The measure is available in the following languages:
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Службен весник на РМ, бр. 164 од 27.11.2013 година)
Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија,
претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат
УКАЗ
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ
ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА
Се прогласува Законот за изменување на Законот за прекинување на бременоста,
што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 21 ноември 2013 година.
Бр. 07-4591/1 21 ноември 2013 година
Скопје Претседател
на Република Македонија,
Ѓорге Иванов, с.р.
Претседател на Собранието
на Република
Македонија,
Трајко Вељаноски, с.р.
ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА
Член 1
Во Законот за прекинување на бременоста („Службен весник на Република Македонија“ број 87/13), во членот 22 став 1 алинеја 1 зборовите: „заводите за здравствена заштита“ се заменуваат со зборовите: „Институтот за јавно здравје на Република Македонија и центрите за јавно здравје“.
Член 2
Во членот 32 став 2 зборовите: „комисија формирана од министерот за здравство“ се заменуваат со зборовите: „Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен“.
Член 3
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а членот 2 од овој закон ќе започне да се применува од 1 мај 2014 година.