Print Friendly, PDF & Email

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

ОДЛУКА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА АМАНДМАНОТ XXXI НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Се прогласува Амандманот XXXI на Уставот на Република Македонија што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 9 јануари 2009 година.

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број ________ ПРЕТСЕДАТЕЛ

НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

9 јануари 2009 година Т

рајко Вељаноски

Скопјe

 

Дека преписот е верен на оригиналот тврди:

ЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ

СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вјекослав Анѓеловски

 

АМАНДМАН XXXI НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Овој амандман е составен дел на Уставот на Република Македонија и влегува во сила со денот на неговото прогласување

 

АМАНДМАН XXXI

 

  1. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите.
  2. Со овој амандман се заменува ставот 5 на членот 81 од Уставот на Република Македонија.

 

Врз основа на членот 131 став 5 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 12 април 2011 година, донесе

 

 

 

ОДЛУКА

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА АМАНДМАНОТ XXXII НА УСТАВОТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Се прогласува Aмандманот XXXII на Уставот на Република Македонија што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 12 април 2011 година

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

Број 07 - 2055/1

12 април 2011 година

Скопје

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ

НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Трајко Вељаноски, с.р.

 

Дека преписот е верен на оригиналот тврди:

 

ЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР

НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА

 

Вјекослав Анѓеловски

 

АМАНДМАН XXXII НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Овој амандман е составен дел на Уставот на Република Македонија и влегува во сила со денот на неговото прогласување

 

АМАНДМАН XXXII

 

1.На државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството, ниту може да биде протеран од Република Македонија. Државјанин на Република Македонија не може да биде предаден на друга држава, освен врз основа на ратификуван меѓународен договор, со одлука на суд.

 

2. Со овој амандман се заменува ставот 2 на членот 4 од Уставот на Република Македонија.