиштето на Град Скопје до училишниот одбор на училиштето и до надлежниот орган на единицата на локалната самоуправа.

Министерот, односно органот на локалната самоуправа имајќи го предвид мислењето на училишниот одбор, а врз основа на извештаите на директорите на јавните училишта, ја оценува нивната работа.

Член 104
Директорот на јавното училиште може да биде разрешен особено:

- на лично барање;

- во случај на направена повреда при извршување на закони, други прописи и општи ак- ти утврдена од страна на Државниот просветен инспекторат;

- ако не ја остварува програмата за работа и не се реализираат плановите и програмите за воспитно-образовна работа и

- ако по негова вина е нанесена штета на учениците, односно на нивните родители или старатели и на општествената заедница.

Член 105
Директорот кој не е повторно избран на јавен оглас или е разрешен пред истекот на

времето за кое е именуван, го задржува работниот однос во Јавното училиште на работно место соодветно на неговата стручна подготовка, доколку има такво работно место.

Член 106 Стручни органи и тела во јавните училишта се:

- наставнички совет кој го сочинуваат наставниците и стручните соработници;

- советот на годината, односно советот на струката кој го сочинуваат наставниците кои изведуваат настава и стручните соработници;

-совет на паралелката;
- раководител на паралелка и
- стручни активи на наставници по одредени стручни области.

Член 107

Наставничкиот совет:

- дава мислења по предлогот на годишната програма за работа и го следи нејзиното из- вршување;

- го разгледува и утврдува успехот на учениците и работата на други стручни органи;
- им одобрува на ученици завршување две години во една учебна година;
- го разгледува остварувањето на планот и програмата и презема мерки за нивно извр-

шување;
- донесува одлуки по приговори на ученици за утврдени оценки;
- го разгледува извештајот за извршен стручен надзор, предлага соодветни мерки и - врши и други работи утврдени со овој закон и статутот на училиштето.

19

Член 108
На статутот на јавните училишта согласност дава Министерството.

Член 109
Во јавното средно училиште се формира совет на родители кој го сочинуваат претстав-

ници од родителите на учениците кои не се вработени во училиштето.
Советот на родители ја следи и дава мислење за остварување на воспитно-образовната

работа.
Работата, бројот на членовите, начинот на избор и организацијата на Советот на роди-

тели се утврдува со статутот на училиштето.
X. ФИНАНСИРАЊЕ НА ЈАВНОТО

СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Член 110
Средствата за остварување на јавното средно образование се обезбедуваат во Републич-

киот буџет, а се издвојуваат на потсметка на Министерството.
Со средствата од став 1 на овој член управува и располага Министерството.
За јавните училишта за средно образование средствата ги обезбедува основачот.

Член 111
Министерството донесува финансиски план, критериуми за распределба на средствата

и врши распределба на средствата по корисници.
За начинот на располагањето со средствата Министерството поднесува извештај до

Владата на Република Македонија.

Член 112
Јавните училишта, односно установите за образование на возрасни, можат да стекнува-

ат средства од давање образовни услуги на граѓани кои не се утврдени како потреби и ин- тереси на државата и за кои таа не обезбедува средства.

Член 113 Јавните училишта можат да стекнуваат средства и од:

- партиципација на корисниците на услуги;
- продажба на производи и услуги кои се резултат на вршење на основна дејност;
- трговските друштва, јавните претпријатија, установи и органи на државна управа во

кои се остварува практична обука на учениците; - проекти одобрени од министерот;
- камати и дивиденди на пласирани средства; - легати, подароци, завештанија и

- други извори.

Средствата од став 1 на овој член ќе бидат наменети за унапредување, осовременување и развој на дејноста во јавните училишта за што се поднесува извештај до Министерство- то, односно до надлежниот орган на единицата на локалната самоуправа.

Посебен пропис за условите за стекнување и распределба на средствата од став 1 на овој член донесува Владата на Република Македонија, а за општинските, односно училиш- тата на Град Скопје надлежниот орган на единицата на локалната самоуправа.

Начинот на распределба на средствата за проектите од став 1 алинеја 4 на овој член поблиску го пропишува министерот.

20

XI. НАДЗОР НА РАБОТАТА НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Член 114
Надзор над законитоста на работата на средните училишта врши Министерството.

Член 115
Кога Министерството ќе смета дека статутот или друг акт на средното училиште не е

во согласност со Уставот и закон има право да го запре од извршување актот до донесува- ње на одлука на Уставниот суд на Република Македонија.

Ако Министерството во вршење на правото на надзор на законитоста на работата, утвр- ди дека средното училиште издало свидетелство, диплома, уверение за стручна, односно работна способност спротивно на одредбите на законот донесува решение за нивно по- ништување што се објавува во средствата за јавно информирање и поднесува пријава до органот за кривично гонење.

Член 116
Стручен надзор во средното училиште врши Бирото за развој на образованието на на-

чин утврден со закон.
Средното училиште е должно да овозможи непречено вршење на стручниот надзор и

увид во педагошката документација што се води во средното училиште.

Член 117
За извршување на законите и другите прописи од областа на средното образование во

средните училишта се врши инспекциски надзор.
Инспекциски надзор врши Државниот просветен инспекторат на начин утврден со за-

кон.

XII. КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

Член 118
Со парична казна од 40.000 до 200.000 денари ќе се казни за прекршок средното учи-

лиште особено ако:
- дозволи организирање и дејствување на политички партии и верски организации во

средното училиште и изведува верско образование (член 7);
- користи печат со несоодветна содржина за заверка на јавните исправи (член 8);
- отпочне со вршење на дејноста пред донесувањето на решение за исполнетоста на ус-

ловите за почеток со работа и вршење на дејноста (член 19);
- остварува план и програма што не е донесена од Министерството за образование и на-

ука (член 22);
- не го оствари годишниот фонд на часови (член 24);
- не е донесена годишна програма за работа (член 29);
- запише ученик преку бројот утврден во конкурсот за запишување (член 53);
- изврши избор на наставници и стручни соработници во настава спротивно на услови-

те утврдени со овој закон (членови 70 и 71);
- доколку не склучи нов договор за работа (член 83 став 2);
- ја води и издава педагошката документација спротивно на членовите 84 и 85 од овој

закон и

21

- го спречи или попречува просветниот инспектор во вршењето на работите на просвет- ната инспекција, не му ги даде потребните податоци и не ги изврши пропишаните мерки (член 117).

Со парична казна од 10.000 до 40.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 на овој член директорот на средното училиште.

Со парична казна од 5.000 до 20.000 денари се казнува наставник ако:
- телесно казни ученик, односно психички го малтретира (член 62);
- педагошката документација ја води спротивно на одредбите на овој закон (членови 84

и 85) и
- користи во настава учебник кој не е издаден согласно со одредбата утврдена со овој

закон.

Член 119
Со парична казна од 60.000 до 250.000 денари ќе се казни за прекршок правното лице

ако основа приватно училиште спротивно на одредбите од членовите 12 и 13 на овој за- кон.

Со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 на овој член и одговорното лице во правното лице.

Со парична казна од 8.000 до 20.000 денари ќе се казни за прекршок од став 1 на овој член и физичко лице.

XIII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 120
Постојните средни училишта на територијата на Република Македонија со влегувањето

во сила на овој закон продолжуваат со работа како државни училишта, согласно со одред- бите на овој закон.

Член 121
Основачките права и обврски спрема средните училишта од член 120 на овој закон ги

презема Република Македонија.

Член 122
Јавните училишта во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој за-

кон, ќе ја усогласат својата организација, работа, статутите и други општи акти со одред- бите на овој закон.

Член 123
Одредбите на членовите 44, 46, 48 и 49 на овој закон, кои се однесуваат на матур-

скиот испит ќе се применуваат од влегувањето во примена на новите планови и прог- рами од членовите 21 и 22 на овој закон.

Член 124
Учениците кои гимназиското образование, тригодишното и четиригодишното стручно

образование го завршуваат според плановите и програмите што се донесени пред влегува- ње во сила на овој закон, полагаат завршен испит според одредбите на Правилникот за со- држината и организацијата на завршниот испит во средното образование ("Службен вес- ник на Република Македонија" број 15/92 и 37/92).

22

Член 125
Нострификација, односно еквиваленција на свидетелство извршено во републиките

и автономните покраини на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Ју- гославија до 1 септември 1991 година, има иста вредност на територијата на Република Македонија.

Свидетелствата на лицата кои го стекнале образованието во поранешните републики, односно држави на Социјалистичка Федеративна Република Југославија до 1 септември 1995 година се признаваат без спроведување постапка за нострификација.

Член 126
Одредбите од член 83 на овој закон се применуваат и за наставниците кои засновале ра-

ботен однос пред влегување во сила на овој закон.

Член 127
Директорите на средните училишта од член 102 на овој закон, именувани пред влегува-

њето во сила на овој закон, продолжуваат да ги вршат своите функции до истекот на вре- мето за кое се именувани.

Член 128
Министерот во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон, ќе ги донесе

прописите предвидени со овој закон.
Министерството во рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој закон ги донесу-

Член 129
ва програмите за стручен испит од член 78 на овој закон.

Член 130
До донесувањето на поблиски прописи предвидени со овој закон, се применуваат про-

писите што биле во примена пред влегувањето во сила на овој закон, по однос на средното образование, доколку не се во несогласност со овој закон.

Член 131
Наставниците кои според рокот утврден во член 147 од Законот за насоченото образо-

вание ("Службен весник на СРМ" број 16/85), не се здобиле во утврдениот рок со педа- гошко-психолошка и методска подготовка, се должни да се здобијат со истата во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон, во спротивно им престанува работниот однос.

Обврската од став 1 на овој член не се однесува за наставниците кои имаат најмалку 15 години работно искуство како наставници.

Член 132
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат одредбите од За-

конот за насоченото образование ("Службен весник на СРМ" бр. 16/85, 2/86, 29/86, 7/88, 18/89, 29/89, 12/90, 11/91, 40/91 и 14/95), што се однесуваат на средното образование.

23 

Trascina file per caricare