The measure is available in the following languages:
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Првата точка е:
01/79.- 1. Собранието на Република Македонија, почитувајќи ја Одлуката за прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква од 18 јули 1967 година, донесена на Третиот црковно-народен собор одржан во Црквата Света Софија во Охрид, го поддржува автокефалниот статус и единството на Македонската православна црква.
2. Собранието на Република Македонија ги поддржува напорите на Македонската православна црква за зачувување на единството и за признавање на нејзиното име Македонска православна црква и нејзиниот автокефален статус од другите православни цркви, со верба дека сите тие процеси ќе се одвиваат во демократски и толерантен дух, во заемна соработка и меѓусебно почитување.
3. Собранието на Република Македонија ќе продолжи да работи за афирмирање на слободата на вероисповеста како лична слобода на човекот и ќе придонесува за меѓусебно почитување на сите граѓани во Република Македонија – без разлика на верската, националната и друга припадност.
4. Собранието на Република Македонија ја нагласува својата посветеност за одржување и надградување на односи на заемно почитување и соработка помеѓу народите и земјите од своето непосредно опкружување, но и пошироко, во интерес на самите земји и на регионот во целост.