The measure is available in the following languages:
Македонска православна црква (МПЦ)— Охридска архиепископија (МПЦ—ОА)
Abstract
Членови од уставот на Македонската Православна Црква:
Член.171
точка 1.Целокупноста на имотите кои и припагаат на МПЦ, епархиите, црковните општини и манастирите го сочинуваат црковниот имот на МПЦ.
точка 2. Во МПЦ при Одделот за материјално - финансиска и административна работа и за имотно правни односи се води посебен катастер на целокупниот движен и недвижен имот на МПЦ за сите епархии во Македонија и надвор од нејзината територија.
точка 3. Начинот за водење на катастарот и неговата организација се уредува со посебен Правилник што го донесува АЦНС на предлог на Светиот Синод и АУО.
точка 4. Катастарот се води како посебна служба при овој Оддел.
Член 173
точка 1. Сите цркви, манастири, параклиси, црквишта, оброчишта - свети води, гробишта и православни култни места, со целокупните движни и недвижни имоти, што се под канонска и духовна јуриздикција на МПЦ, се сопственост на МПЦ.
точка2. Имотите на македонските православни епархии во Македонија и надвор од нејзината територија, се уредуваат со статут на епархии и правилник на македонските црковни општини, потврдени од Светиот Синод, кои се во согласност со овој Устав.
Член 64 Во надлежност на АУО спаѓаат и следниве црковно - управни работи:
[…]9) се грижи и настојува црквите, манастирите и сите други црковно - верски установи да имаат законски докази за сопственоста на своите имоти;
10) врши контрола на склучените договори за земање и давање под закуп на црковно - општински, манастирски и епархиски имоти;
12) одобрува конечно отуѓување на имоти во целата Македонска Православна Црква и отпишување на задолжувања на црквите, манастирите, епархиите и Архипископијата.
[…]
Член 74
точка 4. Епархискиот архиреј живее во седиштето на Епархијата.
Член 75
точка 1. Архиепископот, епархискиот архиереј - митрополитот и викарниот епископ на кој му престанала функцијата на активен архиереј, има право да живее во еден од манастирите ( од неговата, односно ) од епархијата во која бил архиереј.
точка 2. За пензиониран епархиски или викарски архиереј, во чија епархија нема манастир, или не постои можност да се обезбедат пристојни услови за живеење, Светиот Синод ќе определи друг манастир во МПЦ.
Член 77
точка 2. Како сопственост на Архирејот се смета само оној имот што самиот го стекнал, најмногу 25% од тој имот по смртта на архирејот и припаѓа на Епархијата, додека со останатиот дел, доколку со посебен тестамент не е распореден, се распоредува согласно со државните законски прописи.
точка 3. Библиотеката, архирејските одежди и други црковни предмети по смртта на архиерејот исклучиво и припаѓаат на неговата Епархија.
Член 83 Во надлежност на Епархиското Собрание спаѓа:
ж) одлучува за купување и отуѓување на движни и недвижни имоти на Епархијата;
Член 92 Во надлежност на ЕУО спаѓаат следниве црковно - управни работи:
4) издава упатства за управување, раководење и контролирање со епархиските имоти, фoндови, задужбини и други институции;
5) донесува одлуки и решенија за отуѓување и задолжување на црковни, манастирски и епархиски имоти и за тоа го известува Епархиското Собрание, кое ги доставува предметите на конечно одлучување на АУО;
6) конечно решава за закупи на црковни, манастирски и епархиски имоти;
Член 125
точка 2. Црковно - Општинскиот Совет ги иа следниве работи:
е) може да купува и отуѓува недвижен имот само со одобрување од ЕУО;
Член 172 точка 1. Во МПЦ својство на правно лице имаат:
1) Архиепископијата на МПЦ;
2) македонските православни епархии;
3) македонските православни црковни општини;
4) манастирите;
5) самосојни установи и фондови, легати и одделени храмови на МПЦ со своите имоти.
Член 182 Недвижниот црковен имот треба да има законски документи за сопственоста.
Член 174 МПЦ своите потреби ги подмирува од:
1.Приходите на црковните и манастирските добра, храмовите, фондовите, задужбините и од разни црковни заводи и установи, како и од македонската Држава;
2. црковните такси;
3. приходи од вредносни хартии;
4. разрез на црквите и манастирите;
5. членарина од членовите на црковната општина;
6. доброволни прилози, подароци и завештенија;
7. од Архиепископската свеќоливница, и од други производни и услужни дејности.
Член 175
точка 1. Одлука за висината на разрезот на црквите, манастирите и епархиите, за општите потреби на Црквата, донесува АУО со потврда на Архиепископскиот Црковно - народен Собор
точка 2. За посебни потреби на Епархијата, одлука донесува ЕУО, која ја потврдува АУО.
точка 3. По барање на Епархијата, Светиот Синод одлучува за давање помош, на послаба Епархија, за овозможување на нејзино нормално функционирање.
Член 176
точка 1.Oбврски за плаќање разрез имаат сите црковни општини и манастири.
точка 2. Одлука за ослободување од плаќање разрез може да донесе ЕУО само за епархискиот дел. За ослободување од архиепископскиот разрез одлука донесува АУО, по барање на ЕУО.
Член 177
точка 1. Сите гидишни приходи и расходи на МПЦ се предвидуваат во годишни буџети за приходи и расходи, коишто се состануваат и водат посебно за секоја календарска година.
точка 2. За општите потреби на Архиепископијата, буџет зa општите приходи и расходи донесува АУО.
точка 3. Годишната завршна сметка АУО ја поднесува на одобрување до АЦНС ( член 64, т. 2 )
точка 4. За посебните потреби на епархијата, црковна општина и манастир, буџет на приходите и расходите донеуваат органите надлежни според овој Устав. Буџетите на епархиите ги одобрува АУО, а буџетите на црковните општини и манастири ЕУО.
точка 5. Завршните смети на епрхиите, епариските управни одбори ги доставуваат на одобрување на АУО ( член 64, т. 3 ), а завршните смеки на црковните општини и манастирите на одобрување се доставуваат до ЕУО.
Член 187
Црковните закони, прописи и други општи и поединечни акти на органите и телата на МПЦ се објавуваат во „ Весник „ - Службен лист на Македонската Православна Црква, најдоцна вo рок од 15 дена од денот на нивното донесување, а влегуваат во сила најрано во осмиот ден од денот на нивното објавување. По исклучок што го утврдуваат органот и телото на МПЦ, црковните закони, прописи други општи и поединечни акти влегуваат во сила со денот на нивното донесување.
© KP