The measure is available in the following languages:
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Службен весник на РМ, бр. 149 од 1.09.2015 година)
Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија,
претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат
УКАЗ
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА
Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за прекинување на бременоста, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 26 август 2015 година.
Бр. 08-3904/1 Претседател
26 август 2015 година
Република Македонија,
Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р.
Претседателна Собранието на
Република Македонија,
Трајко Вељаноски, с.р.
ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА
Член 1
Во Законот за прекинување на бременоста („Службен весник на Република Македонија“ број 87/13, 164/13 и 144/14), во членот 33 став 1 во воведната реченица зборовите „25.000 до“ се бришат.
Ставот 2 се менува и гласи:
„Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршоците од став 1 на овој член и на одговорното лице во правното лице.“
Член 2
Во член 35 ставот 1 се менува и гласи:
„Прекршочната постапка за прекршоците предвидени во овој закон ја води и прекршочни санкции изрекува надлежниот суд.“
Ставот 2 се брише.
Член 3
По членот 35 се додаваат два нови члена 35-а и 35-б, кои гласат:
„Член 35-а
За прекршоците утврдени во членовите 33 и 34 од овој закон, Државниот санитарен и здравствен инспектор е должен на сторителот на прекршокот да му издаде прекршочен платен налог, согласно Законот за прекршоците.
Државниот санитарен и здравствен инспектор е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот од покренатата постапка.
Во евиденцијата од ставот 2 на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и за исходот на постапката.
Личните податоци од ставот 3 на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.
Формата и содржината на прекршочниот платен налог ги пропишува министерот за дравство.
Член 35-б
Одмерувањето на висината на глобата за правното лице се врши согласно Законот за прекршоците. “
Член 4
Подзаконскиот акт утврден со овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 5
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.__