Print Friendly, PDF & Email

Il provvedimento è disponibile nelle seguenti lingue:

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(Службен весник на РМ, бр. 144 од 30.09.2014 година)

 

Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија,

претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат

 

УКАЗ

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА

 

Се прогласува Законот за изменување на Законот за прекинување на бременостa,

што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 24 септември 2014 година.

 

Бр. 07- 3621/1

24 септември 2014 година

 

Претседател на Република Македонија

Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р.

 

Претседателна Собранието на

РепубликаМакедонија,

Трајко Вељаноски, с.р.

 

ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА

 

Член 1

Во Законот за прекинување на бременоста („Службен весник на Република Македонија“ број 87/13 и 164/13), во членот 35 став 2 зборовите: „Министерството за здравство“ се заменуваат со зборовите: „Државниот санитарен и здравствен инспекторат“.

 

Член 2

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.